Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MELISSA-69

    MELISSA-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    ORINOKO
    една тетка две години се мачеше со рак, на крај умре, замисли колку трпеа нејзиниот син и снаа, а снаата се жртвуваше за неа повеќе отколку ќерка да и беше. сето сега заврши, а мажот виде колку добра и хумана жена има покрај себе, ја чува и пази како кралица. ;)
     
  2. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    OK, ама снаата и синот биле заедно, така? Заедно сме посилни.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    ориноко, си ми пишала во тема-сингл (така мислам), јас ти се извинувам ако се осети нападнато од моја страна (а, те нападнаа речиси сите) во врска со свекрва ти, но твојот пост беше само околу тоа како останала вдовица и ситуацијата тазе отпосле! Но, немаше напишано поопширно за вашиот целокупен однос пред тоа! (барем јас нигде не забележав). А, со самото тоа, се менуваат и работите кои би ти ги напишала. Да, стојам на тоа да имаш потолерантен однос во потешкиов период за неа, но никако не го одобрувам нејзиниот однос пред тоа!
    И, навистина ми е жал што си и ти една од многуте снаи (девојки...) кои им купувале поколни за 8 март, им оделе на прошка, бадник итн (дома со своите не се седела, а си одела таму!), се за да бидеш прифатена и сакана од нив, ама на крај гледаш дека ништо не ти ценеле и уште лоша си за нив.
    А, уште поголема штета е што нашиве `мажи` (ако се мажи) направиле 25-30-40 години..., уште се држат за фустанот на мамица, а мамица си ги користи во свои цели како таа си сака, а жената колку и да е добра - не чини.
    се распишав, ау, ама ме нервираат свекрвиве :lol:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Вака гледано отстрана делува себично но познавајќи тип на свекрви (упс, баш мојата спаѓа во овој тип), кои не можат да се помират со тоа дека нивниот син почнува нов живот во кој нема место за неа како што имало претходно, па пробуваат да манипулираат со чуства...
    Многу добро ми се познати речениците:''Знаеш сине јас не мислев ништо лошо, само се изнервирав а знаеш и дека имам проблем со притисокот'', ''Ајде дојди со мене ако сакаш ме врти нешто ногата па да не ми се случи нешто по пат'', ''Е зошто да се делите, ние сами ли ќе бидеме, зар заслуживме а знаеш дека не сме добри со здравјето'' ;( (инаку нема врска здрава е како дрен, а после поделбата таа е на само 15 метри подалеку од нас а се однесува како на улица да сме ја фрлиле)...
    И такви ми ти работи, само што тоа не пали кај нас...
    Ориноко ако мислиш дека и твојата е од овој тип, многу зависи од твојот маж дали ќе гледа некои работи реално или ќе паѓа на секој нејзин тажен поглед...Дај и уште малку време па види што понатаму...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Тинкербел и Мелиса вие очигледно не сте мажени ????? Од сопствено искуство (7 години брак) ќе ви кажам дека првата година од бракот е многу важна таа е темел на понатамошниот живот,затоа што во таа година брачните другари се учат како во исто време да бидат и љубовници и другари и домаќини.Едноставно се учат како да функционираат како едно. Во таа прва година и страста е многу голема и секое слободно заедничко време се користи за секс и што е најважно се ужива во него.Навистина не знам како се дрзнавте да нападнете жена/сопруга која сопствениот мир и интима(во првата година од бракот) се понудила да го дели со нејзината свекрва ,само и само за да и се најде во момент кога и е тешко,свесно жртвувајки го својот понатамошен живот !!!!
    Онорико искрено ти посакувам што побрзо да си го вратиш мажот и конечно да почнете да живеете како млад брачен пар ,а што се однесува за свекрва ти можеби е редно и другиот син да и се најде малку и да ја покани на гости ,не заради друго туку затоа што и на нејзе би и годело малку да смени средина.
     
