Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Се согласувам компромисот е нешто што во здравите бракови го има, но кај нас ете го нема, јас еве и да отидам кај неговите он тоа не би го направил со мене, со еден другар се скарав заради него а се дружиме повеќе од 10 год, ајде машко и женско не се дружеле, ок, но сега сака да се скарам и со една моја другарка, не сака да излеземе со неа и со маж и, проста, злобна била, не знам уште што не изнакажа за неа, значи јас ако можам да направам компромис, сметам дека треба и тој да се потруди, а не да ми споредува, па тие на него му биле родители а таа на мене ми била само другарка, да само другарка, ама се дружиме повеќе од 10 години, така што компромисот не е двонасочен.
     
  2. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @akvarium Не си смеела да дозволиш да ти одредува со кого ќе се дружиш. После 18-та година на мајки што се вели не даваме да ни се мешаат (иако ко за иронијата да биде поголема, често се во право), не пак на партнери. Проста била, како па да не. Да не е малку поитра, па се плаши да не ти ги отвори очите да престанеш да му ја исполнуваш секоја желба? За другарства, машки, женски, небитно, нема компромис. И другарствата со нив придонеле во тоа што си денес, како тоа пред бракот не му сметале. Не знам за тебе, јас немам никаква толеранција кон вакви испади. Да испочитуваш родители негови за празник е едно, да си присилен да носиш вакви големи одлуки е сосема друго.
     
    На CameliaMiller, kjukli, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Најчесто многу "амбициозните" женски, кои бараат потенцијален, амбициозен и по некоја "случајност" зафатен дечко, се женски кои немаат ни ден работно искуство, но важно имаат желба за голем потенцијал, големи амбиции и успех.
    Да ги обвиниме само дечковците, кои моментално работат за минимална плата, а притоа се класифицираат во неамбициозни за мене е необјасливо, чак дури и себично размислување од страна на "премногу" амбициозните девојко.
    На крај краева зошто јас, лично со мојот потенцијал и амбиција не би си постигнала личен успех, туку да чекам мојот маж да ги искористи своите ресурси на потенцијал, амбиција или уште подобро, неговиот капитал..
    Дискусијата може да нема крај, но да речете дека е подобро да раскините врска, ради неговата моментална позиција на работно место, мене ми е тотално не во ред и апсурдно.
     
    На Cka, Salome, mila89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Леле луѓе свекрва ми многу почна на живец да ми гази откако се породив.
    Уште на сам старт се договоривме дека за блиските 40 дена нема да чекаме за да ја видат малата. И мене искрено ми е непријатно на некој што сака да дојде да му речам извини неможе... Башка во бабини деветини не веруваме нит свеки нит јас. Моиве гости почнаа да си доаѓаат а од кај нив никој. И и викам абе вашиве кај се. Вика па ке чекаат 40 демек по нивна желба и на тоа додаде абе сепак треба да се има осет... Многу лично го сфатив тоа.
    Друга работа... Кога ме испуштија од болница земавме ад млеко за дома да ја дохраниме ако има потреба. Она бидејки не доела никогаш, исто и мајка и, а и ќерка и ми внесе во глава дека немам доволно млеко. Наместо она сама да ме тера да бидам упорна она а заплаче малава одма леле гладна е леле ете не и доволно твоето, а може и не е хранливо доволно дрн дрн. Абе тресење шо да ви кажувам. И цело време коментира абе демек вака барем знаеш колку и даваш количински... Еве веќе 5 недели и нема ден да не испие барем 3 шишиња дохрана од по 70 мл а некогаш и повеќе. Ме гледа дека ја дојдам и само што ќе ја надојам малава ако заплаче одма се врти да праша дали е гладна. Бебето па ми се погоди алчно да е жива. Цуцлата лажачка многу стрвно ја цуца некогаш и оваа одма ете гладно е детето.А се симнеме доле на ручек малава па ко за беља одма се рескенкува и иако сум и кажала дека само што пиела ад млеко она пак ке почне да си збори. Како гладна да е, види како ја цуца цуцлата, како да бара со устето ... И јас и давам ад на малата бидејки во некои периоди од денот стварно немам доволно млеко ама незнам зашто ужасно ме нервираат коментарите на свеки. Се додека не види дека и давам од шише она 50 пати ке ме препраша дали е гладна.
    Се понаша како она да и е мајка некогаш. Едвај чека да и дадам дохрана и трча по шишето она да и даде. Кога ручаме малава ако заплаче одма трча она прва.
    :@
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Сака да ја дохрануваш за да може да и ја оставаш нејзе да ја гледа ]:)

