Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Da ne dade Gospod so prosti zakoraveni I prokleti luge da si imash rabota..togash izgleda samo ke sfatish koga ti ke rechesh ante a tie ante kurala..pa odi da te vidam so takvi da najdesh nit pochetok nit kraj..za dzabe ne vikaat I pijaniot bega od budaliot.
     
    На rose60 и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    ova se slucuva koga se poistovetuva pocit so poslusnost.
    ako majka mi ja vregja majkata na moite deca, kje si dobie vrata vo nos.
    tvoevo lici na odnapred plasenje deka sin ti kje te`zaboravi` koga kje osnova familija. news flash. toa e tekot na zivotot, se rodis, napolnis 18-25(nekoj porano,nekoj podocna) si ides od doma, osnovas svoja familija, pa tvoite potomci osnovaat svoi familii.
    `majka zauvek ostae majka`
    Sverkva in the making. vregjaj ja ti snaata i ne ja pocituvaj i uporno ocekuvaj deka ti kje bides no.1 vo zivotot na sinceto.
    i ako dobro procitav, so vratata nema da go sokrijat sinceto od mama, nego snaite probuvaat privatnost da imaat, poso mama misli deka ima pravo da vlaga koga kje i tekne.
    valjda i ti bi sakala taka da pravis koga kje bides svekrva.
     
    На LivingGlam, Offspring, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Ne deka e za tuka mislenjevo ama ne e I deka ne e za tuka. Dosega nemam nikakov problem so svekrva mi, se pocituvame, si razgovarame se e ok, samo me nervira toa sto doagja imendenot na mm a ona se ponasa kako I koga jas ne sum bila tamu, epa jas sakam nekoi rab da si spremam a ne toa sto ona saka, ne deka nema da prifatam nekoi raboti ama neka mi gi ispocituva I ona rabotite sto jas sakam da gi spremam, neka svati deka sin I veke e zenet. Ama ajde kako saka neka bide, da si go sredime spratot zdravje barednata godina pa ke si spremam sama.
     
  4. mihael4e<3

    mihael4e<3 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2016
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Tocno srcka,stom ima kaj da odis nema potreba od tenzii i so i se nerviras..abe ostaj ja neka sprema,ti odi nasminkaj se i uzivaj..ma da i nam snaite ne ni e lesno da ni se pogodi-ako ne spremase ke bese ne ja interesira. Mozes da i spomnes kako eve ovaa godina si domakinka, od dogodina ke ti se trgneme od glava ke ni bides gostinka..demek ja zalis :)) a i btw navistina ne se zamaraj pa uste ako kupuva so nejzini pari so ti e gajle i fala da i recis..domakinka cel zivot ke si.
     
    На Girl-Rabbit, rose60, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.915
    Brutalno bezobrazna i drska...
    Ako vaka ,,diskutiras,, i se obrakas na feminki na koi oči im nemaš videno,kako li ke se obrakas na svekrvati koga ke počne da ti pravi nervozi?
    Brutalno iskrena?
    Nemoj ziti se....
     
    На eloves, anel, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.035
    Допаѓања:
    268.559
    Абе заклучок е секогаш - со неразбрани нема разбирачка.
    И ние немажените доаѓаме од семејства, не од планини. И во тие семејства имало и свекрви, и баби, и снаи и девери. Не правите нешто невидено, океј е.

    И да, не врата, ѕид да изѕидате, ако детенцето сака кај мама, ќе си најде начин.
    Ако имате дете, а не маж покрај себе, се е залудно.
     
    На MilaP, Offspring и Sesil им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ете го моментот за кој што зборував.
    Мижат додека да се омажат, после оф леле.
    Ама еден куп овдека сум прочитала такви. Не отвараат очи со кој се мажат.
    Или се мажат без љубов. Се мкнат по 10 години во врска, и после од немај каде и што ќе рече народот, родителите и роднините, брак. Па не чини, епа не чини. Годините своето си го направиле. Монотонијата, рутината, навиката.

