Ве молам за мислење..... Денес додека бев кај соседите дојде на баба ми сестра и и свекрвата влегла во нашата соба и буричкала и барала пари да оди до продавница по сок јас ништо не знаев се враќам дома влегувам во мојата соба и таа по мене и ми го враќа кусурот еве вика ти зедов пари да купам сок... и јас ништо не реков ама зоврев...и си доаѓа мм и од работа и му кажувам и ми вика е добро де што и јас уште толку се изнервирав и почнав да му викам а тие во соседната соба и ме слушнале и јас изнервирена излегов надвор и таа му кажала на свекорот и тој излегува надвор а јас седната ни ме погледна ништо како тумурок.......и таа на вратата се појавува и ми вика еве таму ти се парите што ти ги зедов и сега на мм му викам однеси ме кај моите до недела оти многу се изнервирав ве молам за совет.....
па може немала пари жената за сок, па затоа земала од тебе! јас не гледам тука причина да се нервираш не буричкала за да дознае нешто или од каприц да ти рие по стварите, туку едноставно и требале пари голема работа, за се ли ќе се лутите
Во право си што си се налутила, нема таа никакво право без твое прашање да чепка, да рошка, да буричка, да зема нешто што не е нејзино, а уште помалку да се лути. Колку и да била во небрано, т.е. да немала пари да купи сок, нема да купи, требала да си мисли порано. Очигледно е дека нема основна култура (извини ако се лутиш за коментаров) штом отвора туѓ новчаник. Со оглед на тоа што бурно си реагирала и те слушнале, се надевам дека ќе сфатат за во иднина каде не треба да чепкаат. Немој да бегаш, нема потреба да се криеш и да срамиш, напротив си ги браниш своите права и своето место, јасно си обележуваш територија и им ставаш на знаење што тебе ти смета. Тие треба да се срамат. Остани си дома со главата горе крената, а на маж ти удри му една вАспитна. Морам да искоментирам Јас би се налутила, не заради парите, туку за начинот и за постапката. Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Абе ок, ама може и жената била во тесно, и требале итно пари, па побарала таму! мислам дека не е до толку сериозно да се лути до тој степен па да сака и кај мајка и да оди! Можеби утре и ние/вие ќе се најдеме во таква ситуација има и поголеми работи за лутиш, што знам јас лично не би се налутила за ова
Не знам, мене би ми била ситуацијава баш за лутиш. Мене дома моите не ми брцкаат во новчаник никогаш, не па некоја туѓа. Абе ајде... можела да ја почека да се врати и да и' рече - ми требаат пари за сок, имаш? Не верувам дека некоја на светов би ја одбила. Брцкање по туѓ новчаник е домашно невоспитување.
Јас лично не би се налутила за тоа, а уште помалку да правам драми и да барам да си одам една недела дома... Не дека би и дозволила да ми чепка по новчаник кога ќе и текне, но во ваква ситуација-се нашла во небрано, немала пари- нема да изреагирам...
Не да боже да останам без пари јас никогаш нема да и буричкам така па и ми ги врака парите и мм кога оди на работа свекор ми влегува во соба да го буде замислете и нејзините работи и се во мојата соба и си влегува кога спијам тоа највеќе ме нервира
Работата не е да одиш дома.Не им оставај сега простор да коментираат.Остани гордо дома.Зошто си во право.Не е работата за 50 ден.за сок,туку културата и почитувањето.Не е културно да брцаш некому во новчаник, никој нема такво право.
Свекрва ти е некултурна, тоа е факт. Според мене не се нашла во небрано, чудо големо ако почекала малце па да те праша дали може да и дадеш. Со кое право чепкала по туѓи ствари. И маж ти не е во право што ти рекол па што ако, пошо така испаќа како за парите да ти било. Едит: како бе така ви влегува додека спиете? Па како сте дозволиле? Спијте една вечер голи, непокриени со маж ти, нека ве види па нема да и текне уште еднаш да ви влезе, ако има малце акал.
не дека заради неа сакам да одам на госте кај мама и да си се исплакам туку заради маж ми што и да направи таа кога ке му кажам се истиот одгово е арно де е не е секогаш арно само три месеци сме во брак и она ке ми буришка ке ми бара пари.
Ако дозволиш од сега вакви работи, понатаму нема да имаш никаква приватност. Мораш уште од сега да се поставиш. Но, прво према мажот ти. Ништо не правиш ако ти се расправаш со неа, а он не превзима ништо. Ти ќе испаднеш кривата. Само на него збори му, он треба да и каже каде и е местото, нема што ти да се расправаш со неа.
Да, да. Со право се лути. Не сме неми или неписмени, сите можеме да збориме, демек ако ја прашала нема да и даде, абе ааајде. Или моментов е „моја е куќава, кај сакам ќе буричкам“. Мизерии живи. Едит: Не е до парите, до начинот е. И не може некој да рече итно и е за сок ти се молам. Проблемов не се тие пари за сокот, проблемот е што децата немаат никаква приватност, свекица си влагала таму кога спиеле и си чувала таму нејзини ствари. И да, лош потег шо му ја спраштила, а поарно што ја слушнала затоа што очигледно девојчето немало храброст в лице да и рече, па ни од мм немала поддршка.
Дај боже само ова да ти е проблем со свекрва ти. Наместо да се нервираш, мој совет ти е, да и кажеш лично и на фин тон не со дерење, Види, те молам друг пат да не ми земаш пари во новчаник, непријатено ми е. Ако ти тербаат секогаш ќе ти дадам само те молам немој да ми чепкаш без јас да знам. И готово. А не да бегаш кај мама. Знаеш уште колку проблеми ќе си имаш во животот, зар со бегање и караници ќе ги решаваш.
