Читам,читам и заклучувам дека кај нас дефинитивно не е 21 век.Ваква тиранија имало само во турско ропство.Јака ви душа на сите!Треба да си од челик за да истрпиш. Ама и тоа мажињата бе,па они се све криви.Колку се мамини синчиња толку потешко нам.Убави совети ви дава Лолита,и ви ја кажува онаа женската техника .Мислам жени,мора да си ги превоспитате мажите.Под итно.Бре,мамино галење Мора малку труд,за да се исплати.Одбрана техника,и треба време,да.Бидете стрпливи.И ви пуштам многу среќа на сите напатени снаички А има и напатени свекрвици,пошто не сите снаи се цвеќиња за мирисање.
На лолита и симнувам капа. Се гледа дека поминала низ...не знам како тоа да го наречам, а повеќето минуваат,поминуваат и минуваат или минуваме. Прочитав дека е мн потешко кога свекрвите имаат ќерка, но и кога немаат . кога се само браќа и тогаш ела најди го крајот, освен ако не покажат заби. Маж ми си има свое конто за плата, и заедничко штедно со парите од свадбата на име на двајцата. Во нашиот буџет и за по дома нема мешање. Сме живееле и со нив нешто помалку од година, ама си се средивме со стан настрана, за кое му благодарам на Бог што ни помогна низ се што поминавме додека си застанавме на нозе. НЕ е лесно. Тоа мн добро го знам. Имав прилика со свеки да зборам на тема живеење заедно и ја оставив да ми каже она како гледа на работите. Вика и со пример секако го поддржа од др луѓе дека ако живееш заедно, младите ќе можат да си заштедат за своја кола, помали трошоци, старите ќе помагале, деца ќе чувале и др работи. А јас, иако темперамент, и вечен борец за правда, и викам, мамо, сега сте пензионери, цел живот деца сте гледале, сега е време вие да одморите , за кога ќе дојдат внучиња да имате нерви. А ако си заедно, ние ако за нежто треба да донесиме одлука или ако малку погласно дискутираме, нормално знам дека ќе скокниш да помогниш, ама на крај и самата си знаеш ни крива ни должна ти ќе си го извлечиш подебелиот крај. Затоа далеку од очите и нема нервози и онака сами кога сме имамразумна контрола врз работите и без мешање од страна се си постигнуваме до сега. Подобро на некое време види си се, посети се, деца здравје ќе почуваш, а од секој ден циле миле кавги има. И реков зошто стубовине на куќа кога се прави не се еден до друг залепени? Дека секое азумно растојание куќа крепи. И нормално дека си призна дека е така. Совет мој, што лолита низ примери мн убаво знае да го долови, не се расправајте дека вие ќе излезете криви, само полека и тактички,мада јас тешка сум на тактики и ако не ти кажам отворено не можам. Гледајте си со мажот да ви е најубаво и како знаете и умеете да ја имате неговата поддршка. За пари речете му ти си маж или кој е маж во куќава? Те зедов да се грижиш за мене и мислев дека си маж во секоја смисла, а не мама парите да ти ги чува. И никако немојте со лутење, не зборување, дека само ќе го оддалечите од вас. Допрете до неговото машко его. Тоа е клучот. СЕкое добро
само да појаснам нешто, јас не сум во брак , ние живееме делени во куќата, но живееме како пар заедно, исто како во брак, само што немаме ништо потпишано. дечко ми рече кога ќе решам тогаш ќе се регистрираме (иако ми вршат голем притисок околу тоа) Спојлер сепак, со оглед на ситуацијата, попрво ќе раскиниме, отколку што ќе се потпишиме ви благодарам на сите со советите Спојлер иако ова не е ништо ново на свекрвица, секој ден нешто ново има кај неа
Abe srcki dajte nekoj sovet, ovaa svekrva mi moja za se ni se mesha.... od koga sum dojdena, non stop pravi problemi.. Ne pocituva intimnost, si vleguva vo soba bez da tropne, neodamna otkriv deka ne saka da se registrirame, a ni pravi problemi i za svadba. Jas kako snaaa ne figuriram vo kukjava, taa gotvi, mu gi peri i pegla alishtata na mazot mi( ako mozam taka da go narecam zs ushte ne sme registrirani). Koga moite dojdoa da razgovaraat za svadba so svekrva mi i svekor mi tie izbegaja...dali e ljubomorna nz so da recam ama veke popushtam so nervoza i sve... za sve i imam prekuteno do toj stepen sho gi vregja i moite roditeli sepak kjutam... ama ova veke ne se podnesuva....dajte nekoj sovet tnx
