расчисти ги од старт според мене, ако имаш читано порано и јас имав проблеми со нив и тоа многу големи ме газеа едноставно, се додека не покажав заби и додека золва ми не се омажи. Мора да се има ред не е битно ти дали си 3 дена или 3 месеца во куќата таа НЕМА , нема право да ти чепка во новчаникот. Ако има само една соба таа нека биде твоја( веројатно би требало да имате две соби) едниствено таа соба е твоја а и интимна како може таа да влегува во собата додека ти спиеш можеби спиеш гола. Седни на убав начин разговарај со неа, на фин начин кажи и што ти пречи( се надевам дека ќе те сфати). А за тоа ти 3 месец да одиш на нива- НИКАКО. Оди на доктор или излажи дека одиш на доктор и врати се дома и речи дека не треба да стануваш дека не треба да дигаш па ако сака и од земја нека се репка. Или додека тие се на нива, нема да ти биде тешко да направиш ручек. Тука јас и мажот ти го окривувам како може да те прати бремена да одиш на нива по овие горештини. Гледај да го завртиш маж од твоја страна и потоа ќе биде полесно. Ти посакувам среќа
Спасот ти е-поделете се.Така ќе бидете во нормални односи и без секојдневни кавги.Проблемот е и во мажот ти.Како тоа дозволува нивни ствари да стојат кај вас и да влегува кога сака.Џабе е се ако мажот е мајкар.Таквите се најлоши,а пак во комбинација со ваква мајка т.е свекрва тешко тебе. И да,нареден пат клучот на врата и готово.
мене во целава постапка ме изнервира маж ти кој не те одбранил! барем да ти изразеше мислење дека мајка му погрешно постапила... од наредните постови гледам дека имаш и други проблеми со нив, извини на изразов, ама Спојлер како `да те земаат низ нозе` цврсто застани на своите ставови, најди свое место во куќата, пушти малку глас, со повреме!!! се согласувам со се` што те советуваа погоре
Сега си идам од нивата бев во краставиците кои вчера беа прскани со отров...ама што да правам кога на нив не им текнува па дури и рубите за по нива ми ги ставила на столот
абе девојче, не знам од каде си, ама тоа е, кога си се мажела изгледа си видела кај одиш, како што гледам по ниви одиш, работиш...ама ете, барем работиш нешто, не е битно каде... иначе и порано жените дури на нива се породувале, никој не ги прашувал дали можат или не... ама сега се подруги времиња, сепак.... ти гледај си го здравјето пред се`, и тоа бебчето што го носиш во тебе, сега не ти се потребни секирации, работај колку можиш и тоа што е полесно, а за се` друго-барај подршка и разбирање од маж ти.
По пишувањето осеќам дека си струмичанка... А по годините можеби и некоја комшивка да си ми Шала на страна, девојко, бремена си, свесна си колку се штетни инсектицидите што се прскаат во фолиите, па и на отворено, бегај подалеку. Сама ако не се жалиш,никој нема да те жали. Јас знам дека за земјоделците ова е пеколен период (најбурен), ама ако им фали работна рака, нека си платат аргат. Твоја должност сега е да се грижиш за правилно развивање на плодот (она на кое што ти можеш да влијаеш). А за свекрва ти, немам друг коментар освен што ќе ги повторам оние над мене. Покажи си забите, додека не им ржнеш, никогаш нема да те почитуваат. Слушај паталец а не гаталец. И добро пиша Лолита погоре,секој проблем што го имаш со нив на мажето во постела ќе му го кажеш (најдобро после секс ) и на смирен начин.
Dali e mozno ova? Ve molam za sovet!!! Odime so MM na gosti doma nemase nikoj bevme so decata do nas zivee svekrvam i tie imat kluc od stanot no koga se vrativme doma na vratat najdovme t.e. na kvakata zavrzano plav konec? Ne znam sto e toa pa i ne se osmeluvam da ja prasam dali taa go ima vrzano po logika nema nikoj drug kluc od stanot!!
^ Конецот бил на кваката од вратата надворешна? Ако е така, не мора да значи дека свекрва ти била таа што го врзала. Не им треба клуч на луѓето да врзат конец на НАДВОРЕШНАТА врата.
мој совет да не паничиш пред време.. прво распрашај се убаво и преиспитај со некого што знае.. може и да испадне дека не е ништо!!
