Veke postojat dve takvi firmi. imaat dozvola za rabota i od Min za trud i socijala Ama uslugite za 7/24 se izgor skapi Jas eve bi mozela da si dozvolam usluga od niv ako odam na svadba pa da mozam da ostavam dete na raat bez da mislam dali nekoj ke gleda na saat kolku sum se zadrzala. Tie dvete firmi imaat status na bejbi siting servisi . 24/7 gradinki NE SE OPFATENI so Zakon.
Жената што треба да ја платам = на мојата плата...затоа ќе си поседам година- две дома, затоа време ќе си учам и ќе ја земам последната год од фах. Е потоа кога ќе бидам Др тогаш можеби ќе можам да си дозволам да плаќам жена
Скапо е бидејќи фирмите така си наложуваат или по закон? Ако отвори некој со пристапни цени мислам дека би имал муштерии, потенцирам мислам, не сум нешто упатена, читајќи тука ми текна на муабетот па се поврзав за бизнисот.
Nema Zakon koj dozvoluva da se otvori takva gradinka. A ovie bidejki se privatni, i cenite im se takvi.
Е доста ја фалев. Го купивме станот под нив а горе се свекрва ми, свекорот и сестра му.Она има 22 год. работи но кога ќе и текне.Е сега болката е што јас сум бремена работам и мм работи, а кај мене е се секогаш средено и чисто, испрано испеглано, а во собата на сестра му ко да влегуваш кај некој пубертетлија.Па кога сум слободна наутро готвам и потоа одмарам, па еве ја св. тропа вика на врата дали сум станала, па влегува и не седи само разгледува секој детал па по подот, уште во плакар да ми отвори и секогаш налетува на чисто и средено, како демек ме вика горе кај неа на кафе. Кога мм ќе пофали некое мое јадење, она одма по ден два го прави истото и го прашува по сто пати дали му се свиѓа. Кога седиме кај нив го праќа да и купи цигари не му дава пари зошто претходниот ден му дала една цигара. И ќерка и вози и пуши, но на принцезата не може збор да и каже. Нас ни вика после девет горе нема качување да не сме тропале зошто ќерка и спиела па ќе се разбудела, па мене ме ѓњави зошто сум давала пари за нокти правење, кога имало лакови по 1 евро...
Близината си го прави своето. Што мораше баш под нив стан. Ама готово биднало. Сега држи малку дистанца, крени ѕид меѓу вас. Не се расплинувај со информации. Колку помалку знае подобро. Што си купила, што планирате ќути си.
И кој е проблемот тука? Јас не прочитав ништо сериозно, застрашувачко... Се што си споменала ти во твојот пост се средува набрзина и без некои поголеми нервози и стресирања, само малку тактика и решен проблем. Вратата има клуч, трудна си, постојано си поспана, ти се лоши, ти треба одмор...еве ти изговори да не и отвориш неколку пати, па веројатно ќе се откаже. Останатото е смешки и делува дури потценувачки во однос на проблемите кои ги имаат жените овде. Не требало после девет навечер да се качуваат горе и на неа и е криво...Абе треба да се радуваш. Пак ќе кажам, не си барај проблем таму кај што го нема.
^^ Искрено и јас не гледам проблем тука?! Твојот пост дури ми делува и малку подценувачки и завидливо кон твојата золва. И што всушност сакаш да кажеш-дека ти си домаќинката, а твојата золва од 22 години е права расипничка?! Јас стварно не разбирам зошто не си го гледате домот, туку постојано водите есап за некој друг? Ти во твојот дом домаќинка, во тој на свекрвати ниту смееш, па ниту треба да те интересира кој и колку спие и решен проблем. Стварно премногу ги комплицирате работите и од нигде никаде самите си барате проблем. That's it
Золва ти те нервира тебе, не свекрва ти. Те иритира што керката на мама е миленичка. Али не се замарај. Ти одговара тебе повеке тоа што ве ограничува кога да се качувате,слободно можеш да и одредеш термин кога она да се симнува па нема така често да ја има таа прилика да виде колку тебе ти е средено.