Дудле, се зависи од тоа како идниот сопруг се однесува со тебе. Дали имаш поддршка, како тој гледа на свадбата и дали ќе живеете со нив кога ќе се земете или на страна ќе сте вие двајца. Ако сте настрана и имаш негова поддршка околу коментарите на неговите, само напред. А ако тебе те окривува и плус заедно со нив, би ти препорачала да се подзамилсш малку дали бираш пекол или рај. Знам дека е мн тешко кога имаш чувства на негого, ама љубовта не значи дека цел живот треба да патиш. Види си сама како се исполнети овие услови, и дали тој ги почитува твоите. Дека ако нема почит, зошто ти да почитуваш некого кој со тебе и со твоите се однесува недолично. И кажувај што бидни и со к“смет
Па на мојот прв муабет да се оделиме, тој рече демек: " уште од сега размислуваш ли за делење". Како правиме муабет во поново време демек е ок за него да се одделиме, ама не ми звучи баш убедливо. А и неговите ветуваа дека ќе си одат, ама искрено на неа, ич не и верувам, таа нема да се тргни од него.... Господ нека ми прости ама мн ја иам замразено...Знаете и плус тој е еден, цел живот со мама и тато, шест год е постар од мене, и после крајни мои напори за да се вработи, моите ни помогнаја и конечно го натерав да се вработи... а оваа сеа фуфка дома низ стан ко ке ме види, како синчето ми работи ти дома, бла, бла, бла... За свадба, тој им поверува во приказната дека немаат пари, иако јас од сигурни извори дознав не дека немаат да дадат туку не сакаат да дадат... btw фала ви мн. на советот и муабетите, ми требаше некој да му го кажам ова
А зошто иако гледате дека од сега не оди на добро работата, имате проблеми од сите страни, а тој не застанува позади, пред, до вас, вие упорно и по секоја цена сакате да се омажите? Јас разбирам дека го сакате чоекот, ама нели секој себе си треба најмногу да се сака? Не се буткајте со сила и по секоја цена, да не влезете во пекол од кој ќе немате излез тогаш, подобро сега избегајте од ваквите проблеми, и немој никој, ама баш никој да се надева дека во брак ќе се смени мажот и ќе му го дотерате паметот, зошто нема, во брак само уште повеќе ќе си ги покаже роговите. Аман бре девојки, мајку му, малку самопочит не е на одмет, па има друг не е само он, ајде да ве јаде една јанѕа, па демек ќе ја решите ајде ве разбирам, на пример он е добар, ама неговите не чинат, или немате финансии се друго е о.к, пак ве разбирам, ама вие сте во безизлезна ситуација уште пред да влезете во брак, нит место, нит куќа, нит плати, лоши старци, он не ве рецка што сакате и што зборувате вие, и упорно седите кај нив дома и инсистирате да ве земат уште на 18, 19...22 години. Епа нема, ќе го јадете и тоа е, после никаов совет нема да помогне. За некаде да те почитуваат треба да те молат да отидеш, а ако сам се пикаш ќе го јадеш за сите пари, и немој да се жалиш после, затоа што ништо не ти било скриено, се ти било јасно прикажано, и откако свесно си го одбрала, после носи се со тоа... Ова не се однесува за никој конкретно, туку за повеќето кои на ,,мали,, години му седат, живеат дома, и гледаат дека не ја бива, а уште за свадба зборуваат, инсистираат и настојуваат по секоја цена, ко да има некаква гаранција, или да даваат тапија од кај кадијата заедно со венчаницата дека после тој ден од сите матни реки меди млеко ќе ви потече. Аман, свестете се, животно прашање и животна одлука е тоа, со тој избор си го одредуваш и животот во целост, затоа што, што друго, ако не изборот на партнер e клучниот момент за текот на животот понатака. Земете, образувајте се, станете самостојни, горе главата, самопочит пред се! А кога сам не се почитуваш, од друг па ич не очекувај.
