Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    А чекај што ме напаѓаш мене, јас си дадов мислење. Жалам што сум брутално искрена. Воопшто не сум грешка, ако на почеток не бидеш брутално искрено, после си го јадеш стапот.
    Епа што си посееш, ќе си жнееш.

    Еди: пошто рече "факти" гледам потрошивте милион страници, решение не најдовте. Мислам проста работа е, бидејќи моиве "факти" ве погодија, па сега демек касно е, лебчето е изгризано до пола. Јас што имав да кажам, кажав. Не мора никој да ме послуша пошто гледам сите ваши факти се неуспешни. Незнам што да ви кажам повеќе.
    А никој не ми одговори на прашањето, не ни мора, гледам зашто не ве сакаат.
     
    Последна измена: 22 април 2016
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Бубаче ај не ја врти од околу и ако се факти без наводници дај линк, некој медицински напис за да прочитаме и ние, да не лутаме така неинформирани.

    Вака како што си брутално искрена само на памет зборувајќи, немој после брутално да го искусиш тоа што веќе жените од овде го искусуваат па да видиш оти некаде ама баш НИШТО не помага.
     
    На ivi1987, theowndemon, tanja manja и 5 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 каде виде ти тоа дека "твоите факти" ги погодија овдешните жени побогу?!|(
    Кои ти се тие "мудри факти" што ги изложи овде со цел да створиш слика дека ти си една поинтелигентна дама наспроти другите?!
    Не знам како не те мрзи да дробиш празна слама за свекрви и мажи кога нит ги имаш нит бутур од сето тоа?!
    Што ти беше поентата?!
    Да видат сите дека си паметна и интелигентна потенцијална снаа или?!
    Еве не знам..
    Ако мислиш дека си во право мисли слободно. Мислев и јас, мислеа и сите други кога живееа на твои години и тоа е сосема нормално, абе уживај со мислите и фактите дур си слободно пиле. Па после ќе му ја мислеш:D.

    Едит: некогаш одите од крајности до крајности со кометариве што ги лепите. Не би да дискутирам ама да залепеш коментар дека некој Нерон си ја убил мајкаму, дека сексот можел да реши фамилијарни врски.. мислам дај земете фокусирајте се на некоја попаметна работа |(.
     
    На ivi1987, anakonda88, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    @vitamina јас не сум мажена, но кога ќе бидам здравје боже сигурно нема да си ја ругам сверквата преку форуми. Мислам дајте не сте родени на улица, не сте ни најдени на улица. Семејните проблеми највеќе треба да се решеваат во кругот на семејството. Мислам имате свои мајки, неможете да ги прашате? Мислам ова е јавен форум и мене би ми било крајно безобразно некој да ме руга јавно.
    И не, не ме прави интелегентна во никој случај. Јас не се преценувам, извини ова твоето беше да ме навредиш нешто демек, не се впуштам на твое ниво. Вие не ни го прочитавте во целост моето мислење, се фативте за обичната сламка. А бидејќи напаѓањето е број 1 во темата, не би сакала да одговорам на твоите прости прашања. Извини, ама јас наведов да бидете брутално искрени, ако не ги погодија моите зборови, што тогаш рипаш врз мене и се нафаќаш за интелегенција, дами и незнам што?
    Едно со друго нема врска, ги мешаш работите.
    Зарем е тешко да бидете брутално искрени, што е толку тешко?
    Расправиите ви ги решија проблемите?
    Бегањето ви ги решија проблемите?
    Менувањето врата ви ги реши проблемите?
    Оговарањето ви ги реши проблемите?
    Ништо не сте решиле, па не ми е ни чудно што не ве сака свекрвата. Веднаш скокате ко кокошки ( без навреда ).
    Игнорирањето ви ги реши проблемите?
    Ве направи појаки. Па и ти си мајка @vitamina или ќе бидеш не е важно, зарем тебе ќе ти е сеедно кога синот некоја "лесно" ќе ти го лапне. Воопшто, не ме ни сфативте што сакав да кажам, бидејќи секогаш како по обичај си сфаќате како ви одговара.
    Никој не ми ни одговори зошто свекрвата не ве сака, не ни мора, одговорот лежи во вашите мислења.
    Баш напротив, не е празна слама мило ми е што постои темава да научиш нешто.
    А празна слама како што велиш ти се изнапишаниве 554 страни кои не успеаја ниедно решение да изнајдете. Незнам што ви е тешко да бидете брутално искрено и што ве боли толку што мајкаму е број 1 во животот, јас незнам што се правите слепи и глумите светици тука, кога е така.
    Јас не велам дека девојките не се поврзани со мајките, се но во повеќето случаи женските се со татковците, а мајките со синовите.
    Ако не ве боли моето мислење нема ни да ме цитирате воопшто.
     