    На Anyshka, blond, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MELISSA-69

    MELISSA-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    кој се дрзна да ја нападни? ја само си кажав за тетка ми, каде децата и се жртвуваат, трпеа, ама и тоа заврши. сакав да и посочам дека има и полоши случаеви и да биди иcтрајна.
    не ја нападнав, зошо така ги испревртувате мислите? :!:
    а, тинкербел, ја имам читано (ако сум понов член) од порано и има добри размислувања и совети, така да мислам дека таа не и мислеше ништо лошо на онорико. само што сите си имаме различни мислења и гледишта, па според тоа и различни совети. немојте да се лутите што се мешаме и ние немажените, сакаме да видиме што не чека :lol:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Еве јас сум повозрасна, мажена и со семејство, па ќе искоментирам ;) . И јас имам проблеми со родителите на маж ми, односно со татко му, не со мајка му, знам како е, ама сепак мора да те прекорам.
    Не ти се воопшто на место коментарите. Жената останала без маж, а твојот маж останал без татко. Тие најмногу ја чувствуваат загубата и најмногу можат да си дадат поддршка. Сама велиш дека другиот син не живее во истиот град. Од кого да побара утеха, поддршка, разбирање? Ако ти пречи, па појди со нив на гробишта, подели ја нивната болка, ќе те задржи и тебе на ручек, ќе бидете заедно со маж ти кога му треба разбирање од тебе, не напнување. Мене најзелено ми се виде она „Ти си вдовица и нормално е да си сама, јас не сум“ :puke:
    Ај сега замисли дека не дај Боже, се работи за мајка ти... Па дали неа би и рекла „Кој ти е крив што си вдовица, седи си дома сама и не ми пречи кога сакам да шетам со маж ми“?!
    Има моменти кога човек треба да покаже заби и има моменти кога зрел човек знае дека не треба.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.167
    Пол:
    Женски
    мене едно ми боде очи а тоа е болдираното?? Како за тебе немало место и сакаш да кажеш дека 6 месеци си била одделена од мажот а тазе земени?? Искрено јака ти душа како си останала во брак со него , мора да го сакаш многу, јас не би останала. И според мене мислам дека доколку не биле тие 6 месеци разделба ти сега не би реагирала вака. Не ја осудувајте, не ја карајте затоа што според мене и премногу трпела. Како може бе да нема место за тебе во куќата на мажот ти?? :x :x Не можам да сватам. А каков е ставот на мажот ти во однос на ова прашање?? Тој свесен е дека додека се шета со мајка му може да си ја изгуби жената?? Мојсовет ти е, седни разговарај со енго насамо и со неа соочете се тројцата и дај и до знаење дека не може да ве дели. Вие сте сега маж и жена треба фамилија да стварате а не она да се ослонува цело време на синот дека е вдовица. Убаво рече некој погоре, зашто не оди кај другиот син?? Моја претпоставка е зашто таа снаа не е како тебе толерантна за да ја трпи. Убави си знае таа другата.
     
    На Anyshka и blond им се допаѓа ова.
  9. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    постојат луге што неможат да сватат дека нивното време поминало...некој на 20 30 години ке си го умиштува животот за да и праи кејфови на некоја си таму дека е сама . фала богу дека треба да и се посвети внимание како на секој друг од фамилијата , другар , пријател се е во ред ама не зивотот на еден млад брацен пар да се врти околу некоја што си го прозивеала животот, себични луге(свекрви)
     
