Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ај ја вака ќе се уфрлам у муабетот ко оној типот од видеото на јутјуб -А где је печат?
    Во контекст на муабетот за однесувањето на снаaтa кон свекрвата...Факт е дека постојат и вакви и такви, ама реално да збориме, сите проблеми што се изнесуваат во темава имаат подлабоки корени и две страни на приказната. Ние разгледуваме една страна, даваме паушални мислења според прочитаното, се трудиме да бидеме објективни, а истата феминка за две-три недели пишува повторно нов проблем и пак сите притрчуваат на решaвање и разглабање, па меѓусебно колење наредните неколку страни и слично.(да не се пронајде некој изненаЏен и увреЏен, зборувам општо).
    Проблемот со снаите и свекрвите е стар колку и она народната, што е постаро, јајцето или кокошката. Сите иамаме фази на еволуција во бракот. Факт е дека првиот шок доаѓа по првата недела од венчавката, поточно соочувањето дека врската и бракот се дијаметрално различни категории. Како новодојден член во семејството другата страна има големи очекувања, а ние како единка имаме уште поголеми. Широкиот осмех на свекрвата се претвора во милијарда чудовишни гримаси. Научени се на една рутина и одеднаш кога некој сака да си го завземе своето место, што е многу нормално, почнува борба за територија. И ете, доаќа до нетрпеливост, препукување, расправии, ме погледна вака, така онака...И не дека некоја од вас си замислува и измислува...Верувам дека реален проблем постои, ама кое е најсреќното решение?
    Секоја врска има своја емоционална зрелост. На почетокот и јас бев иритирана од сите постапки на мојата свекрва и се чудев што ме снашло. И почнав како и повеќето од вас, само што ќе дојде мажот ми од работа, јас место да го гушнам, ги острам канџите и уште од врата ќе почнев, мајка ти ова мајка ти она...Дојдов во ситуација, неговата мајка да биде мојата единствена тема за разговор со него, со другарките итн. Колку и да се трудев да излезам од тој магичен круг, јас самата се вртев во него. Во почеток го имав на своја страна, како времето одминуваше тој се трудеше да балансира и на крајот крена раце и дојде во ситуација кога рече, ма очи вадете, што знаете правете, веќе ме излудивте и двете. Сега настапува делот лутење, јас ударам ембарго, револтирана, нели негова мајка е, тој треба да ги решава нашите конфликти. Дојде период на самодокажување. Негов роденден, јас спремам цел ден, таа доаѓа со цели тепсии пита, ордевери и слично. Јас пак вријам. Ќе кажат ќе го земат детто од градинка, јас пак отров, што се меша во моето мајчинство, што јас не ли знам да бидам мајка??????? И да не набројувам икс ситуации што ги имам читано во темава и почуствувано на моја кожа.
    Кога времето помина, кога годините си го прават своето, кога нашиот брак ја доживеа својата емоционална зрелост, сфатив дека за многу работи сум била глупа. И почнав да си ја превземам играта во мои раце. Кога ќе дојде роденден, не само негов, може и да е мој, на децата, сеедно, таа ќе ми се јави: Јас не те прашав, направив кифли, торта, ова она...Јас од другата страна и викам: Ауууу, фала многу, тогаш јас само салати ќе направам. И имам време повеќе да си бидам со семејството, не се замарам да стојам цел ден во кујна, а плус кога таа ќе дојде да донесе што подготвила, среќна е, се чувствува важна. Нареден пат се јавува, ќе го земам детето од градинка. Во ред, земи го слободно, па ако сакаш задржи го и на спиење. Па ако уште таа убавина ми ја стори, имаме време со сопругот да си се посветиме еден на друг.
    Понекогаш знае нешто да искоментира-ИГНОРИРАМ!!!Имало ситуација и кога јас првата сум фрлала отровни стрелички кон неа.
    Поентата на муабетот ми беше дека престанав да го ставам сопругот на средина и сите сме многу посреќни. Честопати не возвраќам на провокациите, климам со главата, а си правам мене како ми одговара и на тој начин ја разоружувам. Не и давам повод за кавга и сплеткарење.
    Читав овдека некаде да се кажува брутално вистината во очи - нееее, ве молам, тактички скроз погрешно. Мајка е луѓе, мајка!!! Исто како што сум јас, како што е поголемиот дел од вас на темава, нас не не боли, ама нив ги боли. Појдете од себе си, некој постојано да ја критикува вашата мајка, еден ден ќе слушате, наредниот ќе климате со глава, ама после некое време ќе ви здодее и тој што ви зборува против неа ќе ви стане најголемиот непријател. Суровоста на јазикот е краткорочно решение, да не речам шминка на проблемот.
    Престанете да ја анализирате секоја реченица и да барате позадина и читање меѓу редови. Слушајте го она што ви одговара, игнорирајте го она што ви пречи и не го смарајте сопругот, нема да ви е од голема помош, само ќе го оддалечите од себе.
    Икс пати, сум ја повикала на кафе, онака без причина. Ќе и направам малку ќеф, ќе се почувствува уважена и на убав начин низ муабет и кажувам што ми пречи, зборувајќи во трето лице, ама има ефект.
    Не знам колку ова мое мислење ќе ви биде од помош. Не велам дека е унифицарно и применливо секаде. Ама понекогаш треба и нашето ѓубре да си го расчепкаме за да видиме од каде смрди.
     