Епа баш затоа,не дозволувај да му зборуваат против тебе,едноставно не оставај повод и простор,заради ситуацијата,ќе биде очигледно зошто си заминала .Пробај да го имаш на твоја страна.Земи разговарај и заземи став.Не може он така-е арно де За све у живот ќе вика така?.Знам дека не сака да има расправии,но он мора да застане позади жената.Затоа поработи малку со него,женско си ,ќе се снајдеш
На крајот на краиштата постојат мобилни телефони денес ако бил толку итен еден сок, па да рече ми требаат, во ред ли е да земам. Не мораш толку да збеснуваш и да диш кај мајка ти, како што гледам луѓево ја сe однесуваат како демек ти скржава, не сакаш да дадеш.Затоа смири се и објасни на сите убаво дека не сакаш да ти чепкаат во новчаник без твое знаење и дека не ја вртат работата за 50 денари.
не дека бегам од дома така ке одам да и помогнам на мама дома сега дознав дека сум бремена и уште сака да ме макне по нивите од кога дојдов еден ден не ме е оставила дома јас имам баба и секогаш таа готви а таа е толку мрзлива што мислам дека кога баба ке ја нема мене ке ме става на шпоретот и па а јас ке ти ги гледам децата ти ке одес по нивите и се кука кога ке си дојдеме од нивата се она е изморена и ке ми казе ај фиде ти исчисти јас да одморам како јас да сум седела дома
Не оди кај мајка ти за да плачеш - тие така ќе си протолкуваат, туку седи и покажи заби. Само кажи дека во иднина не сакаш друг да ти буричка по стварите, ако некој нешто сака нека ме праша. Ќе прочитаат меѓу редови. А на маж ти кажи му дека не ти е за парите туку за постапката, начинот кој е направен, ако не му е јасно да ги викнете да ви стојат како свеќа додека имате секс Кажи и дека имаш проблематична бременост и ништо чудно и да побациш од неа -скраја било , али онака на шала па и го тресни муабетот. Не води војна туку од старт дади и до знаење до каде може да оди со твоите нерви
еднаш немавме пари дома и на мм ми му заврши платата а додека имаа и они и ние се бараше од мене пари....и кога снемавме дојде на татко ми сестра му односно тетка ми со децата и отиде за земе до продавница на вересија кашкавал и шумка а додека имаме и они и ние сама си пазарував моите коо идеа..да не забегувам бидна што бидна и потоа некое време дојде сетра и од италија и свекор ми продаде не знам вие како го викате ние го викаме јачмен и порачи скара за 1000 ден и ми вика ја што ке ги зимаме од продавница тие смрдливи кашкавали и шумкии тој ден кога требасе да дојдат таа ми вика ај зачисти а таа за моите гости ни тенкото влакно не го фати и дојде свекорот а пред тоа ми вика дека ме дзивкатт комшиите затоа што еден сосед ми рече од старт те заакаа по нивите и јас по шала по смеа му реков еве како ме дзивкаат комшите кога и чистам она не ми чисти за моите гости...и знаете што ми рече е јас мислев да те пофалам на твоите ама сега не те фалам и јас му викам јас не работам за да ме фалеш и по ум си реков ти ако не ме фалешсоседите гледат...
Не би да те карам, ама многу млада си се омажила. Е сега млада си, те виделе и дека си вредна, па и ќе бараат од тебе да работиш...тоа е, за жал. Ама во поволна позиција си со оглед на тоа дека си бремена....знаат ли воопшто? Ако не знаат кажете им, нека знаат и можеби ќе се сожалат барем малку и ќе те поштедат од некои работи. Треба да си седнеш со маж ти да си направите озбилен муабет, ако сакате и ако сметате дека можете да издржите без нивна финансиска помош, поделете се, секој за себе нека си пазари, готви, мие, чисти, брише итн. итн. за да ниту една од вас не се чувствува како слугинка и/или робинка на другата. Исто така она што уште од одма сте требале да направите е нивните ствари да си ги земат од вашата соба, па така нема да имаат потреба да влегуваат. И кажи му на маж ти да си мести саат за да стане за на работа, а не да ви влегува свекорот. Ептен е глупаво, спиеш, може и си се отскрила, а тој влегува....свашта. Ајде не се секирај, млада си , ќе се среди се`, може малку ќе се помачиш додека го превоспиташ маж ти ама полека, полека и тоа ќе биде, трпение-спасение...сите мамини синчиња поминуваат низ невестински третман И уште нешто, од мене еден совет-секогаш ако имаш нешто да му кажеш против неговите, немој да викаш и да ги навредуваш, туку со тивко, полека и строго во постела, во фаза на милување и гушкање да му кажеш што ти смета и што мислиш дека би требало да се смени. Биди итра и мила, само така ќе го придобиеш, ако викаш и ако се чпртиш ќе му се одмили дома кај тебе да си доаѓа. Испробана тактика
кога ми ги врати парите јас и ги оставив надвор на масата и сега стана и ми вика фиде зш не ги зема парите и јас и викам не е за парите кога не сум ви дадела не треба така да ми буричкаш...а на свекорот истото му го казав тоа и он ми вика у ред не треба да брка ама многу е рано ти така да се понашаш што ке кажете на тоа