    Многу од бабите кога ќе им се родат внуци настојуваат да бидат втори мајки (море први мајки:!:) бидејќи кога тие биле мајки не се реализирале (поради обврски можеби).
    Не треба да им се лутиме...
    НО....лесно е вака од страна да кажеме, оди живеј во заедница со неразбрана баба, се ќе ти преседне.

    Јасно и гласно уз муабет (не налутено, не со лош збор) да и кажеш дека е добредојдена кај тебе секогаш, но дека ти си мајка на детето и ти си одговорна за се во врска со него и замоли ја да не превзема ништо беа да те консултира.
    Тактика малку со неа.
     
    На buba4e89, Glasna, kukla21 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.201
    Пол:
    Женски
    За да ја чува бабата да и давам АД? Аууу, зарем и ваква лудост има?!
    Не се однесува Рефи на тебе муабетов само се запрепастив:devil:

    Читав статија од УН дека само неколку% од жените навистина немаат млеко, се друго е сплет на ситуации и околности!
     
    На *Ѕвездичка*, galapce и referentka им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Недоењето е само поради тоа што мајката е недоволно упорна, од незнаење или си има ,,врзано,, во глава дека несака да дои.
    Не влегуваат овде разни болести и проблеми...само за драви мајки пишав.
     
    На butterfly4, mareane, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    @Dioora ти жено не треба да молчиш и да се нервираш, најмногу НЕ во овој период.
    Зошто наместо да молчиш и да плачеш во себе во твојот најубав мајчински период не застанеш пред нејзе и јасно и гласно да и кажеш да ти даде простор, простор за тебе и за твоето дете, зошто не и кажеш дека жената несвесно или свесно претерува дека треба да олабави со најзините мајчински инстинкти и понашање.
    Наместо да уживаш уз твоето дете во овие бесценети моменти ти секојдневно се јадеш себе си и молчиш, не, НЕ молчи, кажи и, кажи на сите дека ти треба простор за тебе и твоето дете, простор за живот и спокој, простор за споделување и доживување на најубавите моменти од твојот живот.

    Ако продолжиш вака само ќе паѓаш кон дното со твојата психа.. и нема да ти е подобро ако не знаеш да речеш некому НЕ!
     
    На *Ѕвездичка*, Girl-Rabbit, tanja manja и 4 други им се допаѓа ова.
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Јас пак не видов некој толку голем проблем, како што по обичај можи да се преувеличи.
    Мајката нема доволно млеко и ја дохранува малата со Ад. Свекрвата, сигурно нема лоши намери доколку се интересира за развојот и оброците на малата. Па во случај воопшто да не праша како е бебето, одма ќе се напрај филм, како таа не е баба, не се интересира итн.
    Јас стварно не знам зошто самите си создавате упорно услови за нервози и кавги, онаму каде реално нема проблем?!
     
    На butterfly4, anakonda88 и galapce им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    И јас исто не видов проблем од напишаниве работи од страна на свекрвата,освен она постојаното за дали е гледно малото.
    И не мислам дека е со цел за да и го остава.
    Баш паметно што не доаѓаат од нивна страна и оставаат да се прилагодите,пркните,опоравите.
    За доаѓање,цел живот пред вас.

    Камо мојата да рипаше за јас на раат да се најадев. Јас ќе сранам,син и,таа нема шанси. Најгладна и прва седнува кога имаше дојдено на почетокот.

    Поубаво од тоа што те подржува и што се сложувате околу неприфаќање на бабини деветини,здравје.

    Види објасни и околу хранење да не ти се меша а за другото?
    Цени дур имаш.
    Колку што можеш врти ја водата на кај себе,нека ти помага.
    Чувај си ја силата,ќе ти треба. И цени ја помошта,доколку ја прифаќаш и ти треба.
     