    На MADO, Mishela, butterfly4 и 47 други им се допаѓа ова.
  2. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас бев со таков тип 5 и пол години во врска.
    Не е зафрканција.
    Јас бев студент, тој невработен.
    После тоа се вработи за просечна плата, не многу ниска, не ни висока, добра како за самец, за прво вработување.
    Имаше лежерно работно време, јас повеќе време поминував на факултет отколку тој на работа.
    Главна преокупација му беше кладилница и кафе на Широк Сокак.
    Ден, два, три, месец, пола година, година... Времето си тераше, тој никако да мрдни.
    Ниту се заинтересира да доучи да напредува, ниту да побара нешто друго, едноставно си влезе во комфорт зоун и толку.
    Јас завршив во меѓувреме, и почна да не ме фаќа место, да барам работа, да размислувам за странство.
    Почна да ми смета што зависам од мајка ми и татко ми, почна да ме нервира излегување на кафе, почна да ме невира што грото од платата ја даваше по кладилници и по патики, наместо да заштеди нешто, замислете немаше ни возачка дозвола, а работното место беше на 45 минути возење, и секогаш се шлепаше со колеги или муштерии. Почна ненормално да ми смета што е таков и го баталив, заминав на брод.

    Тогаш се искаравме прописно. Немав намера да викам, да се карам, ама ме изнавреди затоа што го оставам, и јас му се вратив и така.
     
    На senza.parole, CameliaMiller, galapce и 11 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Човек не секогаш можеш да го смениш. Има дискусија во новозапочнатата тема и не велам не, постојат ситуации кога партнерите после години се менуваат заедно со своето автоматско созревање, НО постојат и такви што да посака човек да ги почека да се освестат нема тоа да го сторат дури и на 10 плус години. Зошто?! Бидејки целиот овој проблем се состои и зависи во домашното воспитување, родителите и фамилијата, стекната култура, кругот на пријатели, сопствениот разум и пред се колку човек може да оспознае и да извлечи некоја поука од годините за созревање и створање на сопствени амбиции.
    Значи, постојат луѓе кој што со тек на време во долги врски сваќаат дека сакаат нешто повеќе од животот и се стремат за истото и за понатамошниот брак и сопствените животни обврски, НО посојат и такви луѓе кој што да го удреш со 100 стапа вистина врз него пак ќе си го водат тој живот, таа неработа и тие кафани, кладилници и што јас знам ти што. Ако некој дотичен не сака да порасне никој во истото не може да му повлијае на разумот.