    На mari_sa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    @buba4e89 многу значење си даваш, олади мало;). Ако не ве боли моето мислење, та ако не ве боли моето мислење. Абе колку побитни работи има да ги болат луѓето од едно обично мислење на форум, ехехе...

    А ти не помисли оти од таа брутална (зборов:lol:) искреност произлегуваат сите проблеми најчесто?! Дека таа искреност ја открива вистината која луѓето не сакаат да ја чујат, па возвраќаат со напад и ете ти кавги, оговарања, разводи.

    И де за ова бебињава расправај:rofl:. Како беше, машките потешко се носат, женските полесно8-|...
     
    На ivi1987, Baby-bubu, miss.ella и 10 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    @Emy867 не си давам воопшто никакво значење, не ми ни вредат вашите зборови искрено. Овдека сешто прочитав и се чудам на паметот. Ако почнам сега да цитирам незнам што, пак ќе си го добијам одговорот на моите прашања. А башка незнам зошто и ги поставив. Не, драга напротив брутално искрено - не создави кавги туку му кажуваш на човек така каде е, кој е, што е итн. Ако сака ќе прифати, ако не има решение и за тоа не. Меѓутоа знаеш дека си бил искрен и си кажал отворено, а не да молчиш и трпиш. А за бебињата незнам што е чудно, има луѓе постојано ги слушам си кажуваат...
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Буба нема да ти се контрам и ругам само едно ќе ти речам. Рипни, па речи оп. Кога ќе бидеш мажена, здравје тогаш ќе збориш. Верувај ми на збор и јас така викав вака така ќе бидам. Ама не било исто, ич не било исто. Живи здрави тогаш ќе се читаме. А тоа твоето брутално искрено не е секогаш најпаметно, посебно кај постари женички. Ти ќе и кажеш "брутално" искрено, па кога ќе го крене носот оф оф, па драми и плачки божем ја истепа. Ај да не те плашиме пред време.;)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kukla21, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Таа ќе кажела "брутално искрено" , да да жими форумов, абе оди таму пишувај во шминки, лице, тело, љубовни проблеми, врски.. тек сето тоа изживеј го па после дојди на темава да солиш памет на жениве што се над 35 години, некои мајки, некои тетки од овде можат да ти бидат не е културно нит женствено од твоја страна да се расправаш со повозрасните и да се мешаш во ваквите штипки.
     
    На ivi1987, theowndemon, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Баш така, секакви судбини има по луѓето.
    Имам два примери за свекрвишта,
    1. Во комшилукот имавме случај свекрвата да ја малтретира снаата вербално.
    Таа си трпеше, од страв ли, од срам, не знам. Мажот ѝ цел ден на работа, појма немаше што се случува дома. Се додека еден убав сончев ден во мај, си продолжила свекрвава со нејзината рутина, ама на снајката ѝ пукнал филмот (трудна беше, пред пораѓај) и ѝ вратила нешто сочно, па старава ја ошамарила неколку пати. Од зорт ѝ пукна водењакот, се пораѓаше во ужасни болки за по 5 дена да роди со царски.
    После тоа се дозна всушност какви им се односите дома, и мажот си ја зазеде страната на жена си, и доооолго време не правеа муабет, иако во иста куќа живеат.

