Не ги читај слободно. Ако обликот т.е.кирилицата е побитна од суштината на напишаното не се мачи и така нема ништо суштинско да ти смени тебе,ова беше совет за @irena.1 .Мојата мака не е поврзана со кириличното испишување или не. Сепак еве да не се мачиш кирилично лично само тебе ти одговарам.
Ирена, а впрочем зошто толку те интересира дали свекрвати лаже или не каде била и со кого била, доколку ти не си лично засегната во дадената ситуација?! Зарем вие сите на свекрвите отчет им давате каде и со кого бевте, па морало се да се знај. Ако е свекрва не значи да нема свој личен приватен живот, без притоа снаата да изиграва дежурен детектив и тужи баба на мажот. Компромис и дистанца не се на одмет.
А си размислила ли на опцијата дека личноста што ти се јавила измислува и дека и двете те моткаат, да му кажеш нешто на маж ти и после тоа да те наместат и да те направат поголема будала? Можеби те тестираат. Најдобро молчи си и почекај ако ги начекаш двете заедно прашај ги па ќе видиш што ќе биде. Поздравче
Знаеш ли што е свекрва,лажов и манипулатор? Таква и ништо снајка да не и згреши ако и се сака ќе ја направи будала во очите на маж и. Ова многу убаво звучи,но во случај кога живеете заедно и ти диши во врат верувај е неизводливо, а ако не и дозволуваш да ти диши автоматски си и на мета да те мести во очи на маминот сине бидејќи и се може. Јас одговарам тргнувајќи од мојата свекрва. Нејзината е лажов само и во ситуацијава не треба воошто снајка да и обрнува внимание на нејзините лаги.
@irena.1 еве мене ме интересира зошто свекрва ти би требало да ти дава отчет каде е, со кого, што прави? Па и да живеете заедно, доволно е да ти каже дека излегува. Ај разбирам, жената треба да знае каде е маж и, децата, ама зошто би ти било гајле за свекрвата? Види ти која случајност!? Како ли се погодило тебе баш таа личност да ти се јави, со која свекрвата ти кажала дека е? Јака коинциденција. Kултурно е да прашаш како е, и треба ли нешто. Е сега ако она сама ти кажала небитни детали, занемари ги. Пак ке повторам, исто како да не ти ги кажала. Доколку ти си сигурна дека "не си глупа" ќе си ја тераш својата работа. Стари луѓе, знаат да бидат напорни. Сериозно, до толку немате друга попаметна работа, па разглобувате нереални проблеми?
@vichy Чекај сега,нели цело време трубиме дека имаме само една мајка.Зошто сега вакви споредби.Се додека очекувате некој да ви полага сметки,ќе има проблеми.Сметки можеш да полагаш само на сопругот и обратно,се друго ми е незамисливо. Јас утре на снаата и на зетот не сакам да им бидам на услуга ниту тие на мене,освем во оправдани ситуации,како што е помош,болест или договор.А лицемерието во случајот го оправдувам со тоа што можеби жената едноставно ја нервира кога некој ја прашува кај била и што правела.Можеби била на лекар,шопинг,посета некаде....можеби никаде не била ама ете не сака да полага сметки.
Изгледа само јас разбрав дека на Ирена не и се допадна што ја лажела а тогаш биле присутни и други луге блиски и нејзе.
@vichy ич не ме интересира како ти пишуваш, јас одамна не ги читам твоите постови. @jovanovska94 Еве да ти објаснам. Каде причита дека барам отчет? Каде прочита дека живееме заедно? Дозволи да ти објаснам. Мм е на пат. Тој ми се јави, па јас и се јавив неа да и кажам за да не се секира. И сега нормално нема да се јавиш и само да реферираш. Водиш еден општ муабет. Како сте, како здравје, ви треба ли нешто, времето надвор се расипа и слично. Зар не би и ти поправила општ муабет. Е во тој муабет она седиме со тој и тој вака така. Нит ми реферира, ни јас неа. После се испостави не е вистина. И тоа што викаш може оваа втората исполажа. Како и да е, дилемата ми беше дали да разговарам со мм. Знаеш како викаат не ми е криво да ме лажеш, криво ми е што мислиш дека ти верувам. Е затоа. Ама ме пројде. Едвај го чекам да се врати од пат, сама сум 24-7 со бебе и не можам да се замарам со вакви работи, заврши работата.