    Е сега.. најнормално дека сите ние си бараме партнер по свои критериуми и принципи, партнер што ќе можат да ни се совпаднат на еден начин брановитните должини и таа хемија потребна за еден така наречен заеднички живот.
    Ако јас имам амбиции и сметам дека и тоа што го имам можам да се потрудам да го направам дупло повеќе а тој е свртен во некој си свој идеален момачки живот и не гледа погоре од "чашката" а муабетот му се сведува на она "абе вчера како се опивме/журкавме" пиши пропало. Ако сакаш некој да смениш најдобрата опција би била "јас да се сменам и да заминам" отколку да тепам "празна слама" на човек што живее свој живот а јас мој, врти сучи, билдај живци за да на крај се откажуваш и воочуваш дека всушност ти си пораснал а детето до тебе не е сеуште.
    Па еве на изволте нека повели кај тате и мама и нејзините 10 денари за кафе и кладилници.
    Постојат и случаеви кога двајца партнери се во долга врска.. пиле што пиле, јаделе што јаделе, се журкале и уживале, земале пари од нивните. Ама потоа доаѓа и онаа животна кочница кај истите кога се свестат во еден момент дека кочницата ќе се постави и ќе се почне некој малку повозрасен живот и животни обврски.

    Зборот ми е, ако една персона е амбициозна и самодоверлива на себе си не значи дека истата таа личност автоматски е спонзоруша и најгорна можна курва ако сака да постигне нешто повеќе во животот. Тука и лежи проблемот кај нас Македонците.. ние и етикетите.
    Абе си гледам за себе си крај краева, си бирам за себе и својата иднина, човек што се совпаѓа со моите стандарти на критериуми и амбиции што тука е нејасно?! И ако тој "дотичниот" не мрда никаде подалеку од својата "идила" за него "тегнење по улици, кафеани и кладилници" нека повеле слободен му е патот.. јас ќе си барам човек, човек што знае што сака од животот, сериозен, паметен, амбициозен итн итн секој со своите критериуми за "идеален маж/жена".

    Ако амбициозноста во животот е спонзоруша тогаш океј ве сваќам вас ваквите.. слободно останете по уличките да оговарате и цмиздрите а јас ќе си терам онака како што мене ми одговара.
     
    На tanja manja, CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Немa пoтребa oд тoлку плукaње пo некoј кoј сaкa дa си живее вo рoднo местo, сo скрoмнa плaтa и живoт кaкoв штo гo знaел дoтoгaш. Кo пa вaшa рaбoтa е дaли е прaвилнo или не дa пие кaфе секoјден вo кaфиќ или уплaќa спoртскa. Некoј си е зaдoвoлен сo тaквиoт тек нa живoтoт, aкo вие не сте, кaжете -рaзлични пoгледи нa живoтoт имaме и крaј. Удaрaње вo грaди кaкo мнoгу aмбициoзни сме oти сме излегле oд држaвaтa a тoј некoј уште сo мaмa си седи, немoјте. Имaм мнoгу блиски кoи живеaт вo зaедницa, вo рoдниoт грaд вo кoј изрaснaле, пa сoсемa зaдoвoлни се. Дa, пoнекoгaш ќе се пoжaлaт oд свекрвaтa, кaкo штo јaс знaм дa се пoжaлaм декa ми фaли некoгaш близoк чoвек мaкaр и свекрвa билa, дa ми пoчувa дете, дa ми земи или врaти oд грaдинкa... Немa зoштo дa мериме гoлемини, кoј е пoaмбициoзен, кoј успеaл a кoј не. Пoсебнo пa нa 20 и кусур гoдини. Вo ред е дa си бирaте пaртнер пo кaрaктеристики кoи ви oдгoвaрaaт, aмa нaмaлете мaлку сo пoтценувaње и истaкнувaње нa вaшите "висoки" критериуми зa пaртнер. Oти и вaшите aмбиции или успех, зa друг некoј се смешни, пa сигурнo не би сaкaле вaкa пoтценувaчки дa се збoри, не?
     
