Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Пoнекoгaш кoгa не ми се oди нa рaбoтa, му велaм нa мaлoтo -Дa успееш мнoгу пoвеќе oд нaс вo живoтoт, пa дa oдмoриме нa стaри гoдини, ти пaри дa ни прaќaш. Кoј ќе рaбoти дo 60 и кусур гoдини :o
    Мaж ми нa тoa вели -кoлку ние штo им прaќaме нa стaрите, тoлку и нaс ќе ни прaќaaт. Ич:(
    Амa јaс пoинaку мoи децa ќе си вoспитaм, итрa сум :D

    Постојат луѓе кои се многу емотивно врзани со родители, партнери, браќа или сестри, па кога некој од нив има проблем, болни ќе легнат ако не успеат да го решат. И иако е добро да имаш ваков човек во животот, не треба да го користиш знаејќи ја неговата слабост. Оти ќе ти помага, ќе те крепи, ќе се убедува дека прави добро дело, а нешто одвнатре ќе го гриза. Оти ќе знае дека нешто не штима, ќе чувствува дека е манипулиран, а нема да сака да признае оти нели...родители му се, зар тие му мислат лошо?
    Можеби ова не е таков случај со дечкото, може има некои други пресметки кои девојката не ги знае, во секој случај, дури се во врска а не брак, нека го остави на мир. Свој дел од сметки и јадење тој нека си покрива, а другите пари нека не ја интересира кај одат, исто ко да ги нема. НО, да не рачуна на заеднички буџет, нека живеат како цимери кога се однесува на финансии. Својата плата за свој ќеиф, и ако остане нешто -на сметка. Тој нема потреба да знае. Тој ако сака да ги поштеди неговите од работа макар и за минимална плата што бар едниот од нив би ја земал а ќе е доста за скромни сметки за двајца и храна, нека. Тој сака убав живот за нив, ти сакаш за себе. А кога ќе дојде тема -брак, поозбилен муабет за тоа кој какви замисли има. Ако не се сложувате, секој по свој пат.
     
    На CameliaMiller, galapce, SuperGirl24 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Срцка направи си го ти никот Принцеза , која ги нарекува нечии родители ГУБИТНИЦИ!! Да ги знаев родителите на твојот дечко и твојот дечко ке им раскажев дека ги нарече ГУБИТНИЦИ имаше да те избришат од нивниот живот!
    Разговарај со твојот дечко и кажи му го истиот разговор и кажи му дека се губитници и да напишеш овде што ке ти каже тој! И зошто до сега не си му кажала??? или си слаб карактер па само овде можеш да си кажеш што сакаш :D
    И зошто не кажеш во каква сиромаштија живеат ??? Дали на пр имаат стока?? дали пушат цигари??? дали пијат алкохол? дали јадат во ресторани??? или само колку за сметки и за парче леб???
    Патем колку пари им прака дечкоти ???
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Де Анаконда чил оут малку, го отепа девојчето од напади и навреди. Изгледа досадно ти е или наполнета си од нешто друго, па ова ти дојде супер за да го канализираш бесот. Па и да е материјалистка и што?! Кажа еднаш, доста е. Има што да понуди, бара исто за возврат. На крајот не е некоја гола и боса, а да бара брда и долини од партнерот. Не знам како не ви е јасно дека секој кога сака да создаде дом со партнерот си ја врти водата накај својата воденица. Жената/мажот и децата се семејството, се останато е фамилија. Семејството на прво место, после се друго останато. И направете разлика меѓу помош и ИЗДРШКА!
     