А, бе фидани фидани... Генерацијо моја, кај брзаше, мила на мајка ?! Да не избега возот за мажење ли. Зошто бе луѓе вака си правите, после свекрва ми вака или нака. Него, ај да не ја тупиме, што е тука е. Мој совет ти е, малку да размислиш разумно. Имаш 18 години и си бремена. Гледам дека сте земјоделско семејство, значи живеачката од тие работи ви зависи. Не можеш да се лутиш ако ти викаат да работиш, а не знаат дека си бремена. Очекуваат луѓето дека ќе им помогнеш, па напорна е таа работа. Додека не им кажеш дека си бремена, очекувај дека ќе ти викаат да работиш. Друга работа е што, барем според мене, многу се мали шансите да се разделите. Кај би оделе, веројатно сопругот ти е млад, ти 18 години плус дете... Да бидеме реални, нели. Затоа, мораш да се сложуваш повеќе со нив, со домашните. Па не ти зела жената скришно пари, ти кажала и плус ти ги вратила. Јесте дека е некултурно, но, што очекувате вие од жена која цел живот работела на нива ?! Не сакам да бидам безобразна, но луѓето се измачени, изморени и на крај памет не им е да мислат на култура и манири. Што друго да кажам, не знам. Очигледно иако сме генерациски поврзани, многу големи разлики не делат. Разни проблеми не мачат. Ако ти е полесно, во секое време можеш да се искажеш на форумот, тој ќе те сфати и слуша. Не мора ние.
Тргни го конецот, попрскај низ дома со крстена вода, исчади со темјан и готво. Тоа за да ти помине шубето. Инаку тоа може да е и обележување на крадци така да не мисли одма на магии и чуда. Ајде смири се не е ништо.
да, само тоа направи го...и не му се думај многу-многу....., ако мислиш дека никој ништо не може да ти направи-и не може! пс. нена, како тоа обележување од крадци?
Попрскај го тоа со солена вода и не го фаќај пред тоа, а ни после тоа со раце тргни го со нешто друго
Мислата на тоа дека некој ти прави некои магии е навистина тешка и и постојано ќе ти прави да се сомневаш во секого и во се.Читам дека свекрвата имала клуч од вашиот дом -тоа алудира дека таа го врзала конецот ,што немора да значи.Како и да е ,попрскај со крстена вода,а по некое време земи и ти конец(нека биде црвен на пример) па врзи и на кваката на свекрва ти (иако ништо нема да и направиш-некоја луда магија)чисто онака мило за драго,а потоа прашај ја каков и е тој конец што и виси на вратата.Гледај и слушај како ќе реагира кога ќе го види конецот и што ќе направи со него.Потоа кажи и дека и ти си нашла во твојот стан син конец и дека не веруваш во магии и такви ствари,дека најверојатно некоја „злобница“ви врзува конци на двете за да се нервирате. Ова сфати го како терање мајтап,па друг пат да не и текнуваат пак вакви глупости.
Стетоскоп браво многу добар совет се согласувам потполно само тогаш ке дознаеш дали била она или не!!
имам еден поинаков муабет за свекрвите, вака: сите велиме: не ни е гајле што зборуваат другите. но ако слушниш некој муабет нема да ти е сеедно, колку-толку ќе те изнервира. познавам многу снаи кои се жалат дека свекрвата кај да стигни (најчесто по комшии и роднини) само ги куди, а најчесто е следново: -Не знае крпа да фати в рака.... -Да видиш како ги исчисти прозорците само облаци се познаваат.... -Само со мобилниот е в рака, какво чистење!!! -Секој ден бојлерот е вклучен, не знае колку струја и вода троши.... -Само пари троши на глупости, козметики... -Побитно и е на кафе да појди дотерана, отколку да направи еден асален ручек... -Секој втор ден кај мајка и оди, кој знае што муабетат таму... Побитно: Ги пренесуваат сите караници, тајни меѓу снаата и синот, како и семејни тајни (пр. колкава плата зема снаата). Многу од снаите кои ги познавам се нормални жени, и сите од нив се `носат` со теретот на овој динамичен, современ живот која како знае и умее. Но, тие сепак не чинат за свекрвата и затоа таа (свекрвата) е `должна` да го шири тоа наоколу, создавајќи немир, караници, нервози во брачниот живот на снаата и својот син. Ако ова и вам ви се случува, како се справувате? Еве јас ќе дадам еден мој пример: Спојлер Бевме канети на крштевка и јас се понудив да направам торта, но свекрва ми не дозволи и зеде купечка торта во слаткарница. На крштевката мајката и бабата на бебенцето прашаа каква торта сме направиле, кој рецепт е, а свекрва ми зад мој грб изнакажа дека е нарачана, дека нема кој да прави домашна торта, дека снаата не ја бива за такви работи, не сакала да се нафати, да не и` побегнеле кафичите...итн....
Значи јас не сум мажена и немам свекрва фала Богу( се уште)...Ххх.. Се надевам дека некој ден мојата идна свекрва( се имам запознаено со мајка му на дечко ми ) нема да биде злобна и лоша... Вака ми изгледа како супер женичка, дури и секогаш е на моја страна па валда нема да се промени... Ако си е ваква ќе си ја сакам ама ако не... еее тогаш ќе падне жалење по форумов
хаха C: иднава свекрва доста мирна и добра женичка ми се гледа... ама свекоров... ми иде усвета да фатам ! ако нешо му се деси на мојот брак тој ке биде причината... како да се спасам од него ? многу е влијателен дома.. не сум била добра за син му.. кратко сум носела (у сред лето на 50 степени) од скопје сум била и сл... ако има некој слична ситуација дај да се потешиме .. Победа над свекорот ))