Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    За вакви работи не треба да го мешаш, не можеш така како мало дете за секое нешто да го тераш тој да се расправа, ај да е за нешто големо ок, но ова си можела и сама, одоколу, индиректно па макар и директно, онака фино да си побараш помош околу масата...
     
  2. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    фала ви многу на сите што ми помагате да го решам проблемот и во право сте,утре можи ке си заминеме одовде зосто со мажми да се расправам кога можам да живееам најубаво....фала ви ужте еднаш.ако има ново ке ве исвестувам....позззз до сите
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.864
    Така е Битолчанке,гледај си го мажот,со него да имаш добар збор и чиста совест,а свекрвата ќе ја почитуваш за љубовта на мажот.Не му е лесно и на сопругот твој,мислиш он не гледа и не е свесен низ што поминува поради неговите?Свесен е тој,само му е тешко тоа да го признае пред светот.Не му ја отежнувај состојбата,биди си со него блиска и сакај си го,сепак он ти е сопруг и животен сопатник,а не свекрвата.Поздрав и секое добро. ;)
    Па си требала да му се обратиш на маж ти ,така погласно сите да слушнат,да оди да мези со мажите,да не ти се плетка во „женски работи“ и да ја повикнеш золва ти-нешто во стил-еј,ајде дојди те молам,брат ти овде лом направи-па да видиш како ќе биде.А ако она не сака да стане,,да ти помогне,па,земи и ти вилушка во рака и мези си.
    Ова кај вас било само продолжен викенд,кај мене ,секој викенд(сабота и недела)беа по цел ден тука од утро до мрак.Така беше некои година дена,видовме со мм дека овие гајле немаат (треба ли некој друг да ти дојде на ручек,сакаш ли да поспиеш повеќе наутро)па штом ќе станевме си излегувавме .Вечерта,садови еден куп неизмиени,свеки офка уморна била цел ден спремала јадење,ај еднаш-двапати зедов и ги измив(ќерка и неможела)третиот пат маж ми лом ме направи-не ми даде да ги мијам.Ме праша каде сум јас јадела,а кој јадел во тие чинии и толку.После воопшто не ме чекаа садови кога ќе се вратевме дома.
     
    На Anyshka и bitol4anka им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Леле, јас би збеснала кога маж ми или дечко ми не би ми зборел една недела за ваква работа. :o
    Па ти слугинка ли треба да изиграваш?!На твое место, се би му плеснала во фаца како што нас ни раскажа, па и две недели ако сака нека се мршти :fubar: Не дозволувај вака да се однесува, зашто следен пат во идна ситуација ќе си речеш ај ќе преќутам да не стварам проблеми и цел викенд над умивалник ќе г поминеш.И ти си имаш еден живот и сакаш да уживаш, затоа кажи му и држи се до тоа.
     
