Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    beautiful1 Tеоријата не ти држи вода :shake: . Како ќе се поставиш ? :^) Па има змии што и јајце влакно бараат ! Да ја држиш како капка на дланка пак нема да и чиниш . Точно е дека има лоши снаи ама има змии свекрви :x .Не сум мажена , ама сум била сведок , не само да сум слушнала каков пекол од живот претвориле свекрви на снаите ... Можеби има добри свекрви ама се ептеееееееен ретки . И не е злато се што сјае ако ви се гледа некоја свекрва фина , мирна , љубезна не значи дек е таква и према снаата . ;) :!:
    Глумата им е појака страна на ваквите . |(
    Прв пат пишувам на темава само сакав да дадам подршка на сите кои имаат ваков проблем а се многу . Знам во какви се ситуцаии се наоѓате и колку е тешко да се издржи |( . Ама не се предавајте . Попуштајте толку колку што мислите дека треба и баш кога се мора .

    Имајте трпение ќе има и спасение :hai:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    нена, со посебни влезови сме (лепенка е доградбата), но има голем балкон и преку него сме споени, значи слободно можеш да влезеш (немаат клучеви тие врати, на спрат се).
    Дечко ми и јас кога сум таму си седиме во нашиот дел, но се` е под команда на мајка му и само се меша во спратот. Секогаш го наоѓам растурен, префаќано по работите и скоро во магацин е претворен (само ми оставаат работи што не ги користат често).
    Вложивме во него заедно, но дечко ми повеќе (дупло поголема плата зема) и се` наместивме одвај, со тешко мешање од нејзина страна.
    Сметките ги плаќа исклучиво тој. (а, многу пати таа ми го исклучува бојлерот-во нашиот дел значи)

    Најголемиот проблем е дечко ми, кој не сака ниту еден збор да и речи на мајка си, (а и мене ми е забрането да и враќам назад).
    Во однос на балконот-НИКАКО не сака да го преградиме, а не сака ни да ставиме клуч! А, таа врата води низ спалната што дополнително ми пречи, само да ми поминуваат низ спалната!
    Се` имам пробано и разговор и молчење-ништо не успева!
     
  3. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
     
    На Anyshka и girl.23 им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Нена без лутиш, ама дури кога ќе се омажиш ќе сватиш што сакал писателот да каже т.е. сите што се пожалиле овде во оваа тема...Во врска со финансии-се знаеме овде во Македонија сите како функционираме, ретки се оние што уште на почеток можат да си дозволат стан или куќа, многу почесто се живее во заедница, дали туто комплето заедно или посебен влез, спрат, пак се врткаат во исто дворче...И ако пример мажот и жената работат, а земаат некои скромни да не речам мизерни плати (кои не се доволни за посебен стан), дали заради тоа снаата треба да затвори уста и да го смени комплетно нејзиниот карактер, да се подреди на желбите и правилата на свекрвата или свекорот затоа што и дале покрив над глава? Па таа не е земена од улица гола и боса па сега кобајаги и е дадена милост...
    Без разлика дали се живее во заедница и моментално нема друг избор, да се повлечи некоја линија до каде е мое а до каде твое, за кои работи јас одлучувам за кои ти, каде може да се меша, а каде не смее ни да помисли...
    Инаку стануваш нечиј роб, макар живеела и во палата...
     
    На Anyshka, lolyta777 и girl.23 им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Мислам дека обврска на мажот е да и` ги обезбеди основните услови на жената кога веќе ја зема дома, да ја заштитува, да биде таа почитувана и прифатена во новиот дом. Ако мене ми е лошо таму, зошто воопшто би се селела и мажела таму??
    Од друга страна, ако свекорот и свекрвата покажуваат ниска култура или се однесуваат непријатно, нечовечки, тогаш снаата не мора да ги трпи и слуша под секоја цена. Зошто ако е таа добра, да се спушти на нивно ниво?? Наместо таа како нова млада невеста да им ја отвори, разубави куќата, да ги превземи работите во свои раце, нели времето на постарите поминало, да им се отвори нов пат на помладите.
    И, зошто да трпи ако е под нивни кров?? Не ја зеле тие неа, не оди таа да живее таму заради нив, туку поради мажот. Со него се сака, тој ја бара дома, оди да живее таму поради него.
     