    2. Наша пријателка трпеше долгогодишна тортура од свекрвата, затоа што е посвоена.
    Ко за малер, живееа блиску до домот за доенчиња, и оваа не пропушташе прилика да ѝ каже дека не ѝ е дома местото, туку во домот.
    Си роди две дечиња, па едното ѝ се исфрла со егзема мислам, и старава ѝ рече отворено и јавно: „Па не знаеме што крв во тебе тече, сигурно е гнасна како мајка ти“.
    Исто така мамината маза не сфаќаше што се случува дома, ама откако дозна, направија напори и си купија стан (ги потпомогнаа бабата и дедото) и се отселија брзопотезно.
    До ден денес се во катастрофални односи. Старава не покажува ни најмалку интерес за неа, ни за внуците.

    Мислам, каков човек треба да си така да се однесуваш со избраничката на син ти, со мајката на неговите деца?
    Јас сум секогаш за „разумен компромис“ и верувам дека со разговор се решаваат поголем дел од проблемите и недоразбирањата, но вакви околности бараат поинакви мерки.

    Згора на се, мислам дека девојките кои се уште не се мажени, би требало да се воздржат од коментирање тука, затоа што не знаат што ги чека.
     
    На theowndemon, SuperGirl24, mari_sa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    ^ Јас од ништо не се плашам во овој веќе видено се и сешто свет.
    @vitamina ај смири се да не те фати срцето.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    35.288
    Пол:
    Женски
    А тебе целта во животот ќе ти биде да те сака сверквата? И ти ми зборуваш за читање на постовите? Ако прочиташе барем 10% од тукашните постови ќе сфатеше дека на повеќето снаи тука не им е битно да ги сака свекрвата (што патем е невозможно според мене) туку да имаат некаков коректен однос.
    И фала ти навистина за твоето “стручно” мислење околу бебињава. Јас пак цело време се чудев зошто ќерка ми како фластер е залепена за мене. Тоа да ти било заради тоа што во бременоста не била врзана со мене :^) Хммммм...
     
    На ivi1987, MilaP, tanja manja и 11 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: :clap::clap::clap: Целта ми беше да имате слога, ама пошто не сфаќате и со глава во ѕид си одите, ми е гајле. А реков нешто и погоре, прочитај.Значи ПМС на велико и сите врз мене рипате. Браво бе жени секоја чест, место нешто поучно да извлечете. А видов ти како најјака на сите им ги реши проблеми 100% :clap::clap::clap::lol::lol:
     
  13. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    282
    @buba4e89 Или ПМС на велико, или до полнава месечина ќе да е :D:D:D
     
    На buba4e89 и joy1 им се допаѓа ова.
  14. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најважно е да се разбере дека не постои универзално правило за тоа како да се однесуваме спрема свекрва бидејќи секоја свекрва, а и секоја снаа си има свој карактер и свои размислувања.
    Не може некој да каже, па треба да разговарате, оти со некои особи е невозможно да се разговара.
    Не можеме да кажеме и, па ставете блиндор врата, оти не знаеме какви последици ќе донесе тоа во бракот и каква реакција ќе има и од свекрвата, и од мажот.
    А ич па не можеме да кажеме, секоја мајка е поврзана со синот и нормално е тоа што го прават некои свекрви на нивните снаи.