  5. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Cecilia потполно си во право.Во ред е да помагаш ама не и да служиш ко слугинка :!: Башка си била и на гости.И на маж ти му кажи дека не си го сакала тоа со сите да се испокара,туку да ги стави работите на свое место.А тој не морало да се кара,туку можел да рече демек-ние дојдовме на гости,кој кого треба да служи?
    А на нив срам да им е.И добро шо не си ќутела.Оти со ќутањето само ќе трпиш и сама во себе ќе се нервираш.
    Кај се видело бе,ем на гости ем да ги служиш нонстоп :fubar: Е немаат култура тие :devil:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.864
    Cecilia потполно си во право.Во ред е да помагаш ама не и да служиш ко слугинка :!: Башка си била и на гости.И на маж ти му кажи дека не си го сакала тоа со сите да се испокара,туку да ги стави работите на свое место.А тој не морало да се кара,туку можел да рече демек-ние дојдовме на гости,кој кого треба да служи?
    А на нив срам да им е.И добро шо не си ќутела.Оти со ќутањето само ќе трпиш и сама во себе ќе се нервираш.
    Многу е битен почетокот,значи како ќе се поставиш и како ќе ги заучиш.Многу е тешко кога ќе ги заучиш да им ги вршиш нивните работи.Јас ја имав таа грешка направено,им дадов прст па потоа лека полека и рацете ми ги зедоа.Е после е многу потешко да ги поставиш работите онака како што е фер да биде за сите.И ако вака од почеток правите се како мене(јас можам,јас знам,седи ти јас)после без подршка од сопругот тешко дека нема да бидете домашна помошничка.Ќе чувате деца (на други)ќе готвите за сите,миењето чинии ви е вам врзано во крпче,перење,пеглање-немам коментар.И еден ден ќе се запрашате-Чекај бе,јас зошто дојдов овде,за кого,во што се претворив?Па уште на сето тоа кога золвата ќе ви соли памет како штеделе,каде планира да оди на одмор и колку да потроши ,е тогаш ќе се подзамислите каде отишла храната од фрижидерот,зошто прашокот за перење го „снемува“ за 2 дена,зошто родителите неможат да ве добијат на телефон(бидејќи некој нон стоп спие на него)и сл.работи кои полека ви го уништуваат животот ,а богами и бракот.
    Совет-од старт заземете си место,поставете граници до каде можат да ви даваат обврски,и задржете си го своето јас.Не се претварајте во нешто за што подоцна ќе ви биде криво.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Следниот пат, тие седат, седи и ти... прави си муабет, ич не забележувај дека масата не е раскрената, терај гости. Ако никој конкретно не ти каже, ич не фаќај. Ако ти каже конкретно, ти уште поконкретно побарај помош :) или сврти некако на заебанција дека секој по еднаш треба да раскрене маса... или whatever. Не го мешај маж ти, ако е како мм, мајка му и сестра му никогаш нема да се криви за ништо, а ако случајно се криви, тоа никогаш не би било намерно, па затоа не се ни смета :P. Ако не ти побараат помош за готвењето, не се нуди сама. Золва ти на компјутер, ти читај весник ;) . На крај ќе видиш се се сведува кој ќе изигра помудро 8)
     
    На Anyshka и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    E навистина правилна одлука, баш се радувам што го убеди на тој чекор и погоре си пишав така ќе е најдобро за сите. :) На мене и на мм ни е подобро така што добро се согласуваме со неговите, а не пак на вас. Јас секогаш велам ако имам дете, син и ако се ожени, јас лично ќе му речам делите се со жена ти, колку и да се океј односите, сепак тоа се две сосема различни генерации, гледишта на работите и тн. ма колку и да се трудат да бидат модерни. А за финансиите, немојте да се плашите, за почеток доволна е и една просечна плата (само совет од лично искуство, бирајте помал стан, помалку стига и за парно и за се). Сега не знам каков живот сте практикувале, ама со добар план на буџетот до денар, ќе биде одлично. И уживајте си сега во бракот, дваесетите години еднаш доаѓаат во животот. :)

    Среќно! :)
     
    На bitol4anka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    фала tessie на искрените зборови кога пишам овде што ми е натешко и кога ги читам одговорите ваши се чуствувам убаво...убаво е кога знајш дека имаш пријателики кои ти помагаат ако не се познаваме делиме исти животни судбини но се чуствуваме една со друга и знаеме како ни е....инаку маж ми почна да оди на работа ама со мајсториве.и поарно парите што ке ги зема ке бидат наши.малце ми е помирна душава ;) уште еднаш големо фала до тебе.и ако можи да Знам колку години имаш,што не советуваш сите со убави зборови??голем поззз до тебе и се најубаво... :hug: :hug: :hug:
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Можеби малку сум покрута во давањето совети и многу ми е мило што ме разбираш на правилниот начин затоа што да имав сестричка исто вака ќе ја посоветував. Мило ми е што ти се од помош моите совети и навистина ми е мило што се одлучивте на таков чекор. Сега уживајте во плодовите на тоа што сте го создале.

    Инаку не сум многу постара од тебе, сеуште сум во дваесетите, но сепак бев околу твоите години кога решивме да се земеме со мојот сопруг и те советувам затоа што и јас научив од своите грешки, не дека бев совршена, не ми даваа совети ни мајка ми ни татко ми за оваа работа, а брат ми да не почнувам, мислам Шевкет без добродушноста :D

    И јас на почетокот имав мн недоумици, прашања, бев исплашена, немаше тогаш кој да ме посоветува. За моја среќа релативно кратко ми траеше стравот и иницирав искрен и отворен разговор меѓу мене, мм и неговите и тие ден денес ќе се потсетат и ми викаат фала за тој разговор, дека со него сум дозволила да ми се доближат и да ме запознаат. Мајка ми тогаш да ја прашав за совет, таа за инает погрешно ќе ме советуваше колку да се разделам. Тогаш дури не ни знаев за Фемина, така што морав да учам од сопствените грешки и да се надевам дека еден ден некого правилно ќе го советувам.

