Ех, луѓе само да ви кажам дека познавам семејства кои и тоа како имаат средства на секое нивно дете да му обезбедат посебен дом, со сите нишани и тоа и го прават, АМА ДА БИДАТ ШТО ПОЗАЛЕПЕНИ ДО НИВ. Познавам конретен пример, таткото, успешен бизнисмен,води фирма во која работат и двајцата синови и сопругата, обезбеди спрат од зграда со три луксузни станови и тоа еден за него и сопругата, еден за едниот, а друг за другиот син. Кај едниот од синовите, бевме собрани мало друштво, па видов на лице место како стојат работите. Мал ходник. чиниш отвораш врата од едниот стан наидуваш на другиот од кој во секој момент некој ќе излета. Ѕидови тенки,не дај Боже да се скараш, сите ќе ја знаат причината. Приватност-нула.Бездруго ќе знаат кога водиш љубов, се тушираш, и се останато. Најинтересно е, што едниот од синовите веќе се ожени и нормално невестата се насели кај него. За другиов не знам, ама чинам истото ќе биде. Не дека немаат средства да обезбедат уште еден стан на друго место, ТУКУ НЕ САКААТ. Не можат да замислат некој си рандом ,, туѓинец,, да им го освои катот, било како закупец, било како нов сопственик. Ни младиве чинам не би ја смениле ситуацијава. Нивни пријатели, исто така добро ситуирани, креваат катови, прават лепенки на постојна куќа за синовите, иако можат да обезбедат посебно живеалиште, макар малку подалеку. Искрено, се додека се дели ист двор, приватност некоја нема. Имам другарка, живее во лепенка, седиме кај неа на гости, оп еве ја свекрвата да сепоздрави. Па пак, за нешто друго, и така неколку пати. Според мене, важно е да се обезбедат средства, но треба да се има и волја за одделување. Понекогаш, наликуваме на турските и индиските серии. Огромна палата, собрани во неа, родителите на сопругот, баби дедовци, девер и јатврва Х2, золва, по некоја залутана братучетка, а демек богаи, фирми во странство, бизниси. Снаата пати, свекрвава сака да ја уништи, ама не ,никако и таа и сопругот не мрдаат од таа куќа. А замислете имале и станови на страна. Сум велела, поради во гарсониера сами, макар и под наем, одошто во заедница.
Abe,toj sto stapuva vo brak,stapuva so partnerot,ne so starite. A starite so toa sto I'm odstapile edna soba na mladite,mislat deka imaat pravo na veto. I pak ke kazam,ako brakot e cvrst,mladite ke sedat I ke cekaat promena vo odnesuvanjeto na starite.Koga najposle ke vidat deka casata se preleala,e togas se ,,osvestuvaat,,I izleguvaat od zaednicata.
Ај пробајте да имате вакви свекор и свекрва, каде што освен луксуз и чалами терање ништо во животов не им овозможиле да децата, ниту куќа ниту некое претерано образование ниту вложување во личноста. Пробајте да имате свекор кој се однесува како тинејџер, кој стои пред огледало и само се парфимирана кој не му чини сладоледот поради тоа што не бил овошен, кој сирењето не му е убаво, и се што е ставено на маса како некое дете прејадено и презадоволено од се. Јас и мм сами се трудиме спрат да направиме, затоа што тие наместо да помогнат ги замрсиле работите околу документите колку што можеле во минатото, јас и мм сами ја исправаме работата, без да прашаат до каде стасавте или ви треба ли некаква помош било финансиска било морална. Ништо од тоа, па уште кога ќе седне на маса да пребира и чалами а на крај на месец побара пари од мене и мм затоа што не му стасале е тогаш што би му направиле? А?
