Е да бе пишуваш цело време за секој проблем и таман ке прочиташ одговори кои не ти се допаѓаат право лутење,зошто??? Што е грешка сватено,еве мене објасни ми ако може? Тоа што јас сум одговорила како гледам на твојот проблем не значи дека те осудувам или те навредувам само кажувам мислење. Ти и сите други кои пишувате за ваши лични проблеми треба да бидете свесни дека ќе добиете секакви коментари. Не прочитав дека некој те осудува,а ни па дека те прави глупава. Нема зошто да се лутиш, членките кои ти одговориле на некој начин сакаат да ти помогнат да те ослободат од таа негативна енергија што цело време ја чуствуваш а не да те навредат како што мислиш ти.
Нормално дека ќе ми фалат. Ама немам намера да му скусам на бебето време, или на мажот, за да си седам со мамичка на муабет. Подобро мене да ми фалат, отколу јас на моето дете, да не бидам за него тука, а да бидам кај моите на чамче муабет. Да имаат потреба, или да имам јас, у 12 ноческа ке тргнам, ама за онака многу ретко одам. И они си имаат живот, работа, пријатели, филмови, време за одмор, време за нив двајца. Немам намера да им висам секој ден. Барем еднаш неделно ми е многу. Барем значи најмалце еднаш. А за слушање еднаш дневно. И тоа откако имаме дете. Еднаш некој ми рече, па тебе брат ти не те сака, те бара само кога му требаш. Баш затоа знам дека ме сака, напротив. Оти кога ти е тешко одиш кај некој на кој му веруваш, кој ти е близок, кој нема да те поввреди и за кој знаеш дека е способен да ти помогне. Значи ме почитува. Што фајде ако ми се јави да ми каже дека ке оди у Дојран. Ама ако му требам, мора да ме бара. Кога ќе се ожени, ќе остане исто. Мене не ми е местото у неговиот брак.
Браво. Тоа се одговорите на многу прашања. Тоа се работите кои луѓето нејќат да ги сфатат, а ги зимат здраво зза готово па се карат, се љутат , замеруваат. 100% се согласувам со се. а особено Ама немам намера да му скусам на бебето време, или на мажот, за да си седам со мамичка на муабет. Мама за мама, маж за маж, дете за дете. Познавам многу кои поради тоа што не го сфатиле навреме ова си растуриле брак....
Пчелка, никој не кажа дека си глупава, само треба да правиш разлика меѓу МАГИЈА и МАНИПУЛАЦИЈА. Најстарата "магија" на светот ти е плачење и лигавење, играње на картата на сожалување. Сама рече дека мт е премногу добар и наивен, а свекрва ти го знае тоа, па затоа на сред крштевка се лигавела и виела како гладен волк. Не е вината само во неа, вината е во сите вас, а најмногу во мт. Па не е мало дете мајка му стара, на секое плачење на мајка му да се однесува како да е под дејство на магија. И не верувам дека баење и магија се прави со галење по лицето на сред маса. Ако на секое видување со неговите вие дома имате страшни кавги, па и боксови, пиши пропало на ваков брак. Или расчистете со нив еднаш засекогаш, или како што тргнало ќе расчистите меѓу вас. Сфати ги добронамерно сите критики, препрочитај си го постот со боксовите уште еднаш и ќе видиш дека не остави простор за поинакви совети, верувај. Размислете со ладни глави и двајцата, во игра се и две невини деца, па ако успеете да се договорите, арно, а ако не, на сила убавина не бидува.
Значи ти Пчелка уште некни кога напиша дека се мислиш пак дали да обновиш контакти со свекрва ти, демек да не биде одделена од внучињата, бла, бла...мене ми стана конфузна и тоа ептен. Успеа да избегаш од таму едвај и сега се мислиш пак да си отвараш исти проблеми, а немаш потреба. Која е смислата?! И после ти е криво, вака викате, така викате. Дошле на гости?! Нема на гости доаѓање во мајчината ти куќа! Стави им го јасно тоа на знаење и на нив и на маж ти! Штом си на твоја територија, искористи го тоа! А не, се мислам дали да прозборам пак со неа од внуците да не ја делам...Ти се молам!! Ова е бетер од детска игра!Си играм со тебе, е не не, не си играм, ај пак сакам да си играме и така до недоглед.