    Само напред и сега ќе треба да бидеш потрпелива и кон мажот. Сега тој дека е за вас, ќе има најмногу елан за работа и покажувај разбирање кога е изморен, не му се лути, мажите знаат да бидат благодарни за тоа верувај. Работете си на бракот, слогата, комуникацијата, се, се, сега сами ги имате најдобрите можни услови, како што велам јас „сам се караш, сам се мириш“ нема некој уште толку да ви набива тензии. :) Браво за истрајноста.
     
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Лошо сум напишала, он со мене си збори :D ама на мајка му и на сестра му не им збори и на телефон кога ѕвонат не им крева.
     
  12. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    здраво пак јас...еве се вратив од одмор да се пофалам првин :D и си поминав најубваво имав можност со мажми да направам муабет домакинаски и се помина во ред,ама пак има сплетки одма пак љубомора се покажа мајкаму.демек само таја нигде не пошла за празников,ами кој сакаше да ја земи се знај си има таја маж,со него нека шета не со мене приколици ќе влечкаме.и му побараја пари на заем на мажми за плаќање нешто,му одби првин после пак му побараја ај му даде некој динар.и му рече да му ги вратат па одма свекрвами да ги покажи рогојте,не сме делини така да прајме незнам шо ова она...ама му реков на маж ми да не попушта ич.....инаку сега засега према мене маж ми е супер, и успевам во некои работи да го научам нешто,гледам почна муабетите што му ги зборам да му ги вели на неговите да му се спротиставува малце по малце....тоа е се сега за сега....позззз до сите вас....
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    абе ако свекрвата те мрази секогаш внимателно ке ја крие својата ненаклонетост под тенката површинска маска од лажна наклонетост тоа е факт..!!!
     
    На Anyshka и orinoco им се допаѓа ова.
  14. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Јас до скоро трпев арно ама морав на крај отворено да и кажам на мојата свекрва која тазе остана вдовица неколку месеци дека не ми треба трето лице во чаршија за шетање. Оти јас и со мојата мајка не сум излегла така освен кога треба нешто заеднички да купуваме. Замислете колку глупо во чаршија се шетаат снаа, свекрва и момчето меѓу нив. А згора не се и сама знаеше да си излезе синот а јас да седам дома сама. Кога беше за другите денови одат тие двајца на гробишта од сабајле и ќе гледа да го задржи и да и прави друштво за ручек да не јаде она сама , а јас дека ќе јадам сама баш ја боли. Со другиот син и другата снаа кои живеат во друг град не може така да прави и секако дека они немаат такви проблеми и тоа и го ставив до знаење. Една убава лекција и одржав ама смирено и оттогаш е повнимателна како се однесува. Без влакна на јазикот и реков дека сите знаат дека е вдовица и нормално е дека е сама ами јас која сум тазе мажена не ме личи. Човек треба понекогаш да биде одврзан за да го добие своето право.
     
    На anastasijaki, karak и Sanji4ka21 им се допаѓа ова.
  15. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    11.732
    Пол:
    Женски
    Многу себично размислување и себична постапка е ова од твоја страна. Жената останала вдовица, сама, нема никој освен синот и снаата кои се со неа (Нели другиот син е во друг град па и да сака неможе да се гледа со него кога сака). Наместо да се жалиш како си јадела сама, што не појдеш со нив на гробишта. Маж ти отишол на гробот на татко му побогу. Сфаќам, тазе мажена си и се тоа по ред, ама треба да оставиш и малку време да помине. И на свекрвати и на маж ти им треба време. Загубиле многу битен дел од животот. А ако жената не најде потпора во вас (најпрво во син и, а потоа во тебе како негова жена), во комшии сигурно нема.
     
