Не е дека не ме сака, ама изгледа толку и сече. Јас од друга страна не и викам ништо, и нормални сме кога ќе се видиме, се е ок. Не сме се скарале досега за ништо да кажеш, ама толку ли е невнимателна? Не е свесна што си направи со тоа што ми се јави за 400 денари. Еј, има доживотно да го памтам тоа. Стварно несакам нејзин имот, или незнам нејзини пари, немам такви амбиции, сакам поштовање. Сега кога ја увидов ситуацијата еве веќе 5-6 месеци како сум овде, ни јас повеќе не и се јавувам на телефон, ни пораки и праќам да ја поздравам, кога ќе се јави кај мм на телефон, не му викам дај да ја поздравам. Оладив скроз од неа, а и на мм му реков, ваков однос не очекував. Не очекував да пиеме кафе секој ден и под рака фатени низ град да се шетаме, ама ваков ладен и незаинтересиран однос најмалку очекував. Пошто јас сум стварно коректна со неа, и бев коректна уште пред да се населам овде, знаев и да се јавам и да и пишам и се. Сега повеќе не. Не ми се ни оди кај неа. И кога ќе отидам на шилци седам. Атерско кафе ќе се напијам и ќе и се насмевнувам со хе хе. А да беше понормална, ќе добиеше од мене и крв ако треба.
Ова прави разлика, многу. Едно е да знаеш дека не те сака, друго е да знаеш дека си и мила, ама таков карактер си е, или како што кажа -толку и сече. Не се сите луѓе како тебе со чувствата во крајности, или те сакам и крв би дала за тебе, или не сакам воопшто да те гледам. Тоа до карактер си е и повеќе одлика кај помладите и страствените. Има луѓе со така...млаки чувства, или контролирани, или едноставно не си ја погодила толку во срце, драга си и, ама не до толку. Како пријателка, подалечна. И во ред е ако е така. Помири се дека е таков карактер и крај. Освен како што кажав, ако си сигурна дека не те поднесува па природно и доаѓа непријатна и не толку блиска со тебе да е.
@Offspring ич не се замарај, како таа со тебе така ти со неа. Па не се јавувала, па поклони не купувала, не се оптеретувај, ке немаш ни ти обврска да и купуваш ниту па да бараш погоден момент да и се јавиш да ја поздравиш. И уште поарно шо за ништо не ти помага, ке немаш ни ти обврска на стари години да мислиш кој ке ја чува, дали ти да се вратиш, дали жена за чување да и плакаш или старински дом. Мило за драго. А ова со пиленцата, глупаво од нејзина страна, сигурно она има остатоци од храна за 20 пилинња да нахрани, не 5, ама ете карактер, и не си го земај ти при срце, замисли да си ги чувала у твој двор не само храна туку и ѓубре би требало да им чистиш секој ден. 400 ден секако дека не ти мењаат ништо у животот, а не верувам дека и нејзе ама тоа е, ако некој пат за нешто ти побара пари ке си бараш да ти ги врати, или услуга ке си наплатиш се.
@Offspring што да ти речам.. во право си и секој би бил помалку или повеќе разочаран во ваквата ситуација. Сепак сте фамилија и сепак трошка внимание никогаш не би било на одмет, но ете, што можеш? Си дарела, си се јавувала, си ја поканувала, со еден збор се си направила што било во твоја моќ за еден коректен (фамилијарен) однос! Следен чекор од проживеаното ти е да ја баталиш, друго не ни можеш, немаш опција, едноставно помири се со ситуацијава и нека не ти чуе, лека полека ќе се навикнеш, човек учи од она шо го боли и тоа е фактот, однесувај се така како што таа се однесува, фокусирај се на други нешта што те исполнуваат а нејзе прифати ја таква каква што е, едноставно. Таа ќути, молчи и ти, свиркај си.. сите зборуваат нели за очекувањата и тие се навистина тешки за прифакање и соџвакување, но кога си видела дека немаш друго чаре едноставно игнорирај и не очекувај повеќе од никого ништо, така и ти раат ќе си! Научи се да не те боли се и сешто, и да не ставаш при срце секаква ситуација, лади глава и пробај да не бидеш пречуствителна, ете женава може е таква, ладна, дистанцирана и крута и може мисли дека така е во ред, еве не знам ама мораш да сватиш дека секој има свој карактер и своја перцепција кон животот и луѓето, не дека не е криво (далеку од тоа) ама животот не е фер и тоа е фактот.
Оффспринг,не дирај лава док спава. Од вакви ладни реакции на мајки, пошто нели пиленцата се и на син и,и син и влегол во брак јас велам,имам среќа што имам прекрасна мајка. Мајка која колку и да дава грожа,внимание па и материјално, никогаш не е задоволна дека е доста. Сака уште и уште да дава. Греота на тие деца што пораснале со себични мајки и секогаш на прво место место детето се ставиле себе си.