    Јас поради тоа прекинав 3 ипол годишна врска. Во 3 ипол години ништо не се дешаваше. Двајцата или невработени или имаше периоди кога работевме на нестабилни работни места, или мизерно платени. Во 3 ипол години рутината беше иста. Едно кругче низ град да се прошетаме, или ќе дремиме кај мене или кај него дома. Ни одмор, ни викенд, ни бутур. И досадата си затропа на врата. Jaс го молев да направиме нешто со животите наши, да отидеме негде додека сме млади и додека немаме деца, ако треба на клупа во парк ќе спиеме, само да знам дека сме се обиделе. Него му беше тешко да си даде отказ каде имаше 7000 денари плата.
    Времето си врви, тапкаме во место, не остваруваме ништо, не сме ни во брак, ни планираме да бидеме а годините си минат... Он си живееше нормално со своите, си имаше пари колку да се напие кафе во град, и него му беше доволно. Јас сериозно почнав да се запрашувам на каде ова води, ќе тропне времето за брак, каде по ѓаволите ќе живееме? Немаме свое, немаме пари за кирија, а несакам да живеам во една соба кај него дома, уште помалку дете да имам во такви услови.

    Ама немав причина да раскинам. Затоа што ништо не се случуваше. Се немавме ни скарано ко луѓе. Се беше она, рамномерно и рутински.
    Мислам дека година ипол собирав сила и храброст да раскинам. И на крајот си реков во себе. Жал ми е за него, ама за себе ми е повеќе. Како јас ќе се омажам за овој човек, како јас ќе спијам и ќе се будам покрај овој човек, каде ќе живеам јас со овој човек. Си го замислував животот однапред на што би личел. И гледав катастрофа.

    На крајот веќе се гледаше дека на сила е работата, и него му беше јасно ама несакаше да си признае. Јас седнав на здрав разговор со него и му кажав, дека, ова никаде не води, и дека не бива. Од сето ова може да ни се случи брак во кој и двајцата несреќни ќе бидеме. И му објаснив дека патиштата ни се разделуваат, време е секој по свој пат да си тргне, за да не си ги заебеме двајцата животите.
    Колку и да му изгледаше трагично, помина некое време и он се помири со ситоацијата, јас својата среќа си ја најдов, слушнав дека и он неговата...
    Поентата е дека е тешко крај да се стави, и секој крај е трагичен, особено ако се работи за долга врска. Ама кога на долгорочен план ќе размислиш, подобро трагедијата навреме да заврши отколку да продолжи во несреќен живот.

    Знаете колку луѓе не ставаат крај на таквите врски, потоа се мажат и бидуваат несреќни?
    Потоа се им смета.
    Нормално дека пред да се омажам ќе размислувам каде ќе живеам и каде ќе одгледувам дете. Во какви услови. Не е само ај ќе се земеме па ќе се буткаме во 50 квадрата стан 5 генерации внатре.
    На се се размислува предвреме.
    Јас и сега на пример сум подстанар, ама имам амбиција дека еден ден ќе имам свој стан. И небитно што моментално сум подстанар, додека имам таа кирија да си ја приуштам, т.е. да не ми е луксуз, што во случајот со бившиот не би дошла во обзир. Би живееле во една соба ние, во друга сестра му, во трета мајка му и татко му.
     
