Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    8.582
    Пол:
    Женски

    А колку си сигурна дека поракава е по грешка пратена? Пази бабче да не те мести да си направиш беља. Башка на јатрвита штом пробува инвитро ништо не и кажувај, само помогни и да се опушти и да може да ја игнорираат бабче.
     
    Последна измена: 18 мај 2016
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ееееее феминки мои што да праам коа уста неможам да затворам пред неправда. Ви кажав свеки моја прва се подготви ко девојчица, си се смести во кола со малата позади во транспортер. Јас последна влегов ај небитно да скратам. Скоро до пола ат стигнати, гледам таа во раце има кеса и ја прашав што има, ми вика кафе, колачи и сок и јас му реков на мм ние ништо не сме зеле и тој додека пазаруваше, таа заиграна со малата моја и се свртев и и викам “ зошто си ми пишала таква порака вчера, дека сум јалова, неспособна, болна“ “кој ти е проблемот тебе со мене?“ Коа се збуни жена глупа ми вика ама не не сум пишала јас ништо такво и викам дај телефонот да видиш, ми вика го немам дома го оставив. Јас земам мојот и звонам кај неа и оп звони и викам ете во во ташна ти е, а таа полека го вади од џеб и гледа. Не не реков, дај да ти покажам јас и луѓенца мои го исклучи и ми вика па при крај ми е батеријата и остајме сега. Ејјјјј се изнервирав уште повеке и и викам, сеа ке му кажам на син ти да знае што ми пишуваш и веке цела црвена во лицето ми вика, па не беше за тебе туку за Х ( јатрва ми). Ми вика а ти што се мешаш, што ти е гајле. Е тогаш ми пукна скроз и морав значи морав да и кажам дека џабе неа ја криви, вината е во синот нејзин зошто како мал имал заушки и сега има запушени канали. Уште две три реченици дал и кажав за него се врати мм и еве ја од тогаш нит ми збори миту ме погледнува, ниту малата ја видела. Ич не ми е гајле овца глупа. Тамо беше бубаче и на крај и садови миеше.

    Сеа пошто знам јас дека ке си го јадам, тоа се подразбира, ке почекам да почне прва и да му ја препратам пораката на мм ако не е во тој момент дома, а ако е дома ке му дадам да ја прочита.

    Гуска глупа, ке ме лаже телефонот и бил дома, а таа без тел во вц не оди.

    И така, сеа пак не можам да спијам од нервози.
     
    Последна измена: 19 мај 2016
    На CameliaMiller, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Girl-Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Не се доискажа мислам :?:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ми снема батерија, ама редактирав и допишав.

    Да дополнам, ме погледна неколку пати и знам дека ме колнеше во мометот. Ај јас сум крива и се мешам, ама малава пак што и е крива. Сеа и неа не сака да ја гледа. Ахххх ке пукне голема кавга у пм.
     
    На MilaP и Momichka им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да кажам уште ова. На јатрва ми и била љута зошто одела повеке кај баба и место кај свекрва и, а иако таа и кажувала рецепти како да останела бремена. Гуска. Не е проблемот во јатрва ми.

    Прсостете за постовиве едно по друго, ама уште од вчера не можам да се соземам, а и од денес таа нејзина фаца намуртена, дури језиво ми е коа ми излага пред очи ликот сцената. Страшно.

    Само да ве предупредам, ако има во весник деновиве снаа претепала свекрва или свекрва отрула снаа, да знаете дека сме ние. Не за друго, туку да не лажат новинариве, демек свекрвата ја фатила снајката со швалер или пак снајката ја фатила свекрвата на крадење.
    А мислев дека вчера прескокнав со ун диета и со вежбање, ке продолжев денес бар со вежби, ама ништо од таа работа.
     
    На eloves, Antebellum, MilaP и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    А на девер ти му спомна ли ? Па кажи му на мт и онака веќе со неа си се соочила, само пази да не ти ја избрише некако пораката од телефонот, ама сигурно имаш пин.
    Леле интересна си со ова гуска глупа :rofl:, ама не и се плаши ти ќе го кркаш зошто, не си ти ништо крива, а и како што оддамна имаше пишувано да пркне малата ќе се преселите , така да гајле ти е.
    Хахаха леле бе смех си, зш да ја тепаш, со зборови утепај ја.А за труењето пази се :?:
    Па вежбај или сакаше да кажеш на неа ќе се вежбаш :rofl:
    Силна си ти, знам дека те изреволтирала, ама што и се замараш за фацата, кога она има покварена душа.
    Гајле ти е ако не ти збори усрамена е сега, знаеш како велат снао денес на лево уво ми е китката, а ти одговара јас да дрмнам 1, 2 ракијки па гајле ми е тебе каде ти е китката :D
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Винтер мила не сакам да му кажам на деверот, душичка тој со 300 маки уште удар од мајката да добие, ама ако старкава ме предизвика ке му кажам на мм, а тој е сатар. Скроз се различни со девер ми. Таа мене не ми врака зошто јас сум малку удрена, ама мм е многу удрен.
    А за вежбање навистина мислев да вежбам, имам за слабеење 7 кг, ама сеа не можам дека уште се нервирам, а од утре ке морам само малата коа ке спие, пошто не верувам дека свеки во пресрет ке ми излезе. Ништо ке го влечкам орбитрејкот во соба утре у пм.
    Не се срми мојава од ништо, туку љута е ифрит на мене. Ама ич не ми чуе.
    За селењето што поскоро пошто неможам да ја слушам со тие шубет муабети.
     
