Знаеш зошто бега од тебе? Зошто нас жените во бес не фаќа лудило.Со мирно навртиго кон тебе и детето пак.Мирна вода брег рони.Ако го сакаш сеуште.....
Не да ме фаќа лудилооо...а и хормониве си го прават своето...Како што реков, избувлива сум но никогаш без причина... Не му зборам ништо против мајка му, он е тој што секогаш ме труе со неговите глупости.. како јас сега треба и покрај детево, да ја "думкам" и мајка му... Ама ајде..од сега ќе се правам како ништо да не го слушам што ми збори за неа..и само ќе си ќутам...
Dusicke da ti kazam nesto toj tvoj maz so majka mu resile da te poremetat , vamu si imas bebence za gledane drug pat i ti igraj politicki ko i tie ko ke ti kazi mm oti ne se simnuvas kaj majka mu ti ke mu kazis bev ama taa sigurno bila vo prodavnica ili oti ne ja vikas kaj nas vikav jas ama sigurno ne me slusnala , za kafe piene isto tie budali ti dva pati podudala i nema voopsto da se zamaras koj sto rekol i kako rekol i ke bidis mnogu arna plus si pravis tebe kako ti cini , a ne na drugite i mnogu majka ti ova napravi ona nego nema da mu vikas i ke vidis kako ke se ponasa podrugo aj pozzz i baknigo bebusot od mene za vakvi raboti sum carica ......
Риби Кога во домот имате свекрва во знакот Риви, тогаш можете слободно да кажете дека опасно сте стапнале во кал. Таа толку многу го размазила сопствениот син, што тој и сега кога е возрасен човек, сака да го негувате онака како што го негувала неговата мајка. Па, ако треба да го делите животот со неа, тогаш ќе треба да станете и нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и складно за нејзиниот син да биде крал на престолот. Strasna rabota
И ние до некаде истиот проблем го имаме, сакаме куќа да градиме и мајка му на мм веќе ми ја поду главата ќе експлодирам. Само навалува и напнува жената, некогаш неусетно и враќам, не и премолчувам ништо но никогаш со викање, туку смирено. А мм ја брани се повеќе, чувстувам дека не е доволно приврзан за мене, се чувствувам како странец понекогаш, се уште немаме деца, а и не размислуваме за скоро. Незнам таа е ситуацијата се трудам да немислам и да не се нервирам со свекрва ми ама ја гледам секој ден, се повеќе ме нервира, свекор ми е по алкохолот и таа нема за кого да се држи и сеуште со мм мој веќе неможам да ги поднесам.
Кога ќе имаш дете уште потешко ќе биде... како во мојот случај, и тука пак судир ќе има.. Она ќе се понаша како се да знае на овој свет и како она да му е мајка на детето, а ти како да не знаеш ни памперс да смениш... и ако не и ја поставиш границата, те однесе возот...Куќа?! Некаде 1000км подалеку, а не да им се залепиш до газот како јас, мислејќи дека никогаш нема да остарат и да се повампират...што подалеку, тоа поарно... Не знам што да те посоветувам бидејќи и јас уште сум во шок од мојава ситуација и не знам што да превземам... како и да е, секако си лош! Дали си арен и им одиш по газот или си ја бркаш својата работа, ти секако ќе бидеш најлошиот човек на светот... затоа, свиркај си!
Молчев со месеци кога свекор ми беше пијан по цел ден, а мм се враќаше од работа без желба за разговор кога ќе го видеше така, молчев за се и пак бев лоша, и веќе кога ми пукна филмот и немолчам повеќе знаат и да се припазуваат што ми зборуваат, не можам да речам дека таа е лоша, ама понекогаш нејзините постапки ме вадат од контрола, пренападна е, премногу ги преувеличува работите, се служи со лаги безпотребни за глупости, така да неможам да ја поднесам понекогаш, а добро ме познава и знае дека ништо нема да и биде премолчено, кога никој не ме задева си сум мирна и кротка. И само спрат ќе креваме на истата куќа, предалеку ќе се селиме. А за детето знам дека така ќе биде ама ја сечам во корен па нека пукни ако сака.
Како и да е, никогаш не можеш да погодиш... Јас за се бев тука, уште немажена, повеќе тука бев отколку дома... им ја држев куќата, готви, чисти, носи ги по лекари, шетај ги натаму-наваму..прави им секакви санталаци..само си ќутев и се смешкав...и ете, пак непогодено е. Пак сум лошата, а зошто... затоа што сама сум способна да си го гледам детето, мажот и куќата?? Затоа што не сакам совети и помош од Госпоѓа Совршена?? Затоа најубаво, како што кажа, сечи во корен..и секој да си знае каде му е местото. Епа доста беше! Ако сум лоша, од сега стварно ќе сум...и чао пријатно!
@Golden Rose ,zort vi e tamu kat da digate? Vo tudja majka,dete ne se pravi. Uste sega imaš nedorazbiranje,ke se macis,ke vlozuvas pari i na kraj pak nervozi. Razmisli.