Тоа што го пишав деκа му баела мислев на солење памет а не на магии , пишац деκа имаме κавги сеκој пат κога ќе се слушне со мајκаму или бρатму а не па и κога ќе се видат , јас со нив си имам ρазκρстено (не со κавги туκу се повлеκов) тие дојдоа на κρштевκа затоа што и они се баба и дедо , свеκоρми е на место човеκ . Со мм ρазговаρав и се ρеши ова , ми κажа што све и свашта го условувале , свесен е деκа аκо паѓа на нивни услови ќе ни пρопадне бρаκот , јас ниκогаш не сум му бρанела ниту паκ неκад ќе му бρанам да иде κај неговите ипаκ му се ρодители κаκви и да се , ама јас не идам . Κρиво ми падна κога ми κажа ноќесκа се што му е збоρено , ниκогаш не сум помислила деκа тоа се способни да му го κажат , отκаκо ρазмислил убаво ја увидел ρаботата и све што ни има напρавено мајκаму од почетоκ на бρаκ свесен е деκа згρешил , не е деκа не сум му лута ама κога сфатил и е свесен што напρавил зашто да не му пρостам κога е татκо на моите деца .
@Cka ако ти сметаш дека е глупост да се посетуваат родителите, не значи дека тоа е правилно и во ред, па дури и како совет да го даваш. На мене голема глупост ми е да не отидеш барем на кратко да си ги видиш родителите, барем јас не сум до толку без осет. Не ти држи вода муабетот, мислам дај, ќе му недостасуваш на детето или мажот ако одиш еднаш неделно, небаре не смеат тие во куќа кај твоите да влезат, па ти мораш сама.
@Pcelka94 батали карање мирење туку со кој памет дава мт податоци, матични броеви. Абе знаеш какви дубари се прават. Може со превара кредит да земе на ваше име, па да се чешате после.
@Cka не рече буквално, туку целиот муабет е ,,преносно,, Сакаше да каже дека местото и е покрај мажот и децата и домот а не секој ден ,,окантарена,, на муабет кај мамИ. Само едно не ми е јасно во оваа тема : Постојано се противите на тоа дека мажите неможете од МАМА да ги одделите а од друга страна би оделе секој ден кај мама....кој овде има непресечена папочна врвца ???
Правиш приоритети во животот. Прво дете, па маж, па родители. Не е до имање, немање осет. Се работи се тоа што треба да направиш попрво и повеќе. Ако мажот секој викенд оди кај мамичка се лутите, папочна врвца, викендот бил за семејството, ама ако жената не оди кај мамичка, е без осет. Не реков ич да не оди ќерката, ама нема потреба од секој ден одење. Читај ги погоре, золвата идела секој ден кај мајка и. СЕКОЈ ДЕН! Нема ли работа таа жена, нема ли домашни обврски, нема ли маж, дете? На крајот на краиштата, јас така сум воспитана, прво семејството, после сите други. А откако се омажив и родив, семејство ми се маж ми и детето. Секој момент го користам за нив. На моите помагам ако можам, ако можат помагаат. Е сега прочитај го ова : Маж ми секоја недела по 2-3 саати е кај мајка му. Викенд не поминал да не отиде. И кога е на поминување си седнува на едно кафе. И кога треба да се однесе донесе нешто, таму е. Сака да руча кај мајка му, па оди и за ручек понекогаш. Го носи и детето, па мајка му го храни со манџичка. Неретко дава и пари. Ја носи со колата да не оди со автобус. Спие понекогаш таму. И сега коментар - маж ти е мамино синче. А јас ако не го правам ова, немам осет Среќа горното е лага, да беше мамина маза немаше да биде мој маж. Сите проблеми со свекрви и голем дел од браќните проблеми, се поради секојдневното иди ми дојди ми. АКо јас денеска се поткарам со маж ми, и отидам кај мајка ми, ќе и кажам. Она да не се нервирам, ке ме поддржи. По 2 дена пак ке кажам, по 3, пак и на крај ке ми рече, сине маж ти не чини, ваков таков, само те нервира. А ако не кукам секој ден нема ни да знае. мене ПМС ке ми помине, ќе имаме секс и ке се смириме, бракот океј. Полошо, ако он оди секој ден со обесени уши кај мајка му, па она почне да му дава совети за да не се нервира. И ете ти, развод, кавги со свекрви... Тоа што го имам во моето семејство, е мое и негово. Цела енергија ја давам во тоа семејство. Моите и неговите не се дел од нашето мало семејство. Љубов и помош има, ама седенки не. Целава тема немаше да постои ако навреме се пресечеа папочните врвци. И нашите и на мажите.
