Блиндор врата. Ко сме веќе кај вратите, мајка ми се уште живее со свекрва. (поточно на различен спрат, ама баба ми може да се корзира кај сака). Пред х години бевме со моите на одмор во Бугарија, и кога се вративме дома по 12 дена, не пречека шок. Баба ми си зела за слобода да „подзачисти“ дома, и се живо и диво од страна алишта и хартија исфрлила, затоа што сметала дека на никој не му треба. После таа случка, мајка ми збесна (професорка е, и сите „хартии“ и требаа) и го натера татко ми да сменат влезна врата на спратот, за да не може баба ми да влегува кога ќе посака. И погодете што? Татко ми слезе долу и церемонијално и врачи клуч на старава - „еве ти стара клуч од спратот, за секој случај да имаш еден.“
Во ред. Ама одите од крајност до крајност. А никаде не се спомнува сопругот. Што е со него и неговитр чувства? Таа жена на која ќе и ставате врата е негова мајка? Што кога тој ќе и го прави истото на вашата?
Малограѓанштина не се искоренува со врати и катанци, така поголем раздор само може да направиш. Употребето го паметот, на пример.
Бидете фини со свекрвите, нема потреба да ве озборуваат дека сте вакви, такви, онакви. Ако се тие прости, не треба и вие да паѓате на нивно ниво. Политика малку, чуда прави. Побитно е да го придобиете сопругот да се договара со вас за се, отколку да се држи за сукњата на мајка му. Ако блебетате дека мајка му е ваква или таква, или ставате блендер врати што мислите, каков ефект ќе постигнете? Ќе се карате со сопругот и ништо друго.
Ако на сопругот му се цимоли за мамичка, нека не се жени. Во брак се најважни он и сопругата. сите други останати треба да се прилагодат. Јас додека живеев во ЦГ и мајка ми беше таму, јас и сопругот одма се одделивме кога почнавме да живееме заедно. Мајка ми имаше брилијантна идеја да се всели со нас, јас и реков дека неможе. Отворено, и јасно. Неможе. Ние тек почнуваме заедно да живееме и не ни требаш ти во почетокот никако. И мајка ми тоа го разбра. Кога се доселив во БИХ, мојот девер беше во малце потешка ситуација и решивме да му помогнеме со тоа што, да остане некое време кај нас. Арно ама му се бендиса. и јас сфатив дека на мојот сопруг му беше незгодно, ама јас ако чекам него незгодното да му пројде, мене живците ќе ми пројдат. И му реков, оваа ситуација да ја решиш. Затоа што како што јас на мајка ми можев да и речам неможе, така и ти на брат ти. Јас несакам никого да одгледувам, уште помалце некој корења дома да ми пушти, сакам во мојот дом да имам мој раат. И нормално дека сопругот го реши тој проблем. И никој не излезе повреден. Затоа што се седнува и здрав муабет се прави. Брате, овака не може, сакаме наш мир, неможеме да те издржаваме, многу ни е, нема тука лутиш. И не се налути. Доаѓа во гости кога има време, и имаме нормални односи. На крајот и ни се заблагодари затоа што сме му помогнале одреден период. Ама, брат за брат, сирење за пари. Нема тука лутење. Работите се сечат кога гледаш накаде води ситоацијата. И јас може сакав мајка ми да си живее со мене во ЦГ, ама на прво место се ставив јас и мм. И сфатив дека нема да функционира. И оттогаш па наваму се знае, како за моите, така и за твоите. Има да ме почитува прво мене, па сите останати. А истото и од мене ќе го добие.
http://www.nytimes.com/2006/06/25/f...edcee0d461222fa&ei=5087&excamp=mkt_shamu&_r=0 Оваа статија ја прочитав пред неколку години, кога одев на спремање по англиски да полагам FC и ми се врежа во меморијата. Истото го практикувам понекогаш кога чувствувам потреба, и верувајте, успева.