    На Anyshka, girl1985 и babyketi им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.213
    Допаѓања:
    156.968
    Па шо сум глупа јас факултет шо сум учела коа мажот имал обврска да ме обезбеди за цел живот?!
    Малце оффтопик,ама со ваков став дека маж ти треба да те обезбеди и дека тоа му е обврска,онда завлекува да ти мора да трпиш таму како што ќе ти биде понудено.
    Абе уште малце и готово,помислив дека и по гетите на чорапите сте се познале,а не сами да се бирате.
    Грл 23 у голема заблуда си ако мислиш дека некој има обврска тебе да ти го реди животот,а ти ништо не си преземала околу тоа.Дали за мажачка,брак,дали воопшто у живота,ти си таа што треба да си нареди,а тоа да не подразбира да им командаш како сакаш уште невенчана,туку да видиш што ти можеш да допринесеш за тоа семејство од секој аспект.
     
    На AIT, Annath, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Стварно не знам што да кажам.И мене ми е многу страв, со дечкото сум 6 години заедно и нормално ме знаат кај него дома а и него кај мене. Мајка му е многу фина и многу ме сака , а со татко му немам многу муабет,ама е мн добар човек. Ама кај мајка му има еден проблем, се сака да е како што ке кажи таа, на пример ми се има јавувано и ме има од дома викано да одам со неа по шнајдери и по секакви работи, ми се има јавувано да појдам да и ги земам чевлите од мајстор или пак да и помогнам дома со чистење..ххехе ме има исфарбано плава... (ама тогаш бев помала и стравот во мене преовладуваше...што ке биди ако речам не)...а јас мислам дека е рано...пред се треба да мислиме дека животот носи се...., и порано ако не го направев тоа ми се лутеше. Ама јас му кажав на дечко ми дека јас не можам вака, кога сега е вака а што ќе се случува во брак, и изгледа тој и има речено нешто и не ми вика толку, понекогаш пак...ама сега јас знам да речам не...а кога стварно можам да помогнам и помагам. Ама си викам имам среќа, и дечко ми е разбран и тој самиот вика (бидејки си ја знај мајка му)...ке си седиме одделено ни моите да се мешаат а ни твоите... ;) Па си викам се ке е во ред.... :)
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    не подразбирам обезбедување на финансиски план. еве јас и сега работам и не барам од никого пари. мислев на обезбедување на услови од аспект на мир во куќата, да можам слободно да живеам во неа, да ги имам сите права на жена и сопруга, да не трпам страв и трепет, тортури од мајка му. на тоа мислев.
    зошто на крајот на краиштата, не е крива мајка му. таа каква сака нека си биди. крив е мажот кој не знае да и даде граница до кај смее да се меша. ;)
    пс. со исклучок на некои РЕТКИ предобри свекрви, кои ги бројам на една рака. :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Се сложувам дека , овде кај нас , гледано како традиција , било и ќе биде жената да оди во домот на сопругот .ТАА го зема неговото презиме , таа оди кај него дома, неа ја земаат од дома невеста со се тапани , зурли и таламбаси.
    Едноставно таква е нашата традиција овде во нашата Македонија.
    Под такво небо сме раснале , така не учеле мајките ( како женски) и така ќе биде уште за подолго време ,како што ми се гледа.
    Никој нас ( жените) не ни оспорува што учиме факултет, што заработуваме, што сме по способни, поиздражливи итд..итд....
    Мислам дека ниедна мајка не и рекла на ќерка си : Ајде сега ти сите 4 у вис , мажот ќе те издражава!!! Но не и рекла ни: Ајде сега ти немој да одиш кај него ( да се вселиш во неговата куќа) оти ти си високо образована , имаш плата , итд.
    Една многу позната француска писателка рекла ...: Жената е „вториот пол“!!!
    За жал...е!
    Пробај застани да правиш муабет со некој , во присуство на дечко ти, маж ти , па забележи каде ќе му биде упатен погледот на соговорникот, кој ќе го гледа во очи.
    Пробај скарај се ти ,како жена со комшијата , па нека се скара и маж ти , за да видиш на кој ќе му се сили комшијата повеќе и многу други примери .
    Јас лично, сум поборник на женската еманципација , но дозирано овде на овие простори и под ова парче небо.
    Имам син и вака велам: Кога ќе се жени син ми треба да му обезбедам место за живеење, затоа што тој треба да донесе невеста. Не се знае во животот ..можи тој ќе појди домазет ( што не е ништо страшно) или пак ќе си купат заеднички куќа, стан...не е важно , меѓутоа сепак се очекува од мажот да обезбеди услови, кров над главата за своето семејство , тоа ни овде ,ниту во Америка , ниту во Кина не се очекува од жената.
    А напротив , сметам дека таа што ќе се мажи како миразџика цел живот ќе се прашува за што ја има земено сопругот , иако тој можеби ја сака искрено.
    Ова баш и не спомнуваше некоја свекрва :$ ,ама колку да сум на „топиков“ ќе речам: Мажите се секогаш во средина и горат .Тоа беше, и е ,и во мојот случај , но сепак ,ако јас не се разберам прва со мајка ми , никој нема да го стори тоа.
    Поздрав до сите . :*
     