    На CameliaMiller, Offspring, BoaVista и 16 други им се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    ниту еднаш не ја нареков матријалиска , од каде тоа ??? она ме навредува за никот а јас ја викам принцеза , и кај е навредата тука???
    Јас ја прашуваам за родителите на дечкои а она си сака жртва да испадне , али тешко тоа ке пројде! дај нека каже тоа што ја прашав и да видиме кој сака да си се луксузира а кој стварно живее сиромашно!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    А која си па ти, некоја си Анаконда од форумот тебе да ти полага сметки и упорна си ДАЈ НЕКА КАЖЕ, ДАЈ НЕКА КАЖЕ!
    Па еве кажа дека сака да се луксузира, тоа индиректно наведува на материјалистка или па мора да има некаде напишано за да стане јасно оти ја правиш таква? Човек ќе ви побара совет, вие секаков ќе го направите!
     
    На CameliaMiller, Offspring, kukla21 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Што и се замарате на анаконда,на жена што самата кажа дека работа нема а упорно овде врши притисок на членка , не обрнуваjте внимание и готово, самите членки веке не и одговараат оставете jа ,и онака преку постови им се чуствува каква енергиjа имаат во себе дали негативна или позитивна,се наjдобро мила :*
     
    На CameliaMiller, Offspring, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    срцка таа :D таа анаконда не е продадена душа како некои :D и овде е форум секој може да си пише и проблеми , и критики и сугестии!
    Патем за работа што ми понуди и принцезата па и продаденава душа , јас заминувам во јуни Дубаи да работам , патем да ги издржавам моите родители кои се 50+ години и никој не сака да ги вработи , замислете ке си ги издржавам моите родители :D за разлика од некои продадени души јас немам мајка која "работи" во Германија , па морам јас да рмбам .Поздрав до целиот клан :D
     
    На Orthophill и rose60 им се допаѓа ова.
  8. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    За маjками да мешаш се препознав , и нема зошто да се лутиш и вака посебно да спомнуваш како одоколу па секоjа маjка поточно родители помагаат колку можат на своите деца коj како си се снашол во животот тоа си е лична работа,финтата е што ние не сме клан само некои членки не се согласуваа со тебе , срекно работата во дубаи
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На CameliaMiller, Girl-Rabbit и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Убаво вели @Emy867 и да е материјалистка, кој е проблемот? Девојката работи, го примила типот кај неа дома за да уживаат и двајцата, финансира колку треба и не треба и пак она лоша? Абе ајдее...

    Пак ќе кажам, зависи дали кризата на неговите родители е моментална или тој "момент" трае со месеци па и години.

    Има огромна разлика од тоа дали некој навистина не може да најде работа или не му се работи одредена работа. А познавам многу луѓе кои седат дома оти бараат работа во будик, а во маркет не им одговара. Или личноста завршила факултет и под чест и е да работи за минимална плата. Епа за таквите немало и ќе нема работа.

    Не можам а да не се запрашам какви се тие родители кои едноставно дигнале раце, не го дале својот максимум за да донесат повеќе финансии дома, бијдеќи познавам личности кои работеле на две работни места само за да озбезбедат финансии за факултетот на децата.
    Да се надоврзам, некои родители едноставно повеќе влечат за едното дете. Додека ова сожалуваат оти самото не може, другото рмба по цели денови.
     
    На CameliaMiller, Offspring, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  10. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    .
    Не бил малтретиран, пушачи да, не се алкохоличари(уште тоа фали),знаат и по ресторани да си заседнат, мајкаму почесто и од мене оди на фризер, не се коцкаат, не работат. Сестраму одамна ги раскрстила патиштата со нив, не се блиски.

    Отчет дадов, одбраната е во тек.


    Сарказам многу користиш, не е проблем овде-ако, но ке ти штети понатака во животот. Ти чекаше работата од небо да ти падне, сама на врата да ти дојде?
    За тоа кој ептитет ке го користиш, принцеза или 101 други сеедно, ама баш ич не ми менува За купувањево збор-два, штикли луј витон не купувал, но купувал скапи накити.

    Со среќа со “работата” во Дубаи, па ако те бидува во две смени ке работиш, а за неполна година ќе можеш и хеликоптер да им купиш и луј витон чанти да влечкаш, немам ништо против. Поздрав!
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На CameliaMiller, kjukli, tanja manja и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Англискиот ама ми завриштел:tmi:, срам ме фана кога видов сега8-|.
     
