Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ама вие упорно не разбирате што јас сакам да кажам во темава. Упорно и упорно спомнувате разговори, разумни компромиси со неразумни луѓе.
    Тоа е невозможно.
    Постојат мажи торлаци, глупи тупи и неупотребливи, мамини синови. Да се прашувам со закон б требало да биде забрането таквите да се женат. И нив мамичка им е најдобра, на мамичка прав не смее да падне, мамичка кога сере и прди на лаванда мириса. Мамичка најубаво готви, и тако даље. Нивните мамички добиваат сила преку нив и знаат дека се заштитени како бели мечки, па си играат курташак и си прават што сакаат. Тогаш снајките дигаат раце и пишуваат во темава и бараат совети. И вие ги советувате да разговараат. Ок, ќе разговараат, а што мислите, мажот глуп туп и неупотреблив, ќе го разбере тоа? Ќе и рече, аха ти на мамичка сакаш да и наштетиш, ти мамичка ја мразиш. Во таквите ситуации потребно е да бидете жени. И ако свеки знае да сплеткари, сплеткарете и вие, и вртете ја страната како што вас ви одговара. Што, толку ви е важно да ја купите нејзината љубов? Таква свекрва никогаш нема да ве засака, колку сакате изигравајте пожртвуваност. Она пак ќе си ја врти ситуацијата како и одговара.
    Нема назад, помирете се дека сте се омажиле за торлаци и сте биле заслепени, па не сте гледале колку мамичка си ја сака најмногу од се на светот, превземете нешто во врска со тоа.
    Блиндор врата може не е решение за некои, јас би ја ставила кај себе да имам непоканети гости и око нема да ми трепне, нема на мм да му се срона бисерот затоа што мајка му нема да ми парадира на секое. И еве, нека не е решение. Кога нема назад, мораат други решенија да се наоѓаат, бидејќи како што видовме, со арно и со убаво а неразбрани и неразумни луѓе, не помага. Само побетер прави.
    Или превземете нешто, или помирете се со ситуацијата, и што би рекол Шелдон Купер Suffer in silence :D
     
    На Tajnaotrovna, kukla21, tanja manja и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Во секој случај потешко е да се справиш со нецивилизирани луѓе, ништо не разбираат.
    Ако свеки ве третира лошо или ве навредува, треба отворено со сопругот да се разговара.
    Значи, не кавга со сопругот ради неа, туку отворени картите на маса.
    Ми смета тоа и тоа, заради тоа и тоа.
    Ми смета што се качува на спратот непоканета, на пример, ми се втера во ВЦ или ... сакав да одам да ти купам нешто или да плаќам сметки, а таа ме натера тоа и тоа.

    Пред неа правете се фина, не знам јас, син ти така одлучи, јас го слушам него.
    Малце шмек.

    Мојата свеки е умерена, како што кажав претходно, но не секогаш за сé се согласуваме.
    Никогаш не ѝ велам, ама ти вака-така, не треба така.
    Секогаш се изразувам - аха, ќе видиме, да, можеби, не знам, да зборнам со МАЖОТ МИ.
    Па ако ѝ кажеш - во право си! ќе полуди од среќа и самозадоволство.

    Се разбира дека после приказната е поинаква.
    На мажот ми му викам - што мислиш за тоа и тоа, не е ли подобро вака???
    По погледот го познавам дека запчаниците му проработуваат и ја размислува идејата, и на крај испаѓа како него да му текнало.

    Во случајот со градењето спрат, членката може да му каже на маминиот син - размислувај практично, ако си купиме станче или куќа, полесно се продава, се издава, ќе си бидеме сами, без да не прекинува никој итн итн.
    Никогаш не му наметнувајте ЈАС ВАКА-ЈАС ТАКА затоа што одма одбивност се јавува.
    Барем јас имам забележано кај мажот ми, кај татко ми и кај свекор ми сега поново. :lol:
     
    На jovanovska94, slobodka, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па така и треба, не треба да му се подредат за секоја ситуација и да си трпат.
    Затоа реков да бидат малце политичарки. Одоколу се фаќа работата и се наметнува мислење. А жени сме.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Го читам муабетот, и имам само едно прашање - зошто мислите дека блиндор врата би помогнала таму кај што обична не помага? :)
     