Во вакви случаеви не се свекрвите за ќотек, туку мажите ваши. Незнам како е возможно во 10 години да не си приметила дека мамичка најмногу си ја сака, или можеби свесно си го занемарувала тоа. Јас таквите ги презирам од дново на душава и сметам дека никогаш не смеат да се оженат. Не дека не треба да се оженат, туку, не смеат! Јас немам таков проблем со мојата свекрва, пишував овде греота е да речам жената не се меша, не е ни битно сега. Ама те разбирам. И треба да покажеш заби секогаш. Биди арогантна и саркастична, лепкај му во лице се и сешто. Еве мене вчера мм ми се налути зошто не сум станала во 7 да пијам кафе со него. И јас нормално дека не му преќутив. Му реков може да има среќа што нашол жена како мене. Седам дома, не излегувам никаде, дома секогаш чисто, секогаш зготвено, секогаш испрано, Здиплено и мирисно, ни излегувам да трошам пари по кафиња, ни одам по фризери и козметичари, гледам секој цент да биде потрошен разумно. А знаеш какви жени има? Омажени испаѓаат со другарки се опиваат, секој ден се по кафињата и по комшилуците, по фризери и козметичари, а дома леб немаат да јадат. А ти мене маана си ми нашол. И да видиш како си заќути. Јас дома си седам по сопствена воља, затоа што сум си таква и нигде не ми се оди, тешка сум за социјализација и со луѓе воопшто. Не дека он не ми дозволува, и сам се чуди како можам така
Јас сум за ќотек, Јас! Не ми сметала таа љубов, се беше во граница на нормала, нормално е да се сакаат родителите...ама откако почнавме да живееме посебно, како да забегаа... Свесно сигурно не сум го занемарила ова сигурно бидејќи и јас ги мразам ваквите типови на мажи... не беше бре таков..затоа и се размислувам да си одам... Разговаравме и ако не преземе нешто, да се промени и да сфати дека веќе е фамилијарен човек со дете... стварно ќе си заминам. Не може мајка му сегде да е присутна, уште да легне меѓу нас...ако мисли така, нека си спие цел живот со неа... Иначе, се пронајдов во твојот пост..и јас сум иста, посветена само на куќата и не сум многу по шетањето..а комшилук, да не правиме муабет... не ми требаат дополнителни главоболки
А што има толку страшно во тоа ако мажена жена излезе на пијачка во град или на кафе или отиде еднаш неделно да се исфенира за 100 денари или еднаш месечно депилација да напраи ? Оно као домакинлукот на жената се мери по тоа колку време поминува дома ? Имам многу другарки кои се мажени па се гледаме, излегуваме и на пијачка и во кафанче на ручек после работа, а ако се погоди петокот понекогаш знаеме и некоја пијачка плус да фрлиме, па ете коа и да сум била кај нив прашина немало, садовите средени биле , во ѓубре не се давеле дома. Дали имаат леб да јадат или немаат не знам и не ме интересира пошто нивен си е буџетот мене по џеб не ме удираат па да им се секирам , ама штом го го прават тоа сигурна сум дека дома леб и сол не јадат само за да имаат да излезат во град или да се налицкаат на козметичар. И ете за мене таквите се подомакинки од било кој друг бидејки очигледно знаат да си го изменаџираат времето како што треба, на работа да идат, дома да стокмат куќа и ручек да направат, да поминат време со сопругот а во исто време и со најблиските да се видат барем еднаш неделно или еднаш во две недели.
Не. Нема ништо лошо. Има лошо во опивањето со другачките во ниедно време. Знам такви мажени, затоа и ги доловив овде. Јас реков лошо е секој ден по кафичите, а не еднаш неделно дека е лошо. А за себе, кога знам џебот колкав ми е, да, луксуз ми е на фризер да одам и на козметичар нокти да правам. Имам фен за коса и дома. Недомаќинлук е маж ти да се откинува од работа за 200 евра а ти да си ја прчиш по козметичарки, фризерки и кафосувања по цел ден. И безобразлук, ако мене ме прашуваш. Особено за жени кои не се вработени, за мене таквите се недомаќинки. Далеку од тоа дека јас откако се омажив имам 200 кила, не чупам веѓи и пуштив мустаќи. Ама размислувам рационално. Своите веѓи сама си ги средувам, нокти долги не чувам, сама дома се шминкам, сама си ја перам косата. Затоа што знам зошто штедам.
Покажи му заби и одлучност. Немој да му се покоруваш. Ќе му кажеш, ова вака не бива, и биди малку политичарка. Речи му, далеку од тоа дека нели, јас ја празам мајка ти, немам ништо против неа, ама мислам дека ваков однос не заслужувам. И сериозна сум дека ќе превземам мерки доколку нешто не се промени, овде можеш и да го наостриш погледот. Речи му дека ти не се омажи за он да оди по кафаните со друштво додека новороденото дете дома плаче. Спомни ги твоите добри особини, и пожртвуваноста во тој брак. И дека не заслужуваш така. На крајот затвори се во соба и не попуштај му додека не дојде да ти се извинува и да плаче. Биди малку женско, и драматизирај ако треба.
Така е, нема ништо лошо да излезеш на кафе и да се видиш со другарките...но кога веќе си фамилијарен човек треба да имаш други приоритети во животот...
@imelda Што имаш да кажеш во своја одбрана? Дај ајде почни, да читнеме нешто интересно па и да се придружиме.