Голден пробајте вие да разговарате со маж ти во 4 очи и да пресечете, да ставите некоја граница а што викаш?! Наместо да зборуваш и да се јадеш да пробаат/пробале сите? Зошто очекуваш? Што бараш и зошто? Какви се такви се, родители се. Таму спиете, таму живеете па и тоа е нешто нели. Наместо да се нервирате и да се јадосувате да кукате пробајте вие двајца да се смените и да си барате чаре, да пресечете некаде и да си го разубавите животот. Наместо да се трудите да пробувате да смените никој прво вие треба да се промените. Тоа е што е, родител нема да смениш самп ти пробај смени се за да не се јадеш цел живот.
Мм. Ме поддржува, баш и тоа се трудиме нешто наше да имаме за тоа трчаме, дај Боже да успееме не се ни надевам дека ќе се сменат тоа е нивни начин на живот веќе 50 години. Само да сме живи и здрави
Некако како да ми измешавте брзини. Ако живеете во заедница океј е да се прилагодите кога ќе пуштате машини за перење и каков ручек ќе готвите, ама свекрвите да ви даваат пари за влошки или да прашувате кога да излезете од дома, или на свекрвите да им објаснувате каде одите?! Ма не се криви свекрвите, вие сте за ќутек. На мајка ми не и кажувам кај одам, а да, во заедница со неа очигледно живеам, не па на свекрва. Сами си правите заебанции.
Кога си во заедница мора да се прилагодиш..а за машините за алишта тоа е во заедница си кога се пушта машина на сите се перат нема мои твои бидејки си во заедница а не си делена од нив,барем тоа е мое мислење и така е кај нас..а за одење некаде мора да седнеш и да се договориш мозе тие ке одат на Нива па кога ке се вратат ручек ке нема а ти си излегла си се шеташ..барем тоа е мое мислење мозе и мене не ми одговара така Ама тоа е ке си се прилагодиш..секој си има различни мислење и свакања..☺
Тоа си е ствар на договор како се пере, како се готви, не мора да се пери заедно или да се јади заедно.
Да но штом не готвите заедно не јадете заедно значи не сте во заедница сами сте си и мора тебе маз ти да обезбеди или ти било како за дома да имаш работи што ти требаат да направиш ручек бидејки Нели посебно ке готвиш..да мозе да се случи и посебно некогаш но не секогаш бидејки кога се работи во заедница парите се на едно место мислам јас сум скоро дојдена и некако парите не се во мене тие планираат што како..во мене имам колку кога одтанувам сама дома ако ми Притреба нешто да идам да земам..сепак Нели реков во секоја кука си е различно..☺
Без навреди ама како бе луѓе можете да живеете така,парите ваши и на свекрвата и свекорот да се на едно место? Бракот е заедница само помеѓу мажот и жената а не и сите останати околу, иако живеете со нив. Да, може да перете заеднички работи,пеглајте,ручајте заедно ама треба да се има граница! Барем јас така тоа го сфаќам. Јас на мм не му кажувам на што сум потрошила пари а не па на свекорот и свекрвата. Бракот е сериозна работа каде не си веќе дете да полагаш сметки на родителите каде ги трошиш парите,каде си бил,со кого си бил...
арно и џепарлак ти даваат значи поарно ти е вака, се да обезбедат свекорот и свекрвата, ти за ништо да не се замараш, џепарлак си имаш и доста е... на одмор ке ве носат некаде? п.с живо ме интересира со секси долниот веш дали го периш заедно со тој на свеки?