Феминки вие очигледно не ја разбравте членката. Таа невика дека нејзе и смета тоа што го прави золвата, туку јасно кажува дека БОЛКАТА на свекрвата е тоа што золвата спие до доцна и не средува, додека кај снаата е секогаш средено иако и бремена и не добива помош од мажот. Значи на членкава не и е гајле како е горе, туку на свеки и е ажно како е доле и дека се гледа, па уште шкафот останал сама да си го отвори да види дали алиштата се здиплени и подредени. Тоа сакаше да каже. еве Друга работа е што свеки се натпреварува со снаата за јадењата. Мислам стварно е смешно и банално, ко да синко со неа се оженил. Боже какви ги има. Наместо да се радува што снајката знае да готви и што на синот му се допаѓа, таа влага во филм и готви истото, да не случајно биде снајкава подобра. Епидов комплекс? И последната работа е што чека синко да пазари за куќа во која тој реално не живее, но ајде да не налегуваме тука. А исркрено золвава има 22 и може да го испоти газот малку, наместо со мајка и да чекааат од мажот на феминкава, кој очекува дете. Свеки може слободно да се лакира со тие лакови од по 1 евро, дури и поефтин нека си купи, а феминкава е млада и баш треба да си става нокти. Дајте оставете ги некои да се испукаат тука, па макар и за банални работи. Па зар не прочитавте дека е бремена и зар не ви текна дека хормони се во прашање? Немора одма да попуваме. Јас баш ја разбирам и искрено и јас би се изнервирала за вакви “ ситници“ од кои се стига до поголеми проблеми. Феминке, глупаво е да го замараш мт со овие работи, но одоколу ке и кажеш на свеки твоја дека и тебе ти треба мир и одмор, зошто си бремена. Почни од сега по малку секој ден да и кратиш работи, дека утре со бебе повеке ке те нервира кога ке ти кажува што и како да правиш,а уште полошо ако ти зборува дека ти незнаеш како, па таа да си превзема на своја рака.
Леле, види ме мене колку сум средена во нокти, колку ми е чисто дома, колку убаво готвам, па сите кога влегуваат ми зјапаат во чистото, ме имитираат во готвење и од љубомора сакаат да ме натераат лак од 1 евро да си купам. Ај па може стварно си им инспирација па сакаат како тебе да готват и чисто да им е по дома, има нешто лошо во тоа?
А невозможно е да некоја бремена жена има средено и исчистено по дома? Невозможно е да знае некое јадење да го зговтви подобро од свекрвата? Невозможно е на форумов да пише некоја а да не биде осудена и да не биде лицемерка?
Тоа читам кај тебе. Спојлер: . како што ти читаш тоа што не го пишува и си го филмуваш по твое, така и јас го читам постот твој и го филувам по мое. Олабави Бриџет.
Јас пишав за проблемот, ама дојде ти и донесе негативна енергија, па и индиректно на челнката и залепи епитет на фалбаџика
@UnknownLadyDi, а зошто седите кај нив кога веќе имате свој стан? Иако е блиску, нема потреба да седите кај нив и да се служите со нивни цигари и други работи. И една цигара да е, нема потреба, си имате ваше и бркајте си работа таму. Едно кафе на ден или на неколку дена, и завршена работа. Тоа дека нема после 9 качување кај нив е многу нормално. Тоа е веќе доцна за одење по гости. А вие токму тоа сте кај нив - гости. И таа улога и ти ќе си им ја дадеш кога доаѓаат кај тебе. И јас не гледам дека имаш проблем. Сте се одделиле веќе, сега треба да престанеш да се замараш за тоа што сестра му работи и како си живее, и да си го гледаш својот дом.
Со мојот пост нит ќе ти ја одбранам свекрва ти нити тебе едноставно само ќе кажам од дадената ситуација дека ти си таа што треба да си зацрта една црвена линија и да си постави граница кој до каде треба да оди со однесувањето. Значи многу лесно е, не мораш и не требаш да кажуваш на сите и да даваш отчет дали ти нокти си правела, дали ти на сауна си одела или пак на шопинг си била.. небитно, зошто даваш отчет за твој пари, твој живот и твои финансии?! По принцип секоја мајка зборува и гледа на работите на тој начин како твојата свекрва па автоматски ете и на тебе ти префрлила за ноктите, козметичарскиот салон, шопингот итн, ти она што треба да го направиш како за почеток е да не си кажуваш кај ти е газот што правиш и што планираш да правиш на тој начин ќе ги избегнеш излишните "мајчински" "возрасни" да речеме коментари од свекрвати. Друга работа, ако му одговара на маж ти да и купува цигари остави го, ќе купува ќе купува ќе види и самиот дека цел живот не може тој да купува цигари, ќе барали и тој. Тоа е тоа, најверојатно таква им била навиката до сега или пак тое на еден начин си имаат некој есап. Ако се разбираш со маж ти многу е лесно. Трета работа, имаш свој стан нели? Фино лепо клучот на врата и дигни нозе, ич не се замарај, кога си расположена отклучи кога не заклучи, ако имаат забелешки кажи им најискрено "не бев добра легнав да отспијам или имав обврски" лека полека ќе легнат на брашното и ќе сватат дека зградава/станот не е брод и дека секој си има своја интима. Свекрвати сето тоа го прави едноставно од навика и поведена од тоа дека вашата врата е секогаш и во секое време отворена за сите, епа смени тактика и ти како золвава, ќе спијам и готово, сето тоа на мирен и културен начин. Четврта работа, не треба воопшто да се замараш и да и го береш гајлето на золвата, нејзин живот нејзина работа. Колку пуши, колку се рашетува и што прави не е твој проблем ти гледај да си ги решиш погорниве точки за да ти биде мирна главата. И да, ова не е проблем туку само одредена граница на блискост што ти си ја дозволила несвесно.