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Малце си се заебала со ова сега ќе несака да ти помага, ама знам дека не си можела да трпиш и да исќутиш.
    Епа тогаш не му кажувај на девер ти, понатаму кога ке се среди ситуацијата кажи.
    Ак не те закача и не ти враќа уште подобро, ама сигурно има страв и од мт.
    Кажи му на мт нека ти го однесе во соба кае што спие малата ем нема да ја гледаш неа.
    Со среќа што поскоро да се преселите, верувам и мт со таков избувлив карактер не би можел да ја поднесе.
     
    Последна измена: 19 мај 2016
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    @okcenzi па ти си била царица бе? подзинав од твојата постапка, буквално. Секоја ти чест на храброста, изгледа си од тие кога сакаш и почитуваш некој глава во оган за него ставаш, ама на дело не само на збор. Ретки сте такви, стварно алал да ти е. Ја не би додала ништо друго, исто како Винтер ќе ви посакам побрзо да се преселите и само убави и пријатни моменти во иднина.
     
    На Barbie20, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.368
    Допаѓања:
    171.399
    @okcenzi немој никако да му кажуваш на девер ти и на јатрва ти ,поштеди ги од нервози непотребни него пошто си има проблеми со нервите а јатрвати пошто е во процес на инвитро
    Кога веке неможеше да изтраеш и да прекутиш што е оправдано од моја страна ич да не и се плашиш и да ја кажеш на маж ти нека ја поткаче и он и нека си ја знаат сите со каква ненормална си имаш работа
    За детето ич не се секирај две раце и две нозе имаш ке си го чуваш за некој ден она ке плаче да го виде детето и ке те укриве дека ти не и го даваш да го гледа
    Пушти мозокот на пасење и не ја криј неа така и одговара да не ја кажеш на маж ти
     
    На MilaP, rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Да му кажеш на мажот ти уште одма.Покажи му ја пораката и раскажи му дека одкако си се соочила со неа, го сменила односот спрема бебето.Баш тоа го потенцирај.Ај со тебе ама што и е криво внучето.:x
    Додека она не си ја изврти случката во своја полза оти и сама кажа дека старата си љуби да глуми жртва.
    Ти одсега па натаму ја игнорирај, а остави го мажот понатаму да ја доврши работата.
    Немам претстава колку голема ќе ја направи мт, сигурно ти најдонро го знаеш ама поарно сега да пукне тиквата, барем ќе знаеш на што сте понатаму.
     
    На Gerbera, MilaP, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Ццццц aмн штo им е нa вештицине ;( кaкo штoпoчнaa прoблеми дa ми се редaт мислaм декa oд клетвите нејзини ми е aмaн;( се убив oд плaчење , пaме немaм више , незнaм штo дa превземaм уф ;( кaј мoите вo Скoпје седиме , вo месецoт еднaш нa двa денa идеме зa К.Пaлaнкa aмa лице ми прaви , се oднесувa сo мене кaкo ќеркa дa сум и (скрaјa дa е) a тaa уствaти другo си прaвелa ;( тргaме зa Скoпје и кaкo искaчaме сo кoлa oд двoрoт тaa тaкa клетви сo пoлa устa кaжувa :( штo тoлку сум згрешилa зa вaкa дa ми прaвaт сите oкoлу мене ;(
     
  14. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Зар жена полна со толку злоба вреди за твоите солзи? Таа што сака нека си кажува, нека си колне, нејзината душа си ја валка. Погледни си ги твоите дечиња и размисли дали вреди да плачеш поради некоја бабарога кога имаш таква радост во животот? И не верувај во магии, барем јас не верувам. Ако некој сака да ми направи зло има сам да се помачи за тоа, зашто такви работи не постојат. Мислам дека плачеш повеќе од фактот што те колне и тоа те боли, ама таа жена не вреди ни една твоја златна солза.
     