Како ќе и докажеш на неразбрана свеки и нејзиното синче цуцалче дека несакаш дома да ти се треснува кога сака? Ќе и речеш? Значи ако е за така девојката немала ни да пише во темата. Работава е да не се рече, а да се даде до знаење, меѓу редови и да се постави граница. Затоа што стварно има неразбрани жени, особено постари, не се прајте ко да не живеете на Балканот. Сите знаеме како треба, ама кога нема јбг, постојат начини. Како што реков, ќе се лути 3 дена и ќе и помине. А маж и нема да се разведе поради врата. Блиндор
Епа @Offspring тогаш маката е кај синчето цицалче а не мајката. Ако сакаш и пет врати стави, тој 10 клуча ќе и даде. А неразбрани жени има , ама за де треба компромис и трпение. Некогаш од едното уште да влегува другото излегува. Мојата свекрва живее со нејзината повеќе од 35 год. Меѓу 4 золви од ништо не е поделена. Ама компромисот од двете страни е голем.
Па ако синот е цуцалче, нема ни да дозволи да се стави блиндор врата (и разумен ако е, пак нема да дозволи ваква врата, само заради мајка му), а ако е таа толку неразбрана, ќе звони дури не и отвориш, ако знае дека сте дома. Па ако не снаата, синот ќе стане да отвори. А ако е паметен дечко, ќе знае како да разговара со неговите за да не ви сметаат толку. Ако мислиш дека тие неразбрани се, тој мамино синче, а снаата најпаметна таму па со врата се ќе реши, грешка си.
Постојат и разбрани жени, и секоја им чест. Ние за неразбраните зборуваме. Затоа отварајте очи за кој се мажите и мнгу циле миле не е на арно. После ќе се чудите зошто додека сте биле во врска многу ве сакала, а кога сте се вселиле и омажиле станала поинаква. Свеки не е мама. На мама можеш се да и речеш и да не се налути. Пробај на свеки така. Затоа се разграничува. Не оставајте работите да пуштат корења и да чекате нешто да се смени. ако нема друго фајде, и ако мажите стварно ви се такви торлаци возете ги и вие. Нека не го вози само мами. Бидете политичарки малце.
А на мајката на жената и следува клуч од домот на керката? Шо има тој да и дава клуч на мајка му макар и од соба да е. Ако е тоа простор што е негов и на жена му или ке нема никој пристап или ке имаат двете страни подеднаков пошто и жената има родители не е никната од земја, па неговите родители да имаат ексклузивни права. Ние коа се иселивме од кај свекрва ми, маж ми не остави никаков клуч, ни од спрат ни од гаража. Свеки премрморе као демек чешма ако се испуштела, прозор ако се скршел.. али клуч не доби, што и да се деси ке се јават ке отидеме ке средиме.
Не реков дека снајка е најпаметна. Туку дека саде атерџики се во темава. Сакаат да изиграваат ангели, многу добродушни, потоа во себе да патат и страдаат колку свеки ги малтретира. На крајот, џабе сите коментираме по твојава логика, ако го бараме коренот на проблемот сигурно дека е во мажите нивни, а и во нив самите, затоа што не се отвара очи со кој влегуваш во брак. И после куку мамин син е. Како јас никогаш не налетував на такви, освен еднаш во тинејџерството, мама му наоѓаше женски, ама никогаш ништо сериозно не сум имала со таков.
коа ке му дадеш поклон на некој, у случајов поклонов со сите процедури заведен на име на мм, тогаш тоа шо си го дал на поклон твое е или на тој шо си го дал?
Ти напиша -кога си заминавме од свекрва ми, затоа пишав. И кога некој ќе ти остави таков поклон, за каков цел живот се работи, исправен е ставот мангупски кој го прикажуваш тука?
Коа више одлучиле да го остават нема шо да го бараат назад. И јас имам спрат од моите па тие немаат клуч. И јас работам за еден ден моите деца да имаат у шо да седат, да не почнуваат од нула плус да се влечат под кирии. И ако им отстапам одреден простор нема шо да си праам екскурзии кај нив дома, кое веке сум го отстапила тоа е нивен ,,дом,, не мој. Ако ми е толку криво за тоа шо го давам на моите деца ке ги искурцам парите у шетња, накити и 300 глупсти и не им ги давам.
@Sesil не ми ја разбра поентата. Мометот е мамин син на кој ништо не пали. И си стојам на тоа , што и да се прави ако е закачен за неговите се паѓа во вода. @Offspring па тоа де. Ама проблеми не се решаваат со врати. Има други решенија. Оти сепак таа мајка е негова.
Ај да не испадне само свекрвите се лоши. И мајка ми е од тие што сака се да си кажи, да дојде некој кај неа на гости а да има бар една нова ствар кај мене ке го качи горе да му покажи. Е такви екскурзии нема шо оти ми е мајка.