@Offspring некои луѓе сметаат дека само треба да добиваат (и материјални ствари и внимание),посебно свекрвите дека тие се тие на кои треба да им се јавиш,честиташ,подариш нешто...Ќе те нервира и боли во почетокот но колку побрзо го прифатиш тоа толку подобро за тебе.Помалку нервози и порелаксиран живот. Уште една свекрва која ме потсети на мојата.Јас сум скоро 20 години снаа,па ниту поклон сум добила нити усна честитка за роденден,8 март...Но, сега воопшто не ме повредува тоа иако да признаам во почетокот не ми беше сеедно.И не е вистина како некој што спомна дека тоа те ослободува од грижа за неа во староста.Не, сепак таа е мајка на мажот твој и кога ќе дојде време ќе се грижиш колку што можеш ...Иако сега си велиш не,но знаеш како велат:пријателите сам си ги бираш,а роднините господ ти ги дава.
Тоа сакав и јас да кажам. Кај мене мајка ми е ваква каква што опиша @Offspring, ама што да правам, таква си е жената. Кога ќе отидам на гости кај неа една тегла ајвар, компот не ми дала, а се жали дека не ги јадат дома, еден куп има. Син ми ќе бендиса нешто (нели туѓото е послатко) и не и текнува да рече чекај за внукот да дадам. За разлика од неа, братучетка ми (пример) нема шанси да не ми "прати" нешто за дома секогаш кога одам кај неа. Мм се чуди, ама што да правиш, нема осет, не ѝ текнува, понекогаш дури и да ѝ подречам не се сетува.
Јас со мојата свекрва сум скарана уште од третиот ден после веридбата. Сабајлето станав за на работа и мораше долу да се симнам да ме види па да заминам. И јас само прокоментирав леле ич не ми се оди денес на работа и се насмевнав. Таа одма на тоа искоментира " а на нива да те пратев поубо ќе ти беше" онака цинично. Јас почутив таа продолжи да расправа и само и реков "Ајде многу се размуабетивме отидов јас" И после овој муабет го прати мажот ми од работа да ме земи и да му речи женати од сабјле ни се изпоразвика со татко ти, да ја прибериж малку не е дома кај мајка е и незнам уште што друго цела приказна. Тој неа и поверува и бидна нашата прва кавга. И од тогаш до ден денес само сплетки да се правело поминаа три години, нашиот однос е се полош и полош. И стигна до таа мера кога имав проблеми со бременоста да појди на болница да праша колку време сум бремена и да го убадува синчето дека бебето не е негово.
Сигурно, нашла црква да се крсти. Не ми паѓа на памет за лепе очи да ја гледам кога ќе клапне. Нека ја гледаат комшиите, кој сака нека ја гледа јас најмалку повикана се осеќам. Нека моли Бога да цркне од нога, јас да ја гледам пазам мазам и галам кога ќе остари не заслужила. Можам мајка ми да си ја гледам, а неа нека ја гледа кој сака. Да имаше поинаков однос со мене, крв ќе и дадев, и газот ќе и го бришев, ќе речев заслужила женава бе. Ама вака јок. И на мм му кажав, не ме интересира, точно знам кој како со мене и исто ќе враќам. Нека му е мајка 100 пати.
Да ми е мајка и да се понаша вака, истото би го рекла сега, и можеби би била во право да ме заболи кога ќе клапне, пошто нели, мајка ми е, ме родила. За свекрвата око нема да ми трепне, нека ја гледаат другите два сина ако чувствуваат одговорност, јас не чувствувам спрема неа. Или ако биде среќна да рикне пред да рикне маж и или како што реков да си рикне од нога. (не ми е свекор, премажена е она)
@Offspring Да ти направам муабет, како тебе и јас сум дојдена во друга земја и немам овде моја крв. Далеку ми е било која рода. Поклон за стапување во брак од свекрвата немам. Немам ниту од моите де, ама не е тоа што сакам да доловам. Со маж ми додека работевме турбо, буквално турбо за депозит на куќа, еднаш не и текнало, чекај бе, тие деца немаат време да седнат, да направам еден гулаш нешто да си земаат кога дојдат да ме видат, да јадат два дена да не мора и да готват плус. Не. Јас и носев јадење и пиење, како старееше, и ќе отидев ќе фатев нешто по дома, ќе откачев завеси да си ги испере да не се катери сама да не падне, па нареден викенд ќе се качев ќе и ги закачев. Има ќерки ама...