    На CameliaMiller, butterfly4, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Па да можеби и не е некој проблем, благодарна сум што ми се наоѓа, фала богу. Јас вината си ја наоѓам и кај себе. Овие глупави 40 дена ќе се поремери човек, апсолутно се почна да ме нервира и да ми мава на психа. А јас сум си преосетлива, се си сфаќам при срце.Ме утепа тоа што немам доволно млеко па сите ми искочија криви... :( Морам да престанам да се замарам.
     
    На CameliaMiller, rose60, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Со дечкоми сме заедно четири години. Проблемот мој е од финансиска “природа”. Живееме заедно две години, во моја кука кај што сме сами. И све тоа ок, ние функционираме најнормално како двојка. Тој заработува и повеке од добро за нашиот стандард, но проблемот е што повеке од пола од средствата ги прака на неговите. Лугево се апсолути губитници, ништо во животот не му пружиле од материјална гледна точка, ни образованието за кое се жртвувал.
    Не е човек што средствата би ги трошел на работи за кои што јас незнам.
    Цело време сме заедно, се знаеме кој сме, што сме, од каде сме. Премногу штеди за него за нив да може да им пружи пристоен живот и на крај на месец ништо не му останува. Кога ке заглави во финансиска фрка јас финансирам. Незнам шо да правам, премногу е, размислувам какво би било новото утре кога би биле во брак и би имале деца.
    Овде го ппостирам проблемот пошто сепак е поврзан на некој начин.
     
    На CameliaMiller и rose60 им се допаѓа ова.
  13. Golden Rose

    Golden Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам. Во ред е да ти помогни да ја подземе малата да води грижа. Ама тебе те нервира тоа што те напнува. Не биди нервозна туку јасно и смирено кажи дека сега и давав храна и не ме прашувај цело време те молам, нервозна сум и така. И повтори и неколку пати оти таа нема да сфати од прва. Имам една таква дома, сто пати истото и како без компас ама битно ќе ти изоди на нерви до крај. Не се нервирај треба да ти биде најубав период уживај со малото и мт. Ти честитам нека расте големо :inlove:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Дали си разговарала со него околу овој проблем, и каков е неговиот став ?
     
    На rose60 и Gerbera им се допаѓа ова.
  15. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @lidu6
    Отворено ќе разговараш, ако не сега-кога? Ако сега нешто вакво ти смета, во брак 10 пати повеќе ќе смета. Дај да ти плаќа кирија и пола сметки, ако не. Ако вашето домаќинство нема право на неговата плата, ни тој нема право да седи таму за џабе. Кој е он да ти седи така?

    Човек кој не сака да даде од платата на некој друг освен на мајка му и татко му, не е ни спремен за нешто повеќе од татино и мамино синче. Не го мазеле изгледа доволно како мал,викаш не му пружиле ништо, па сега сака преку лишување на новото домаќинство да им се додворува, друго објаснување не гледам.
     
    Последна измена: 5 мај 2016
    На CameliaMiller и rose60 им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    @Gerbera да не претера малку? Немаше девојката напишано цела плата, туку дел од платата. Трошоци за живеење сигурно покрива и тој, и самата таа имаше напишано дека платата му е солидна. Веројатно сака да помогне на родителите и нема ништо лошо во тоа штом средствата му дозволуваат.

    @lidu6, не си ти никоја за да кажуваш што неговите му пружиле и какви губитници се. Знае тој што му пружиле и штом мисли дека треба да им дава пари, не можеш да го спречиш. Ако не ти одговара, разговарај и кажи му што мислиш, а вакви нешта за неговите родители не смееш ни во себе да помислиш, освен ако тој не ти рекол точно така - дека се губитници што не му пружиле ништо (во што се сомневам, зашто во тој случај не би им давал пари).

    Друго - не бил човек што средствата би ги трошел на работи за кои што ти не знаеш. Иако живеете заедно, сепак треба да има барем некаква независност и ти немаш никаква потреба да ги контролираш неговите средства. Кога ќе заглави ти финансираш. А што е тоа што го финансираш?

