Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А ќе можеш мирно да спиеш да знаеш дека даваш пари за некој да се луксузира додека ти одвај месецот го поминуваш и детето директно или индиректно ти трпи за тоа?
    Можеби ти имаш повеќе од доволно па можеш да си дозволиш и да дадеш некому, а притоа да не трпи твоето семејство. Некои го немаат тоа задоволство, па давањето пари некому би значело лишење од неколку работи месецот. Јас да се преслушувам секој месец и да мислам кој трошок да го исфрлам, да кратам од сопственото дете за да финансирам некој, да плаќам нечии кредити, телефони, цигари? Пак ќе кажам, некој нема ни да го почувствува тоа финансирање на страна, еве како ти на пример, ама некој и тоа како ќе го почувствува тоа кратење во текот на месецот.

    Никој, никој родител на овој свет не може да ме убеди во тоа дека нема да се замара и нема да му биде жал ако крати од своето дете за да даде на друг. Сите родители еден ден ќе кажат доста е. Детето не е пред никој, па не родител, не брат, сестра, што сака нека биде другата страна. Да треба да скратиш пет млека во месецот од твоето дете, да видам дали толку нема да жалиш. Или па ти си толку великодушна, па дури и од детето ќе си скратиш само за на некој да му финансираш "лудости" и "луксузи"? Ако е така, тогаш јас би те ставила во една друга категорија, ама за тоа потоа.

    Да напоменам, и да имам повеќе од доволно, пак не би финансирала некој. За било кој да се работи. Би помогнала, да, ама долг период да финансирам, само зашто јас имам, а некој да седи дома, не. Тоа веќе не е помош, туку злоупотреба. А и кој ми гарантира дека јас утре нема да останам без пари. Нели треба да се заштеди нешто, не значи дека јас ако имам треба на сите да им финансирам одмори и секојдневни потреби.

    Илезе ова општа дискусија. @lidu6 некој на претходните страни те посоветува и ти да почнеш да тргаш пари настрана и да кажеш дека на твоите им даваш. Јас мислам дека тоа е одлична идеја. Седни со него и кажи дека твоите западнале во финансиска криза и побарале малку финансиска поддршка од тебе некој период. Кажи дека секој месец ќе им даваш одредена сума на пари. Пресметај колку би било тоа и кажи му дека вие двајца вкупно, месечно ќе треба да живеете со да речеме 200 евра. Бидејќи нели и двајцата финансирате некој друг од страна. Па нека види како е да се живее со помалку пари. И некој друг те посоветува повеќе да го вклучуваш во трошоците. Примени го и тоа. Прати го сметки нека плати. Кажи јас немам, на моите им дадов. Кога ќе почувствува на свој грб дека нема, дека мора да се пресмета неколку пати за да купи нешто, ќе сфати дека нешто не штима. А вака не чувствува дека нешто недостасува. Подмирено се', храна има, од ништо не се лишил, и нормално дека нема да му текне дека нешто се случува.
     
    Последна измена: 8 мај 2016
    На CameliaMiller, Rama, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Добро @Daydream они не се ни у брак, па камо ли дете да трпи. Друг е муабетот кога се има деца.. И татко ми помагал на сестра му кога моите биле во врска па и во брак, не е било од аздис ама и се издешавале многу лоши работи на приватен план па ја помагал и мајка ми не се лутела оти сестра му е и го боли, кога им се родиле деца вишок немал за давање и тоа е тоа.

    Само спомињате деца да трпат они ни прстен не си ставиле уште.;) Многу двојки живеат заедно па не завршуваат во брак, може дечково стварно си има друга математика. Се додека се у врска треба да е чиста сметка долга љубов, односно никој никого да не рани, ниту па да му се меша у финансии.
     
    На Nausicaa, bittersweet, samovila.red. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Затоа реков, темата многу општа стана. Па повеќе сите се свртеа да кажуваат сопствени искуства за во брак. Членката што јас ја цитирав исто збореше за нејзиниот брак, затоа конкретно и така и одговорив.

    Не викам не, многу не завршиле заедно, ама многу па завршиле заедно во брак, а финансирањето продолжило понатака. Меч со две острици. Можеби некој ќе рече дека е подобро да си ќути, па во брак ќе се среди сама по себе работата, ама па темава и затоа ни е полна, зашто многу работи во врската се преќутувале, со надеж дека во брак нештата сами од себе ќе се средат, ама не се средиле, туку станале полоши. Јас не мислам дека само зашто се се' уште дечко и девојка и не се во брак дека работата не е страшна и не треба да збори и да се меша. Сметам дека проблемот и сега го има и тоа како треба да се побуни и да се изјасни дека нешто не е во ред.
     
    На CameliaMiller, kjukli, lidu6 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе, за ова. :D
    @lidu6 И плус зошто девојко не разговараш отворено со него ? :D
     
  5. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    А зошто старите не одат на село да садат тутун, компир, грав, или пчели и стока???? ( не знам... зависи во кој регион се...)

    Ако веќе се нема работа за плата, нека се искористи природата
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Најинтересно ми е кога ќе почнете да кажувате кој што треба да работи за да заработи, и колку лесно ви изгледа тоа од страна.

    Девојката не објасни ништо за неговото семејство, освен што ги нарече губитници без да даде некоја посебна причина зошто е тоа така (покрај тоа што не му обезбедиле материјални добра). Штом има некаков премолчен договор меѓу нив, како што таа кажа, значи не му бараат пари - тој ги дава затоа што така смета дека треба да биде. Никакви претпоставки овде не можеме да правиме. Останува на парот - девојката да си каже што и’ пречи, и да го решат проблемот пред да навлезат подлабоко. Извини што не можам да те тагирам, го заборавив корисничкото име а не можам да се враќам наназад. Се’ додека не седнеш на здрав разговор и да си извадиш се’ што ти лежи на душа, само ќе си собираш поголема горчина и цел свет ќе ти биде крив. Многу е погрешно што имаш такво мислење за неговите родители (освен ако и тој има исто такво мислење, па ти се жалел дека го цицаат финансиски).

    Секој советите ги дава од лично искуство, ама заборавате дека има различни искуства. Родители се, ако не можат да врзат крај со крај, за мене не би било во ред да не помага и да се остават да се мачат. Не можеш да му речеш абе нека одат да копаат ниви, нека си најдат работа. Да беше само толку лесно.
    Ако има доволно средства и решил да им покрие сметки, не е проблем се’ додека неговото сегашно семејство не трпи последици. Ако веќе има последици по домашниот буџет, се разговара. Крај. Тука можеме до сабајле да си правиме муабет, нити ќе им го решиме проблемот, нити ќе имаме претстава за целосната слика кога ја гледаме само едната страна.
     
    На Rama, kjukli, Antebellum и 16 други им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Прво скокни па речи Оп.

    Се е кажано,и нормално е дека советот е тој,да се седне и поразговара.
    Но да не забораваме дека друго е пред брак а друго е кога веќе основаш свое семејство.
    Верувам дека ниедна овде,ваљда,не биоставила родител да гладува. Така да нема потреба од вештачко стварање на две страни.
    Едните си ги сакаат родителите адругите ги фрлат на улица.

    Најинтересни ми се ликови кои се убацуваат некаде наводно да советуваат за каква боја е сонцето а никогаш не го виделе.
    Буквално.
     
    На CameliaMiller, AngelOfArh, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    ти го имаш видено сонцето?? инаку никој не е во брак ако прочита ОП!
    И мене ми се најинтересни ликови што се одѕвиваат без никој за ништо да ги праша ниту ги цитира , ниту воопшто им се обрака!
    Дај гледаш дискусијата е завршена вчера , ти продолжуваш мене да ме цитираш , а воедно јас не поставив проблем овде!
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Од четири страни,различни жени,со една не само што не се разбра,не остана а да не се замериш.
    Ако не друго си доби и ти совети успат,без разлика што ти не проба да го дадеш.
    Тоа е разликата.
     
    На CameliaMiller, kjukli, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Ти дај го советот на таа што има проблем , а мене не ме цитирај НЕМАМ ЈАС ПРОБЛЕМ!
     
    На Glasna, zalosna и galapce им се допаѓа ова.
  11. lidu6

    lidu6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Советите ке бидат прифатени и применети, па времто ке покаже дали јас грешам со тоа што го гледам и осекам на своја кожа.
    Конечно! Морам да се сложам со оваа. :) Нема потреба повеке за дискутирање.
     
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Kukjata e konecno nasa:party::muscle:(mooning):dance::music:
     
    На CameliaMiller, Golden Rose, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  13. @Ledi@

    @Ledi@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Nie ziveeme na posebni spratevi no ne se osecam voopsto slobodno doma.Vo brak sme duri pola godina no sveki si vleguva kako macka i toa da ne ja setime i eve ja op kaj nas so nekoe baranje ili kazuvanje za babski devetini koi jas voopsto negi pocituvam a sega osobeno koga imam dvomesecna kerka i ne gi sledam nejzinite ludi zastareni svakanja.Sega ja osecam luta e pa duri i na rabota trgna od inat spored mene :) Inaku si dozvoluvase da si bara da i gi plaka maz mi smetkite za telefon i televizor,drva a nie ne se greeme na drva i taka.A ona ke napravi rucek i mnogu napravila vazna e i osobeno koga ke se vrati mazmi od rabota eve ja se skukluva demek sto mi trebalo da pomogni :( Kulturna i vospitana sum i premolcuvam no vece nemozam mi stvara samo pritisok toa sto go sobiram vomene.I odi odi se e ona navredena i sin i ja zali :(
     
    На CameliaMiller, okcenzi и rose60 им се допаѓа ова.
  14. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Да се посмееме малце :rofl::rofl::rofl:
     
    На sagittarius57, CameliaMiller, Mia.MGK и 20 други им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас да прашам ( се уште неможам да се начудам), како и што би направиле, кога свекрвата по грешка вас ке ви прати порака, наместо на јатрвата ( која живее на страна) со погрдни зборови е големи навреди? Од типот кучка, фрустрирана, черга скапана итн да не набројувам ми се гади. Дека не очекувала такваа снаа мизерна и лажга и дека и да ја молела за прошка, ке размислела дали да и прости.

    А јатрвами е најфино и најмило суштество и збор и нема никогаш вратено. Ептен и е криво што се одделени со девер ми и само слпетки гледа да и прави, како таа да е крива што се настрана. И некако последно време спомнува дека (требало да ја остави) дека немале деца еве веке 5 год. Не го кажува тоа баш да ја остави, ама вели додека е млад и додека имал избор. Еднаш рече дека требало прво да ја забремени па да ја земе. Верувајте се сум рекла на културен начин и сум пробала секако да застанам на страна на јатрва ми. Двер ми е уште помирен и пофин од неа.
    На почеток не и обрнував внимание, пошто стара е досадна е, ама ова веке е претеризам. Во друга тема ви пишав како е опседната со исти муабети како сите околу неа ( дури и комшивките) и прават магии. Пред да одам на царски ме тераше да запалам цигара, за да виделе комшивките и да мислеле одам на шетање, дека можело урок да ме фати или да ми направат нешто за да умрело бебето ( ме извади од памет). А кога имав внатрешно крарење, рече дека сигурно некоја ми направила магија и одеше да го прска цел двор и влезната врата со солена вода. А недај Боже да најде некое ливче во двор дувнато од ветер, толку крај света, одма се и сешто фрла и колне.


    Ова ни во лудило не можев да го замислам. Боже чувај ми го умот. Старава се уште не е свесна каде ја пратила пораката, ама не верувам и дека ке и текне, пошто поим нема од технологија.

    Жени ве молам без предпоставки и без лигавења нека бидат советите. КОНКРЕТНИ.
    Благодарам однапред.
    пс не верував дека ке пишам некогаш во темава за мој проблем. Аууууу
     
    На marijaleon, EdnaDevojka21, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Не сум те читала за овој проблем, а чекај старава ако нема поим од технологија како па ја пратила пораката со цел да стигне кај јатрвати, така и ке виде дека тебе ти ја има пратено.Сега ти како ке реагираш на ова, маж ти знае ? Девер ти ? Кажи им нив, па н се мешај не се карај ти со неа.Зошто тебе те сака изгледа, а за ова со порагајот и цигарата ми е боже сачувај, ццц.
    И опседната е со магии.Може те сака тебе, а може и на јатрвати или др некој ке му прати порака наменета за тебе навредлива.Биди коректна со неа, не прменогу блиска.
     
    Последна измена: 18 мај 2016
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Таа ја има пишувано пораката сигурно пола час, а во именик има само 8 броеви. Мојот е 3 а на јатрва ми 4. Нема да види кому ја има испратено затоа што не знае кај да види. Има и голем диоптер, ама иако гледа во екранчето на тел ( има стара моторола) сепак прави многу печатни грешки. И никој не знае се уште и не знам дали да кажам, зошто може голем проблем да испадне. Јатрва ми од премногу стресови си го изремети здравјето. Девер ми да дознае ке биде полошо и за него. Ке почнат кавги и како по обичај јатрва ми ке биде виновна. Ако кажам на мм тој не трпи и ке пукне кавга, после и јас ке си го добијам. На свекорот ако му кажам, тој е бетер од старата. Лудница. Ако не кажам ке се нервирам што јатрва ми пак ке дојде на гости и пак со добро ке ја фати старата, а оваа пак може да и пререче нешто, а јатрва ми да не знае и да настане хаос. Гревче секогаш и се тресат рацете кога настанува ваков проблем и многу ми е жал. Абе не знам стварно не знам. Ама не можам да оставам така. А ако и кажам ке се нервира повеке а сега пробуваат ин витро. Ако и кажам на старава дека по грешка кај мене ја пратила, ке ја смати работата и кој знае што ке направи следно. Може ја пука некоја тека психичка болст. У пм учете ме карајте ме
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да дополнам, утре сум на гости кај јатрва ми.
    Инаку страва сама не оди кај нив, туку се пика со нас, пошто има валда страв да оди сама, да не и рече нешто или да не не ја прими, а вака со нас, знае дека ке и биде незгодно нешто да и рече, па како приколица ни е. Стариот епте ретко оди, скоро никогаш, освен за кукната слава која ја има девер ми.
    И обично се гледаа ретко, за слави и родендени, ама откако се роди малава јатрва ми си иде почесто да си ја види внуката и да ја почува.
     
  19. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Па јатрвати сигурно знае каков човеке е старава, зошто велиш 5 години им прави сплетки и сугурно во тие 5 години и го рекла ова во лице што и го има пишано, зошто би и го пишувала преку телефон, сиг и така.
    Абе ова свеки твоја штом има храброст пораки да и пише, сигурно има и во лице ја вреѓа жената.Штом пробуваат ин витро не и кажувај, ни на девер ти, а на маж ти речи му колку да се консултираш со него, и ќе му речеш да не смее да зуцне.Свекор ти бетер е лош од свеки.
    А зошто па јатрва ти да е крива, јас да сум би и рекла на свеки и би ја изругала.Би ја засрамила.
    А ова за гости може зошто нема со кој да оди, а што пак оди ако не ја сака.Абее, незнам што да речам, утре сигурно ќе има совети куп овде ^_^
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ќе и кажеш на свекрва ти дека пратила порака на тебе, по грешка.
    Ќе почекаш објаснување од неа и што веќе и ќе и го кажеш лично своето мислење и дека претерува и дека тоа не е убаво од нејзина страна така да се изразува.

    Сепак, од друга страна, тоа се работи помеѓу нив две и ти не може и не треба да се поставуваш заштитнички толку. Откаде знаеш што ја испровоцирало свекрва ти да и пише таква порака? Мора да имале некаков дуел.

    И исто, јатрва ти зошто се толку потресува околу свекрва? Знае она многу добро со кој си има работа штом веќе се одделиле од нив.

    Или друга опција да и кажеш на јатрва ти ама не дали ќе се нервира, луда е ако се нервира, ама зошто па ти да учествуваш во тоа пренесување на такви пораки.

    Ако веќе може да се спречи да не испадне голема работа тоа е само ти директно да ја соочиш свекрвата дека си добила порака и толку.
     
    На marijaleon, Bozica1980 и LivingGlam им се допаѓа ова.