окцензи секоја планина своја тежина ..... ај нека каже членката што родители се , дали дечкои се жалел некогаш дан бил малтетиран , дали се коцкари , на што ги трошат парите , и колку години имаат , па да ја рачистиме дилемата околу тоа!
А да не забораваме и дека има родители кои сметаат дека децата им се должни што тие од мали ги чувале и се грижеле за нив. Дека кога ќе пораснат тие мора да им вратат за се'. Па без осет се на терет на синот/ќерката. Комшијата го прашал татко ми зошто воопшто го финансирал нашето образование кога јас и сестра ми сме биле женски, кога јас ќе сум се вработела со мојот факултет и кога ќе сум земала повисока плата, тие пари кај маж ми ќе сум ги носела, а не тука во оваа куќа. Парите морало некако да се повратат. Како така татко ми давал, ама како во бунар да фрлал. Па и децата се растени со таа мисла и утре имаме вакви проблеми.
Ај секој нека си гледа својот оџак дома ,ако сакате на некого да дадете совет дајте,а не да исправате криви дрини тука , таа објасна и побара совет и дајте и го, ако не кога ке возврати да објасни е тогај напаѓајте ја ,вака џабе е дискусијава нема смисла ем напорни сте , секој се прај мајка тереза секој се знае да не ја тупам веке без навреда да не се навреди некој.
Види мила, девојката кажа на почеток: Потоа: Извини ама ако им требаат нови врати, прозори, шпорет, нека заработат. Доволно ми кажува за какви родители се работи. Има позитивни и негативни критики, ама кај овие само негативни. Девојката во последната реченица не гледа решени и побара совет, а не осуда и солење памет-има разлика. Не ги нападна на суров начин, туку ни доловуваше ситуација. Можеби не сака да пишува повеке детали, па се изрази на најкултурен ифин начин, кратко и јасно се искажа. Сакам да кажам има такви примери како нејзиниов многу. Има одвратни родители ( ако може така да се наречат) кои наместо да се радуваат ако нивното дете постигне повеке од нив, тие гледаат да го спуштат и свесно или несвесно да го осакатат. Во целава ситуација кај девојкава гледам вака: додека синко помага и иднава снајка не се буни, ќе црпиме колку што можеме повеке и ке чекаме од нив,а ние ке се излежаваме. Синко нека средува тука по дома, нека реновира, нека не храни и сметки нека ни прака, за да еден ден кога иднава снајка ке рече доста е, да се жалиме кај синко колку е безчуствителна и дека таа не е за него. Емоционално ке го уценуваме ( како до сега а може и повеке, па нели сме мајчичка и татичко) Потоа ке го навртиме синко на наша страна и уште повеке ке го користиме кога ке се врати дома, а по можност и ние ке му најдеме женичка која ке мора да кути и трпи,(некој аргат знаеш).... ахххх... го видов ова во мојата фамилија.
хахахахахаххахахахаха леле предходно се нервирав за феминкава, ама со ова се пресмеав. Поз го комши од мене срцка тој.
И да каже ако знае дали золвата помага, или само нејзиниот партнер ги издржува. Редактирам: Не планирав да пишувам, ме смрзи некако, ама сакав да се објаснам зошто прашувам за золвата. Имам неколку случаи кога мајката и таткото се наклонети кон ќерката и и даваат се, а за сметка на тоа му се бесат на синот. На пример, кај ќерката се пуштаат тенџериња со ручеци, се купуваат предмети и апарати за домаќинство, нова кола (а супер се ситуирани младите), а ваму пред синот кукаат дека се нема, немаме, не можиме... Стариот е инаку алкохоличар, пензионер со солидна пензија, а таа никогаш не работела во животот. Снајката си тргна грдни маки со нив, на сметка на золвата.
