Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Свекрвата и парите – најчести причини за кавга на паровите
    За што се расправаат паровите? Истражување на Philips покажало дека парите, домашните обврски и свекрвата се топ причини за кавга на паровите.

    Резултатите покажале дека лошото менаџирање на парите, отсуството на заштеда и пренатовареноста на жените со домашни обврски редовно предизвикуваат расправии.

    Освен тоа, кавгите започнуваат и поради консумацијата на алкохол, што да се гледа на ТВ и времето неопходно за подготовка пред излегување.„Паровите секогаш ќе се расправаат. Дури и за тривијални нешта како кој да го држи далечинскиот управувач, оставањето на мокри крпи на подот или предолгата подготовка за излегување“ – изјавила Денис Харвин, претставник на компанијата што стои зад истражувањето.

    Истражувањето, кое било спроведено со учество на 2000 Британци, покажало уште и дека жените победуваат во три од секои пет расправии, а две на секои пет жени се подготвени да се расплачат за да биде по нивно.

    Но, не плачат само жените. 13% од мажите признале дека повремено пуштаат по некоја солза.

    Мажите почесто се повлекуваат од расправиите, признаваат дека погрешиле и се извинуваат за да го вратат мирот.
    Превземено од фемина
     
  2. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Немој да се плашиш,И јас имам син иако е мал секогаш викам дека тоа што мене ми го правела јас ни под точка разно нема да го помислам а не да го правам. Најтеско е да молиш за помош најблизок. А сепак мораш да чекаш од неа да ти помогне.
    Дај бозе да остане како сто е сега ти посакувам цел живот да е така. Иако не се знаеме посакувам се најдобро. Верувај дека има случаеви јас познавам многу како твојот, биле и останале такви и свекрвите и снаите се како другарки.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Точно...скокаат ли скокаат дури се на нозе па после ко ќе паднат со тужните фаци „елате деца мили“. Ае мрш таму, се си се заслужува, нема тука крв, секој раѓа па што, треба медал да се даде? И после се жалат, „децана не дојдоа да ме видат“. Како ќе сакаат да те видат бре, си им ја загорчила младоста сеа касно е.
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Зошто ако некоја напише дека ја сака свекрвата и дека супер се слагаат,некој одма подбуцнува нешто :^) :lol: Ееее какви сте,лошки :talk:
    Инаку,можно е ,иако и јас сум скептик.Сум видела некои случаеви,ама претежно оние свекрви што имаа два сина и две снаи.Кај оние што имаат ќера-no way.Никогаш снаата нема да биде посакана од ќерката,и ајде донекаде разбирам.Имам комшивка,која е од друг град кај мене мажена,со мајка и се далеку некои 100тина км.Мајка и си има снаа и кога доаѓа на гости нонстоп ја фали,а оваа ко љубоморна и е,и почна нонстоп да збори против мајка си,а цело време да е со свекрвата.Може ја сака,може и прави лице.Сепак се слуша со неа повеќе од мајка и,на фб има слики со неа-а со мајка и јок,секој ден си одат а кафе,ручеци,оваа доаѓа навечер да и го навади дворот,и чисти дома,и мие садови,и прави ручек вечера и се оди :tmi: Велам,може е лице правење,дека оваа многу и помага,и околу чувањето на децата.Сепак ,се осеќа некоја хармонија меѓу нив,да ти е мерак да ги гледаш.
    За љубов не сакам да зборувам,зошто е јасно колку два и два,дека нити таа нити јас неможеме да се сакаме толку силно,колку што ја сакаш сопствената крв.Но,зошто да го нема она почитување,основно почитување,прво како човек,како личност,а потоа и кон се друго?Да се има обид за заеднички јазик,барем обид.Ако не испадне,барем си пробал.Друго,сите оние кавги и сплетки што се прават,најмногу влијаат на средното лице,лицето меѓу вас-синот и мажот.Нему верувајте му е најтешко.Секој сака слога во домот.Но некогаш е невозможно,и најубаво да се стори она што ви одговара вам,со добро разбирање со мажот -се се успева.А ако сте сама,тешко.Мора да ја има неговата подршка,тоа е најважно :!:
     