    На Neytiri, julie77 и girl.23 им се допаѓа ова.
  17. sarakay

    sarakay Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Lele sto da kazam jas za mojava aspra.....i za nejzinata ceneta kerkicka. Normalno i e sin i da se razvede so 2 deca pri prva nasa kavga, i uste smireno si zbori kako toa se e normalno ako ne se razbirame, nesaka pari da dava za da ni pomogne a sme so edna plata, nesaka okolu decata da pomogne, ali zatoa na kerka i u gz da moze ke i se pikne probaa dvete da mi go rasipaat brakot, ama kako bumerang sve im se vrati i na dvete, pa aj da vidam sega koga kerka i se razveduva dali e sve taka normalno okolu razvodot ili ke i pukne dusata, epa izvini ama koga kopas dupka na drug sam pagas vo nea, a sega srekno i na dvete!!!
    [mod-kirilica:2xakndf7][/mod-kirilica:2xakndf7]
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    thinkerbell знам дека не е убаво ама гледај да не ти се случи и тебе оти тогаш и ти ќе размислуваш како мене. Како прво откако се дозна дека свекор ми е неарен мојот маж се отсели таму да биде со нив(за мене немаше место и јас си се вратив кај моите родители), јас тоа го разбирав и го почитував и се сожалував,тоа се случуваше 2 месеци, после тој немил настан јас пак бев оставена сама само сега од други причини и тоа траеше 4 месеци , значи вкупно 6 месеци трпеливост односно половина година. Откако остана сама јас уште следниот ден и реков на свекрва ми да си поседи во нашиот стан онолку колку што сака за да не се плаши навечер, таа одби. Значи јас не сум имала лоша намера кон неа ниту лоша мисла ама после согледав дека не и е гајле за мене што маж ми од сабајле се враќа во 20.00 часот навечер секој божји ден!!!. Не знаејќи ги сите пропратни детали не можеш тинкербел да кажуваш каква сум јас, не го напишав тоа некој за да ме одобри или не туку да си ја искажам маката. Може да коментира некој постар а не ти која имаш само 18 години !!!не се навредувај
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    11.732
    Пол:
    Женски
    Точно. Не ги знам сите пропратни детали. А спред тоа што ти го произнесе, мојот заклучок е тој. Немам 30, имам 20 години, ама знам повеќе за однос снаа-свекрва отколку што би замислила. И да, во некои случаи се сметам за компетентна да одговорам.
     
    На MELISSA-69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Може јас да се убацам :?: Прво браво за тебе што си имала толкаво трпение. Се сеќавам и претходно имаше пишувано и тогаш те осудив тебе, а ја одбранив свекрва ти.
    Сега откако разјасни некои работи ќе речам само дека сте згрешиле од самиот старт, т.е. не сте требале воопшто да се разделите ти и мм, а уште помалку да се враќаш кај твоите родители.
    Што се` не ќе прочитам |( :o ...какви луѓе биле тие твои свекор и свекрва :fubar: што дозволиле да нема место за нивната снаа, немало несто...па ај сега оди си кај мајка ти....глупости во боја. Требало на време да мислат, како тоа немало место за тебе :^) , што си била ти...оди кај твоите, па ајде дојди ваму, па ајде таму...јака ти душа.

    Ако е така како што кажуваш го повлекувам мислењето за тебе и ти викам -само напред...бори се за внимание, бори се да бидеш центарот на вниманието на твојот сопруг, а за таа твоја госпоѓа свеки на која не и било гајле како ти е тебе млада невеста вратена назад дома, само едно игнор и ауфитерзен :hai: , па да бидеш мирна. Доволно и било внимание, и многу со оглед на тоа за какви луѓе се работи. Обично сум полна со разбирање и трпение, ама кога ќе прочитам вакво нешто се вадам од такт :@ ...себичноста на некои луѓе нема граници, за жал.
    Нов совет од мене- договори се со мм еден ден во неделата (неколку часа) да и` ги посвети неа, ти не ни мора да одиш, ако те ирититра нејзиното однесување баш тие неколку часа оди си кај твоите... а остатокот од деновите посветете го на себе и зацврстување на вашиот брак. Со неа биди на дистанца, не ти треба зближување затоа што очигледно е дека ќе го злоупотреби. Се ежам од вакви суштества.
    Поздрав и секое добро :)
     
    На MSkorpionka и AIT им се допаѓа ова.