седна мм сношти на двајцата ги направи лом дури на крај и ние двајца се испокаравме(јас немав на кого и се истурив на него) и му ветија повеќе дека нема да се повтори утрово повторно истата песна во очи ме гледа и ме лаже. јас метев син ми во дубак по мене трчка таа јадеше и зема леб од во уста да му го дава јас скокнав и плус ми вика небеше од уста и кога и реков дека ја видов ми вика па јас него изгризав и на крај со шептење ме нарече свиња цел живот се мачела да створи за сега јас да и кажувам. ми се чини кукава ечеше од мојот глас ама не бе не никако несе разбира. ми се чини ке направам некоја глупост нервите ми се при крај
Штом ситуацијава е излезена надвор од контрола во случајов не ти треба да метеш. Остави ги сите обврски земи си го детето и седете си во соба се дур нема некоја промена кај женава. Што ти е поважно метењето или детето?! Воопшто да не ти биде гајле што ќе ти кажат.. воопшто!!
И уште десет пати да речи дека си свиња не обрнувај внимание, сама на себе кажи си : "Јас сум Мајка ,благословена од Господ, да имам дете да го чувам и се околу него за негова најголема среќа и напредок ,до мене не допира никој што ме вреѓа а посебно за во врска со тоа дете што сум го носела 9 месеци под срцето" Од едно уво да влези од друго излези,не се нервирај гледај си детето него му треба здрава и среќна мајка а не баба мајка е една а баби можи и милион да има , од нервози само болест ке се наполниш, гледај среќна биди , среќна мајка среќно дете.
Veke ako treba da se zachistuva I sreduva niz kuka pravi go vo vremeto koga deteto spie..deteto treba da si go zashtitish..sve ostavi pozadi tebe I chistenje I rucheci mucheci..deteto neka ti bide edinstvena obvrska sve dodeka si vo taa kuka so taa zena ..
Значи ќе се однесуваш ко сама да си цел ден со детето. Нема очите да ги тргаш од него. Чистење и перење кога ќе дојде маж ти. Јас сум од сабајле до 6 сама со детето. Значи ни до тоалет неможам да отидам, а не да чистам. Дојди види ми ја куќата, ко бомба падната, ама тоа е, дур потпорасне детето очите само на него, се нека стои. Навечер кога е мм дома готвам за утре, зачистувам, тогаш се туширам. И ти така, нема без надзор да го оставиш детето. Зошто ако направи некоја реакција и му се влоши здравјето само ти ќе бидеш крива.
Тука кој што сака може да пише а тебе ако не ти се допаѓаат советите и постовите од останатите членови на форумов едноставно не ја отварај темава.На никого немаш право да му кажеш да не пишува.И што тебе ти е гајле што ја советуваат неа.А за тоа држење ниво ти треба прво да го примениш а не да солиш памет кој што да пишува или не пишува.Ги поминуваш границите веќе.
Женава мислам дека и претходно пишуваше за проблемите со бабава. Мој совет,гледам и другите исто те советувале.Држи го детето и ти држи се подалеку од старава. Со жена од 80 и кусур години не можеш да се докажеш. Ако немате услови да си отидете од куќава,само подалеку стои од женава. Не помалку ме плашат и тие навреди,викања,колнења.Во каква средина ќе го израснеш детето?Колку е здрава средината не само за физичкото,туку и за менталното здравје?И вашето и на детето? Почни на долгорочен план да размислуваш.Барај начин што побргу по секоја цена да си одите.
На бабата треба да и' се изведе (изглуми) една јака сцена што се случува ако детето јаде смоки, оти очигледно од зборување ништо не се постигнува. Ако ВИДЕ со свои очи, белки ќе има грам ак'л да размисли какви страшни последици може да има од нејзиниот инает и своеглавост. Пр. Кога детето ќе почне да плаче заради нешто (било што), направи сцена демек апнало случајно смоки и дека ќе го носиш на доктор. Прошетајте се некаде некое време и кога ќе си дојдеш дома, претресена кажи дека ЕДВАЈ сте го спасиле и дека СТРОГО му забраниле и смоки и јадење од друга уста (измисли нешто, бактерии итн.). Може и мт да учествува во ПРЕТСТАВАТА!! Знам дека е претерано и смешно дури, ама со такви како бабата освен и ти да се правиш луд не знам како ќе излезете на крај. Лажењето посебно за здравјето на детенцето е за мене незамисливо, ама поарно да ИЗЛАЖЕТЕ, отколку еден ден да си чукате главата кога СТВАРНО, не дај Боже, дојдете до оваа ситуација. Не ми се верува каков совет давам, ама и ситуацијата не е баш најнормална, така да....
Абе на старата треба да и се забрани да го погледне а не па да го пипне детето и нешто да му дава.Нит ќе готвам нит ќе чистам само со детето ќе бидам,нема ни секунда само да го оставам.Тука старата не е крива,туку родителите на детето.Јас ќе се карам,ќе се дерам и она пак по старо ќе си тера.Значи дека не пали дерењето и карањето.Ветила дека нема веќе така да прави и пак направила.Нема да дозволам да има пак шанса да му се приближи на детето.Може и треба многу брзо да се реши проблемот а не само да се кука дека старата не се разбира од збор а пак да се остава со неа за да се мете двор или да се чисти.
Ne metev dvor tuka.bev vo dnevna a sinmi pred mene ama i napraviv takva scena sto od sega od daleku kego.gleda
Гледај да не викаш и да не правиш сцени пред детето. Ти изгледа мало, но стресот е голем и сигурно му влијае. Се’ тоа си оди во потсвест. Реши си ја ситуацијата поинаку... ако веќе гледаш дека не се разбира старата ни од збор ни од викање, најдете начин да се тргнете оттаму.
