Ona svojot sin ne go gleda,ne pa posinokot. Jas mislam deka mu crta vedji na stariot,a tebe te provocira.
И тогаш ќе и бидеш крива (сите имаат снаи што почитуваат, само мојава олош), ама на таквите како неа до умирачка памет не им доаѓа Среќа си далеку, па не си принудена секојдневно со лошотијава да се оправаш.
Офф што да кажам, кој си ги гледа своите деца и туѓи ќе гледа.Туѓите никогаш нема да бидат помили од своите (јас така мислам) Има ги разни, безобразни. Само едно знам дека родителите какви и да се никогаш нема да ги оставам сепак ме створиле и израснале. Е сега за свекрва и свекор е подруго, ама сепак и тие се нечии родители.
И јас се водам по слична девиза. Сакам на мајка ми да и биде удобно, погодено и еден ден да ја земам кај мене. Би било егоистички и себично да не дадам шанса и да не бидам спремна на компромис за сопругот да го стори истото за своите родители. Со сила убавина кај неразбрани не бива, но со разумни луѓе се постигнува компромис. Искрени и отворени разговореи без навреди, повишен тон или мешање баби/жаби.
Јас сум за реципроцитет, и не само со свекрви, туку со сите - браќа, сестри, родители. Не може некој да очекува да му се притресам ако тој не ми се притресе мене. Тоа што го кажала свекрвата на Офи, и мене би ме брцнало во срце и не би простила лесно. Извини, ама муабетот "ти имаш" не држи вода. Твое е еднакво да понудиш на сите, мое е да се откажам од мојот дел ако сакам да помогнам на браќа/сестри. Мајката на дм се има откажано од својот дел од наследството од родителите во име на сестра и. И мислам дека е така најисправно.
Нели Офи збореше пред некое време за живеење сами, ни свекрва ми треба да ми помага, сакам гола да шетам, никој да ми мрчи, колку имам толку, глупи и заостанати се овие што се туркаат во заедница и чекаат што да е од свекрва...како сега Офи си зачудена зошто свекрвата не ве става во нејзин есап и не планира да ве помага? Па уште планираш да разговараш кога ќе се родат децата што планира она??? Синовите негови колку што разбрав таму живеат? Тоа е имот на татко им, како што ти кажа, негови ниви, негова куќа, плус ако се во близина или во иста куќа живеат со синовите, со нив ќе се гураат со задниците низ соби додека ти се шеташ гола. Се си има цена.
Интересно ќе биде кога ќе се роди детето од синот на маж и, неговата жена ќе се породи пред мене, баш ќе видам како ќе се понаша спрема нејзиното дете, и спрема моите кои и се родени внуци. Ако ми ги издвои децата има пердуви да летаат, а ќе ја следам ситуацијата да видам понашање. Иначе, тоа е тип на права селска жена која нема помрднато многу подалеку. Свекор ми е починат пред 4 години, јас го немам ни запознаено, она наредната година веднаш отишла за друг, пошто тоа не е жена од 21 век која ќе оди и ќе се бори, ќе бара работа, навикната е да живее на село и да зависи од маж. ММ тогаш имал 21 година, веќе бил осамостоен од родителите, а најмалиот му брат, т.е. девер ми, тогаш имал 15тина години, кога она се премажила и отишла да живее кај тој човек, воедно и девер ми најмалиот морал со неа да отиде. И си викам во себе, па каква е тоа мајка што ќе го направи тоа, да го завлечеш детето под туѓите куќи, наместо да одиш да најдеш работа и да го исшколуваш достоинствено. Он живееше со нив и патуваше за нашколо до град, после тоа детето се пресели кај чичко им на мм, па последните година ипол од школувањето живееше таму. Мене ми беше жал, замисли да си така отфрлен, да си отидеш, а мајка ти живее и им пере и готви на други туѓи деца??? Како ли тоа дете се осеќало? Го осакатила, сам да се снаоѓа. Откога заврши средно он пак се врати горе на село и живееше таму работеше на нивните ниви и нивната стока, сега најде работа во градот овде, првиот месец исто седеше кај чичко им, ама веќе му е неугодно на детето да биде терет таму, па јас му реков на мм слободно додека не се снајде со смештај нека дојде кај нас нека биде, само да не е приморан да си даде отказ и да се врати онде горе во туѓите куќи. Мене ми е жал, и јас ќе помогнам секогаш колку можам, ако гледам дека си спрема мене човек, греота е да се мачи, ама го поштува тоа. И секогаш ќе помогнам на тој што е човек спрема мене. Ама на старана нема да и помогнам зошто онака се понаша, не е ни јавена кај мене на телефон да ме праша како сум, како е бременоста, како се осеќам...