    На CameliaMiller, tanja manja, ЈеленаЏиш и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Уживај, на секој му се дешава, среќа редактирај опција постои ако забележиме навреме :D
     
    На CameliaMiller, theowndemon, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    ти благодарам за убавите зборови , нека ти биди и тебе убо и ти да "работаш" две смени и ти да си купуваш луј витон штикли , остај ти дечкото ,"работај си во две смени " и воопшто нема да забележиш дека им дава на неговите ;)
     
  14. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Само ти вратив со иста мера. :)
    Не го сваќај лично :P
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    ти ништо не ми врати :D само јас ти го покажав кај ти е местото! Јас и дечкоти имаме иста судбина , да ги издржаваме нашите родители , се надевам дека ке му ги кажеш истиве зборови што ги употреби на форумов за неговите родители и ке си свати со каква особа си имал работа !
    Војната заврши , Јас победив! :D
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Сигурно ова? Да не испадне да е член на форум фемина, тука негде меѓу нас, тро поактивна еве не знам :D
     
    На CameliaMiller, theowndemon, ЈеленаЏиш и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ај вака да ти објаснам. Немате иста судбина а знаеш зошто? Ти сеуште не ги издржуваш твоите родители, туку имаш во план, а планот може и да не го реализираш. Ти имаш во план да појдеш Дубаи и да им помогнеш на твоите, но може нема да појдеш ( што значи нема да ги издржуваш), а може ке појдеш, ке видиш некоја поголема паричка( иако не растат и тамо на дрво) и ке заборавиш на првичниот план, па ке почнеш со луј витонки и скапи одмори. Второ, ти живееш сеуште кај твоите така? Е тој живее кај девојката ( каде не плака кирија), која му го полни фрижидерот и плака поголем дел од сметките.
    Кога ти ке заработуваш твои пари и кога ти ке живееш кај дечко ти на негова сметка, а поголем дел од твоите заработени пари ке ги даваш за твоите родители, тогаш и двајцата ке имате иста глупа судбина по ваша вина и вина на вашите кои ве створиле.

    Иако тато ми има сервиз за возила и секогаш добра заработувачка, мојата мајка цел живот работи, од пекари, работење со срма, маркет, продажба на козметички и кујнски производи, кетеринзи до продавачка на мебел. Има 60 год, а последната работа како продавач на мебел ја најде пред 2 ипол год ( на 57 год). Некогаш во добрите времиња работеше во книговодство во една од појаките фабрики во земјава, се додека започна стечајот, па како за сите, така и за неа работа не остана. Одеше во Бугарија ( додека имаше марки), купуваше тамо и препродаваше тука. Пораснаа две деца, им обезбедија тренинзи по карате, кошарка, свирење инструмет и високо образование. Да не набројувам останати работи од облека, храна до екскурзии, одмори итн.


    Секој кој е работоспособен може да најде работа, ама гзето не ви се станува од пред пц вас младите, а на старите од пред тв. Многу е полесно друг да печали за тие да си гледаат турски и индиски серии и да се жалат кај фризерката колку е животот тежок и да ја пцујат владата, да го колнат Црвенкоски, комшивката, Америка, вонземјаните, силиконите на Карлеуша и климата во Австралија. Ај жити се кажи дали ти би работела како хигиеничарка додека најдеш добра работа по твој кејф? Дали би работела 3 смена во некоја сушара за пеџурки да речеме? Дали би работела во пекарница 3та смена? Не мила, тебе полесно ти е нас памет да ни солиш и принцези да не нарекуваш ( му рече зајакот на магарето дека има големи уши), преку пц додека мајкати гледајки турски серии се жали дека никој не сака да ја вработи. Епа и мајка ми никој од дома не ја викна, туку одеше и прашуваше за работа. За тоа дома се ми е средено и ново, без јас да речам тоа фали, наместо да чекаат од мена јас да им купам храна, да им платам сметки, фризери и нови прозори.
    Истото и јас ке го правам за мојата керка, зошто родителите ми го покажале тој пат. Керка ми има 3ипол месеци, па јас веке не одам на фризери и козметичари ко предодно, туку гледам секоја пара да ја заштедам за неа, а верувај таа со 3 ипол месеци има повеке пари на сметка отолку 30годишни легачи. И не го облекувам во најскапи марки, туку го облеквам како секое нормално бебе и ги задоволувам сите потреби без претерувања и кратења. И ке влужувам во неа за образование, спорт и прошетки колку што можам повеке, ама сигурно приоритет ке ми биде нејзиното станбено прашање, за да биде своја на своето.