    Мм е единец кој е пораснат само од неговата мајка уште од 1 година.
    Свекрвата според тоа, треба да е најпосесивната свекрва на светот.
    Ама не е.
    10 години сме заедно, од кои 3 заедно живееме и никогаш не се мешала за ништо, не сме се скарале или не дај Боже тепале.
    Блиски се со мм, ама тие си имаат нивен однос, јас и она друг, јас и мм, трет.
    Нема тука чорба каша и да не се знае на кој каде му е местото.
    Не верувам дека мм ја седнал да и' објаснува како треба да биде, таа си е свесна, а и јас, и тераме без нервози и расправии.
    Не се меша ни во нашите одлуки, ни во нашата интима, ни пак јас се мешам кога они одлучуваат за нешто.
    Не сме совршени, ама после некои прочитани случки овде, натаму одиме :rofl:.
    А од мамин син бегајте како од самиот ѓавол :!:.

    Туку, стварно е страшно какви предрасуди има овде на форумот, па синот и мајката се поповрзани, па децата што не се доени не се поврзуваат, бла, бла, бла...
    Имам ќерка и е буквално залепена за мене. Женско е и не е доена ни еден ден.

    Затоа совети може да дадете, ама во такви крајности одење, што знам...
     
    На Tajnaotrovna, papillonP, Doozy и 21 други им се допаѓа ова.
  15. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Имам размислувано на темата однос свекрва снаа според мене како што си мислев јас неможам на крај да излезам со мајками па си викам исто ке биде со свекрвата ,зошто?Па како прво жена да речеме од 50 години сигурно не мисли како на мои 28 мене ме интересираат сосема други работи а да речиме макјами сосема трети работи што не ми влагаат од интерес е сега кога ке почнеме со муабет да речам на повекето теми не се сложуваме значи тука автомацки почнуваш кавга ако едниот не попушти а тој што попушта сум секока јас зошто знам плус дека мајками е во менопауза па напати избувнува а јас анксиозна па си велам ако не попуштам замислете што ке биде.Е сега јас брат немам и и викам на мајками што ке беше да имаше снаа :devil:.Затоа ако сакате мир во душата ке ги исклучите мозоците и ке се правите нетука (lalala)(lalala)(lalala)(lalala)
     
  16. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
    Mnogu e tesko da zivees so prost narod, mnogu.... se problemi vi imam pisuvano i prethodno...
    Od koga se zemavme ni ja dadoa sobata spalna nivna,kupena za nivna svadba,star dusek,stari plakari so padnati vraticki....i plus so se alista jambolii kebinja sto nemala kade da gi stavi, a jas za moite alista nemam mesto i po crni vrekji stoea pod krevet. A uste togas im rekovme ke si naracuvame spalna ponatamu, ok. Posle godina ipol, u mart ja naracavme i oni ok isecite zapalite sto sakate toa pravite so starata. Ok. Dojde prethodnata nedela, vikam na mm dr nedela ke ja donesat spalnata majstorot kaza reci i na majka ti da pribirame stvarite poleka da se rasturaat i vadat plakarite i elementite. Dobro be nemas gajle toa e 1h rabota... Jas si vikam dobro jas pocnav so moite,negovite, i na malata stvarite gi pribrav, oalobodiv fioki natkazni...nejzinite ostanaa i denes vikam priberi gi alistata(zasto nejkam da vika jas i burickam po stvarite ona neka si sredi) ona ne, si kulira cel den a jas na mm 5 pati mu kazav stvarite, ke ja iznesuvate li spalnata da vadam site stvari? On vika da, jas gi izvadov nejzinite i i gi odnesov u soba cela soba polna. Nema kade da gi stavi. Pa sega eden plakar za nea od starite neka stoi u spalna da ne se vadi, pa koga zbesnaa i ona i svekorot, sekakvi muabeti, se na mene...a mm kako i sekogas si kjiti ama on nema hrabrost da im rece nesto oni go imaat pod komanda.. sega u novata soba sto ja pravime detska tamu ke im gi stavil plakarite od spalna. Aman, aman.... Nema spas...a u nedela treba da odam u mojot grad na dve nedeli zasto majka mi i sestra mi ke si dojdat... Na nigde ne sum.mi ide da mu kazam biraj majka ili jas i kerka. Za mene i kerka ocigledno nema mesto u nivna kukja (a stvarno nema tesno ni e)