Си има цена, точно, јас бев човек спрема неа напишав и предходно кога се пожалив, од мене доби ганц нова модерна кујна, нигде оштетена за да си ја користи со здравје. Мене и ден денес грбот ме боли за таа кујна, и ќе ја памтам доживотно, а она едно јаболко ми нема дадено ако не за мене барем за поклонот што од мене го доби. Пошто нели, кога некој нешто ќе ми даде, гледам барем да возвратам со убаво. Еве јас имам другарка која има близнаци, веќе наполнија 3 години децата, ми рече немој количка да купуваш, мојата ќе ти ја дадам. Јас тоа го поштувам, и за нејзините деца за роденден купив убави и скапи играчки. Затоа што е она човек спрема мене.
А за она погоре што си го пишала, ќе ја следиш како се однесува со внуците па пердуви ќе летале. Според описот за неа што го даде, ми се чини г'з ќе ја боли што ти мислиш и чувствуваш за нејзиното однесување. Има жени како што кажа кога ќе се премажат влечат од мажот и што треба и што не треба за свои деца, ама зависи и од жена и од тоа каков маж ќе се погоди. Може си седи и ќути и е благодарна што некој ја прибрал, оти мажачка на постари години и на 20 не е исто, и нема што тука ти пресметки да и правиш. Најдобро ќе ти биде да се вратиш на мислењата што ги пишуваше до скоро, секој сам за себе колку може и умее, а кој чиј газ ќе пери на стари години нека му ја мисли сам, не се знае ништо што и како иде.
@Bridget Не е исто, затоа што мажачка на 20 обично е од љубов, а на стари години е од корист и од друштво. Две страни, кои се сами, или осамени, се наоѓаат и сфаќаат дека за нив двајца е корисно да живеат заедно. Него му треба жена дома која ќе го пере и ќе му готви, а неа и треба маж кој ќе ја издржува. Чиста сметка -долга љубов. Јас мислењата кои ги напишав за осамостојувањето се мои и стојам зад нив цврсто, затоа што е така. АМА, тука не станува збор за издржавање, не барам јас свекрвата да ме издржава, туку барам да покаже добра воља, како што сум покажала јас спрема неа. Цената за шетањето гола дома не ја поставив јас, да беше друго понашањето вратата д мојот дома ќе беше отворена за секого. Она прва почна цени да поставува. Јас прва покажав добра воља, и дадов нова кујна која ја платив во кеш, затоа што во туѓа земја каде ја купив не ми даваа на рати затоа што сум странец. Она на таа моја добра воља не возврати никако. На ниеден начин. Не поставив јас цена. Она постави. Да се понашаше поинаку, јас ќе бев отворена за неа во секое време. И кога ќе ми дојде на гости да донесе две кила јаболка, јас кога ќе отидам кај неа пак, ќе и однесам неа нешто што и треба, а на пример на село го нема. И така. Никој не бара издржување, имовина, или пола пензија. Во заблуда си. Јас барам добра воља, која прва ја покажав, а за возврат добив подолгото од трите.
Добро, покажа добра волја, не доби во иста мера, сфати колку е саат, и логично е да си продолжиш по свое така? И сама знаеш дека колку и да пишуваш она ќе си остане иста, па зошто да се труеш со такви мисли? Може е без осет а може и мажот и синовите негови толку и дозволуваат. Таква си е, остај ја на раат.
Офи, овде се оди во крајности. Некултурно е да појдеш на гости кај некого што не го гледаш секој ден со празни раце, а не па кај сопствено дете, во случајов мт. Ни баба ми никогаш не ги помагала финансиски моите, ама при секое одење кај неа, сите внуци сме добивале цреши, јагоди, рибизли, итн. Во големи количини зошто тоа и расте во двор. Не дека моиве немале пари да купат, гестот е важен. Дм има роднини во село со кои мн добро стоиме, кога и да дојдат што велиш носат домашни зеленчуци и џемови од планински овошја, и ние кога одиме им носиме работи што знаеме дека им се допаѓаат а ги нема кај нив. Култура е, која нема врска ниту со издржавање ниту со заедница. @Bridget и ти си во право потполно, но човек некогаш има потреба да се испука, кога мисли дека е некој неправден према него, посебно зошто е сега Офи бремена. Едно е на некого да му се мешаш во штипки, друго да покажеш грижа. Го разбирам револтот иако мислам дека и таа самата е свесна дека старава нема да се промени. Мислам дека имаш и ти дете и еве како мајка си свесна дека не можеш никој да сакаш повеќе од свое дете, ни маж, ни никој. Барем јас така мислам, има време, ќе видиме дали сум во право.