Ех апак мојава денес е слободна не се наработа немале струја . И сабајлево си варам кафе и малиот домене и она вика ај снао напрај ми и мене едно кафе ,(а она пак непие турско стрикно нескафе и тоа со мраз). И јас викам ај уше сабајле да не се расправам земав и напшраив ама наместо со 1 лажица нескафе и стаив две оти цел ден се жали и се спиело па да се расони и ете ја сеа спон не ја фаќало . И коа гледам од уста вади лед ке му дадела на малиот и викам абе ти здрава си грло има детето и плус со кој памет од уста даваш па јас како ајка не сум му дала под уста ти на 60 години осуста ке му даваш. И ништо и како ете ја го лигави кафето и од сламката му дава на малиот да смукне од кафето и ја земав чашата и низ џам ја фрлив. Го грабнав детето го облеков и в комшии да ми помине нервозата. @malooto немам право да те советувам бидејки и јас самата барам помош за слични работи ама ете и ти ко мене послушај совет и а видиш дека му дава така фрли низ џам. И јас прво велев гревота како храна да фрлам ама коа видов дека небива фрли низ џам мирна глава. Се дерела ного гајле земи дете и прошетај нека се дере ако сака.
Што и да си правела.Штом не се случува првпат нема да биде ни последен.Затоа треба да се реагира на време да не биде касно после.Само забрана за приоѓање или во случај ако можете да се тргнете тоа би било најдобро решение.
Многумина сакаат да се тргнат од старите од разни причини , ама не секој може да се тргне од х причини. И ЈАС САКАМ да се оделиме од стариве ама коа немаме доволно услови.
И јас бев во заедница и тоа беше мачење и за мене и за мм па пошто немавме услови си отидовме под кирија па после две години ни се отвори шанса за стамбен кредит и се препородивме.Сега имаме мир,спокој а и со свекрор ми и свекрва ми си живееме добро пошто се гледаме еднаш во месецот.Пошто сум го осетила тоа на своја кожа знам како е да се живее со стари и под стрес цело време и гледам колку е убаво кога сме поалеку од нив.Инаку бракот ќе ни се распаднеше ако останевме во заедница.
За се има решение,само ако се сака.И да,сум те читала и според мене можете да се одвоите зошто вие ги покривате сите трошоци ама сепак јас не навлегувам во туѓи проблеми и решенија.Јас кажувам јас како постапив и како би постапила.
Добар ден женички Одамна не сум напишала ништо на темава ама ве читам да знаете И мојата свекрва пред да му даде на детето нешто да касне прво го лижи, божем да проба дали е жешко па потоа му го дава во уста. А не дај Боже да треба да се дава нешто со раце. Тогаш се лижат прстите па пак се зема од јадењето, па наново оближување на палецот и показалецот..... Затоа јас не дозволувам да ги нахрани моите деца. Барем не кога сум јас тука Никогаш не сум и рекла не давај им јадење заради ова и ова туку едноставно си земам моја храна или чиста лажица и продолжувам јас да ги хранам. Единствено не ми е јасно како јатрва ми и золва ми не реагираат. Им ги чува децата по 24/7 и нормално дека ги храни на истиот начин ама тие капата накриво и замарање воопшто ич. Кога ќе ги оставам со мм знам дека има шанса да им даде таа јадење па знам дека и моите деца ја имаат вкусено нејзината плунка . Гадотии живи Па јас пробувам со друго лажиче и веднаш го фрлам за миење а не па секој залак да го лижам.
Околу ова вкусувањето туѓи плунки верувајте дека има и пострашен случај. Мои блиски не баш спремни за дете, ама ги снајде, шта чеш, па често му ги губеа стварите, па се дешаваше од 3 цуцли ни една да немаат покрај нив, а детето вришти па му ја даваа долната усна да му ја шмука, додека другиот родител бара по собите кај е цуцлата, ај тие родители ма да гнасно ми е и тоа, па ги советуваа и бабите така да праат коа ја нема цуцлата.
Ех ете ме мене со новитети. Абе јас се чудам зошто свеќи ми дава монети (кој немаат вредност) и зошто денес ме излажа дека немале струја а уствари нејзините колешки од работа идејки ме прашаа дали свеки била добра јас цела зачудена викам добра е бе зошто. Женава рекла дека е болна и дека нема да оди на работа а мене наводно ми вика немало струја. И сабајлево од коа бидна шо бидна кај 11 палат колата и имале работа. Не ни прашав каде и што работа. Еве ги кај идат после 4 саати и ми вика свекорот Снао ние ти прашавме за работа па од понеделник да одиш таму и таму. ЗА среќа малиот спиеше в другасоба и си се издушив. Со кое право одите барате работа во мое име , зар јас сум неспособна им велам. Ми викат ама снао длгови до гуша мора да одиш. Им се свртев и им викам чекајте бе вие ме прашавте досега како врзував крај со крај , додека се борчев за сите дома вие уживавте и сега јас треба да работам за да ги платам вересиите за кој можевте и вие да дадете? На кој да го оставам детето да го чува на болен чоек кој бетер од дете е , по кој це ден се тресам притисок покачил,не испил лекови. Да оставам дете да ми чувате на кое му давате се што несмее да се јаде на одреден период, на дете кое има 2 години а му давате кафе да пие. Вие здрави сте? Па кој сака нека работи бе ќе бидам должна попрво до гуша отколку да оставам дете на милост и немилост ке потаам уше 8 мсеци дур наполни 3 години. ЕЕЕЕЕ како се изнервирав мајка му стара. Му кажувам ан мм за ова и он се изнервира и им вика шо не си барате работа за вас туку за неа барате. И овие пукни уста да одговорат. Извинете ако имам грешки при пишување во една рака го држам ергенов со друга во брзина и нервоза пишувам.