потполно се согласувам со енца... девојче размисли добро пред да се регистрирате. образувај се прво, изгради се како личност, за мажење и за деца само од себе ке си дојде. забавувај се сега, иживеј си го животот. абе, еднаш си девојка а цел живот жена! дете со дете не оди!, тие уште од сега вака постапуваат со тебе, а кога ке влезете пак во брак?
abe da vo prevo ste, ne vikam deka ne ama tie dadoja zbor, bea kaj mene doma, znaci fakticki jas ispagjam izigrana togas, so vrz osnova na daden zbor spijav so sin mu a sega za registracija i svadba se molci... aman bre pa ne se deca po 50 god imaat ... a i sega da se otkacam od niv posle se....pa ne e tolku lesno decki...:\
Дудле, размисли добро пред да се регистрирате, ако не си сигурна подобро сега расчисти со вереникот или побарај малку време не правете одма свадва т.е немојте одма да се регистрирате , живејте неколку месеци заедно, па и година дена види како ке се одвиваат работите подобро овака, него ли утре да се каеш што си го презела тој чекор недај боже, па да дојдеш до разводи и со деца уште потешко ке ти биде, ова ти е животна одлука и со тој човек треба цел живот да живееш не е е исто како со дечко. А ти уште од сега имаш нервози? и на крај, велиш ти ке бидеш изиграна? - детско размислување. нема да бидеш ти изиграна што пред да се регистрирате тие ти го покажуваат вистинското лице. животот е пред тебе млада си, 19 години.
Јас можеби ќе бидам малку строга во однос на тоа што ќе кажам во врска со твојот случај, ама на такви како тебе на кои целата вистинска ситуација им е ставена на послужавник, родителите негови и дечко ти сами свесно или несвесно ти ги отвараат очите, а ти упорно стоиш слепа пред огромниот проблем кој што го имаш и бараш со сила убавина(а тоа нити било, нити ќе биде) - е тие таквите како тебе воопшто не се за жалење...затоа што во животот ТИ сама си бараш да не ти биде убаво. И не, не си сега изиграна, допрва тие ќе се изигруваат со тебе, како што почнале,а уште не си им ниту официјална жена, ниту официјална снаа, па за понатаму размисли како ќе биде... Тоа што ти го наведуваш како причина за да не заминеш дека тие дале збор и дека врз основа на тоа ти си спиела со дечко ти, тоа ти е само на тебе некој БИТЕН факт и сега се држиш за истото за да можеш да си го реализираш она што веќе ти си го одлучила -да останеш таму каде што си. А не знаеш колку попаметни работи имаш за правење на твои 19 години девојко. Размисли си, затоа што после ќе сакаш да се врати ова време, а ти ќе бидеш во некое друго време и околности каде проблемите само ќе растат и растат како што тргнало...
Добро девојко, ти свесна си колку години имаш, свесна си дека животот е пред тебе? Дале збор дека ќе те земат па ти си спиела со него Ма дај молим те не биди паразит, чиниш од дома те бркаат па по секоја цена треба да останеш таму, дај свести се и запиши се факултет, образовај се и биди независна, а не да ти е целта во животот да живееш во таа куќа или стан што и да е, со некој кој не те почитува. Ако тие не те почитуваат, дај бре ти самата почитувај се Свести се додека имаш време, оти додека да трепнеш ќе помине животот а ти нема да видиш ништо од него. Да ти кажам право ме изнервира и ти а и твоите родители кои те поддржуваат во тоа да си таму, а имаш само 19 години
Девојки мислам дека не е убаво што ја осудувате девојката дека има 19 години, па нема 15 како така мислите дека може да си оди, одлучила се верила на 19 години и сега има друг проблем, најлесен одговор е оди си таму не те сакаат, вереникот и свекрвата и свекорот ти ги отвараат очите ма какви се овие размислувања. Не проблемот во нејзините години проблемот е неговите родители. Драга подобро почекај некое време не барај веднаш свадба здравје боже ќе останеш бремена и каде ќе одат.
Вака јас уште не сум мажена но на мајка ми свекрва и свекоров се ѓаволи.Прво ја сакале с па потоа зимале од татко ми за чичо ми.па уште кога сме биле во најголема криза тие ни побараа пари да им ги вратиме(татко ми беше позајмил од нив).И дадоа рок како за роба и ако не им ги дадеме парите велеа дека ќе го пријабел свој син во полиција.И поради нив татко ми е во Авганистан и не можам да го гледам секој де.Ни доонесоа само туга и жалост.