    На Sun.shine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ве читам и се нешто свекрвиве ви се криви за се. :^) Хм, да жени се поискусни се во тој дел, ама не сте бре и вие снаи цвеќиња за мирисање. Убаво пиша Ели зошто едно почитување да нема? Колку само примери знам снаите кај нашле па и зашле и плус на се тоа што им е угодено немаат ни трошка почит. Е таквите богами јас не би ги тинтрала. Кога се омажила знаела дека доаѓа во друга куќа и нормално треба да покаже интерес за тоа место и тие луѓе и почит. Да се прилагодува, а не да тера инаети и да си прави она како и одговара, додека некој друг и преќутува и угодува, слугува па и ја испочитува. Факт е дека љубов помеѓу снаа и свекрва нема, ама почитувањето е потребно за подобро да се функционира.
    И едните жени и другите жени, тоа доволно кажува ... А утре некоја од вас ќе биде свекрва односно свекрива па ќе ве прашам како ви е со снаите. ;)
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Тој ден дошло до расправија меѓу бремената жена, нејзиниот сопруг М.С., свекрвата Д.С. и золвата Е.С. Во кавгата во семејната куќа во Канатларци свекрвата почнала да ја удира снаата токму по стомакот. За да се спасат себе си и бебето Џ.С. и нејзиниот сопруг избегале кај нивен роднина, но гневната свекрва и золвата ги стигнале и таму и продолжиле да ја тепаат снаата со навреди зошто е бремена. Овој пат ја тепале со стап.

    По силното тепање жената добила крварење. По лекарскиот преглед и биле констатирани телесни повреди. Таа, најверојатно како последица од тепањето, го загубила плодот. Прилепската полиција го расчистува случајот – соопшти МВР.



    Греота стварно!!!!!
    Зошто никој не и кажал на девојкава дека треба да се почитува свекрвата!
     
  7. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Добитна комбинација-свекрва золва :D Сиротава си го изела подебелиот крај :D
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Многу пати имам пишувано на темава, го знам тоа, ама секој ден различен карактер ми прикажува свекрвата.
    Последново понашање во овие 3 месеци.


    Моја свекрва е главна дома.
    За се.
    Готви, пушта перална, главна за пречекување и испраќање гости, има слободен пристап до секое катче во куќава ( и на нејзиниот спрат и на нашиот).
    Пробав да ја променам ситуацијава.
    Но :!: ...
    Моето готвење не чини. ------- Додека таа од 7 дена, 5 дена главно јадење и се компири.
    Многу прашок ставам во машината. ----- Она става четвртина од она што е потребно да се става, затоа алиштата не и мирисаат на чисто, свежо.
    Млада сум и не знам како треба да постапувам со гости. ----- Затоа она знае, на секој гост што дојде ако не е најавен претходно, освен кафе друго не му дава. На претходно еден ден најавените гости им послужува и кикиритки.
    Можеби нешто ќе заборавам каде стои (нели млада сум неискусна |( ), затоа она мора да знае се каде е сместено. ---- Затоа често се врти како мува без глава и си збори на глас: каде го ставив она....

    Си готвам само за мене, си перам како што сакам (ама затоа морам да кришум да ја пуштам пералната, оти ако ме види, по мене го вади прашокот што сум го ставила), ја оставам да пречекува и испраќа мои гости (го чекам вистинскиот момент да ја освестам што прави), ја оставам да чепка насекаде, се надевам кога ќе ми го најде вибраторот веќе нема да фаќа :D (туффф само да не го позајми :rofl: ).

    Ова е делче од големата сложувалка наречена свекрва.
    Секое мое добро однесување е наградено со :devil:
    Ваква помош?!?! НЕ БЛАГОДАРАМ, повеќе ми одмага отколку што ми помага.


    Ама ако... Секој ден си повторувам дека јас сум виновна, јас барав да живееме заедно со нив, се согласив свесно за тоа, ама несвесна за последиците. Ова ми е добро школо.

    И покрај сите гнасни работи од нејзина страна, сепак кога правам кафе на маж ми, ја прашувам дали сака, од време на време ја ословувам со мамо, си преќутувам на нејзините непотребни коментари и си велам:ај стара жена е, да не и замерувам. Цело време се надевам добрината што ја пружам ќе ми се врати.

    Сто пати и имам кажано што да не прави,да внимава,знам дека не може се да е перфектно, ама таа воопшто и не се труди да се поправи. Ама очигледно со разговор не се разбира...
    Знам дека ќе дојде и моментот кога ќе распукне тиквата и ќе се дерам, може така ќе сфати што и кажувам (можеби е глува, иако до сега не сум го тоа приметила) :D .

    Во краен случај следење на поговорката: Клин со клин се избива. :angel:


    А за нејзиниот однос сега кон бебето, не сакам да коментирам, секој коментар за неа е излишен.

    П.С А за финансиите да не спомнувам, само леб купуваат они, останато ние, и пак се жалат они немале пари :D
    Каде ли ги трошат ?!?!?!?
     
    На MSkorpionka и eli25 им се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.967
    Блонд,а имаш золва?
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да, а золва ми е многу добра жена, мажена си е, има големи деца. Си има таа понекогаш испади, ама Боже мили никој не е совршен, така да со неа супер се погодуваме.
    Сум правела со неа муабет за мајка и и ми кажува дека не била од секогаш таква, сега последниве година-две почнала така да се однесува.
    Ја кара золва ми неа, ама така површно,џабе кога не фаќа ука. Уче се теле, а не вол.
     