    На Anyshka, soncenceto.matea, MELISSA-69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Ова ќе биде мојата последна реплика до било која од Вас, бидејќи како што кажав не го постирав проблемот за да давате позитивни или негативни коментари (секој тоа го сфаќа на различен начин но не и доживува!)туку едноставно да го изнесам надвор од мојата душа. Јас во тие лоши мигови од мојот живот бев само 4 месеци мажена и живеевме во наш стан кој само јас со мои средства го реновирав и опремив и на крај памет не помислив што ќе се случи. Живеевме посебно како секој млад брачен пар кој сака да живее одделно и мислев дека не би имало причини за расправии. Јас се трудев да бидам добра сопруга, се гледав да биде тип топ и погодено и бидејќи јас единствено парично го подржувам домаќинството и иако пара не ми остануваше од платата сепак не се жалев и бев среќна. Мислев влијанието на неговите нема да ме допре мене и дека нема да се мешаат во внтрешните работи но не беше така. За тоа тука го наоѓам маж ми виновен оти ако требаше да се оди некаде на свадба или слично каде што тртебаше да се носи подарок тој и се јавуваше неа да ја праша за совет. И таа ќе му кажеше а што мислам јас не го земаше во предвид, мајка ја слушаше. Но јас ги давав парите за поклоните а не тој, е сега мајка му и кола да кажеше за поклон јас требаше да ја купам!Дали ти lioness имаш ваков проблем? јас имав!!!Според мене требаше само со мене да се консултира и на крајот на краиштата колку пари имав јас ќе одлучеа каков подарок ќе земеме. Втора работа која не ми се допаѓаше беше тоа што 2 пати отидоа на гости во село , он и родителите кај нивни роднини кои ми дошле на гости , кои јас сум ги пречекала дома со мастраф кој јас сум го купила а сега тазе снаа јас да не отидам оти за мене нема место во колата, дури и не ми кажаа кога ќе одат туку отпосле кога се вратија. Јас тој ден цел ден седев дома и плачев. Јас ги дадов парите за бензинот со кој се возеа.Ти Lioness како ќе се чувствуваше на мое место? За болеста свекор ми беше однесен на операција во друг град кадешто живеат девер ми и јатрва ми. Јатрва ми не е вработена и се досадува цел ден а и не знае да готви , па така свекрва ми се грижеше за свекор ми и мојава јатрва наместо да зготви нешто и рекла дека не знае да готви па морала свекрва ми да готви ем за сите. А јас следните 3 дена после погребот оти сите се во шок а треба ем јадење да се прави јас право од работа кај свекрва ми да ја утешам и да и зготвам јадење да има, а мојата јатрва која беше исто така таму на визита ни чиниите не сакаше да ги измие. За девер ми па, во тие 2 месеци колку што лежеше болен свекор ми само два пати дали дојде да го види оти далеку е де 40 минути возење, а мојов не беше проблем да се откаже од мене 2 месеци нели?А зошто го направи тоа? Се прашувам дали ќе го стореше истото ако имавме дете, тогаш ќе останеше заради детето а вака јас на некој начин се почувствував навредена.Се гледавме ретко само кога јас ќе отидев на посета кај татко му. Само јас најдобро си знам дента кога си заминав од станот како се чувствував оти не знаев кога повторно ќе се вратам и само моите родители го знаеја моето враќање, бегав од погледите на луѓето да не ме прашаат како е мојот сопруг или каде е?. Lioness а што ако јас немав родители , кај кого ќе одев и кај кого ќе се тешев, требаше сама да седам во станот оти за мене место немаше кај нив. Знам, ќе речеш си мислам само на мојата болка ама ако беше така сите кои што имаат болен родител треба да ги остават своите жени/мажи и после да се појават на погреб?!