Ајде во ред , нека биди членката во право , нека му забрани на дечкото да прака пари , па нека умрат тие што не му направиле кука како родителиве на принцезата , што било тоа на 50+ години да не се работело , па тие се во цутот на младоста , работа има на секој чекор , државава ни е полна со работа а тие да не работет , што било тоа ! жал ми е за принцезава , наместо да ја носи по одмори да и купува луи витон штикли он ги издржава родителите , срам да му е! Ако некогаш родителиве од принцезава "заглават" тогаш може нив пари да им се даде! п.с. Моето образование го финансираше мојата баба , со нејзината пензија , моите родители беа невработени , али ако паднат во криза јас ке ги финансирам! Толку!
За какви точно родители се работи @okcenzi ? Еве просветли не? Оти те гледам вака сигурна си во се, па затоа... Инаку пропушти еден битен момент од постот на девојкава кој ти го цитираше. Значи според вас, доколку родителите не се моќни материјално да то обезбедат детето, тогаш се губитници, лоши, неспособни итн. Така ли? И после не биле материјалиски? Аха. Инаку, јас ние до сега многу пати сме помагале и на моите и на родителите на мм. Никогаш ниту сум прашала, ниту сум пререкла зошто ги трошат парите. Исто така сум била во позиција да имам повеќе од моите блиски, па сум финансирала “лудости” и “луксузи” како што вие тука ги класифициравте (одмори, облека итн) И не ми било жал Напротив, јас не можам мирно да спијам доколку знам дека јас имам и повеќе од што ми треба, а моите најблиски немаат. Не знам како вие можете да функционирате така. Јас не можам. Можеби сум глупава? Требаше да си ги чувам тие пари, па сега станот немаше на кредит да го земам, туку во готово? Ама затоа душичката и срцето ми се полни Парите се печалат
Едно ќе речам " Ако не можиш да му помогниш на човек не му одмагај" Еве ви пример: лани свеки моја од кај мм од работа даваја на рати и си се пиша, што беше поголема сума на пари по 3000 ден 9 месеци. Се договорила со син и дека ќе му дава секоја месец пари да ги враќа. Од тие 9 рати таа плати 3 рати а другите молевме колевме не ги даде немаше земено свекор ми пари незнам што, а на золва ми за да си се шета ваму таму имаше. Ионака на мм му ги запираа на платата па немаше обврска таа да плаќа. Затоа годинава пред да се пиши 100 пати му повторив да не пишува па ја излажа ваму таму па не пиша
Ке те просветлам, пошто знам за какви родители се работи, а ти очигледно пропушти многу битен дел За тоа дека била материјалистка да те просветлам За последниот болд пошто парите се печалат, тогаш и неговите нека ги спечалат. Нели лесно е. @anakonda88 ти слободно помагај си им на твоите, никој не ти кажа ништо и не би требало. Но немој да кажуваш луј витонки и останати глупости на девојка која е далеку од материјалистка. Него кажи дали ти би прибрала дечко кај тебе дома, да му го полниш фрижидерот, сметки да му плакаш, за да тој ја дава платата кај мама и тато м? Мене ми изгледа ко ти да си по луј витонкиве повеке, отколку “принцезава“ ( како што ја нарече) со проблемов.
@okcenzi ја да имам син, мене искрено срам би ми било така да го пуштам кај некое девојче и да барам од нејзина плата да им го крпи домот, а мене хировите за уредување да ми ги исполнува а јас здрава, права и работоспособна. И за ќерка исто важи, не ги двојам тие поими. А има такви. За помош и поддршка не зборам. Јас знам луѓе, здрави, прави, што цел живот на кукање по кафани и на „Дај!“ го поминаа. Од самите себе како не си се срамат, не знам. А од примериве твои и од комшијата на Дејдрим посебно се изреволтирав.
самата кажа дека дечкото има добра плата и скоро пола ја прака дома му , имат за сите, принцезава сака сите пари за неа , а дека таа го рани и го издржава никаде не прочитав
Епа не читај механички де и ке видиш дека воглавно таа го издржува, а провери си го и видот и преслушај се пошто очигледно имашпроблем со инаетењето. Ете во последното мое цитирање ти е потцртан делот каде таа го издржува и каде не го понижува за тоа. Јас дечко мој би прибрала под мој кров, би му плакала сметки и би го полнела фрижидерот во некој краток период додека најде работа и почне да придонесува половина од се тоа ( без киријата за кај мене), ама да толерирам да тој повеке од пола плата ја дава кај неговите, а јас се останато, тогаш ке му го спакувам куферчето и ајт пријатно кај цицето на мама. ТОЛКУ.