@irena.1 Што и се замараш. Не е па ни толку важно за да му кажеш на мт. Те излажала, ок - имала некоја своја причина за тоа. Си дознала, пак ок - имаш џокер во ракав
Aj ne go citaj nit ovoj post. No ako ne zivees zaedno so svekrva i tolku i se treses sto te izlazala?Tesko tebe koga nemas popametni nesta vo zivotot pa uste maz ti kutar na pat sto e ke go zamaras svekrvati tamu sto dali 2pati vo godina ja gledas na isfiluvani ruceci sakas da go zamaras sto te lazela. E te lazelela i sto i mozes. Bidi srekna sto ne te manipulira dopolnitelno i i c ne i se zamaraj.
Мене во приказната на ирена не ми е чудно ниту тоа што излажала свекрвата, си има причини, не сака да знаеш, може ете така и дошло, крај краева што ти е тебе работа да ја проверуваш и ред да и водиш. Ниту ми е страшно ако ирена му каже на сопругот, голема работа, маж и жена по дома, си разговараат за се и сешто, нормално. Туку реакцијата на сопругот -лом ќе ја направи??? Лом? Зошто? Ако го кажеш случајот опуштено, може само да превртите очи или да се изнасмеете и готово. Ако му отидеш повредена додавајќи драма на приказната, ништо чудно така да изреагира и лом да ја направи. Значи од тебе зависи. Немој да правиш кавги оти егото малку повредено ти е. Остај ја жената на мира, макар и си подлажнувала одвреме навреме за безвезе работи.
Не знам што толку те засегна и навреди мојот пост па мораше од твоја перспектива да го објасниш. 1.Работата не ми дозволува ниту лакирани нокти, не па гелни, ги направив еднаш по повод свадбата на сестра ми.И она мене ќе ми кажува што и како да правам со мои пари. 2.Дома НЕ МИ Е воопшто СЕКОГАШ средено и чисто, но така се погодува кога ќе се симне она да биде. 3.За готвењето не можам ни да и се приближам на свеки, но некои наши работи ги правам подобро. Е сега да преминам на другиот проблем. Пред некој ден во 2 ноќта некој почна да ни тропа на врата, отворив сестра му, мортус пијана и плаче, еден час беше кај нас се скарала со дечко и. И си замина она. Утрото се качувам кај нив золвава спиеше, и свеки ми вика мене: Добро си повратила си повратила, нели е срамота тука на влезната врата сабајле да не исчистиш??? Јас занемев. Молам??? Па сабајле тропаше вратата кај вас ја мислев си го шетала кучето па со повратила пред влезна. Почнав да плачам, се изнервирав и се симнав доле, му раскажав на мм и он неможеше да верува, значи ни ме праша туку ме обвини. Се качи и објасни се дека тоа е всушност од ќерка и па еве ја со него плаче згрешила сака да се извини. Со малку започнува се. Не се спрепнуваш од планина туку од камен. И не знам какви проблеми сакате да читате како некои се тепале летале чаши преку прозор за да биде интересно. За мене и ова е премногу.
Се додека не сум лично засегната, инволвирана или малтретирана ни 3 посто не ме интересира дали свекрва ми ме лаже или ќе ме лаже, ниту најмалку нема да ме интересира нејзиниот личен приватен живот и обврски. Се останато мислам дека е без потребна нервоза, влечење на јазик и упорно, бесцелно барање на проблем онаму каде реално го нема. А дека синот треба да ја направи мајка му лом оти по желба на дотичната снаа не дала отчет и дневен извештај за нејзиниот сопствен живот, мене ми е вон сите граници на размислување и нормално однесување.
