Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки! :inlove:
    Нова сум на форумов...и како нова, да ја сефтосам темава:D... па можеби ќе ми олесни...
    Нешто се случи со моја свеки откако се преселивме со мм (во куќа градена веднаш до нив) и откако дојде на свет нашето бебенце... Со мм сме година и пол во брак и претходно скоро 10 години во врска... Од секогаш сум имала супер однос со мајка му, но последниве 3 месеци нешто се случи со жената... Не можам да ја поднесам!:D Нон-стоп се расправаме со мм заради неа, ќе го набуцка нешто и толку е, одма караниците... Дали има недостаток сега на внимание, па само драми нешто, не знам...ама на лошо оди... Кога се породив, јас се мачам со градиве за млеко, таа само ќе дојдеше и нон-стоп "Ете, немаш млеко, детево слабо е, не напредува, се закржлавува..." и такви некои глупости... и многу полна така да ми станува одбивна... Ја познавам скоро 12 години и стварно супер однос сме имале, повеќе со мене била отколку со син и.... Но сега...многу лошо се однесува... постојано го буцка, му збори против мене, доаѓа кај нас и ако не види насмеани одма коментира демек "Ауууу многу нешто среќни сте"... онака цинично... и ред други глупости!
    И што е најтрагично, овој мој глупак "паѓа" на тие нејзини работи...и човеков многу се смени. Не се прибира дома, бебето не го интересира, се караме постојано...
    Мислам дека бракот ќе ни пропадне заради нејзе..бидејќи не замислував ваков заеднички живот со мм и бебето...
    Совет??
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Убаво си кажа, недостиг на внимание и излегува вештерката на бел ден. Не би да те плашам, ама како тргнала работава на удолница, не се чуди ако почне да бара нова снајка од синот. Имаш тема за мамини синови и тука ке си го најдеш и маж ти. Превземи брзо некое решение-освестување, зошто ако еднаш попуштиш и премолчиш, секој нареден пат ке биде се потешко, за на крај да немаш право за ништо да се побуниш и да подвиткаш опаш. Не молчи, туку директно во очи кажи и дека си го сменила мислењето за неа, дека е љубоморна и дека прави проблеми во бракот на СИНОТ и нејзиниот резултат може да биде дете без татко. Кажи и се што ти лежи на душа. Кажи и дека нема на што да биде љубоморна, зошто ти немаш брак со нејзиниот маж, туку со нејзиниот син и кажи и дека тој нејзин син, веке станал родител и дека не евеке синчето мало на мама. Кажи и дека нејзиното си го има таа, твоето си го има ти.

    После тоа прашај го маж ти кога планира да се освести и да прогледа, пошто ти не си се омажила за слеп човек ( метафорично кажано). Прашај го дали тој знае која е причината за таа нејзина лукавост. Прашај го дали е свесен дека вие сте повеке од 1 деценија заедно и како баш сега не ви чини бракот и ти не си во ред. Биди отворена и јасна. А ако свеки твоја продолжи со гнасотии, тогаш ке мораш и ти да почнеш дупло да правиш.
    Престанете да ги почитувате само затоа што се мајки на вашите мажи кога не заслужуваат почит. Абе има да и вракам дупло на секоја сплетка.
     
    На Pcelka94, CameliaMiller, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Стварно на лошо тргна! Еве, и вечерва сум сама... си отиде човекот во кафана, а јас останав со бебето кое се уби од плачење од тие грчеви...
    Џабе сестро златна... Избувлива сум и често се во лице лепам...на него мал милион пати сум му го поставила прашањето "Што планира во животот?"...ама кога ќе почнам јас да му ги поставувам тие прашања, тој уште толку контра ми оди...
    Се џудам што се случи со луѓево?? Или па јас се мрднав??:worried:
    Доаѓа госпоџа оној ден..и јас да исплакнам уста ја прашав дали сака кафе...ајде она као сака, па пиевме заедно.. И замисли, почна да плаче и да ми збори како не можела да се помири со тоа дека ние сме се одделиле и веќе сме си оформиле свое семејство... Плачеше и тоа го збореше... Која беше целта??
     
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    појди си малку кај твоите , поседи си еден месец ... Малце здрмај ги и маж ти и свеки ....
     
    На CameliaMiller, newring86, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Целта и беше да те улови на емоции,абе стара сум ми требате а вие имате дете да ви го гледам јас ви требам. Види вака ДА НЕ СИ ЗУЦНАЛА ВЕЌЕ НА ММ ПРОТИВ СВЕКРВА ТИ.А неа стави ја на игнор.На се нејзино аха така управо си,аха.Бебето под рака и на мм тишина и со газот малку мрдни му пред нос,абре жена ли се не си?
    Се ќе помине само гледај тебе возот да не ти избега.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ако излезам од тука јас душо моја, амин веќе враќање!
     
