Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    @okcenzi ич да не се мешаш, ќути си. Што било, што пишувало, кој со кого ќе се скара.... ама ич не си ставај здрава рака во оган. Ни на јатрвата не и треба нервоза, штом сите ја знаете каква е свекрвата ич не се замарајте со неа, само на игнор и секој нека си брка своја работа.
     
    На Antebellum, tanja manja, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Во пораката има текст дека таа жена не била за во таа фамилија, дека е пореметена и болна, дека е јалова, дека носи несреќа, дека не вреди ни 5 пари, дека е неспособна, дека ни мрсул не се фрла на неа.

    Кога јатрва ми би ја добила поракава не би ја кажала на девер ми затоа што тој подолго време одеше на психотерапии. И таа би собирала во себе, за да го заштити него. Вие не знаете за каква љубов и какви луѓе се работи, за тоа морам некако нешто да сторам за нив.
    Ви кажав зошто свеки е испровоцирана на јатрва ми и страв ми е да не ја подбуцнува денес, а оваа сиротава поим нема.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ок ама ако започне старкава нешто? Обично дека времево е никакво ние жените си седиме дома, а мажите во двор со скарата и пивцето. Тогаш што?
    Оф леле колку ми е мизерно се ова. Уфф бе
    пс старкава не знае за инвитрото
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tanja manja

    tanja manja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.518
    Пол:
    Женски
    Јас на никого ништо не би кажала, но од страна на мица свекрвица уште денес на собиров ќе и напоменам уз шала, (читај-пола вистина) дека сега овој период треба сите да и дадеме максимална поддршка на јатрвата, дека треба да си ја чуваме и пазиме и да не ја нервираме и дека ако некој ја закачка ќе си има работа со мене пошто си ја обожавам дека е многу добра и мила итн..итн..
    (се ова уз насмевка).
    И се разбира вака ќе настапам ако стварно го мислам тоа за јатрва ми.
    Ајде со лесно да поминеш денес :f:
     
    На ♡BuBaLe♡, okcenzi и irenna им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @tanja manja не и кажуваме на старата за инвитрото. Ако тоа го дознае е тек тогаш јатрвами ке види мака. Криеме веке неколку месеци.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Леле, после вакви зборови има лице да и појде на гости?

    Јас да сум на местото на јатрва ти би сакала да знам. Можеби не сега во моментот, но би сакала.
     
    На kjukli, galapce, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Се согласувам со феминките погоре. Колку подалеку-подобро.
    Стој на страна, како ништо да не се случило, како да не си прочитала ништо.
    Штом ја знаат сите каква е, нема зошто да си правите дополнително нервози.
    Уште помалку кога сега јатрва ти е во ваков ранлив период. Кој и што и да направил, нека си решаваат меѓу себе.
    И онака претпоставувам се она што е напишано во пораката, јетрва ти веќе и го знае. Сигурно 100 пати и е кажено и повторено.

    Туку и симнувам капа на јетврата за се она што го трпи и се бори. :bow:
     
    На katalina, samovila.red., Momichka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да после се ова што го пиша, таа е премна пред мене за тргнување со голема насмевка.
    Ке му кажам на деверот, ама со помеки зборови. Ако сака да ја прочита пораката ке му ја дадам. Па нека ја избрка, ако треба мене старката нека ми се истури ( секако нема да може пред мм), ама па греота се луѓево, бар ке одморат малку од неа. А може и нема пак раат да ги остави. Ама ако ми рече мене зошто сум кажала, ке и речам дека штом тоа го прави за јатрва ми, сигурно и за мене го мисли. Па бар ке ја откачам.
     
    На kjukli, Winter Lady, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ауу ме предомислувате сеа. Иам уште нецел половина час.

    А да видам прво како се одвива ситуацијата? Па според тоа да реагирам. Ако ја подбуцне, да и речам дека кај мене ја пратила по грешка и да и речам дома ке разговараме??
     
  10. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Кажи му на деверти најубаво ќе постапиш, кажи му само да знае и дека многу си се вознемирила, на тој начин ќе знае за мајкаму намерите и ќе ја пази женаму од нервози и ќе внимава на мајкаму како се однесува спрема неа,барем јас така мислам ,
     
    На MilaP и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Можеш, но јас мислам дека нема образ да ја подбуцне во твое присуство. Сепак, ако започне нешто во таа насока, смени тема. И размисли кои теми би биле најсоодветни за разговор. Мислам дека разговори за мајчинство и деца би требале да се избегнуваат и слични теми кои би ја навеле да иритира.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Штом е таква ситуацијата со девер ти,(човекот од убавини сигурно не одел по психотерапии) мораш многу мудро да играш.

    Најдобро ти си ги познаваш,види како ќе налага ситуацијата,така постапи.
     