    На podravka, samovila.red., Glasna и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Epa navistina se slozuvam so @Offspring ,nema nisto poubavo od ziveenje sami. Bill so da e,be Mira nikakov luksuz samo day ste sami.
    Jas bev Edna od tie sto vikav me mi smeta da sme vo ista kukja, imame svoja soba I kupatilo. More imalo vrska I toa kako. Pogotovo ako to se padnat nekoi neuredni kako movie. Sabajle gledam I se cudam kako uspevaat za Eden den se bukvalno da zamackaat. Normalno big trebala taka da I'm ostavam se,am a problem it e sto Jas sum taka naviknata I need mozam da gledam I da ziveam vo need I prljavo. Site casi izvadeni,isprljani I staveni na masickata do masinata za sadovi. Pa koga ste gi donele do tuna vnatre barem stavete gi!!! Tepisite ko da ne se nedela dena usisani a vcera cistev. Uste zemala mi vika ostaj pa ti vo nedela cistis,koj ti gleda vo sobata. In Jas samo se svrtev i rekov: Ne es rabotata nekoj da mi gleda,tuku Jas ne mozam taka da ja gledam. Abe Haos ziv,ne posakuvam na nikoj takvi da im se pogodat. Edvaj cekam da se vselime vo kukjata pa posle ke mora gazot da go digne i da cisti zad sebe.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Извини вака што ти се мешам во муабетот, и темата не е за тоа, ама и порано ја имаше пишувано твојата приказна за дечкото што работелво маркет, земал мала плата, немал услови да живеете кајнего во иднина....а спомнуваш дека и ти не си била во подобра имотна состојба од него, па не ми е јасно зошто секогаш чекате мажот "да ве спаси" , да отидете на одмор, викенд, да се разбие монотонија секогаш мажот треба тоа да го овозможи. И тогаш во тој пост ми падна во очи и сега пак, значи ти си барала подобра прилика за маж а не дека монотнија е исто со непостоење на љубов.
    Си земам за право да пишувам затоа што и јас на почетокот имв таква врска, ама сега е многу,многу подобро и знам како е
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па јас 3 ипол години чекав да се промени нешто. Јас го молев да направиме нешто, да мрднеме од мртва точка, да се преселиме, мајка ми со години во ЦГ беше го молев кај неа да отидеме да пробаме таму да заработиме нешто. Него му беше удобно во неговата зона и нејќеше да си ја напушти работата.
    Додека јас размислував каде со таков брак. Каде ќе живееме, како ќе створиме деца, од што ќе ги одгледуваме итн.
    Не, јас не најдов добра прилика, најмалку. Најдов амбициозен човек, кој не се задоволува со малку и којшто на крајот на светот би отишол сега веднаш ако таму се пружи добра прилика за живот.
    Ако не прочита, живеам како подстанар, каде ја гледаш приликата? Јас ако гледав прилики ќе најдев некој со куќа на 3 спрата.
    Така да, грешна ти е констатацијата. А примерот ќе го кажувам секогаш и на сите, да не се мажат од жими асан да ти баам, и од што се 500 години во врска без љубов. Може некој ќе си рече, чекај бе, стварно. И ќе си го промени животот.
     
    На SexiLy, senza.parole, Glasna и 12 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Јас не го гледам тоа како барање подобра прилика да ме извади од немаштија него како барање личност која ке има амбиција исто како мене да створи нешто. Да бидеме реални тешко е кога некој нејке да мрдне со прст од мртва точка , гледа од денес за утре да му стигне платата за кафе и цигари а другото што Господ ке ни даде. Од љубов и само од љубов не се живее колку и да се праиме идеалисти.

    Тешко е да се биде со човек кој нема идеи и нема воља за подобро нешто. Некој кој не сака да излезе од конфорната зона. Со такви луге и да сакаш да направиш нешто, да смениш нешто, да превземеш иницијативна за нешто подобро ке нема да можеш и само ке те влечат надоле или евентуално ке стоиш како нив во мртва точка.
     
    На samovila.red., senza.parole, Girl-Rabbit и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па да, јас немав намера животот и најубавите години да ми пројдат чекајќи нешто да се случи. А и не само на Фемина, и надвор од неа има многу случаи кои се во врска по мноогу години, и после се мажат од причина што животот прошол, и се помириле со тоа дека за него треба да се омажат.
    На крајот сфатив дека само ми е кочница и ништо повеќе. Не си ја пробував среќата од причина што несакаше и он. Да не беше он јас многу пред тоа ќе си заминев од Македонија.
    А и имав и заборавено дека сум пишувала за тоа овде, толку многу работи имам споделено веќе и заборавам. Ама небитно. Како што реков можеби некој ќе се препознае во приказната па ќе се подзамисли. Многу пати имам свашта напишано па добивам пп од девојки кои се наоѓаат во слична ситуација.
     
    На Girl-Rabbit, CameliaMiller, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Едно е кога некој има и своја амбиција, а друго е да гледаш само мажот да ти е амбициозен. Не ми се допаѓа кога ги советувате другите да гледаат со кој се мажат, и тоа во поглед на тоа колку е ситуиран. Според мене, прво ти обезбеди се, земај солидна плата, со која ќе можиш да опстанеш во брак, па после осудувај некој дали е амбициозен или не. Затоа што во животот и во бракот секакви моменти доаѓаат, битен е и карактерот и дали се сложуваш со тој човек. Амбициозноста е приоритетна карактеристика ама не и најбитна и пресудна, во смисла гледај да се омажиш со некој амбициозен, некој што знае пара да зврти оти заникаде си.
    И упорно се наведуваат тие долгогодишни врски како да се најголема грешка, и рецепт за неуспешен брак. А според мене па тие избрзаните бракови и залетувања се најголе грешка и после доаѓаме до моментот ама јас не знаев дека си ваков. Во секој случај секој си знае за него и на кој како ќе му се погоди.
    Поздрав
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па зарем не треба да гледаш со кого се мажиш?
     