долга приказна. Оболе женава со склероза пред некоја година, имам пишувано по форумот, да ми олесни и на мене некаде. Јас и маж ми и баравме дом да ја чуваат оти рекоа мора да има 24 саати надзор. Ние двајца ја исчистивме куќата до темел за да се продаде со што ќе се плаќа негата, јас и покрај деца нејзини, како снаа се потпишав да водам финансиска одговорност за тоа за да не мора маж ми и тоа сам да тера. Во домот на посети, да не викам негувателка, лично ја имам носено во тоалет. Е, газ и немам лично бришено, и подавав влажно марамче сама да се избрише, ама гаќи со оние пеленки за стари и имам соблекувано и облекувано. Од неа што имам? Една огрлица заради која еднаш се спречкавме со золвата, оти ми е дадена мене. Може тогаш беше знак дека ја фаќа болеста, од каде да знам, ја дадов на золвата за мир во куќа. Ама во пари ништо не вреди. Немам ништо материјално од неа. На маж ми мајка. Каква-таква, заслужила или не, дали го сакала таа или не, не е важно, оти важното е јас знам што ОН си носи и додека е жив ќе си носи во срцето за неа. А за маж ми, додека знам дека јас сум му окото што се вика, и на глава ќе стојам. Имало денови кога уморна од се ми скурчувало, жив човек, сум си викала, ама никогаш на маж ми, па зарем е фер ова, па не е така кај други кога гледам како си живеат, епа не треба да е вака, па и ние сме луѓе, па оти само на нас цел терет додека некој си свирка, па што имам за возврат, па деф веќе, па до кога ќе живее, сите ќе не надживее! Ќе се самосожалам така убаво, ќе се изрикам на мира и ми поминувало. Може пак и сум била сиве години најголема будала, што знам. Разбирам дека ти е тешко оти немаш никој свој таму освен момчето, кога ти докривее сакаш блискост, ја а не ја осеќаш, осеќаш дека даваш од себе, бараш „мајкина„ љубов, и те доболува, како нема. Ама ти си имаш мајка, не ти треба втора. Нејзиниот однос со син и си е нивна работа. А конкретно за што ти пукна филмот, школо за друг пат, да не снема јадење на пилињата што сте ги оставиле на село таа да ги гледа, и мирна куќа/глава. Може па и она мисли, не ми е за тие 400 денари, ама ич не се одговорни децава да дозволат да снема за јадење на нивна стока, па затоа. Не земај толку на срце нешто што во големата слика е многу мал проблем, и гледај пред момчето да не ти се испуштаат зборови од уста што не можеш да ги земеш после назад. За него си далеку од својата мајка и рода, не за неа. (што муабет испадна машала, видиш, не си сама таму некаде па да ти треба друшка, сите сме тука)
Ужас. @Offspring немој да ти е криво што таков и е односот. Јас сонувам за таква свекрва како твојата.Сега знам дека не ти е најмило дека си очекувала жена од крв и месо со чувства но верувај таквата ти е меч со 2 оштрици. Мене од таков однос и глума свекрвами дека е многу поштена и човечна ми се прикажа како другарка и се сум и кажала дури и на мајка ми што не сум и се отворила толку,после се сврте против мене и ми го уништи бракот дека ете не сум по нејзин ќе иф. И се имам поклони од неа,цели плакари најубава бренд гардероба. И тоа не дека и е од срце туку за да ми го измени рокерскиот стил на облекување демек она ќе ме прави мене дама. Се што ми дариле е со задна намера. последно ми дава витамини за трудници а зане дека не ми е проблемот со бременост во врска со тоа. Не жали за ваква.Идеална свекрва нема. Ти гледај со маж ти оџакот да ти чури друго све тури му пепел не вреди за нервите истрошени или непријатната фаца што ќе ти ја направи да ја имаш ради нејзиното понашање. Биди мудра мила.
Зошто имам впечаток дека понекогаш странскиве снашки кај нас се многу боље третирани од нашиве во странство? Баш тазе странска снашка имам у окружување и у исто време читам вакви работи.
Денес отидов до кај нив во стан да си земам нешто мое и свекрва царица толку ме изналути сите будалски алишта и ги фрлив пред нос,па уште полиција ќе ми викала откако и реков и јас ќе им пријавам семејно насилство низ се што им поминав. Налет ваква свекрва.
Mojava nedela dena bese na odmor i za zal utre si doaga. I denes po telefon uspea da me iznervira. Mi se javi i i kazuvam deka mm sinoka imase mala nesreka so kolata (udril srna ) i malku mu e ostetena. I sto ke rece gllupavata : “Epa ako mu e,kolku ja cuvase kolata nikoj ne smee da mu ja pipne!“ Kako be ako mu e? Prvo kolata nova,iako da osiguruvanje ke mu gi pokrie trosocite,pak zal mi padna zosto se ostetila a kolku so merak ja cuvase. Vtoro zal mi e i za srnickata,ama za zal toa cesto se slucuva,vo blizina ima suma i cesto pretrcuvaat preku ulicata i retko koj moze na vreme da ja vidi i zakoci. I uste vika reci mu toa treba vo osiguruvanje da se javi i policija da vikne. Abe ako ne ni kazese ti uste od sinoka ke sedevme na ulica i ke se cudevme sto da pravime. Mnogu se razbira taa nepismena. Toa najmnogu mi ide na zivci kako malo dete taa ke ne uci sto da pravime. Ajde mrs tamu brkaj rabota.
Drug pat ne i otkrivaj takvi informacii ostavi sin i da i se doveruva.Ti so nea ako sakas ''razbran''muabet samo kakvo e vremeto,kako zdravjrto itn cao -prijatno.
@vichy Dodeka se na odmor kontaktiraat preku mene,pa zatoa i kazav inaku ne i kazuvam za nasi privatni raboti,ne mora se da znae. Toj ako saka neka i kazuva.