    На MiloMalo, Nausicaa, tanja manja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. tanja manja

    tanja manja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.518
    Пол:
    Женски
    Таа чим има таква погана уста, само прашање на време е кога ти ќе и дојдеш на дневен ред, па кон тебе ќе гаѓа со отровни стрели.
    Боже какви кобри има по светов.
    Чим не знае за ин витрото, фати ја на само и кажи и дека пораката завршила кај тебе. И прашај ја дали е свесна каков скандал ќе биде ако дознаат за ова маж ти и деверот. Исплаши ја, запрети и некако...
    Не знам... Не сум паметна како да се постапи со ваква свекрива и дали нешто ќе има ефект да ја смени или ублажи таквата особа.
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Што има да и се заканува, ко да пораката напишана во личен дневник е, па окцензи случајно ја нашла и прочитала. Штом имала свекрвата храброст да ја прати, јасно и е дека сите ќе дознаат, сигурно дека јатрвата ќе ја покаже на сопругот, па и на кој сака. Треба да се знае, сите да знаат, така сака свекрвата, така и треба да добие. А последиците кон неа зависат од сите вас како фамилија. Ако сте сложни и решите дека таква нема да ја трпите ниту ќе се правите глуви и слепи, т.е да ја исфрлите од игра (бар на некое време) ќе се подзапраша во иднина дали и како ќе збори.
    Ниедна будала на овој свет нема да знае дека е будала ако луѓето околу него не реагираат. Така и свекрвата, до каде ќе и дозволиш, до таму ќе оди.
     
    На CameliaMiller, katalina, Offspring и 12 други им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    @okcenzi јас на твое место вака - ќе начекам момент сите таму собрани, и мажи и жени и отварам телефонот нешто да видам , чачкам и "оп, чекај, шо е ова? Некој ми пратил порака? ( искрено денес само за плакање сметки пораки ми праќаат ) ии ееј од сфекии е, кога си ми пратила?? И почни во себе да ја читаш, и после предавај телефонот на маж ти..."
    Ем волкот сит, ем овците на број!
     
    На CameliaMiller, zalosna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ти вака стори.Кажи на девер ти прво, но речи му да не и кажува на јатрва ти.А девер ти нека ја избрка, или нека ја стави во ред.
    А она ако почне да буцка, ти речи и по грешка дека ти пратила пораката и дека дома ке разговарате.Или прашај ја ако не отворено веднаш да разговарате, па нека се стаписа.Ајде Окцензи не се давај, ти барем можеш да ја ставиш у ред и да ја построиш ко што треба.Ќе плачела, ќе ронела крокодилски солзи, ти зарем неможеш устата да и ја затнеш.
    Јас имам таков карактер како тебе не можам да поднесам такви работи и бурно реагирам.
    Ќе ти се истурела, ма не се плашиш ти од неа, верувај.
     
  17. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    (y)
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    окензи сега ве читам ти веќе ти заминала сигурно, ама јас да сум на твое место би преќутила да не се прави од влакно ортома. Тие непромислени зборови не вредат да се шират понатаму, стави крај можеби за тоа пораката стигнала кај тебе а не кај нејзе, оти не требало да го дознае тоа она.
    Ќути си а некогаш ако ептен дојде зорт за да ја одбраниш јатрвата искористи го муабетот од пораката.
    Посреќни ќе бидите ако се премолчи ова, сепак се само празни зборови.
     
    На Nederland 2, Sky-butterfly и BlackNight им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    @okcenzi јас не можам да поверувам просто какви се жени постојат.. не, не можам навистина. Погоре читнав дека не било ништо страшно.. како бе ова не е страшно?! А што е тогаш?!
    Да ме нарекува некој така како што опиша ти во таа порака и тоа ред редум секојдневно.. иди бегај бе и ти и сите покрај тебе такви ненормални створења. Па уште ќе ја канам на гости да ми иде.. ќе и зборувам. Да да.. секако.
    А деверти? Каде е тој да пресече овде во овие паранормални ситуации?! Зар му е сеедно?!
    Боже боже.
    Да ме колне, да ме куди, јалова да ме вика и уште што не.. ахам, да. Може еднаш ама никогаш повеќе.
    Не знам женава како додржува да и го гледа лицето и тоа во нејзниот дом. Јас да сум, ќе пресечам од одма, од прва ваква порака.
    Па не е нирмално бе!
    Не знам што би те посоветувала во оваа ситуација, бидејки не ти знам карактер и однос со фамилија и маж. Ама..
    Што е претерано претерано е.
    Мој совет ако веќе се дружиш со јетрвата и навистина ја почитуваш, сите 4 на маса и најозбилен муабет за што понатаму со таа жена, чисто да пронајдете некое решение за сите вас и вашиот мир.
    Јас дури на психијатар би ја пратила, да да.. мислам дека и треба. После се..
     
    На CameliaMiller, zalosna, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ова ако се празни зборови,јас незнам што се полни.
    А и ако разбрав добро не е прв пат.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.