    Не знам, ми изгледа дека премногу си ја разработила економската страна на вашата врска. Штом мислиш дека е проблем - разговарај. Мислиш дека ти имаш повеќе право на тие средства отколку неговите родители? Кажи му. Мислиш дека тоа што останува не ви е доволно за да остварите некои планови за иднина? Кажи му. А овде на форумот, никој не може да ти го реши проблемот.
     
    На Glasna, rose60, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @LivingGlam јас сфатив дека за дома не останува ништо, дека кога е криза од нејзини финансии се извлекуваат и дека не вложуваат рамномерно. Со оглед на тоа што не се на неутрален терен, туку кај нејзе, не е баш фер.
    Ако погрешно сум разбрала, се извинувам.
     
    На CameliaMiller и rose60 им се допаѓа ова.
  18. *Ѕвездичка*

    *Ѕвездичка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2016
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Е ај реализирај го тоа без лутење. Се што е кажано се сфаќа ко за инает, ко на кавга....а како да дозволам некои работи??? Мојава на пр на син ми му се обраќаше како да и е незе дете, мамино, сине...и викам на смеа, да не згреши? Не намерно му викам така...е ај не пијај!!! Еднаш, два пати така и ми скисна. И после ние сме лоши!!! Детето треба да знае која му е мајка а која баба!!!
     
    На kukla21, rose60, mama31 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    @lidu6
    Додека родителите не се свестат, да му речат сите не давај, си имаш свој живот, штеди си за себе и слично синот сигурно уште ќе дава. Додека најголемиот дел од младите уште не женети живеат со родителите, а работат, и денар не оставаат за дома, од друга страна пак имате вакви случаи......и едното и другото не е исправно според мене.
    Абе ајде, додека сте во врска неможеш многу да му се мешаш како ќе ја троши платата, ама во брак друго е, и ако сега не се постават работите после ќе има проблеми. Плус, те иритира тоа што во твоја куќа живеете, во иднина ќе биде домазет ( и сега е ама не официјално), а ваму дава пари на неговите и тоа како што рече повеќе од пола плата, и мене би ме иритирало богами.
    А да не има некој болен од неговите, да не имаат некој долгови и слично, или онака им дава пари чисто да го поминат месецот?
     
    На CameliaMiller, eloves, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Oва па со сине/ќерко коа ке размислам мајка ми на сите со сине им се обраќа- на мене, на другарките мои, на братучетките мои па и обратно тетка ми мене со сине ми се обраќа еве не памтам некогаш некој по име да не нарекол. Можеби мајка ми потајно сака другарка ми или братучетка ми да ги има за нејзини деца или тетка мене ме сака за нејзино дете па така ни се обраќаат. Еве не знам. Уште па другарка ми ја кошка мајка ми и вика - Посвој ме мене што ке ти фали , школо завршив работам ме знаеш мирна сум ке си имаш уште едно дете. Ваљда треба да се наљутам што ми коваат такви работи позади грб и сакаат да ми го земат местото.:devil::devil:


    @lidu6 како тоа на крајот од месец кога ке заглави ти финансираш? Раамноправно финансиски учествувате во вашето домакинство? Што знам мене не ми пречи да се помага на родители се додека од дома не се вади до тој степен да не можеме месецот да го прегураме. Крај краева какви и да се негови/мои родители се и не би сакала да се мешам во неговиот однос со нив како што не би сакала тој да се меша во мојот однос со моите се додека како што кажав тоа раздавање не не стави на просјачки стап.

    И како тоа е домазет и така се гледа потценувачки на фактот што тој живее во нејзини куќа , ама кога невеста ке отиде кај него/неговите дома одма се рипа за рамноправност па тоа е и нејзино по дифолт , како смее она да се деградира пошто дошла кај мажот да живее. Многу двојни аршини ударате. Он пошто живее кај нејзе во кука е шмогле што треба да кути и да се клања, ама невеста коа ке дојде кај зетот тогаш она треба да биде третирана ко кинеска краљица.
     
    На AngelOfArh, eloves, samovila.red. и 13 други им се допаѓа ова.