Значи и јас треба да го оставам кога моите нема да бидат арни, децата да си ги земам тогаш а он како сака нека си пере, готви, сам биде итн. Извини ама не мислам така, јас всушност не знам друг таков пример. Некои погоре ме оценија како себична. Зарем себичност се вика почитта што јас сум им ја укажала: за секој 8 ми март, за секој велигден, прочка, за пензионерство, за сите овошја што моите од овоштарникот им ги дале, за сите здравоживо и кафињата што сме ги пиеле заедно , за сите ручеци на кои сум ги викнала во новиот стан, затоа што јас иницирав таа да си поседи со нас во станот по смртта на свекор ми? Кажи ми зошто?И се вратив во станот после се, одев на гробишта и тоа редовно, но во следните 4 месеци јас согледував дека ништо не ми е ценето. И уште повеќе станувавме странци со маж ми бидејќи тој беше таму а таа знаеше да излезе со него во чаршија сама без мене, зарем не прашуваше каде сум јас со кого таа појадува/руча/вечера?Ќе си дојдеше тој дури навечер кога јас веќе сум полузаспана, и речиси не знаев до кого спијам. Јас знам дека е човек и дека треба да најде утеха во некого, бев трпелива 4 месеци и мислев дека конечно има простор и за мене но не!Lioness да те прашам дали ти по чаршија имаш шетано со твоите свекор и свекрва заедно со маж ти и колку пати? дали ќе шеташ секој слободен викенд?Сакав да бидам со него а тоа значеше и нејзино присуство бидејќи таа беше секаде. Според мене во ред би било да и отидеме зедно на гости со маж ми, да ни дојде она исто така на гости па макар ако сака од утро до вечер нека биде но не е во ред да си излегува сама со маж ми секој ден во чаршија а јас дома да седам!!!И јас не можев веќе да се носам со таквата ситуација и го напуштив мојот маж, сега бев јас таа што го остави, јасно му кажав кој е проблемот и дека самиот тој треба да направи некој баланс меѓу нас двете а не ме земал на душа. Тешко ми беше но не можев поинаку, се нарушуваше моето здравје. Всушност, тој ја сноси најголемата вина за нашите односи во тој триаголник. Поминаа 2 недели и тој не ми се јави туку неговата мајка и тоа за да праша како сум, јас и реков добро и од понатамошниот разговор таа разбра дека всушност јас сум го напуштила нејзиниот син и дека сме разделени. Тој ја лажел неа дека јас сум била кај моите на гости а од мене ја дознала фактичката состојба, ме повика на разговор кај неа да се анализира работава оти срамота е тазе земени да се разведуваат. Ме праша за причините, јас бев отворена и и кажав се што ми пречеше во односот со мојот маж и дека тука беше нејзиното влијание:каков поклон да се купи, зошто мене не ме водите на гости и излегувањата во чаршија. Мојата мајка е среќна кога јас сум среќна а и таа би била среќна кога нејзиниот син би бил среќен, а без мене тоа не е така. И реков дека нашиот брак е пред криза оти ние сме допрени од проблеми а другиот син и другата снаа немаат такви проблеми и затоа се им е супер.Таа ми вети дека работите ќе ги поправи и да се вратам јас кај маж ми , да не правиме резил работа. Јас се вратив после 4 дена, мојот маж ми нема ништо речено дали разговарале или не но сега работите се поинакви/подобри. Имаме потолерантен однос со маж ми и свекрва ми, таа ни доаѓа на гости , ние и одиме и на роденден и бевме дури (и тоа само ние и направивме чест а не другиот син и снаа). Не постои човек кој можеш да речеш дека го познаваш, јас мојот сопруг го знам 5 години ама не го познавав. Lioness назад ти е твоето не ме сфаќај погрешно туку гледај нешто научи од мојов случај да не ти се случи истото. Сум учела психологија ама можеш да забележиш на никого не сум му била психолог или судија на некој од форумџиките со проблеми и не би сакала некој да биде истото за мене. Јас ја завршив мојата тема и никогаш повеќе нема да пишувам за ова и да се навраќам на тие моменти, сакам да ги оставам во минатото. Знаеш како започнува “Ана Каренина“?Со оваа реченица: Секое среќно семејство си прилега едно на друго, секое несреќно смејство е несреќно на свој начин“.Така е и со сите нас како личности.
     