    На zalosna и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Ајде смири се... Не се нервирај, батали ја нека збори што сака. Магии може нема ама карма има. Се се враќа, остави на времето. Поретко иди, ќе те разбере сопругот сигурно, кој би дозволил секоја средба да ти е проследена со плачење и мачење? Отвори му се и не и иди веќе.
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    одлично @okcenzi, секоја чест.
    Убаво што си и кажала на свекрва ти пред мажот ти. (y)
    Сега ако е лута, нека и стои. Нејн проблем.
    Ти прва игнорирај ја.

    А јатрва ти, ќе се снајде. Што не ја викнала на слава, таа веке започнала да ја игнорира бидејќи сфатила колку многу и пречи во семејната слика. Сигурно се имале дискусија со маж и на таа тема. Ако е толку мирна и фина, секако не би превземала таков чекор без маж и да знае.
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Сметам дека џабе си прикачила нервози сама на себе. Непотребни нервози и немудро си постапила. Ама што е сторено - сторено е веќе.

    И јас не знам што толку за аплаудирање има во постапката на Окцензи. Нај најлесно е да се започне кавга, најлесно е секој да си изнакаже навреди еден на друг, а потоа да се гледаат попреко и да се презираат, а што е најтрагично живеат заедно.
    Како може да живеете потоа така, во таков пекол? Јас со мм кога се скарам не можам повеќе од 5 минути да му бидам љута бидејќи не ја поднесувам таква атмосфера дома, се се побркува, а не па со некој друг со кој живеам во заедница стално и да треба да минуваме еден покрај друг ко поред турски гробишта.

    Можела си се исто да направиш само наместо на кавги едноставно да ја соочиш на убав начин. Смирено да и пристапиш: "слушај, добив порака од тебе. Претпоставувам дека е за јатрва ми..."
    Ако каже нешто ок, ако сака да преќути, да не ти одговори нејзин проблем и право дури, битно ќе и укажеш дека знаеш и понатаму ќе продолжиш нормално да се однесуваш.
    Ќе и речеш со смирен тон дека не е убаво, дека не и приличи и толку. Ќе оставиш на неа да изабере што ќе прави понатаму.
    Возрасна е, нејзини постапки, нејзина срамота. Твојата одговорност како човек ќе ја исполниш и само ако на убав, не на избувлив начин и речеше дека не е тоа убаво. Ти нема да ја промениш, посекако не на овој начин.

    Како и да е, не сме сите исти, ама сите се бориме со суета и гордоста, само е разлика на кој начин избираме тоа да го правиме.
    "Она мене ќе ме излаже за телефон дека го оставила дома. "Па што очекуваше? Дека ќе падне на колена и покајнички признае се?
    Се ставаш во улога на судија, и секако дека нејзината постапка не беше убава, ама и твојата не е ништо поразлична. Зло со зло не се победува. Ти ако можеш така да живееш ок, јас лично не би могла.
    Само ја билдате огорченоста, повреденоста и злоба во себеси.
     
    На SV1911, Rama, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Јa имaм нaчекaнo мнoгу пaти кaкo ми сече рaбoти и мене и нa децaтa , незнaм дaли тoa oд инaт и oд без пaмет тoa дa прaви или тргнaлa пo зли пaт.

    Мaж ми ме рaзбирa тoј не е пoврзaн сo неa , јa знaе кaквa е , сaмo кривo ми е штo тoлку лoшo сум и стoрилa пa зa све и свaштa дa ме кoлне , и тoa не oбични клетви туку кoгa и дa имa пoлнa месечинa искaчa нaдвoр и нa глaс ме кoлне :(
     
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    @okcenzi жално што ни крива ни должна сега ти си имаш проблем. И зошто толку ја одвраќате да не кажела на деверот, на јатрвата?? Па сфеки да ја пратела пораката до вистинската снаа сигурна таа сама на сопругот ќе му кажела. Навистина глупава ситуација. И на крајот на краиштата па чим таква е жената и такви мисли и зборови може да излезат од неа кон другата снаа, ич и не ти треба ни тебе лице да ти прави..
     
    На CameliaMiller, okcenzi и rose60 им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Мила, не секогаш вината за постапките на другите кон нас треба да ја бараме во самите нас, некогаш едноставно вината си ја имаат самите тие и толку!
    По се што знам за неа од твои кажувања, не сфаќај го ова лично кон тебе, и друга да била на твое место исто ќе си добиела.
    Едноставно ти си имала "чест" да бидеш на таа позиција.
    Кога така ќе согледаш на ситуацијата поинаку ќе се почувствуваш.
    Чим е ваква работата, ШТО ПОДАЛЕКУ од неа и мирна глава. Не мајка, баба ма што сака нека е.
    Жално за неа!!!
     
    На Girl-Rabbit, galapce и Pcelka94 им се допаѓа ова.