Да како што реков секаде е различно во секоја кука...секој си има различни свакања и да заедно ги перам што има толку лошо во тоа стварно не гледам оти моите и нфјзините алишта ке ги пуштам заеднл да се перат и таа е човек и јас сум..и да ние работиме земјоделие како што реков сега сум бремена и сум дома Ама јас сум скоро три години овде и не очекувам свекрва ми да ги даде парите во мене и да рече нека се во вас..здравје бога да се роди детето зиво здраво и тие разбираат млади сме не сакаме по ниви да работиме ми рекоа почни на работа Ама тогаш од дома пари нема штом сакаме сами веке..а сега во заедница и мм работи и јас работев додека не бев бремена и се што требаше тие даваа за првото дете и за памперс и за млеко за се што требаше икога отидпвме на одмор побаравме пак пари од нив Ама колку сакавме толку ни дадоа и не гледам ништо лошо во тоа..немозе парите да се во нас тие си лагаат за губрива за се што треба за земјоделието а тоа што одтанувам д се троши за сите е така да сега за сега е така здравје бога мозе понатаму ке се сменат работите..мозе за тебе е да чудно и за некој друг но во каква средина си така ке си зивееш..
Јас не гледам ништо чудно во постот на @blessed.an . Повеќето семејства во селата така функционираат. Колку што читам таа си е среќна со ваквата состојба, а штом неа и е убаво за нас граЃаните што живееме во некој век понапред и одвај врзуваме крај со крај не е важно
Фактички до толку сте стасале во заедницата што се нема пари во џеб и да треба да бараш и 60 денари за влошки од "Главните дома" така ? (Бидејќи се стое кај нив)
Јас не реков така значи тие даваат во мм пари тој има и ја кога ми треба нешто си барам од него а не од нив..помислив да одиме да зивееме под Кирија но кај ке одиме јас бремена треба да родам плус мало дете од година ипол со Една плата не се издрзува..разговаравме и дома на таа тема тие ни рекоа имате кука зошто да Идете да плакате Кирија имајки Нели кука не не сопираат но сепак сега за сега ке сме со нив а за понатака здравје бога ке видиме..
И нормално кога ќе почниш на работа ќе си имаш свое ќесе со свои пари и воопшто нема да се замараш дали ќе ти речат - Нема од дома.. Па нека нема фино лепо чао, своја плата свој газда што ти притреба ќе си купиш нема да бараш нормално Но.. Во селата најчесто тоа така функционира ..Зависи каде, и младината како се научени, некои не за на "Свои нозе да застанат" Па затоа се тука тато и мама да им берат гајле и да им го водат орото.. По некој ден ќе биди , - Може да ни дадете пари сакаме да излеземе насамо со женава.. Одговор .. Или може или не може тоа е јбг. Перење нормално е да се перите па тие не се заразени да се делите. Здравје се знае за дете се перат посебно , ако ги мешате и од бебчето ... тоа е друго вие си знаете. Чим ти е убаво , со среќа нека ти е. Да се редактирам откако прочитав твоето. Бидејќи во мажотти има пари , добро би било да бараш да си имаш во тебе некоја пара сепак мајка си..со детенце знаеме како е да бара да му се купи нешто.. Секако нема да отидеш и да побараш.. Мажуу дај 10 ден детево сака смоки.. Не ме сваќај за зло мила мило ми е што сте среќни, се надевам ќе успеете понатаму да се одделите, бидејќи колку и да вели некој дека во заедница е убаво, сепак и до толку не е , секои маж и жена би сакале насамо , да јадат, пијат, спијаат уживаат во секојдневието, во мирот двајцата додека нивните деца си играат и така.
А тоа да на керка ми посебно и ги перам нормално..а и реков сега за сега е така ни дадоа спрат со мм сме горе е сега се работи Нели сакаме некој работи Еве пример кујна сеуште немаме а од плата од 12иљади немозе кујна д се направи тие колку за децата и за страна нема што се Вика..е сега се работи многу па здравје рекоа наесен ке си направиме и кујна ине гледам зошто би идела под Кирија само пари да давам..здравје нека потпорасне потоа и бебчето што треба да се роди па сакаме и јас и мм да си почнеме на работа..си имам и помош од свеки по дома не смеам да дигам па тааме одменува ја залазува керка ми си поигрува со Неа за јас да одморам..сега за сега е добро и добро си функционисање како што реков мозе е смешно..но сепак не секој мозе од старт да си дозволи сами да си зивеат..