    На eloves, samovila.red., Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    @Offspring ако ме прашуваш мене мислам дека сите порано или подоцна сме биле со таква личност во некој период од нашиот живот. Дали тоа било коа сме биле помлади па не сме обрнувале многу внимание на истото и сме се задоволувале со едно седење во парк на клупа и вино од картон , па и на постари години кога веке почнуваш да размислуваш за сериозни работи како во твојот случај и како на многу други.

    Јас тоа го сфатив одамна уште на факултет кога бев и имав дечко што кога јас седев и учев се потев по цели ноки пред секој испит , тој лагодно си ги тераше испитите и не се замраше дали има сесија или не. Битно му беше да има некоја пара во џеб за да искочи петок и сабота а другото со Господ нарпред. Уште тогаш сфатив дека со таква личност ке неам иднина и ке ме влече надоле наместо да се надополнуваме и да идеме заедно двајцата во прогрес. Од тогаш поминаа години јас иако во тој период имав дупло повеке испити од него, дипломирав се запишав на постдипломски и најдов работа за разлика од него што уште е на истото што бил пред 4-5 години. ( ако не се лажам толку има поминато од тогаш)

    Врската треба да биде заемно поддржување а кога е веке сериозна и се гледаш во далечна иднина со таа личност и заедно планирање и размислување што понатака. Јас веке не се гледам на клупа во парк , ниту се задоволувам со ситни финансии кои ми стигаат за кафе и цигари само. Далеку од тоа дека некој од нас заработува милиони во државава знаејки ја состојбата во која сме ама знам дека ако ми излезе прилика за нешто подобро одма ке ја прифатам . Доколку си со некој со спривни размислувања и ти рече -Маче што се змараш доста се овие 200-300 евра да го протераме месецот ти од место нема да мрднеш. Доволно ке ти биде тоа што ке немаш поддршка од него и ке нема воља за прогрес.

    Многу е полесно кога некои работи заедно се градат и кога мегусебно се поддржувате, ама ке поддржувам некој кој гледам дека сака да напредува а не некој кој гледа со прстот во уста да седи. На крајот на краиштата еден живот сите имаме и нормално е да го сакаме најдоброто за нас.

    И јас како тебе раскинав долга врска и се што напиша буквално се кога го прочитав беше ко да се го читам својот живот во тој период . Не викам дека не било тешко, и уште после 2 години ми е тешко што не сум со тој човек ама сфатив дека навистина љубовта е слепа во некои работи а сум веке "стар" човек за да слепо и навивно гледам на иднината.
     
    На senza.parole, Girl-Rabbit, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас пак знам обратно. Повеќе избрзани бракови кои се поуспешни од тие долгогодишните врски.
    Нормално дека треба да се гледа со кој се мажиш. Не викам дека треба спонзоруши да се сториме сите, туку да гледаш колку добри карактеристики има потенцијалниот маж. а нормално дека во сериозна врска треба да се гледа, особено затоа што го имаш до срж запознаено човекот, треба да му ги знаеш сите маани и доблести. Првенствено, кога размислуваш за брак, го гледаш тој човек со сите негови маани и доблести и си тргнуваш од тоа, дали ти сакаш твоето дете да личи на него. Да ги има неговите карактеристики? Да биде како него, физички или ментално? И тука многу работи ќе ти се разјаснат.
    А ти го тераш муабетот како ние да гледаме за кој се мажиме судејќи по тоа кој колку има.
    Види, во ред ако по некоја случајност има наследство. Ама тоа не е пресудно. Пресудно е дали сака да створи. А што ќе правам јас со некој кој нема воља и желба да ствара? Да кубам коси?
    Не велам дека нема и такви кои гледаат дали мажот има наследство, каква кола вози, каков намештај има дома, каква работа има итн. Ама јас лично не се вбројувам во таквите. Јас ако бев со такви амбиции во Црна Гора ќе барав Црногорец кој има вила и апартмани за издавање, или Руси ќе бркав :D
    Јас се омажив за Босанец, дојден да заработи за леб исто како и јас.
    Се што имаме денес, со своите две раце сами створивме. Не ми падна од небо, ни пак некој ми даде.
    И верувам дека многу такви девојки има. На кои не им е пресудно колку нивниот маж ќе наследи. Зашто на крајот, џабе ако наследи милиони, ако незнае како да ги чува или зголемува, нели :)
     