    На kukla21, rose60 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1460497554567.jpg
     
    На Eli23, emkaemka, Pcelka94 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Имам многу разбирање за свекрвите и секогаш гледам да сослушам како се чуствува и другата страна, ама да плаче оти синот си оформил семејство и се оделил:sweat::puke:
    Па нели е тоа најголема радост за родителите бе, искрено ова не ми мириса на арно. Моиве кукаат за внуци оваа не може да се помири.(n)

    Добро маж ти на ова што вели? Нели е ненормално? Па ако не со мајка му нека си седи...Искрено некој постар и поискусен треба да ти даде совет, не би било загрижувачки ако маж ти ја игнорираше и место да седи со тебе кога детето има грчеви тој по кафана.
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Кои емоции, мртов коњ сум веќе...
    Јас не му зборам на мм ништо за неа, ни ЗА ни ПРОТИВ :D Кавгите почнуваат кога он ќе ми ја спомне, "Мајка ми не си ја викнала на кафе, не си се симнала кај мајка ми, мајка ми ова, мајка ми она..." и тука пукам...
    Не сакам да и давам на значење и да и кажам дека е битна и се карам заради неа... ама ќе мора и тоа да го направам???
     
  10. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Не му ја кажав оваа глупост бидејќи ова за мене е стварно...и јас не знам како да се изразам!
    А и да му кажев, сигурно ќе речеше "Греота мама"...
    Не беше он таков...почит и сакање на родители до граница на нормала..ама ова е нешто страшно! Којзнае се што му збори, што стана ваков...и што е најтрагично, нема ни разговор...
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Епидов комплекс мила. Лошо. Лошо е што мајките ја мешаат мајчината љубов, со љубовта спрема партнерот. Треба да и ставиш до знаење дека тој секогаш ке биде нејзин син и дека секогаш ке ја сака, но и дека тебе те сака, но таа љубов е различна и дека има место и за двете.
    Кога сме празни од љубов, се појавува опсесијата. Не е за чудење што има љуѓе што се опседнати со љубовта кон Бог ( па пристапуваат кон секти, црковен живот итн), зошто им фалела љубов. Така и свеки твоја, мисли дека веке не е сакана од синот и ти механички и стануаш најголем непријател, а синот опсесија. Синко ставен помеѓу вас, одбрал трета страна, која некоја да не речам лесна, може многу лесно да ја искористи целата ситуација, па на крај сепак ти да си виновна. Отвори очи, бори се со сите оружја или преземи порадикални мерки ( за кои е малку рано според мене).

    Нека феминкиве ти дадат поконкрети примери и совети, бар оние кои го поминале тоа. Ете ја @vichy ке ти каже што е опсесија и мешање во бракот
     
    На slobodka, Pcelka94, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    @okcenzi мила јас немам што да ја учам за опсесија,јас моето го засеков не во корен но од круната на дрвото па отидов до корен.Јас можам да ја советувам КАКО ДА НЕ ГО ИЗГУБИ МАЖОТ како што пиша ти оваа ситуација лесно може да ја искористи 3та особа (друга жена) и мајкава брзо да стане самохрана мајка.
    Вака мила со проблемиве ДАЛИ ТИ ИМАШ ЕМОЦИИ ГО САКАШ МАЖЕТО МАМИНО СИНЧЕ?Ако не го сакаш ич ни секунда не седи кај нив кај ти очи таму пут под нога. Но ако го сакаш мрдни со тело,газ,куковима што имаш неодоливо на тебе и во себе и прибери си го под твоја нога мажето.
    ТОЈ ШТО ЗАМИНУВА ЈА НАПУШТА БРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА у превод тао ти е развод без покрената судска парница.И дајте доста со совети избегај од таму кај што има проблеми.Так ли се решаваат проблеми со бегање или соочување со нив? Па не сме бре деца мајка му стара:@.

    Да ќе правиш така како маже сака со голема доза на ЈАКА ЖЕНСКА ГЛУМА,ама на мама му негова има да не и преќутуваш пример.ќе речеш дденес свекрво дојдов да испијам со тебе кафе само за атер на маж ми да е среќен кога не гледа заедно 2те не дека сакам очи да ти гледам и уста да ти слушам а еве да бидам добра и кафето јас ќе го сфарам. ЈАСНО КАКО СО НЕА? А мртви коњи на буниште да бараш. Го сакаш маж ти или не на тоа дај си одговор прво.
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @vichy не си ме разбрала.Јас мислев на твојата свекрва како е опседната со твојот маж. Да си бидеме на чисто.
    И да ти можеш да и дадеш 100 примери како да не го изгуби и кога доста е доста. :*
     
    На eloves, joy1, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ТАА СУМ ЈАС,бескрајно неуморен борец и нешто повеќе ако ми се чепка либето. ЈАСНО?!]:)
    П.С.Со оглед на промените кај мене свеки не ја рецкам.И нит планирам некад да ја порецкам.
    А мамино сине му стана јасно дека ќе има друга улога во нашиот брак и си подвиткува опавчето или ене му го аватарон мој културно му е објаснет и разбран.
     
