@Сунѓерот Боб и тоа за купувањето што велиш ти безобразлук јас не побарав да ми дадат туку само сакавме ние од наши пари од свадбата д се средиме Ама тие не дозволија..
И за тебе тоа е нормално? Ти треба нивна дозвола? Баш ме интересира дали ѓи прашуваш за дозвола и кога да одиш во веце.
@pavlinka-daniela прашуваш што понатаму?! Очајна си и очигледно првичната љубов и среќа сега само преминала во огорченост и заблуда на твојот живот. Ами знаеш ли ти дека од љубов не се живее?! Свесна си?! Или ти мислеше дека со љубов се ќе биде, се ќе се реши?! Епа и самата гледаш дека си згрешила, ама пак затоа од грешките се учи човек. Ако твојот маж е тип на човек што не мисли на неговата иднина а посебно на иднината на своите деца тогаш тури му пепел, ако му е убаво нему да живее така тогаш нема што да направиш колку и да се трудиш ама пак затоа требало да бидеш свесна за тоа и во тоа што се впушташ. Ништо.. За почеток муабет, муабет дека не можеш така да фунционираш, муабет дека си разочарана, муабет за иднината на вашите деца и ништо друго. Има чаре ама треба да се пронајде, треба да се сака да се пронајде решение тука лежи проблемот. Маж ти може и да земе дел од нивните ниви сам да ги работи и да запечалува за вас, може и со нив да работи ама треба да му се дадат пари, плата да му дадат за вас за вашата фамилија. Мајкому стара па 21 век сме од свекрвати ли ќе барате пари возрасни луѓе. Јас мислам дека решение има но тоа не е проблемот, проблемот е маж ти што не сака да го пронајде, сам да се потруди.
Ти стварно мислиш дека муабет ќе помогне во ваква ситуација? Не верувам. Зошто би се трудел кога таа тоа не го заслужува?
@Сунѓерот Боб да не е нормално за мене Ама за мм и зе сите нив е нормално затоа и се позалив Тука..понекогаш кога сакавме да изл или сакам нешто да си купам треба од нив пари да побараме па ке прават зошто ке ни се пазошто толку многу..но мм не реагира на тоа а мене ми е мн тешко. @vitamina побаравме да но рекоа Дека уште сега не давале ниви ако сме сакале да си плакаме наем се карав се расправа со мм зошто такарече свекрвата но тој вели Дека таа на шала тоа го рекла тој Неа ја знаел кога се шали а кога не
@Сунѓерот Боб а зошто мислиш Дека не заслузувам што треба на колена да клечам пред сите пред мм пред свекор свекрва уште тоа треба да се направи..од кај ги пеам мамо тато а некој стрина и чичо ги викаст па подобро зивеат
Жено се потрудив да ти објаснам ама очигледно не сакаш да сфатиш. Ниту мене ми е гајле за тебе ниту на другите овде ама што бараш совет кога не сакаш да го слушнеш? И не ми ги испревртувај зборовите. Кога ќе сфатиш што ти кажав ќе правиме муабет.
Дете! Ај одмори малку, олабави ја жената и така си има свои проблеми, а ти само ја напнуваш. Уживај си во твојот совршен свет, а таа ќе си се пожали овде кога нема каде. Таа, а и јас многу убаво ги сфативме твоите коментари.
Многу дрско и безобразно. Упорно продолжуваш да навредуваш од типот глупава. Женичката е само скромна и намачена.
Добро, може малку претерав, ама не ми беше целта да навредам некој. Јас не сакам никој да навредувам само што изгледа дека само јас гледам на тој начин на кој што гледам, а вие останатите не. Вие сметате дека тоа е во ред, ок. Само што мене ич не ми изгледа ок. Ама тоа е, секој со своите мислења. Јас стварно се извинувам доколку стварно се чувствува навредена, а не би требало, не од некој лик на форум. Друго ми беше поентата, ама ете не се сфативме. Толку, не коментирам повеќе.
Жената треба да си ги отвори очите додека не е касно(може веќе е).Не верувам дека тој нејзиниот ке се смени некогаш или пак неговите. Ја третираат ко работна сила и машина за рагање деца,а права нема никакви.Ни како жена ни како снаа.Село е село ама животот е нејзин и во нејзини раце само. Тапшање по рамо во случајот не и помага.Она е млада и способна жена и заслужува поубав живот од овој. И оставете секој да каже свое мислење.Форумот така функционира
Токму тоа сакав да го кажам, само што може бев малку погруба. Ама ете ти ги употреби вистинските зборови. Потполно се согласувам со тебе.
Sekoj ima pravo da se izjasni, tocno taka i funkcionira forumot . No sepak treba da se odberat zborovi koj nema da bidat navredlivi.
Мислиш дека има некој избор? Во нејзините постови прочитав само мака и тага, а воедно и безизлезна состојба освен да се разведе.
Па што е толку лошо во развод? Подобро тоа отколку цел живот во мака и тага ко што велиш Излез секогаш има за се
Помислив и на тоа му реков и на мм а тој ми рече немој ни да си помислила на тоа попрво ке те обесам отколку таква пеза да ми направиш да ми се смеат сите
Kazi mu na mt deka nema nisto sramno vo razvod. Pred da mu go kazes toa svati i ti deka podobro e sreken razvod otkolku nesreken brak ako veke ne gledas drug izlez od toa sto sega go zivees. Nikogas ne pagaj na takvi eftini uceni.
@pavlinka-daniela Мислев да напишам дека треба заедно да се борите, но после ова, развод му е мајката. Значи тој не би ни да се бори ни ништо да среди, а од друга страна единствено зошто е против развод е бидејќи ќе му се смеаат комшиите Бегај додека те нозе држат.