    На LadyNN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    ^Незнам за во Кина ама во Америка сигурно никој не чека од родителот да му обезбеди покрив над главата од кога ќе се ожени/омажи.

    И сега јас што имам сопствен покрив над главата ме прави тоа миразџика, треба да се мислам дали е вереникот со мене за куќата :^), или јас како женско не сум требала да си земам кредит да си отплаќам куќа зошто сега ќе треба да се мислам зошто е тој со мене, а ако никогаш не се мажам треба цел живот кај тате да си седам?

    За beautiful1 незнам дал да се смејам ил да плачам за теоријава, доказов што да ти кажувам можеби е правење лице во јавност, и другарка ми кога ќе се јави свекрва и ја вика мајче а превртува со очите.Прво порасни малку, мислам смешно е 15 годишно девојче да коментира на темава и да советува, прво искуси го брачниот живот па после кажувај вакви гачки.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.169
    Пол:
    Женски
    Прочепкај ги погоре моите постови на оваа тема па ќе видиш дека и како имам право да коментирам. Па јас раскинав врска заради МАМА фактор, која во стан кој моите кои го купиле и во кој дотичниот не вложи ни денар сакаше да се прави газда!!!! И тоа немав ни абер од мажење само живеење заедно. Па сега види дали немам основа да зборувам. Ама кога видов дека господниот помила му е суќната на мама од девојката, раскинав со време за да не си го комплицирам животот. И погрешно си ме сватила , не реков дека треба некој да се покорува на некој, боже сачувај, само дека требад асе има почит и тоа што го напишав беше провоцирано од некои постови погоре кае што пилиштарчиња од 20 години, се омажиле па дошле кај мажот дома и мислат дека исте треба нив да ги слушаат само, во смисла дојде кралицата сите под нозе ве ставам. Инаку знам дека не е мед и млеко во брак. Па и јас сум дете на разведени родители на кое мајка и има проплакано реки солзи и нерви искинато од свекрва и.


    Јасно ми е мене се како бел ден ама сепак тоа е НИВНА КУЌА па колку сакала влезови има. И секогаш ( не велам дека со право, скраја да е) ќе си вика во себе. " јас и маж ми крв и пот имаме дадено за оваа куќа, сега ми дошла оваа и ќе ми става ред ". Сите го мислат истото, само некои се попаметни па си ќутат за да немаат караници младите ( што е паметно), а некои си се како да кажама а да не навредам некој, припрост менталитет. А за твојава секогаш била и ќе биде ГАЗДАРИЦА во куќата, освен ако дечко ти со време не и постави граници. То драга моја за жал ништо не можеш а направиш сама.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    ^Незнам за во Кина ама во Америка сигурно никој не чека од родителот да му обезбеди покрив над главата од кога ќе се ожени/омажи.

    И сега јас што имам сопствен покрив над главата ме прави тоа миразџика, треба да се мислам дали е вереникот со мене за куќата :^), или јас како женско не сум требала да си земам кредит да си отплаќам куќа зошто сега ќе треба да се мислам зошто е тој со мене, а ако никогаш не се мажам треба цел живот кај тате да си седам?

