Не знaм дaли е сaркaзaм, небитнo, нo мене не би ми сметaлo ни трипaти пoвеќе oд мене дa земa. Сaмo не велaм декa мoрa, oти сaмo тaкa сигурнa ќе сум. А тoa е всушнoст муaбетoт
Ич не е сарказам. Само кажувам...не ми доаѓа природно дека маж ми треба да зема повеќе плата од мене. Дал би било ок ако зима? Да..ама, да ми е као правило, или да ми е нормално... сори, не ми е. Она..еднакви плати за мажите и жените за што е воопшто дискусијата ако ми е природно да тој заработува повеќе, особено ако сме во иста професија?
А кај прочита ти оти МОРА?! Реков треба и реков дека едноставно скоро е неизводливо примањата на партнерите да бидат еднакви. Согласно на тоа реков дека треба она на мажот да е повисоко. Ама наапана си вечерва (а кога не си била?!), па мора да си отвориш пат за некаде да блуеш навреди. И не гледам ништо самодеградирачко во тоа, секој за себе си е свесен колку може и вреди. Но не секогаш тоа е платено соодветно. Башка, партнерот ако те цени, ќе те цени и ваква и онаква, и со 100евра помала плата од него и со 300евра повисока. Ако не, ако сака и лири од џебовите нека ти течат, џабе е.
Дај боже еден да заработува повеќе, па и многу повеќе од другиот, но за мене е самодеградирачки ставот дека јас треба да бидам таа која заработува помалку и тоа да биде кажано како најнормално/очекувано само бидејќи јас сум жена а он маж.
Сериозно ли Бриџит не ја разбра. Појасно здравје. Ние феминиските го дрвиме дека жените заработуваат/се платени помалку од мажите за истата работа...уште да ми е природно да е тоа така. Да одам да се отепам. @Bridget
Мене па не ми е битно кој заработува повеќе се додека не е сељо што мафта со картицата и го омаловажува мојот труд и примањата кои со пот ги имам спечалено. На крај краева нели во брак заедничко е се,па така и парите на еден куп ставени. Муабетот го извадивте од конотрола комплетно. Не е докажувањето кој колку има и мерењето к*р со другите ами тоа дали некој сака да се бори за подобра иднина или му е сасвим ок да живее во 50 квадрати со 4 генерации уз него. На таква амбициозност се алудира од самиот почеток на дискусијата. И тоа не се однесува на оние кои ете немаат и неможат туку на оние жени и мажи кои дремат на фотеља со даљинското во една рака а со другата си го драпаат мевот пошо ете битно покрив над глава имаат а тоа што се стискаат,се нервираат,снаа и свекрва очи си вадат е небитно.
А зa тoa кoј пoвеќе кoј пoмaлку зaрaбoтувa, свекрвите ли се винoвни? И не ве разбирам. Штo е вaжнo кoј кoлку зaрaбoтувa? Oнa штo е вaжнo е кoј зa штo ги трoши пaрите.
Пa кaжи им тoгaш двa три збoрa нa другaркиве зa aмбициoзнoст. Oти пoмешaле некoи рaбoти, кaкo свoјa и туѓa пример.
Јас пак морам да се сложам со @Offspring. Само едно нешто гледам дека не земала во предвид - колку е девојката/жената амбициозна, или кои и се амбициите. И јас за себе и за својата врска имам пишувано, иако денес тие што не ме знаат често знаат да ми кажат дека “сум си ја наредила“ (во смисла, дм заработува многу). Муабетот ми е друг. Сме поминале и ние период во кој не сме имале пари за превоз до работа и за појадок. Ама, сме имале големи амбиции, и јас и тој. Секој со својата професија, секој со својот начин, но и двајцата со заедничка цел. Не е советот на Офи да најдете богат маж, туку амбициозен. И снаодлив. И храбар. За мене е неразбирливо да работиш за 7000 со години и да не ти дојде преку глава, да баталиш се и да фатиш џаде што било да правиш, за да си ја подобриш состојбата. Ни јас не би издржала покрај таков човек. Офи нема сериозни проблеми со свекрвата затоа што не мие заби на исто лабаво насабајле. Не користи иста машина за алишта. Имаат различни адреси.. и има маж кој знае дека е сега сопруг, не само син, и кое семејство е сега приоритетно. Извини Офи што како пример те земав, знам нема да се потресеш, затоа
Добро, може малце глуп излезе муабетот дека јас него го блатам или незнам, мене поентата ми беше да ја нагласам неамбициозноста на тој човек, што многу допринесе за тоа врската да заврши и не продолжи со брак. Јас стварно никогаш не сум гледала кој колку има, нозете ги пуштам колку што ми е чергата за се во животот, и за воља на вистината никогаш не сум имала во животов некој богаташ А далеку од тоа дека дечкото е лош во душа или нешто ми згрешил. Напротив, се разделивме во многу нормални околности, и ден денес тврдам за него дека во себе носи добро срце и душа. Ама не ни идеше, и подобро што заврши и што не се земавме така од немај каде. Си беше и вреден и сето тоа стои, ама несакаше да напредува. Се задоволуваше со малку. Еве еден пример. Додека работеше му понудија да биде шеф на маркетот. Несакаше, затоа што на платата би му ставиле само 1000 денари плус,а многу одговорност ќе имал. Додека јас би изиграла поинаку. Ќе прифатам да бидам шеф и без да ми ја покачат платата, ама утре кога ќе си заминам од тоа работно место ќе ми стои во CV дека некогаш сум била шеф. И дека од обично работно место сум се помрднала малце понапред. Колку и да е. Јас никогаш не грешам душа, ниту зборувам на празно. И за свекрва ми реков, може толку и сече на жената, може не обрнува внимание на некои работи, ама далеку од тоа дека нешто ми згрешила.