    На Tajnaotrovna, kukla21, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    незнам дали да се смеам или да плачам за умовите што ги носат некои луѓе.
    имено синми го болеа ушињата и ни дадое на лекар кпки за уши, тоа кај што вади и ушите го фатија а овие брилијантни умови ми викаат ставиму мочка во увото ке му помине ние так им редевме кога беа мали.
    утрово несакаше да оди кај никого а вчера имавме гости кај нив одеше и ми веика од керками моа која патлат на поззнаничка моја малото е врсник со моево и тоа така било научено само во раце ам го оставиле на сила неколку дена на земи и си сватил дека така треба а пак другата ми вика керкамо моја која патем и малото нејзино е врсник со моево кога ке го скарала седело собрано и молчело требало и јас да го карам и тепам и кесе научело, а да и нервозен бил и плачел затоа што бил гладен а јас улава цел ден го нудам со храна ама јас им се насмеав и си излеговав си велам сама себе кокошкини умови неможеш да ги надзборвиш
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    268.523
    Мојата мајка, со која сега живеам, во собата не ми влегува без да чукне на врата.
    Јас ќе се налутам и скарам со неа ако ми дојде дома ненајавена, или без да чукне да влезе.
    Основна култура е тоа, па била мајка, баба, сверва или стрина.
    Што се однесува до неговата мами, не морам јас да бидам жртва на нивниот однос. Исто и тој не мора на мојот однос со мајка ми.
     
    На theowndemon и kjukli им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    А каде прочита дека почитувам такво нешто??
    Ова е сосем друга тема на муабет.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    268.523
    Па твоето мислење беше за неговите чувства.
    Без оглед како он се осеќа, не може никој да ми изгирава домаќин во мој дом.
    Ни моја мајка, ни негова.
    Ако мојата мајка не знае за доста, нема осет, сама ќе и ставам врата.
    За се има граница.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Абе пак ке ви кажам одите во крајности.

    Ама во ред е ако вашето решение е врата , тогај во ред е терајте така. Ама во теорија и пракса не е баш исто.

    Останете со здравје и имајте убав викенд.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    А вратата само ќе ја влоши ситуацијата. Вратата не е решение.
    Ќе дојдеш со муабет кој ти го кажала комшиката и ќе се покаеш за вратата.

    Ок, ај едно прашање зошто свекрвата не ве сака?
    Ако гледаме од психолошка страна мајките уште во утробата се врзани за синот и обратно. Машките бебиња потешко се носат и нивната врска со мајката започнува уште во текот на бременоста. Помислата дека машкото се одделува од мамичка и дека таа веќе не е број 1 во неговиот живот е проблемот со кој се соочувате. Вие се борите за местото број 1 и затоа ви се проблемите. Поточно, таа го перела, ранела, школувала и сега некоја така "лесно" го зазема тоа место што таа со години го градела покрај синот. Ако сте забележеле машките бебчиња не се одвојуваат од прегратките на мајката. Идеите за разделување, бла бла такви ствари ( барем тоа го сфатив од форумов) ви се катастрофа. Граница да, но веќе почнувате да личите на злобните копии на свекрвите. Поточно ви влегла дома - одма врата ќе стаам - не е тоа решение. Решението е да бидете брутално искрени, значи брутално искрени, седнете со мажето и пред него прашајте отворено се, прашајте ја, притиснете ја малку. Мајка како мајка, како и вие што сте мајки ќе зуцне а мора да зуцне. Потоа видете дали ќе имате проблеми.
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.524
    Пол:
    Женски
    Ве читам и читам.. и не ми се верува просто тоа што го читам од сопствените очи.
    Мами била број 1, мами била богиња, не можеле без мами, мами се знаела најубаво и најпрекрасно... мами, мами, мами и тако даље мами.

    Па ќе се служеле со блиндор врата како некој си банален безвезален "штит" што не ќе го прочиташ ниту во приказните.. па не знам уште што.

    Што ви е бе?!
    Побогу.

    Ако сакате да решите нешто онда решете го со сопствениот маж што сте го одбрале наместо да смислувате "тактики" за одбарана од "мами".
    Мислам смешно е..
    Ако е залапен ко слеп за стап за мами и ништо друго не гледа и слуша тогаш што чекате?!
    Таков не ви ни треба бе "фраер" под на мами сукњата во 30/40 тите. |(
    Е не, ќе седам ќе го слушам и гледам само него и неговата мами.

    Не е до свекрвите до мажите е.. ама кој да прифати пуста сурова реалност па мами била крива, па ако до толку мами е неосетна онда постои решение а тоа е маж ви, тој е оној кој што треба да си и постави на мами граници а не вие и вашите татктики.

    Немојте да мислите дека секоја приказна нема две страни и дека само снаите се светици.. не, не!
     