    Можеби не чека од родителот , но секако дека кога ќе се мажи оди на „територијата “ на мажот или заедно купуваат стан ( куќа ) па живеат .Мажот не оди на „ вилаетот “ на жената ,по обичај, нормално постојат исклучоци.
    Тоа што си имаш своја куќа и до неа си дошла со кредит и сигурно со многу одрекувања ,е за поздравување , но кога ќе се мажиш мажот ти , сегашен вереник , ќе дојде кај тебе во куќата или ти ќе одиш кај него или ќе купите заеднички стан , куќа ??????
    Повторно , не е ништо страшно и мажот да дојде , по нашки „домазет“, ама овде кај нас во Мк тешки се тие појави , колку и да ни се чинат нормални.
    Имав еден бивши зет за братучедка кој откако се венчаа отидоа да живеат во нејзин стан (трособен -комплетно наместен).Фамилијата на братучедка ми му обезбеди работа ( добро платена) во семејниот бизнис , одмори по Грција итд, но тој еднаш кога им појдов на кафе ми рече:Еееееее знаеш ли ти дека јас се мажив , не се женив!!!
    Епа откако се разведе со него , се зеде со друг кој имаше спрат од куќа во која требаше да живеат заедно со свекорот и свекрвата ( делени , со посебен влез) и таа имаше стан.
    Бидејќи не сакаше таа да живее со свекор и со свекрва , а тој не сакаше да слушни , при куќа да оди во нејзин стан, зедоа стан под кирија и плаќаа за да бидат рамноправни.
    За жал ова е еден од многу случаеви во Мк. Тоа што некој има имот од дете или од младоста , не значи дека со него ќе бидат само за пари или мираз, па во секое правило има исклучок.
    Сметам дека ме свати што сакав да кажам ,а доколку сакаме да ги извадиме работите од контекст , тоа се прави лесно. :?:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.169
    Пол:
    Женски
    Ептен ја однесовме темата во друг правец. Инаку според искуство, што од моите што од други примери, за да прави некој проблем во бракот не мора да биде живот во заедница. Ако мајката на мажот е доминантна, таа ќе си биде таква па и на 1000 километри од вас. Знам за случај каде што мајката живееше во Австралија а синот овде со снаата. Ама бидејки МАМА не ја сакаше снаата, а бе по телефон беше доволно да му ја наполни главата на синчето и да прави проблеми меѓу нив двајца.
     
    На Anyshka, bibiiii, MrsH и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Е пак и јас од тоа се плашам, мешањето нејзино... таа уште од сега ми кажува каков да ми бил фустанот на свадбата, каква фризурата, ми вика врзана нека ти е...а јас врзана нема шанса..оти ушите ми се клемпавки....сака дома кај што ке седиме да биди наместено таа како што сака...ама си викам дека ќе биди како што рече дечко ми.... настрана скрос и никој од двете фамилии мешање да нема....моите знам дека нема да се мешаат...си ги знам многу добро...до сега во ниедна одлука ми се немаат смешано само ме подржуваат.... и бдиејќи сме долго време со дечко ми заедно има и други работи што ги забележав....делби помеѓу синовите...оти тој има брат....не знам како ке биди...а не сакам да раскинам една врска поради мајка му и брат му...во која има љубов...а и тој е многу добар и разбран..и покрај се ние сме заедно, еве и 1 година сме разделени ...мислам не сме заедно..јас сум во Германија а тој Македонија и ни е убаво.... Вие да сте на мое место како би направиле ??? ;)
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    114.169
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мешањето за изгледот твој на свабдата јас би и рекла : Кога ќе бидеш ти пак невеста така дотерај се, ја сум си јас и како сакам јас ќе си се средам. :)
     
    На Sanji4ka21 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Jас тогаши реков...нема шанси така да сум облечена или фризурата....и ми вика...а не не ти како што сакаш...нема да ти стои, и ела излези на крај со неа...хаха...ама ако нека си зборува...тогаш тој ден ке биди како што сакам јас :) ....
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Од мене само краток совет за да не се повторувам по незнам кој пат :lol: ...седни и разговарај со дечко ти, вереникот што ли ти , не разбрав баш најубаво :?: ...
    Полека, смирено и со многу внимателно одбрани зборови кажи му дека ја очекуваш неговата подршка за секоја одлука што се однесува на твојот надворешен изглед...кажи му дека ти и тој одлучувате заедно со разговоров и компромис и дека многу ќе ти значи ако и` објасни на неговата мамица да не ти се однесува како шеф и диктатор за се` и сешто, а посебно за твојот изглед на твојата свадба...таа веќе била невеста, направила избор сега на тебе е редот. :!:
    Или уште поубаво.. најди неколку списанија со свечени тоалети и фризури и тупни и ги, речи и`- еве јас тебе вака те замислувам на МОЈАТА свадба :lol:

    Сега Вие сте битни и главни, а мама само може да даде идеја, да предложи нешто и јасно ставете и` на знаење дека нејзино мислење НЕ секогаш ќе биде прифатено.