Најважно нешто во животот е за каков човек ќе се омажите/ожените. Не постои желба, амбиција, надеж што лош маж/ жена не може да ви ги уништи. Не дека сите ќе станеме милионери ама со лош маж ни ручекот нема да ви се погоди, да не зборувам за работа, создавање семејство, градење дом или кариера.
Сосема е надвор од темава, ама зошто ТРЕБА платата на мажот да е поголема? Поголема глупост не сум слушнала. Она што е битно е двајцата да се на ист колосек - ако двајцата се задоволни со минимални примања, и лежење цел ден, во ред. Ако двајцата се амбициозни, уште поубаво. Ако едниот е амбициозен, ама не му пречи (може и му се допаѓа) што другиот не е, супер. Проблемот настанува ако едниот партнер не се согласува со животниот стил на другиот, било да е тоа поактивниот што се нервира со другиот, или пасивниот кому му сметаат сфаќањата на другиот. И сосема е небитно кој е кој пол, иако кај нас е почесто на поамбициозна жена да и пречи пасивен маж, или на пасивниот маж да му пречи активната жена.
Абе човек да не искаже мислење. Колку скромни женчиња на форумов, а надвор реалноста друга. Да не може човек да си поверува и на очи и на памет.
Ne mi se odi kaj svekji sega za praznicive a mm me tera, momentalno ziveeme kaj moite, ama ne mozam da gi podnesuvam negovite, mu rekov deka ne e fer so godini ziveevme tamu sega sme kaj moite, treba da znae da napravi kompromis, a ne da me tera da im bacuvam noze i da im se klanjam na sekoj praznik.. kazuvajte care ne znam so da pravam samo se dere i mi vrsi pritisoci zaboraviv da spomnam, oni se lugje koi sto mn, sakaat da se falat i da vregjaat, se pravat najnaj najpametni najubavi i slicno, io taka bese so godini, jas i mm bevme cergi za brisenje noze, si lecea komplexi na nas, ne mozam da gi podnesam, a mm me tera da odam kaj niv na sekoj praznik da im se klanjam.
@akvarium, колку и да се за никаде, за атер на мажот можеш да одвоиш два, три часа неколку пати во годината и да отидете до кај нив да честитате празник. Бацување нозе и клањање секако дека не доаѓа во предвид, но едно кафе, парче торта и блабла муабет на Божиќ и Велигден не е трагедија. И не заборавај, компромисот е секогаш двонасочен
@akvarium , дали кога живеевте кај неговите одевте за празници кај твоите? Нему му се родители, какви-такви, сака да ги види за празник, а не сака сам да оди за празник, глупаво му е сигурно, сака да се соберете семејно, а какво семејно ќе е без вратот на куќата ? Јас искрено со стресови и притисоци на работа, паметот ми е само во празнично собирање на семејството (затоа што нели други денови потешко малку) и во летниот одмор, ако можам да си го дозволам во таа година и доколку во иднина некогаш партнерот ме притиска да одам сама таму каде целта е да се соберат сите на куп, би го гледала со сосема други очи, во најмала рака а и на моите би им било незгодно сигурно, ќе се прашуваат дали нешто направиле, а нејќам така да се чувствуваат. Има луѓе поврзани со нивните и со годините само се зајакнува таа врска. За кои празници идете, Божик, Велигден и нивната слава, така? Три дена во годината се, стегни заби, истрпи ги, какви се, такви се, ако имаш некои други роднини од кај нив со кои ти оди муабетот, опушти се со нив, ќе видиш, ќе заборавиш дека си всушност кај нив дома. И зошто клањање и тинтарење? Убав збор, насмевка, среќен празник, живи, здрави, повеќе не треба. Празниците се за многумина повод за семејни средби. И не можеш тоа да го смениш.
Па отиди атер за маж ти. И не мора да се замараш шо рекле, како рекле, бар у денешно време коа се има и алатка за игнорирање. Телефонот во рака, колку и да е некултурно, и исто ко да не постојат.