Во ред, те сваќам и те разбирам колку си била навредена и повредена ради ситуацијата со повраќаниците пред врата, признавам дека воопшто не е вкусно да слушнеш таков коментар а поготово со таков речник од свекрвати и за тоа секако дека треба да реагираш, НО не можам да го сватам и разбирам делот каде што ја плукаш на тој начин золвата и ја кодошиш за да си го добие тоа што го заслужила, а ти одпозади да се радуваш и да фаќаш сеир. Зошто ја накодоши золвата? Зарем никој нема направено таков проспуст/грешка на тие години да те прашам? Се скарале со дечкои и се опијанила така? - се случува, нит е прва нит последна со такви напади во тие години. Зошто сакаш сеирот да и го фатиш наместо да и помогнеш и да дадеш совет за друг пат?! Не знам еве.. ова е мое мислење и сметам дека не треба веднаш да ја искодошиш на мајка и, сите сме го поминале тој период од животот и знаеме какви се тие луди млади години.
@UnknownLadyDi, а зошто наместо да плачеш и да се нервираш, не и' кажа на свекрвата дека не си ти, наместо на мт? Се ставив во твоја ситуација некој неправедно да ме обвинува и нормално е да се оправдаш пред тој што те обвинува. Не знам зошто си истрчала кај мт да се жалиш, а знаеш кој е виновникот. Треба да си го решите проблемот меѓу себе и веднаш, а не да го вмешаш и мт, па ти плачеш, таа плаче, и до голема станало. Жената ти рекла дека МИСЛИ дека си ти и објаснила зошто мисли така. Ти требало само да кажеш дека не си ти, туку ќерка и'. И толку. И не мора да се каже дека ќерката повратила од што е пијана, можеби од друго нешто и' се слошило. И така свекрвата не ја интересира зошто е повратено, туку зошто не е исчистено. Понекогаш сами си ги комплицирате работите. Ама добро, секој за себе си знае. @irena.1, не знам каков ви е односот со свекрвата, ама мислам дека не треба да го вмешуваш мт во тоа, освен ако тоа се случува често, а тој не верува дека лаже, па да му го докажеш тоа. Во спротивно или не си ги разрушувај односите со свекрвата, па и мт, или може, како што рече @Bridget, така низ муабет да го прокоментирате тоа. А не знам зошто неа не сакаш да ја прашаш? Дури и да се правда, и пак да лаже, можеш да извлечеш некаков заклучок и од тоа.
Зошто ја кодоши золвата? Па пијаницата повраќала кај стигне, зошто мене да ме праат пијаница неумесна у нејзино име? И јас имам пиено и повраќано и со дечко имам раскинувано ама немам оставано бљувотини кај стигнам другите да ми ги гледаат. Зошто на сета мака свекрвиштето да мисли и дека сум неумесна пијаница која повраќа кај стигне па утре и за тоа да ми трие од нос и да ме срами а ја дома у 9 саат кома сум била? Сеирот во ниту еден момент не е во ред особено за таква работа кога си раскинал со дечкото и ти се руши цел свет , ама па тоа не значи дека треба мене некој во туѓо име да ме праи алкохоличар. Утре ако е катиљ ке се јави кај мајка ми и татко ми на шала ке им каже -Ќерка ви мажена пие и повраќа кај стигне , и што да остаам срам да ги јаде ? Од друга страна не е дека на темава треба чаши да летаат за да биде интересна, ама дека е нормално потресување зашто свекрвата ми рекла дека ке иде на кафе а била у кафана дефинитивно не е. Возрасни отчет ке даваме кај идеме што праиме, па уште силење синот лом ке ја праел. Дома жена му нека му дава отчет коа ке искача и нека ја праи лом ако смета дека така треба, а не на мајка да се сили. Снајката па уште у морална дилема да се биде или не, да се каже или не.
И нaс свеки вaкви ни дaде нештo нa синкo дa сме му купеле знaете штo ни ги прoценијa 150 денaри еднa мoнеткa