  11. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Свекрва и золва=добитна комбинација :D Шала на страна Блонд, браво! Читам и се чудам, зарем постојат такви терсене женишта. Ретко која снаа денес знае да истрпи таква тортура дома без да отера се' од каде што дошло, секоја чест! :bow:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ке си отидеш во 10сатот дома, после две смени (16часа значи) на работа, целата во радоси дека конечно ке се најадам како човек и нема повеке да ги слушам цревата во стомакот како ми завиваат, како врколак на полна месечина, а дома спрајзззз, нема никој, ни ручек ни вечера ни ништо.
    Мојата драга и мила пресвета свекрвица си заминала на шетка со маж и и керка ми, а јас си легнав гладна, оти продавниците беа затворени сите.
    И за да биде сето залиено со шлаг ми донесоја гости во 1саат по полноќ, братучеди некои на свекорот со 3 деца, па ги сместија во дневната која лепи со мојата спална и почнаа да си редат муабети.
    Луѓе ми се идеше да станам и да ја запалам куќата :@
    Денеска кога станав за на работа (пак сум прва смена ) очите вакви ми беа :drunk: .
    Епа неможам, нможам повеќе.
    Јас и маж ми не каниме гости дома за на нив да не им сметаме, да можат навечер да одмараат, а таа ем знаеше дека бев цела ден на раб и утрето пак сум дежурна, ми донесе гости дома бре. Ај да беше у нормално време ок ама у 1 по полноќ.
    Ке полудам или ке ме срефи инфаркт до 30та година. Знам!!!

    Значи сакав да кажам за чувството - непроценливо. Незнаеш да процениш дали треба да спиеш или да ги изрекетираш сите по ред.. :x
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Пеперутка, без нервози. Почни со правилото-памти па врати. И почни сама да си се сожалуваш бидејќи друг никој не те жали (наместо да чистиш и да готвиш дома, легни си и наспиј се).

    Кај мене пак, свеки правеше кафе за сите, освен за мене :wasntme:
    Нека памети таа кога последен пат јас и правев неа кафе (вчера), зошто во блиска иднина тешко дека
    е се случи тоа пак.
     
    На lolyta777 и eli25 им се допаѓа ова.
  14. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Блонд ја би си легнала да се наспијам, ама малово не ме остава на раат. Колку пати ке им речам да ја причуваат оти учам или сакам да одморам малку за вечерта да учам, тие за 10мин забораваат и детето е врз мене. Така да кога веќе неможам да одморам како човек ке чепнам нешто дома или ке излезам да ја прошетам. Па според тоа свекор ми заклучил дека сум била рашетарка, нон стоп кај мајка ми сум одела. :@ Па мајка ми е, ке одам кога сакам кај неа, маж ми штом не ми брани што има тој да се меша.
    Да ти и*ам животот... :@
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    РАШЕТАРКА хахах да непукнеш ме изнасмеа овој збор не сум го слушнала до сега :D
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Ти само смеј се, ама ако тебе ти рече некој така, нема да ти е толку смешно. :) Се шалам. Тоа ти е термин кај нас за некоја (обично жена) што повеќе е по гости отколку дома. Е така ме класифицира мојот љубен, ценет и поштован свекор.
     
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Гледав еден филм и кажаа неколку „вицови“ за свекрвите:
    „Мојата свекрва е како пиво. Ја сакам ладна и со пена на устата.“
    „Кога ќе умре свекрвата закопајте ја со главата надолу, за ако, не дај Боже, оживее кога ќе претка за да излезе, да оди уште подлабоко в земја.“
    Инаку, јас не сум мажена, па немам свекрва, но оваа мајка ми што ја има на никој не би му ја посакала да ја има. Права змија е. Баба ми е ама не можам да ја поднесам, алал да и е на мајка ми како излегува на крај со неа.
     
    На zdravkova му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    ова со очиве највеќе ме инпресионира :D
     
  19. zdravkova

    zdravkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    67
    Za zal najgolemata tragedija za pogolemiot broj na semejstva e zaednickoto ziveenje pod zaednicki krov.....zal mi e za site sto ziveat taka koga togas pukaat rabotite kolku i da se sakame i pocituvame....a ne se sakame i ne se pocituvame nitu mladite starite nitu pak starite mladite....zatoa sekoj SAM PA KAKO ZNAM!!!!
     
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Јас со сопругот живееме под кирија од проста причина што еден ден ке се оделиш и подобро е да се оделиш додека си во добри односи отколку кога ке се скараш. За они што живееат во заедница треба да имаат нерви како слон. Проблемот настанува што постојано снаата треба да се менува а не и оние што живеат таму.
     
    На Anyshka и zdravkova им се допаѓа ова.