оффф мории окцензи оваа дрскост не ја очекував од тебе ! видот ми е супер за твоја информација , незнам зш толку лично си го свати толку проблемов на принцезава ,а ми викаш јас водам инает! Не знаев дека водиме натпревар кој е во право! Јас си останувам на мојот став , со тоа што упорно ме цитираш нема да ме убедиш во спротивното! Толку!
И јас од тебе не очекував таква ароганција и дрскост, арно ама и ја доволно ја навреди девојката која само побара мислење. И не е натпревар за тоа кој е во право, тоа си го кажа и феминката на која и се делеа совети. Ете така.
Корисничкото име ти е во целост со твојот карактер и квалитетите кои ги поседуваш. Не ми се пишува преку телефон, но не се секирај ке ти репливирам подоцна. Бтв кој е твојот профил на професија?- можеви ке ти помогнам да најдеш работа, па ке можеш тоа шо го заработуваш да го делиш. Окензи не се мачи залудно и онака не те свака.
Лиде, ако смеам да прашам, дали навистина е толку затуцана ситуацијата кај нив, оти види.. на ваква работа не е возможно сите исто да реагираме, сите си имаат своја перцепција за тие работи. Членката погоре сигурно тргнува од тоа дека луѓето се далеку посиромашни од вас т.е дека тој со поголеми примања греота би било да ги остави така "во дупката", а и секако тешко на тие години да најдат некоја пристојна работа како би им се подобриле условите, барем јас така сфатив. Со самото тоа, доколку е така секако би се закочиле работите во вашата сега стекната заедница, но доколку се нормални т.е имаат нормални услови тогаш не би требало да дозволи да кратиш од свое за тие да ги продолжуваат своите "уживања" ако може така да се каже. Мислам дека тоа е клучно за ситуацијата, но мене лично најдобар совет во ми се виде тој погоре, малку да пробаш со неговиот начин, од твоите примања да намалиш малку, па да се види колку ќе вложи тој тука, сега, меѓу вас, без да ги оштети домашните доколку ситуацијата им е критична. Нели, сметано дека добро заработува, па така најдобро би се видел резултатот.
Слабо ни даде информации за неговите родители т.е дали им фалат пари за основни потреби или едноставно им дава оти имаат таков однос? Верувај дека ако немаат за сметки и храна нема жива сила што може да го натера да престане, се ставам во негова позиција не би можела да уживам ни една минута ако знам дека моите се мачат и ако партнерот не ме разбере нема да се објаснувам.. Ја немаме целата слика за вашиот проблем... Од друга страна секој би се подзамислил и би се осетил како магаре ако цело време вложува за двајцата, а едниот си тегне по свој пат.. Оти на крајот на краиштата целта е вашите патишта да се спојат... Можеби па и не е свесен дека ти кратиш толку многу и дека е издржуван.. Пример прати го со список во маркет, еднаш го пратив мојот со список за храна и средства за чистење и хигиена, кога се врати му се сврти во глава, колку тоа се кошта.. Не работата само да го пратиш дома да си оди со куферите.. Претпоставувам ти значи врската штом сте години заедно и се вложуваш во неа.. Мој предлог е ти е да почнеш со мали чекори, како пазарување за по дома и давање на сметки со изговор дека немаш доволно пари да платиш и слично. Секако многу е важно дали неговите немаат за основни потреби. Ако е од аздис што би се рекло, тогаш би се соочила со него и би побарала промена ако сака да останете заедно.. Е сега ако они немаат за сметки да платат ќе треба да си размислиш и да превагаш дали тоа ти одговара оти верувам дека никој што заработува убаво нема да си дозволи родителите да му живеат во беда.. Дали со тоа ти можеш да се носиш е прашање на карактер/ Под сето ова може лежи и нешто друго... Неговата спремност за обврска спрема тебе...