    На baby-star, ph.orhideja, jovanovska94 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.947
    Бубаче, а женските бебиња не се врзани уште во утробата со мајката? Кога се поврзуваат тие, после пораѓајот ли? Машките бебиња потешко се носат??? Јас колку што знам бебе е бебе и тежината на бременоста не зависи од полот на бебето.
    Ова твоево нити е од психолошка, нити е од гинеколошка гледна точка. Какви "факти" распосла(facepalm). И грешка си, обично жената не се бори за тоа ценето прво место кое што го спомнуваш ти, туку мамето уплав добива од самата можност синето да има друга жена покрај него, а да не е таа. Мајка му го школувала, ранела, перела...абе а девојките немаат мајки што истото го правеле за нив??? Па така ако гледаме, ај мајки и мајки нека биде бракот:^).
    Многу е лесно да даваме совети од ваква гледна точка, од таква гледна точка. Ама најбитно е со каков човек ќе се нафатиш да го играш орото брак, а и стадото фамилија околу него исто така.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, ivi1987, papillonP и 25 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.026
    Допаѓања:
    268.523
    Сржта на проблемот одамна кажав дека е во мажот, а не во свекрвата.
    Но, нејсе, блиндорот барем јас метафорички го сфатив, иако е убаво да се има, но не ради свекрви :D
    Мислам дека дистанцата од сам почеток, од запознавање, ќе придонесе и другата страна да не се чувствува толку слободно. Ако тоа свекрвата не го сфаќа (или било кој друг), треба отворено да се каже.
    Ако маминиот син има проблем со тоа, веќе не е ич свекрвата за решавање. Туку е за преиспитување бракот со таков лиок.
    И да не заборавиме дека тоа стадо него го воспитало. Најголем дел од вредностите и погледите во животот таму ги добил. :)
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Stvarno mila od kade ti e ova za bebinava ?? :mm: :wasntme:
     
    На ivi1987, Baby-bubu, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.947
    Од психолошка страна:!:.

    Е ќе пукнам:rofl:.
     
    На CameliaMiller, rose60, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ општо од животот, вие не знаевте? :^)
    Еве, моја роднина бремена со женско дете, бајаги долу и беше спуштено, маки си имаше жената, едвај се движеше последните месеци. Е сега кога подобро ќе размислам, може протестирала оти лебди, а не е врзана како брат и што бил претходно.
    Сума сумарум, женска врска, нели мајка - ќерка воопшто нема. Ама и логично е, затоа ќерките со татковците се приврзани. :nod: Ај гот ит - фајнали :whew:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Останете си со мислењето разумен компромис со неразумни луѓе.
    Знаеме со разумни дека решението е треба да е разумно, побогу, не сум од планина симната.
    Знаеме и како треба.
    Ама не е така.
    Се понашате како да незнаете какви мажи постојат во Македонија, и ко да незнаете колку жени се имаат за такви омажено.
    Јас не ги оправдувам, ни жените, ни мажите, ни свекрвите. Сите си се криви.
    Жените затоа што не отварале очи со кој се мажат.
    Мажите зашто мамичка им е на прво место, да постојат такви, нема тука иронија, мамичка најдобро се знае.
    А свекрвите зашто се напорни и неразбрани.

    Јас нудам решение во ненормални околности. Во нормални знам дека разговорот е лек. Ама овде се ненормални.
    Или ќе ја вртиш ситуацијата по свое и ќе го возиш торкото за кој си се омажила и не си приметила дека е мамин син, или ќе оставиш свеки да го вози. Па после страдај и пати и жали се овдде.

    Кога е веќе касно, и влегле во брак без да нели, отворат очи, нема да седи и да ќути додека гледа како свеки коло води. А разумен компромис не помага, затоа што они се неразумни, јас би го буцкала торкото до немај каде. Има да му го свртам умот и да ми се клања.
    Со мене спие и се секса, не со мама. А за време на сексање чуда се случуваат, драги жени. ;)
     
    На CameliaMiller, kjukli, Golden Rose и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Мaјкaтa ќе игрa нa кaртa сoжaлувaње, женaтa нa кaртa секс, и кoгa ќе сoзрее "глупaвиoт, тупaвиoт и неупoтребливиoт" и ќе сфaти декa вo oднoсoт сo еднa oд oвие две жени пoтфрлил, бивaјќи измaнипулирaн oд другaтa, тaa другaтa ќе гo јaде дебелo :D Ни секс ќе пoмoгне, ни сoлзи. Oти рaмнoтежa мoрa дa имa, a oн глуп зa нaвек немa дa е.
     
    На ivi1987, samovila.red., Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Можеме да се вртиме до недоглед.
    И Нерон си ја уби мајка му Агрипина која го доведе на престолот.
    Се е возможно...
    :)
     
    На tanja manja и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  20. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ама затоа Едип си плака мајката ... :rofl::rofl::rofl:
     
    На theowndemon, vitamina, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.