    На butterfly4, SexiLy, baby-star и 23 други им се допаѓа ова.
  5. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не е правилно да земаш скромна плата и да ја пуфташ во спортска кладилница и секој ден во кафиќ, а за дома ништо, плус па приземаш од мама и тато за трошење.
    Не спонзоруша, не не знам како наречи ме.

    Сега живеам со мажот ми и со свекор и свекрва и девер, во родното место, и сум сосем задоволна.
    Се изјаснив и претходно за мојот однос со свекрвата и свекорот.
    Тоа е затоа што балансираме со сопругот, придонесуваме во домашниот буџет и немаме кавги.
    Меѓу другото, свесен е дека сега сме потесна фамилија ние двајца, и одлуки носиме заедно и не дозволуваме некој да ни се меша.
     
    На CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и galapce им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    Темaтa кoлку штo знaм не беше кoлкaв дел oд финaнсиите oди вo клaдилници и дaли ги oстaвa дoмaшните без леб сaмo дa е тaму. Тoa е веќе зaвиснoст, пoрoк, и е прoблем. Збoриме зa oдење вo клaдилницa или кaфиќ кaкo дел oд сoцијaлен живoт. И aкo вaшиoт личнo е oдење пo кoмшивки и рoднини нa кaфе, виртуелнa дружбa пo фoруми и сличнo, тoгaш не сте нa некoе мнoгу пoрaзличнo нивo.
     
  7. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам со тоа, и претходните членки истото го рекоа.
    Темата малце забега затоа што како некое непишано правило таквите луѓе живеат на грбот од своите родители и ги тераат снајките да живеат во станче со 3-4 генерации, па се полни оваа тема. :lol:

    Да не ја полниме темава со оф топик, отворете тема за неамбициозни типови, ќе продискутираме и таму.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    И ти живееш вo зaедницa сo негoвите плус брaт му, и зa твoјoт сoпруг тaкa мислиш?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не е проблемот во тоа што моментално живеат во заедница.
    Проблем ќе биде ако останат во таа конфорна зона и не превземат ништо во нели, стварање на свое гнездо.
    Плус може имаат голема куќа, па за секој има по еден спрат. Ехе, колку родители така прават големи куќи и по 1 спрат за секое дете.
     
    На tanja manja, CameliaMiller и galapce им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Луѓе мoи јaс ствaрнo нa oвaa темa имaм гoooлем прoблем...сaмo незнaм oд кaде дa пoчнaм....јaс oд кaкo дoјдoв кaј мaжoт ми се некaкo слушaм oгoвaрaњa aмa не oбрнувaм вooпштo внимaние.Се случувa дa се слушни декa незнaм дa гoтвaм зa ништo не не бидувaлo сo мaжoт ми...Ништo не сме рaзбирaле.Јaс ништи не сум рaбoтелa се oстaмувaлo нa неa,сите рaбoти тaa ги зaвршувaлa.....ехее aмa не вoзврaќaм нa прoвoкaции oд првo дa реaгирaц му кaжувaв нa мaжoт ми aмa сегa пoчнувaм тaктични...Пред мaжoт ми ке гo спoменaм нештoтo и тaa oдмa сaмa си де издaвa....и прoблемчетo ќе се реши.Пa нoрмaлнo дa не е oд мoјa устa :))) Терaјте си сaмo тaкa инaку секoгaш тие ќе бидaт вo прaвo a ние ќе бидеме лoшите
     
  11. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Имуна сум на сарказам :)

    Купивме стан (без помош од никој) и се селиме за недела-две.
    Реновирањето на станот и подготовките за вселување се во тек, се надевам веднаш после празников ќе се преселиме.
    Би купиле и порано стан, но финансиски заглавивме со куќа која ја купивме од извршител и тоа беше голем удар за нас, па затоа подолго останавме во заедница.