    На senza.parole, artemidis, Girl-Rabbit и 9 други им се допаѓа ова.
  17. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Добро, вие зборувате за мажи што стварно не сакаат да мрднат од мртва точка и се задоволуваат со 7-8.000 плата и тоа му е доста за цел живот. Ако вашите бивши и после толку време се на истото ниво, најверојатно сте во право.
    Јас само се пронајдов во делот кога со дечко ми и двајцата немавме, јас бев студент а тој невработен и знам дека многу на мое место би се откажале и би си рекле дека со него нема иднина, ете го не е амбициозен затоа што не е вработен, а тоа беше подолг период. Ама ете и тоа помина, се вработи тој се вработив и јас. Порано стварно сме дремеле на клупи и сме излегувале на само една пијачка затоа што се немало за повеќе, искрено ми се смачуваше ама ете сме издржале.
    И сега животот ни е многу подруг, излегуваме цело време, одиме на викенди, сме биле и на зимување и на одмор. Не е ништо луксузно ама ни е многу подобро.
    Сакав да кажам само дека некогаш работите се средуваат, секако ако и двајцата сакаат и дека не треба сите да раскинуваат врски ако се во лоша финансиска ситуација
     
    На butterfly4, theowndemon, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Тие долги врски се зачнуваат кога лицата се со недооформени карактери и самите не знаат кој се и што сакаат, а не па да имаат реални очекувања од партнерот.
    Оваа фаза на дооформување на сопствениот карактер а потоа и на сопствените амбиции, цели, желби е обострана бидејќи најчесто се на слична возраст.
    И на жалост истото често се одвива во различни насоки.
    Се држат за меѓусебната љубов, старите времиња дури и разбирањето о комуникација кое е присутно....но сето тоа не е доволно. Некои се решителни и пресекуваат, а други се задоволуваат со тоа што е.

    После ваква долга врска најчесто особата знае точно кој е и што сака од себе и од својот живот најпрво, а потоа и каков партнер.
    Затоа полесно, односно побрзо се одлучуваат на таков чекор.
    Нема голема филозофија. Знаат што сакаат и знаат што им одговара...но пред себе подобро се знаат себе.
     
    На Kitten, okcenzi, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па во секоја врска и брак има моменти на успони и падови. Тоа е нормално.
    Исто и како државите. Секоја држава во одреден период се соочува со криза, од идеалните како Швајцарија, Шведска, Данска, до утепаните како нас кои нон стоп се во криза. И тоа е добра споредба :D Бракот ти е нон стоп во криза како Македонија :D
    Се заебавам.
    Не е проблем ако одреден период од 2-3 месеци негде запне па се стегнеш, или едното од двајцата остане без работа. Проблемот е ако тоа долго трае а не се превзема ништо во врска со тоа. На пример, сега мм работи за мала плата, ама е со амбиции да напредува, а јас сум со амбиции здравје да се вработам, или да ми тргне мојот бизнис од дома. И тоа е во ред. Не е во ред ако јас на пример сега незапослена, дигнам раце од животот и да кукам дека работа нема а ме мрзи газот да го помрднам. Тоа е неамбициозно и не е во ред.
     
    На theowndemon, Annath, tanja manja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Normalno deka ke gledam so kogo se mazam. Sto ako jas sum situirana, imam stan, a idniot maz da bide utupen balkanec pa da mu e ponizivacki da bide " domazet",? Na vakov treba da mu sedam u gz mesto soba i da trpam 5 generacii, kako sto vikaat starine em shuto em bode...... Sto ako jas sum ambiciozna i zarabotuvam, a toj da neznae od nosot podaleku, zarem brakot ne e zaednica i zarem netreba zaednicki da se pridonesuva vo istata? Da, se slucuva edniot da ostane bez rabota, bez plata, no svesno da nesaka da mrdne od mrtva tocka i tolkav maz da se zadovoluva so pari samo za kafe malku morgen. Devojkata ubavo kaza, i potpolno i ja poddrzuvam postapkata sto raskinala so bivsiot.
     
    На eutixismena, senza.parole, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.