Така така, ама ти ме нападна дека сум контрадикторна во моите мислења, а не сум. Знаев оти ќе се јавиш и знаев каде ќе тера муабетот. Само како што ти посочив, јас не барав имовина од неа или пола пензија од маж и да ја краде и мене да ми ја дава. Барав да имаме каков таков баланс и коректен однос. А не да ми доаѓаш дома со муабет дека ќе ја издржаваш во храна жената на посинокот, а на трудната жена на син ти и доаѓаш во гости со таквото во раце. Плус не барав совет, зошто ми викаш да се помирам кога знам каква и да ќутам? Напишав јас дека само си напишав да се испукам. Тоа што пишувате совети е ваша добра воља и јас тоа го ценам.
Море Бриџит на сите совети делиш , ама ти имаш ли бе свекрва бе жено ? Никогаш не си ја спомнала, жива ли е те закача ли ? Ме интересира во какви односи сте. Како ја ставаш у ред А ти @Offspring џабе се трудиш ако е скржав од неа нема да добиеш ништо.Ако не и текнува да те понуди со јаболки и ред други работи џабе се нервираш. Арно ти каж некој ннзад нека раџговар маж ти со неа или пак ти.Разговарај отворено што ти пречи. Евентуално јас да сум би си терала мајтап.Кога ќе дојде намерно ќе и тупнам јаболки и ред други овошја било што она го има дома а не го носи. И кога секое овошје ќе го принесеш на маса уз смеење и муабет речи е ова многу поскапеле јаболките на пазар или многу се вкусни, ама џабе не се домашно произведени.Може да и кажеш како ми се јаде домашни ај донеси од вашите да ги пробаме Зафркни ја малку. А девер ти уште ли е кај вас, оти така не можеш да се шеташ гола
Кај нас е, вчера се досели. Јас бев иницијатор за тоа, затоа што несакав детето да биде приморано поради немањето каде да живее, да си даде отказ и да се врати кај мајка му во туѓа куќа. Нема да живее засекогаш со нас, само сакав да кажам дека секогаш сум отворена за да помогнам на кјо и да е. А излезе работава дека јас сакам да си живеам самостално а да ја молзам свекрва ми, што воопшто не е точно. Кај мене е вратата отворена за секого, очекувам кога некогаш ќе ми притреба помош да ја добијам од оние на кои сум помогнала. А јас ќе помогнам таму каде што ми помогнале. Така тоа иде во реалноста. Никој никого не издржава, ни пак барам да не издржаваат. Коректен однос и припомош е едно, да и се закачам на пензијата и имовината е друго.
Ерм, треба да ти го објаснам целото фамилијарно стебло? Ако не сфати еве ќе ти кажам, напишав најмалиот брат, што значи дека не се само двајца, туку тројца, или повеќе. Едниот го помогнавме, беше кај нас додека не најде работа, кога најде работа и заработи за да си плаќа ќирија нема што повеќе да бара кај нас. Истото ќе биде и со другиот. Кога ќе биде стабилен да застане на свои нозе, нема што повеќе да седи кај нас. Тоа е нормално, не?
Meне ме интересира од каде правото да располагате со туѓ имот? Од каде го влечете? Ја на пример уста на отворам за имот на свекор/свекрва. Нивни е, они го заработиле. Ако некој треба да реагира, да бара и премерува, тогаш тоа се децата, не снаите или зетовците. А баш би сакала да можев
Па ги немаме мажите на темиве да дадат мислење Инаку, без зезање, не е убаво да си делен, макар од родител. Јас барем мислам дека многу би ми било криво мајка ми да се грижи за сестра ми драстично повеќе отколку за мене. Не е тоа некакво имот барање, истото важи и повеќе внимание да обрнува, не е секогаш се во парите. И не верувам дека некому би му било сеедно едното дете да го пратат родителите на море, а другото може и дома да си седи. Таквата поделба јас не ја сакам, без оглед од чии родители е, а и без оглед на возраста на децата. Мене би ме навредило многу и би вратила во иста мера.