    И да, мојот сопруг го сметам за амбициозен и независен.
    Од минималец плата пред неколку години, стана незаменлив во канадска компанија, тоа многу зборува за неговата амбициозност.
    Mind you :!: заедно бевме и се сакавме и со минималец плата дури беше.

    Си има хоби кое го поддржувам и јас, всушност тоа и не зближи на почеток, а не дреми „рекреативно“ по кладилници.
    Ти одговорив?
     
    На senza.parole, tanja manja, Glasna и 9 други им се допаѓа ова.
  12. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не, куќата му ја оставаме на брат му да ја наследи. :wasntme:
     
    На senza.parole, CameliaMiller, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    Oк, се пoфaли, и? Кaжa и декa и вo зaедницa ти е oк, и декa сo минимaлец сте биле oк, aмa рaзликaтa oд oние другите сo минимaлец е штo вaс ви успеaлo зa пoвеќе, a нив...знaк прaшaње е? И aкo не успеaт зa пoвеќе, лoшo ќе им е вo зaедницa и минимaлец?
     
    На samovila.red. и rose60 им се допаѓа ова.
  14. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не ми беше целта да се фалам, меѓутоа директно ме прозва, па сакав да ти кажам зошто го сметам мм за амбициозен, а тие што дремат по кладилници не.
    Ако прочиташ уназад што имам пишувано по темава, секогаш сум за компромис и разговор меѓу членовите на семејството, за да си имаат убав живот во заедница, и за да не се полни темава со проблеми. ^_^
     
    На senza.parole, tanja manja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    Јaс зa еднo збoрaм и прaшувaм, ти зa другo. Не ми е прoблем мене дa рaзгрaничaм aмбициoзнoст или aгилнoст oд нивнaтa спрoтивнoст, и не ми требaaт примери вaши зa сметкa нa вaшите бивши или други. Друг ми беше муaбетoт, туку aј.
     
  16. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ок, за што кажуваше?
    Јас тука го начекав муабетот, мажи со минимална заработувачка живеат под сукњата на мама.
     
    На Golden Rose и Glasna им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Или жени кoи се кoчoперчaт сo некoе свoе дoстигнувaње, тукa некaде се врти муaбетoт.
     
    На ivi1987 и rose60 им се допаѓа ова.
  18. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    I najcesto se i samite nevraboteni, ili zemaat mnogu pomala plata od sopruzite, a bitno tuka zboruvaat za ambicija i dostignuvanja nekoi si. Toa sakav da kazam i porano,vie da zemate pogolema plata od deckovcite pa da ve razberam deka ne vi odgovara, ve koci, vi smeta vo uspehot, ama i vie kako niv isto, samo ste imale zelba za poveke, koja pretpostavuvam i na zelba ostanalo seuste nisto od realizacija a plukate i vregate po deckovci.
    Nikako ne opravduvam neambicija i nemanje zelba za uspeh, ama treba da trgnete od svoj uspeh prvo pa posle da kritikuvate.
     
    На baby-star, samovila.red., eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Како се измешаа бризините на темава тоа е чудо едно. Де кажете ми вие каде тоа видовте во еден пар/врска/брак и двајцата партнери да имаат еднакви примања?! Многу е мала веројатноста за такво нешто. Па мажот и ТРЕБА да има поголеми примања од жената, јас така сметам и не ми е срам да го кажам тоа гласно. Тоа не ме прави материјалистка и не сум, зашто знам какви парнери сум имала. Ако е маж нека биде стварно маж, да се чувствуваш стабилно покрај него во секоја смисла, па и финансиски. Или само треба алатот да му е голем, па платата и не мора?!
    Со ова не велам дека жената треба да биде само барби грл и да дреме по кафиња, козметички салони и бутици катаден.
     
    На tanja manja, eloves, rose60 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Нејќам маж ми (кој го немам) да заработува повеќе од мене. Ич не ми е природно да е така.]:) Клета феминистка сум. ]:)

    [​IMG]
     
    На Trnche, Mare.bm, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.