    На Anyshka, Neytiri, koritsaki и 25 други им се допаѓа ова.
  11. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    значи неможам повеке со лугево...неможам неможам и неможам.Мислев дека таа е лошата,мегутоа тоа свекорот или диктаторот или незнам како веке да го наречам абе луге од кожа ме вади.Се нешто му смета,со никој не разговара, па зошто такви бурми зошто не онакви, па му носиме пред малку поклон чисто од поштовање па зошто бил таков,не му се допагало, абе неможам повеке.До сега трпев се, си велев ај непромислена навреда спрема мене не е до толку страшно,поминував покрај се.Повеке чест му правев од колку на сопствениот татко.Ама вечерва не ме навреди мене- ги навреди мајками и татко ми и покрај се сто имаат направено за нив. така да пред 2 саати ставив крст и тој човек повеке за мене не постои.незнам како ке функционираме понатака со такви односи но гледам многу од вас раскинале со свекор или свекрва така да од вечерва вртам нов лист, или подобро речено земам нова тетратка.па што биде нека биде.епа доста ми е од плачење секоја втора вечер поради него.
     
    На Anyshka, kikus02 и maca99 им се допаѓа ова.
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Ај оваа мојава да си нема попаметна работа,да седи цел ден со комшивки и да трачари,па да ја сфатам,ама оно интелектуалка на висока позиција,ценета госпожа во градов :puke: Никој нема лош збор кажано за нејзе,она е the best! Ми честитаа сите-леле во каква фина фамилија си отишла :clap: Браво за нејзиното преправање 8 години,уствари знаев дека и е глума,ама барем се трудеше да одглуми....
    Кога се веривме се јавивме,свекорот беше пресреќен ,а таа не се јави,од другата страна на слушалката се слушна-Е,шо така им текнало??????
    Кога отидовме дома,кажа едно честито едвај чујно...Направила торти,триста чуда,демек радост за снаата,пред други да се покаже-мора!
    Се вративме од одмор-свекорот не виде од тераса,и се симна да ни ги качи стварите,госпожата искачаше од работа,на син и рече само-леле колку си поцрнел,а мене едно кисело-Здраво,од кое искрено само првата буква З и се слушна...толку доби и од мене...
    Цел викенд седевме во нашата соба....свекорот се чудеше,ама којзнае кој филм направила госпожата...еден ден јадевме кај мајка ми,еден ден маж ми правеше ручек а јас го чекав во нашата соба.Сакаше да ја утепа мајка му,ама веќе не му дзволувам да и се обраќа...колку пати седнувал со нејзе и со лошо и со арно,и е кажано 100 пати али инат-ок.Ама ќе си пати она.Да ја видам до каде ќе оди со тоа.Се однасам ко да не постои,се среќаваме во ходник и само кисело се смее а јас ништо.Овој маж и ,не вика 100 пати за ручек и кафе,ама незнае шо е целава работа.Немав време ама еден ден јас ќе му кажам све,а не син му.Едвај чекам да се исели,аир да не види :@
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    еее сите се надеваат на тоа иселување, ама јас срцка не ни живеам со нив, ама тоа не го спречува за да постојано не нервира.Се несто него му смета, само тој е у право, се по негово да биде. диктатор. Немате сретнато таков човек.Ужас, особено после она вчера како ме навреди мене и моите е тоа беше преминување на границата.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ Ma овие ќе се селат 100посто,си имаат куќа ,кога че почнеме да реновираме во станот ,они си одат,не прашаа што сакаме станот или куќата ние го одбравме станот ,пошто 2 пати во месец си одиме,а куќата има милион ствари за правење па поголем трошок би бил.
     