Абе они нема каде да одат, ама за жал и она ќе остане цел живот заробена таму со некој кој не ја почитува, плус ќе има и бебе. Жално е да користиш едно такво мило и невино суштество за да се омажиш А Заљубена, никој не ја осудува за годините, баш ради нив и викаме дека брза во нешто што од старт се гледа дека стои на стаклени нозе а она упорно се обидува да го зацврсти, ама секој си одговара за неговите постапки- само се некако ми мириса дека ако продолжи и понатаму да седи таму, ќе си ја читаме низ темата
^^^ Баш така Сеси, и јас сакав тој дел да го цитирам, и не е прашањето каде они ќе одат, работата е кај она ќе оди после + со дете? Демек ќе роди дете, ќе пушти корени, по старски кажано, и оп, сите ќе се сменат спрема неа, а? Па еве има доволно на форумов, кои ќе кажат дали по раѓањето ако ти е добро ти е полошо, или ако ти е лошо, по раѓањето ти е уште полошо... Девојчето си кажа дека за жива не ја сметаат во куќата, и јас најискрено незнам на што она се надева? Дека ќе биде подобро? Пуста надеж последна умира...ама сепак умира. Вика не е лесно да се врати, а лесно ќе биде цел живот ова да го тера и да се бори за секој ден, во таа околина ќе се смее, ќе ужива, ќе доживее љубов, почит, или? ќе се бори да преживее, секој ден со нервози и плачење. Незнам, стварно незнам како размислувате, и како може било кои околности, да ви бидат побитни од сопствената среќа. И друг совет за подобро денес, утре, во овој случај нема, што да и кажеме марифети или магии како да ги смени? Е нема да ги смени, тоа е факт, може самите да се сменат, ама за несреќа на полошо... Ова е единствен совет кој да, неможе да придонесе за подобро денес, но може за подобро утре, пред и за тоа утре да стане касно.
Бидејќи се почуствував прозвана во мислењето на Заљубена111 пак ќе искоментирам на темава, и не за друго туку само за да поткрепам со факт дека дури се бркаат старите во ситуацијата никогаш нема да биде подобро, единствен спас им е само ако се доволно финансиски спермни да се одделат,да си тераат свој живот, а во спротивно тоа ќе си остане така и ќе оди само на полошо.И не го велам ова за бадијала, мајка ми 5 години имала иста таква мака, нејзините притискале да остане таа таму, а свекор и, свекрва и го користеле тоа здраво за готово(немаш каде да одиш,па што и да ти правиме мора да си тука) ниту ја почитувале неа, ниту приватност, секој втор ден им бил муабетот како ќе ги избркаат од куќа, како кога ќе се вратат од работа ќе си ги најдат стварите на улица и ред други работи да не се присеќам..И ако тие после 5 години не отишле подалеку од нив,денеска не ќе имало ништо од нивниот брак. И стојам на моето од прееска дека со сето ова што и се случува на девојката и како ти се понашаат со неа, не да и ги отвораат очите, туку вриштат како треба да бега подалеку од таму. Мора да најде начин да ги убеди нејзините родители, да се потрудат да ја сфатат во каква ситуација се наоѓа, да и пружат рака сега кога најмногу и треба..ако тие не си го жалат своето, очигледно е дека туѓите уште помалку го прават тоа. И не е само работата, ќе остане бремена, па нема кај да бегаат..туку паметна личност во оваква ситуација нит би сакала, море не би ни сонувала да зачне дете.Каков е тој начин јас со мојата бременост да го врзувам некого, а сега дома му дремам и сите избегнуваат регистрација или што и да е? Апсурдно богами...Али како и да е секој си одлучува за сопствениот живот и постапките во него!
Е добро де, збор сте дале, јака работа. Подобро збор да се раскине него развод. Си спиела со него, и тоа јака ствар. Зар на чело ти пишува колку си имала и со колку си одела. Ајде бре девојче оправи се малку, откачи се од таа ситуација со време. Ејјј на 19 години место да уживаш во малдоста ти со кои проблеми се замараш. А за твоите верувај полесно ќе им биде сега да раскинеш, отолку да направат свадба, да останеш бремена и да родиш, па после да ти ги гледаат исусови маки кои ќе ги имаш. Родителите си го сакаат за своето само да е најсреќно. Ништо друго. Не е лесно?? Најлесно е. Стани сабајле, спакувај стварите и затвори врата позади себе, и прекрсти се и речи си " Денес ми е втор роденден". Верувај дека така ќе се осеќаш.