    Si mislam, de bre edno dete imas, cel zivot rabotis ni odmor ni nisto, i nisto da ne stvoris, a na svekorot mu e lesno tatko mu mu napravil kukja mu ostavil nivi imot se se se .... A svekorot nema nisto napraveno. I plus ima mm baba i dedo sto ziveat u nasiot dvor, ali zaednica sme site na 1 mesto se gotvi se na 1 mesto. Mnogu sme tesno ni e a oni ne razbiraat nisto nisto.... I pak ke pisam najmnogu me boli sto ja nemam podrskata od mm... Svekrvata moze u nivnata soba da si stavi alista se se ama nejke u spalnata mora.... :(
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    А каков е тој НЕмамин син?
    Да не си ја почитува сопствената мајка, само заради тоа што се оженил и притоа не му се допаѓа на неговата жена, или пак подобро е да и ја лупни вратата пред нос на жената која живот му дала и која го одгледала?!
    Ве молам не бидете смешни со вратите и тако звани фиктивни решенија да го скриете сопругот од мајка му, зашто едноставно изгледа смешно.
    Ако еден маж кој при сопствена волна и здрава свест се одлучил за брак од него се очекува да си ја почитува сопствената жена, без притоа да ја избрка сопствената мајка од неговиот живот по желба на снаата, а притоа ако збор настрана се каже за нашите мајки очи ќе ископаме.
    Значи во ред е да си пристрасен кон својата жена, но мајката заувек остае мајка!
    Само да бидеме објективни дека конфликтите не секогаш настануваат од свекрвите!
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @buba4e89, најдобронамерно ова ти го кажувам, како од една немажена девојка кон друга- брутално искрена можеш да бидеш само со оние луѓе со кои си многу, мнооогу блиска, кои безусловно те сакаат и кои знаат дека тоа што го кажуваш не доаѓа од злоба и свесно се дека не е кажано со цел да навреди и да повреди. Свекрвата никогаш ама баш никогаш нема да биде една од оние со кои ќе можеш да бидеш брутално искрена. Најдобрата другарка со која сте заедно од деца смртно ќе се навреди ако си ја земеш таа слобода да и плескаш работи во лице а не па возрасна жена (со која односот по дифолт е, барем делумно, напнат).

    Сем тоа, замисли ја обратната ситуација- еден ден идната свеќи да почне да ти коментира: „Дома не ти е чисто/ Јадењата не ти се вкусни/ Не ги воспитуваш децата како што треба“. Клето свекрвиште од пеколот, така? Ама реално, жената само гласно го кажува тоа што навистина го мисли за тебе, односно е ете „брутално искрена“) Затоа некои граници во заедничката комуникација едноставно не се преминуваат. Далеку од тоа дека треба да молчиш ако има некој проблем, но едно е отворен разговор а друго е детално да и изнакажеш во лице се што ти смета кај неа. Рецепт за катастрофа, верувај :)
     
    Последна измена: 22 април 2016
    На joy1, MilaP, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Мојата ме сака.:lol:

    На мм број 1 во животот му се децата, ни јас, ни мајка му сме број 1.:wasntme:

    @curious-doll не беше ти таа што на денот на свадбата пишуваше дека ти е најголема грешка во животот?
    Ако сум грешка извини ако не сум, што очекуваше од бракот, си знаеше однапред дека нешто не штима, реши да влезеш во тој брак и сега тоа е или трпи или развод, нема што да наоѓаш замерки на тоа кој колку успеал да спечали, дали се домаќини или не се, гледај ти што ќе створиш за твоето дете.
     
    На MilaP, samovila.red., eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас кон сите сум брутално искрена. А на свекрвами ако тоа не и се допаѓа нејзин проблем.
    Најубаво да си кажеме очи во очи што мислиме отколку да глумиме.
    Патем,страв ви е очигледно да се соочите бидејќи моќни се зборовите,болат.
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.