    ФМП
     
    На ToksycznaReakcja, CameliaMiller, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    да не пукниш ме изнасмеа :D
    Стварно имам работано во сушара за печурки коишто мој роднини имаат таков бизнис , моментално не ги издржавам моите , но пред некоја година додека работев и студирав ДА! Дури сум жива ке им помагам на моите родители , можи не 50% од плата али сигурно би им помогнала , незнам што толку те засега тебе , ниту те прашав за твоите што работаат ниту ме интересира , стварно не знам што толку те заболе и солиш памет овде! Моето веке го кажав , немам што друго да додадам , коментирајте си , цитирајте и онака најгласните овде немаат право на збор дома им, не можам више со безчуствителни личности да се расправам ! Поздрав до целиот клан :D
     
    На Orthophill, rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Kлан та клан ако е за тебе клан.. Е Ај добредојде ..дојди и ти во "кланот"само не се лути :D Доста е со таа енергија :P
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На tanja manja, lidu6 и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Анаконда дај Боже да појдеш во ДУбаи, да заработиш вреки пари. Има една гостиварчанка која беше посредник на еден шеик и заработуваше по 5 000 долари месечно, сега има сопствен бизнис во Англија и Швајцарија. Таа започна со продажба на авто делови. Нејзините стечајци, а сестричка помала ( денес поодговорно лице во ВИП). Заврши високо образование и замина Дубаи. На родителите секој месец им плака по 1500 евра и тие веке не знаат на кое место стапнале и која храна ја пробале. Искрео ти посакувам да бидеш втора Ивана ( гостиварчанките знаат за која зборувам). Дај Боже никогаш ти и твоите да не видите мака и секогаш да си се луксузирате.
    Точно дека ти мене не ме праша моите што работат, но јас секогаш на форумов а и во животот општо посочувам блиски примери и примери свои, па затоа и си издаван несвесно по некоја информација за себе. Сакам да ти кажам дека кога читам нечив проблем ко гледам од повеке агли и ако тој проблем го имало во моето опкружување делам совет, ако не мудро си молчам и си читам. Сигурно не си ме видела во теми за готвење, за полови болести или за детски градинки. Кога ке треба ке ги посетам тие теми, сега нема зошто да го пикам носот кај што не ми е место, како што тебе не ти е во тема за свекрви и заеднички живот.

    За делот што не нарекуваш безчуствителни си голема грешка, тоа се вашите родители, ние сме реални и не рековме дека ке ги фрлиме ако дојде до болест или невработеност на одреден рок итн.


    Бриџет погоре рече се додека не сте во брак да не се мешате за финансии, а после ке ви рече кај ви бил паметот и устата додека сте биле во врска и зошто не сте реагирале, туку сега се дробите кога сте во брак. Бриџет, кога двајца живеат во заедница, потписот во матично не менува ништо. Врска е после излегување, после водењето љубов и милувањето, секој си оди дома. Во врска може едниот да части, па другиот, а може и дваајцата да си го плакаат своето. Додека се под заеднички кров фер би било да се вложува барем приближно исто од двете страни, исто како што би било со потписот во матично. Јас и мм и пред брак живеевме заедно, па потписот не ми смени ништо НИШТО.
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На ToksycznaReakcja, CameliaMiller, Rama и 15 други им се допаѓа ова.