    На Pcelka94 и Winter Lady им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Едипов комплекс е кога синот е опседнат/заљубен во мајката а не обратно, нели Едип го убил татко му и ја оженил мајка му.:)

    @Moonlight! за свекрвата не знам што да те посоветувам ама за сопругот знам, читам имаш мало бебе, ангажирај го околу бебето, да го бања, менува пелени, нахрани ако пие од шише, нишка за заспивање.
    Не му дозволувај да се вади на тоа дека не знае, мало е нешто ќе му направи, убеди го со убаво, кога ќе биде ангажиран нема да има време ни за боцките од мајка му, ни за во кафана.
     
    На slobodka, kjukli, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да на тоа ке да мириса.
    Очигледно и двајцава се забегани. Мама, мама, мамичка, а тој семиња посеал и дете добил. Таа па уште позабегана. И така нашава феминка ке заврши на нервно, за на крај да рече свеки, “таа нечинеше, ете син ми будала ја зеде“ и ке си бара снајка по нејзина мерка, некоја кој ке и дозволува на мама да спие во средина. Некоја која ке му дозволи на мажот да спие на цицето од мама, додека таа го нишка новороденото дете и ги брка останатите домакински работи.
     
    На Pcelka94, CameliaMiller, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @Moonlight! , според мене, како што свекрвата “излегла на видело“, така и мажот ти. Неодговорен не се станува со 2-3 месеци полнење на глава со глупости. Некогаш само ни треба поддршка од околината за да престанеме да ги чуваме во себе негативните особини и стремежи. Откога прочитав дека не се прибира дома и се налева по кафани додека детето (негова крв и месо) се вие од болки и грчеви, а жената му е несреќна, престанав да читам за свекрвата, оти нејзината улога, колкава и да била, се завршила. :(
     
    На CameliaMiller, vichy, mimiiiii и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Фала ви феминки за советите и одвоеното време... Не гледам решение тука, женава се мрдна, а и син и очигледно...
    Колку и да има љубов меѓу нас, очигледно е поголема спрема мама...
    Работава е или да се ќути и голта, или парталите и детето, и чао...
    Или пак е прашање на време...може и на двајцата и треба адаптација на новонастанатата ситуација: делби, дете, обврска....
    Не знам што да кажам...или па јас немам толку мозок да најдам решение...:puke:
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Ај да ја разберам свекрва ти дека не те сака, дека се чувствува како во сенка, но не ја обвинувам неа туку твојот маж, кој очигледно сакаш да го оправдаш дека мајка му му ја наполнила главата против тебе, па сега тој не е прибран дома.
    Нема врска!
    Маж кој вистински знае што значи семејство, жена и дете нема толку лесно да "падни" на провокациите од неговата мајка, па колку и да е приврзан за неа.
    Во целата ситуација не ме загрижува фактот што свекрва ти се покажала во вистинско светло тек сега, туку тоа што на мажот ти тек сега му проработиле хормоните и дивее како неизживеан тинејџер.
    Ти немаш проблем со свекрва ти реално, туку со мажот ти, со кој треба да имаш еден навистина многу сериозен разговор, дали тој воопшто планира вашиот брак да функционира, бидејќи во спротивно твојата/вашата заедница не ја сочинуваш ти со свекрвати, туку со мажот ти.
    Немој да дозволиш да се најдеш на средина во затворен круг, ако тој тек сега си ги покажал роговите, па само на папиру глуми брак, а неговите скриени фрустрации сега си ги покажува откако веќе те фатил во рака.
    Сериозен разговор и пристап со мажот ти, свекрата е втора виолина во твојот случај!
     
    На Golden Rose, ivi1987 и tina-63 им се допаѓа ова.
  20. Moonlight!

    Moonlight! Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Не го оправдувам неговото однесување, но човекот не е однесувал вака... Излегувал со друштво, но многу ретко..секогаш секаде сме биле заедно... Можеби сега му проработеле хормоните, не викам Не, но очигледно е дека се тоа е резултат од моменталниве случувања...како да бега од проблемите...
    Сериозен разговор, Да, но секогаш завршува со кавга...
    Се повлеков веќе..оставам сам да си увиди на грешките...