    Мој совет е уште од сега да ги поставите границите до каде и колку можат да Ви се мешаат родителите за да немате проблеми и во бракот.
    Се најубаво. :)
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Ти благодарам lolyta777 .... така и имаме направено муабет....дека тој ќе ме подржува во се..и дека секоја одлука сами ке си ја донесуваме...без мајка негова.....па ќе видиме како ке биди...инаку не ми е сеуште вереник .... а имаме долга врска 6 години..... хахаах еве и една смешка со неа.... еднаш на почетокот на врската ...звони звончето и ко ке ја видам неа со дечко ми на врата....да видела како ми било дома средено..... и јас почнав да се смеам..и него му вика...е ова од мајка ми никогаш нема да го дочекаш....ххахаха и ми вика немој да и кажиш дека беше мајка ми овде на мајка ти....и што мислите јас не и кажав..ахаххаа :D :D :D ...
     
    На petar-mihaela и lolyta777 им се допаѓа ова.
  19. petar-mihaela

    petar-mihaela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    во брак сум 4 и пол год,до сега о свекрва стварно сум немала пробем,дури и сама се чудам,не се помешала,али затоа нејзината свекрва(уште е жива)ххааххах,поточно бабата на сопругот,ме спобудале додека живеев со нив,ххххааахах,мора некој да прави пробем,поздрав и со срека со свекрвите хххаахх
     
    На dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Sekoj ima razlicno iskustvo.Koj na kakva svekrva naletal taka i ke kazi.Jas samo ke recam daj boze site da imaat svekrva kako mojata.Podobar i porazbran covek od nea nemam sretnato.Ziveeme daleku od nea 30km. taa e na selo nie vo grad i koga da i se javam deka mi treba za nesto decata da gi pricuva ili bilo so ke najdi nacin ako treba taksi ke plati i ke dojdi.Mi pomaga na sekakov nacin kako so mozi.Koga e taa tuka ne me ostava nisto da fatam niz doma oti veli dosta mi bilo so rabotam koga sum sama.I na site mu veli ako mozis da pomognis pomogni ako ne barem ne se mesaj.Mozi toa se dolzi na faktot so taa imala svekrva koja po karakter bese cuvaj boze.Probuvase duri megu mene i svekrvami da praj kavgi,ama fala bogu svekormi za toa bese mnogu razbran i samo so se vencavme so mazotmi mi rece so sakas pravi samo babata stara nemoj za nisto da ja slusas.Svekrvami duri i malite gi nauce ponea da odat za jas i mazotmi da mozime slobodno koga sakame i kaj sakame sami da odime.:)Za zal nemaat site takva sreka.Ima sekakvi luge.
    Ne sakam da bidam pogresno svatena ama za so i da se raboti sekogas zavisi do coekot.Mojot soprug za mnogu raboti koi nemaat vrska so nasiot brak i decata mozi da ja poslusa majkamu i ne saka nekoj da zboruva loso za nea,ama so pravo e taka.Jas podobar porazbran covek od svekrvami barem do sega nemam videno.Vo brak sme 5 godini imame i dve mali decinja.Za so i da mozi mi pomaga a zivee 30km.daleku od mene.Selska zena e,naglasiv oti mnogu mislat deka na selo zenite se pozaostanati i sl.Koga i da i javam deka mi treba za nesto deca da pricuva ili za bilo so ako treba i taksi ke plati i ke dojdi da mi pomogni.Rabotat sami so svekormi na selo i kolku so mozat ni pomagaat finansiski.Za kirija smetki za decata dosega nisto ne sme platile licno jas i mazot mi i pak zbor nastrana mi nema receno.Decata moi gi nauci po nea da odat za jas i mazotmi koga ke sakame i kaj i da sakame da mozi sami da odime.Samo edno ke kazam daj boze site da imate svekrva kako mojata :) Jas sum imala sreka se zgrozuvam od toa sto go citam kakvi se svekrvi mozi da ima.Dodusa mozi svekrvami e takva zatoa sto taa imala svekrva cuvajboze.Duri megu mene i nea probuvase dapravi kavgi,ama svekormi uste koga se zedovme prvo so mi rece bese so sakas pravi samo babata stara nemoj apsolutno za nisto da ja slusas.