  15. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    hunny-bunny не е само твојот свекор диктатор и мојот е таков.И јас кога се зедов со маж ми сите ми велеа леле колку се добри,па вакви се онакви се злато од луге,но оп испадна спротивното.Секоја прилика ја користеја за да не скараат со маж ми.Кога јас бев на работа тие на него му зборуваа против мене,а кога тој беше на работа беше обратно.Кај ништо не помагаат па и само наредби знат да даваат.Мајка ми и татко ми купија материјал за да дигнеме уште еден спрат,а тие ништо.Кога почнавме да работиме се разболеа и двајцата само затоа што не и се свиде.На деверми све му накупуваа и него све го следува а маж ми ништо го прават исто како да е посинет,само кога треба нешто да и се помогне.Али за тоа си е тој самиот крив.Дојде ред да се вери девер ми,свекрва ми на мене ништо не ми кажа,туку кажувала на комшивките што како купила на јатрва ми и што како ќе биде.Кога дојде јатрва ми проба и со неа да ме скара но нема да и успее тоа.Секој ден само трпам нервози од нив.Едвај чекам целосно да се одделиме,мислам на тоа да си живееме одделно тие во еден дел а ние во друг дел(бидејки и сега ние сме одделени од нив но влегуваме од иста врата,користиме ист ходник и вц).Кога почнам да му кашувам на маж ми што како ми вели мајка му тој и вели јне се замарај со нив едноставно однесувај се како да е мртва за тебе исто како да не постои.Затоа решив да го послушам неговиот совет и едноставно не ја регистрирам веке.Доста ми се веке нервози.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    како да немаме попаметна работа-седиме овде и се жалиме за некој кој не заслужвит да биде тема на разговор.
    се жалам и јас :lol: , иако не ми е уште `официјална` свекрва, ама не можам да сфатам-нека престанат да се мешаат. малку дома сум слушала едни, сакам во новиот дом-јас да формирам семејство-јас да си бидам свој газда-а, не некое жениште да ми го зачинува животот и секој (ама баш секој) ден да ме вади од такт!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.167
    Пол:
    Женски
    Ако смеам да те прашам, кога ќе бидете официјализирани со дечкото каде планирате да живеете?? Во заедница (овде мислам и на тие што се т.н делени на различни спратови во иста куќа) или посебно во стан? Ако живееш во заедница, ова што си го напишала не ти важи. Од птоста причина што ТИ си дојдената во семејство со веќе воспоставени навики на живот. Секој си има свој карактер. И јас од мене тргнувам дека не сум цвеќенце за мирисиање понекогаш и може некоја свекрва во иднина овде ќе кука за мене. :lol: Компромиси ДА, ама занесување дека дошла невестата дома и сите треба да и паѓаат во несвест по неа НЕ. Ако они ти дале кров над глава ( што после 18 години не им е ни законска должност на синот да му дадат а не па на снаа донесена дома ), штом заеднички плаќате комуналии ( вода, струја и парно) па макар и ВИЕ само да ги плаќате, немаш право така да зборуваш. Сакала лути се и сте други, ама мене како на идна снаа ми се крева косата кога ќе прочитам дека некоја дојдена во друга фамилија сака да ми поремети се и уште газда да се прави. Ако сакате да се жените и да си формирате семејство, стиснете заби, најдете работа, идете под кирија бидете си СВОИ на СВОЕТО па после кажувајте ЈАС вака ќе правам, ЈАС онака ќе правам. И друго, никој не се преправа, само друго е да ја гледаш на кафе, на слави на гости на кратко и како девојка на синот, а друго е да треба да живееш со неа. Па и ние сме едни пред гости дома, а други кога ќе си одат. Тие такви си биле и ќе си бидат. Гледајте да си имате добар однос со мажите, а за свекрвите нека си е... матер.

    И за крај не ги правдам свекрвите што се поставуваат лошо и што си имаат некој психа проблем. Го кривам секогаш МАМИНИТЕ СИНОВИ, кои не знаат да кажат доста е и да се завземат за својата жена.
     
    На Sun.shine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Кога ве читам ме фаќа страв, кој знае како ќе се сложуваме со мојата свеки :lol: Сега за сега жената е злато, коректна е со мене сите овие години, ама после свадбата ќе видиме како ќе биде. Сигурно ќе има и несогласувања и мали замерки ама тоа е нормално, важно е да има почитување и компромис од двете страни. Уфффф, мислам дека нема нешто посложено од жени :D
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.167
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да те фаќа страв. Ти гледај да си имаш убав однос со мажот ти и да те почитува и сака и да е на твоја страна а не слепо по мама да оди и се ќе биде во ред. И пак компромиси секогаш мора да се прават, така е во животот.
     
    На Sun.shine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Ја извадиф оваа слика од фејзбук од кај вујна ми но мораф да ја направам со црвена боја за да не се открие идентитетот зошто може и вујна ми има профил на фемина од кај знам :D Али навистина кога ја видоф одма ме потсети на оваа тема на фемина и мораф да ви ја покажам да видете дека не се сите свекрви лоши(има и такви не дека нема) али како ке се поставите вие со свекрва ви така и таа со вас. :*
     

    Прикачени фајлови: