Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Свеки е навредена зошто јатрва ми не и честита Велигден, не и честита Ѓурѓовден и сега последно не ја покани на една прослава. Не и има речено ништо таа во лице, туку го тера стариот, а таа глуми “еве не знам што му е нему, сигурно е навреден за хххх. Глупости. Ја боцка и провоцира индиректно, никогаш во лице. Ама сега ја нарекува лажга поради поканата што не ја доби од јатрва ми. Искрено јатрва ми не и кажа точен датум за прославата и има разбрано од други, па и пукнал филмот и сега да се олесни. Инересно е што овие зборови-речник, не е на свекрва ми ( има само 6одд) туку на свекорми. Тој и диктирал што да каже а таа куцала на тел, ама ете божја воља па пораката погрешка ја пратила кај мене. Ако му кажам на мм ке стане проблем ,дека тој не ги поднесува воопшто. И ке знаат дека сум јас, ама мене многи сатот не ми работи па не се замарам, туку проблемот е што мм ке му каже на братот и ете пак проблем. Нема да може ова да го скрие.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Може јатрвати е крива што не и поканила, ама ако ги знае какви се, сепак на некои пригоди не може да се избегнат.
    Не ми е логично ова што пред неа вика дека демек ма и е лут, демек она не е, а преку пораки ја прави секаква.Не ми северува толку подла да е, да не може во лице да каже, туку преку пораки.
    Маж ти мора малку да знае да искути.
    Баш утре види ги како реагираат една спрема друга.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се мислам ако утре рече старава нешто за даја подбуцне јатрва ми, ке и речам дека пораката ја пратила кај мене, па така можеби ке нема што да рече. Ама после тоа како? Да не рече дек намерно не сум и кажала заа да испадне смешна или нешто а?
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    @okcenzi прави се наудрена, како да немаш појма за пораката, џабе само ќе влегуваш во конфликт со сите а не си виновна за ништо, со такви луѓе како свекрва ти нема разбирачка.

    Ако кажеш на јатрва ти, ќе испадне дека си против свекрва ти.(facepalm)
    Ако кажеш на мт, сакаш сплетки да правиш и кавги.(facepalm)
    Ако кажеш на свекрва ти, ќе се прави на тошо као не сум јас од тука, што ми измислуваш ако имаш доказ црно на бело, така да најдобра варијанта е да се правиш наудрена, ни лук јал, ни лук мирисал.:)
     
    На marijaleon, Offspring, Momichka и 12 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ке пробам да молчам. Ке се правам ништо не знам. Ама ако после некое време види свеки моја кај ја пратила пораката ( иако не верувам дека ке знае како), ке речам дека не стигнала кај мене и ке се правам будала. Ама денес на гости ако испадне нешто, што тогаш да правам?
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Како мислиш да испадне нешто?
    Да и рече нешто свекрвата на јатрвата?
    Пак прави се наудрена, мада не верувам дека пред сите ќе има храброст нешто да и рече, ако и рече, тргни се настрана, верувај ако реагираш било како ти ќе си го јадеш стапот, стани земи си детето и мажот и низ врата, ако доаѓа и свекрвата добро ако не нека му ја мисли како ќе си оди дома.
     
    На marijaleon, CameliaMiller, Offspring и 7 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Знаеш мила што најмногу ме нервира,тоа што јатрва ми сеуште нема дете иако не е таа виновна туку деверми, а тие упорне нејзе ја малтретираат, додека мене ми го лижат задников. додуша јас сум кратко фитилна, па знаат до кај може со мене.
    А тоа што ме потресе највеке е што такви работи и пишала во пораката, што неможам сеуште да се освестам. Значи и јас да немав дете ке пробала така и со мене. Боже. Значи идот на идиотите е. Ја замрзев до крај.
    И пак ке кажам, ептен ми е жал за јатрва ми, зошто пред се ми е пријателка па после јатрва. Се знаеме 11 год. Одлично се сложуваме а заедно може со денови без престан да зборуваме, да се зезаме, да се шминкаме, да се плеснеме во кафана итн. Верувајте најчуствително створење е. 1 цела деценија се со девер ми заедно, скоро колку јас и мм. Не може некој од страна да ми рече дека може грешката е во неа. Предхдно на свеки не и обрнував внимание кога подбуцнуваше за неа, зошто не се замарам со простички старски муабети, ама ова во поледно време е врв.
    Уште сум во шок, цела вечер немам спиено, а за неколку часа ке треба да одиме.
     
    На CameliaMiller, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Што очекуваш од некој што се сити на тоа дека немала снаата деца, да ја малтретира, да подбуцнува, да додава сол на рана, не можеш ништо убаво да очекуваш, утре ќе ти се сврти и тебе зошто не си родила син да им продолжиш лозата туку ќерка.

    Јатрва ти знае со кого си има работа, нема потреба од додатни нервози сега кога пробува со ин витро, ти биди и подршка како и до сега и со свекрва ти на дистанца, нема разбирачка со такви жени.

    Кумата моја кога нешто спомнаа синот и снаата дека не останувала бремена, веднаш го прати прво синот да се испита, кај него прво да се видело да нема проблем пред да се испитува снаата зошто тие се поинванзивни испитувања, тоа е права жена и мајка на место, бар за мене.
    Сега имаат дечиња, немаа проблем ете само не им се погодил периодот.
     
    На CameliaMiller, Momichka, samovila.red. и 8 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Сеа ме подзамисли за ова со лозава. Може за тоа напнува да сме имале уште едно побрзо. Аууууууу. Па ако родам 5 керки ке ме буцка на 6то да одам. Еј ти држи вода муабетов. Ств ме замисли.

    Добро. Значи одам на гости, се правам мутава, ако почне да ја подбуцнува ке го свртам муабетот на друга страна, а ако продолжи ке речам ајде да одиме дома, малата не ми е добра ( да не чуе зло).
    Леле да има срека мене нешто вакво да ми стори, има со се партали да лета.
     
    На CameliaMiller, rose60 и bittersweet им се допаѓа ова.
  10. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе згрешам, можеби и не , но јас мислам дека треба да и кажиш исто така и на сопругот, ако ја скријаш фактички ја подржуваш, не ме земајте за збор да ме сватите погрешно, првин кажи на сопругот , не ти се допаѓа напишаното (сепак ќе знае што прави мајкаму)
    Кога ќе отидете и да и дофрла најважно ти и сопругот ќе знаете највеќе тој бидејќи ако сакаш да си одиш а меѓувреме мајкаму дофрла а тој сепак знае ситуација ќе стани и тој со тебе да си оди да те поддржи наместо да праша зошто си се вознемирила.
    Понатаму некој ден на јатрвати ќе и кажеш, кога ќе знае таа сама нема да обрнува внимание да се нервира, сама кажа пред се ти е пријателка нели сама кажа, не стој настрана да молчиш, помогни и да не и прави така
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Ја да сум на твое место пораката бришење и никако покажување на јатрвата, пошто како што сама викаш фина е жената и само дополнително ке ја вознемириш. Моеш со маж ти да разговараш евентуално него да му ја покажеш , што знам да и спомне да се олабави малце бабата. Али ете јас да сум не би ја покажувала на јатрвата , барем едно лошо помалце да види од нејзе. А ако рече нешто зошто не си спомнала за пораката што погрешка ја пратила кај тебе, културно ке и кажеш дека не си расипан телефон да пренесуваш рекла казала од еден на друг и дека не е твое туѓи пораки да препаќаш.
     
    На marijaleon, samovila.red., kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Не мoжaм дa кoментирaм без дa знaм штo пишувa вo пoрaкaтa.
    :D
    И другo, @okcenzi велиш дoбри пријaтелки сте сo јaтрвaтa, 11 гoдини се знaете и дoбрa, чувствителнa личнoст е. Другo велиш декa тебе тaкa дa ти прaви свекрвaтa пaртaли ќе летaaт. Акo си тoлку силнa зa себе, кaкo мoжеш дa ќутиш зa јaтрвaтa? Не дa се кaрaш сo свекрвaтa зa неa, нo кoгa знaеш тoa штo гo знaеш, зoштo премoлчувaш, зaр немaш желбa еден нoрмaлен муaбет сo свекрвaтa дa нaпрaвиш и дa јa oдбрaниш јaтрвaтa, дa и дaдеш дo знaење декa не е дoбрo тoa штo гo прaви?
     
    Последна измена: 18 мај 2016
    На marijaleon, samovila.red., Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Значи какви гадови постојат, страшно еј. Сега окцензи е со намера да помогне, плус обзирна е дека јатрвата е во осетлив период згора на се и осетлива по природа. Да и кажеш, ќе и сјебеш добар дел од расположението на неопределено време, освен ако досега се има случено да и го каже истото дирекно во лице, како што спомна некој погоре па би била подготвена на некој начин...
    Сепак и јас мислам да си преќутиш за ова. Секако на крај муабетот ќе се сведе на тоа "не се замарај отидена е" (што е факт) ама одвнатре колку нема да се замара знаеме... недајбоже утре може и крива да излезеш. Нека не те грицка, остави, за 10 години сигурно имале милион ситуации и сигурно веќе знае со каква особа си има работа, поракава само би ја изнервирала додатно. А и да дознае некогаш дека е пратена на тебе сигурно нема да ти замери оти сепак имаш многу јака причина за да преќутиш без да излезеш лицемерна.
    А со старава и да разговараш како што спомна Бриџит е супер идеја, само кога би била е нормална па да има ефект, вака со такви нејзини зборови и ставови тешко дека ќе произлезе нешто допрва. Али тоа ја така мислам, не значи дека сум во право.

    Едно ќе научат од технологија и да го користат за безобразлук и лошотии, срамота...
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Што знам, јас мислам да му ја покажеш пораката на сопругот. Што има ти да си го добиеш? Барем со него разговарај и замоли го да не се меша ако сметаш дека е така правилно. Инаку се чувствуваш ко да си сама, ко да немаш на кого да се довериш.
    Или на свекрвата да и’ кажеш дека ти си ја добила пораката и да дадеш некој коментар, дека не е во ред да има такви кавги. Кога веќе си вовлечена, иако без потреба, некако глупо ми е да се правиш ко ништо да не знаеш.
     
    На Bozica1980, kukla21, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Којзнае колку такви пораки има примено јатрва ти.Си ја знае таа свекрва ти каква е точно.
    Оваа порака можеби е само една од многуте.Дури мислам дека ако и кажеш нема да се изненади.
    Инволвирана си...сакала или несакала.
    Најарно со мт да си збориш, па да чуеш негово мислење.
     
    На CameliaMiller, kjukli, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да ја избришеш пораката и на никого да не кажуваш.
    Нема зошто маж ти да го вмешуваш во нивните игри и него нема да му биде убаво,сепак родители се во прашање.
    На јатрва ти ако и кажеш,ќе ја здоболи.Кога човек ќе слушне лоша работа,гласникот е најкрив.
    Јатрва ти ќе остане глува и нема на пораката на свекрвата(а оваа ќе мисли дека и ја пратила поракава).

    Може ете по некоја случајност судбината сакала жената сега да не се нервира и потресува,кога се спремаат за ИВФ.
     
    На kjukli, BlackNight, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    И јас не би можела да преќутам.
    Не би заземала страна туку би си кажала дека добив порака.
    А тие нека си решават меѓу нив.
    И не би криела од сопругот.
    Зошто мои пердуви да летат од што стигнала кај мене порака.
    А кој зошто се сака или не сака нивна работа.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    @okcenzi јас не би ја информирала јатрвата, не би ја вознемирувала непотребно и не би и предизвикувала дополнителна грижа. Во принцип секогаш стојам на страна, не пренесувам озборувања, навреди и сл., особено затоа што се непродуктивни информации според мене. Е веќе, доколку станува збор за некакво дејствие со кое некој некого повредува, а другиот не е свесен за тоа, е тоа е веќе друго. Би рекла, во случајот, Господ не сакал пораката да стигне кај јатврвата, па затоа вака се случило. Е сега, имаш две можности, на пример да ја известиш свекрвата дека пораката не стигнала на вистинската адреса и да и укажеш (колку што е возможно) дека не е во ред ваков вид пораки да испраќа и на ваков начин да се обраќа на жената. Претходно, забележав си се обидела, но очигледно немало успех. Втората, според мене, барем моментално подобра опција е да ја сокриеш оваа информација од сите, особено зошто следува ин-витро оплодување, па дополнителен стрес е непожелен. Знам дека е тешко, те оптоварува, но сметам дека вака е најправилно. На крајот, утре може и да се подобрат меѓусебните односи меѓу нив двете, па не дај Боже ти да бидеш повикана како главен ,, вмешувач". Сепак, ти најдобро го познаваш карактерот на тие кои те опкружуваат, па би можела барем приближно да знаеш кој како би реагирал.
     
    На Momichka, Annath, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @okcenzi, во ептен незавидна ситуација си ама реално, твојата единствена лојалност лежи само кон маж ти, и кон никој друг. Нема зошто ти да бидеш таа што ќе исправа криви дрини и ќе дели правдина. Јас би ти рекла да му кажеш на маж ти (зошто верувам дека и ти сакала да знаеш ако твоите праќаат такви дебилни пораки) но ако мислиш дека тој ќе изреагира импулсивно и ќе оди да се расправа, преќути си и пред него. Немој да се доведеш во ситуација каде ти, ни крива ни должна, на крај ќе испаднеш „лошата“.
     
    Последна измена: 18 мај 2016
    На CameliaMiller, Girl-Rabbit, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @Bridget Јас да не ја сакав и почитував јатрвата немаше совет да побарам. Едноставно ке ја избришев пораката и од кај мене и од кај свеки и никому ништо. Ама како што напоменав пробуваат ин витро и ова е преосетлв период за неа. Со свеки моја не се излегува на крај. Ти едно зборуваш, таа друго си тера. Јас сум за тоа да скокнам и да ја бранам јатрва ми, ама знам дека подоцна повеке ке добие. Мене не може да ми врати, дека мм на клоци ке ја крене, веке преку глава му се дојдени и за тоа не можам и нему да му кажам. Згора на се мм е секој ден на работа и тоа секој ден животот му е на ризик, па не би дополнителни нервози да му правам, зошто и јас имам 3 месечно бебе, коа не сакам да слуша дерења, кавги и нервозен татко. Единствено останува да му кажам на деверот, па тој со полека нека и каже на јатрвата. А ако и затреба помош секако ке ја бранам, ама да не е мм тука.
    Ако му кажам сега на мм, тој ке и забрани да иде со нас веке и после тој коа ке е на работа јас ке се наслушам муабети и плачки и правдања... Не знаете како глуми и какви крокодилски солзи пушта. После свекорми ке ми објаснува таа дека поминала се и сешто и дека не и е за замерка и така мене ке ми отидат денови за џабе потрошени, место да и ги посветам на малата.

    Мислам дека вака е најдобро. А?
    Во 4 часот одиме.
     
    На kjukli, Antebellum, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.