А зошто имате кавги секогаш кога тој ќе се чуе или ќе се види со неговите? Глуп ли е или што, па не може да сфати дека го вртат на малиот прст и го манипулираат како двегодишно дете? Не сакам да те навредам ни тебе, ни мт во мојот пост, ама морам построго да ти се обратам оти очигледно нашите совети не допираат до тебе. Во вашиот однос и со мт, и со неговите, се' како да се врти околу плачењето. Кој најсилно плаче, тој победува. Плаче свекрвата, мт и' простува. Плаче мт, ти му простуваш. Е сега, не е толку страшно додека само вие плачете. Ама кога децата ќе потпораснат, почнат да разбираат и тие почнат да плачат, е тогаш вашата "детска" игра ќе прерасне во една многу сериозна игра на возрасните, во која за жал подебелиот крај ќе го извлечат тие. Јас те разбирам дека и тие се баба и дедо и не сакаш да ги делиш од внуците. Ама тој луксуз ќе можеш да си го дозволиш кога ќе го вразумиш прво мт. Кога тој ќе успее да не се скара или степа со тебе после разговорот со нив, тогаш сте успеале да мрднете од мртва точка. Дотогаш само време и нерви си губите. Картите се во рацете на мт, а како ќе одигра зависи само од него. А за свекор ти дека е на место не се согласувам. Ако е на место нема немо да посматра од страна како жена му го уништува бракот и животот на син му. Ти посакувам среќа, друго не можеме да ти помогнеме на форум .
Ама зошто се споредувате со мажите кои се проблем во темава. Тука обично не се работи за посети, туку што мажите немаат свое јас, тепања, правење работи позади грб на жената, а и живот во заедница. И не знам зошто мислиш дека ги осудувам тие мажи кои обрнуваат внимание на своите родители и ги посетуваат, секако со граница (не екстрем да не обрнува внимание воопшто на жената и нејзините потреби) Ти си во другиот екстрем, извини ама јас те сметам за безосетна, алал да ти е како можеш. Секако дека има приоритети и секако дека детето ќе е на прво место. Но, детето ќе ти биде приоритет и на кафе, еден ден од неделата кај (како велиш) мамичка, а и дома. Дишеле над тебе што се вели, а сега не можеш да ги удостоиш со кратка посета еднаш во недела- две? Не се тие далечни роднини, родители се. Ама ти така си правела и пред детето. Не знам, не разбирам вакви ладни луѓе.
На темава не може да се дискутира ако не се оди од екстрем во екстрем. Извини Цка, како го измисли и исфилува ова, нема блага веза со тоа што е целта на муабетот. Значи зборуваме за посета од час, два, еднаш неделно. Не СЕКОЈ ДЕН, не ПО ЦЕЛ ДЕН. Ама ако си во ист град зошто бе да не ги подѕрнеш тие луѓе, па и тој неговите?! Се со мера и со осет, ама за два саати неделно да велиме дека кратиме од времето за семејството е претеризам. Кој рече преспивања, пари, врагови?! Ако нивното однесување е во ред и не прават скандали од типот на свекрвата на Пчелка без разлика чии родители се, мои или негови, нема смисла да ги гледаме еднаш годишно како да сме на друга планета.
@Cka, поправи ме ако грешам ама мислам дека ти и твоите не живеете во ист град? Да беа на 5 мин вожња, верувам дека друг став ќе имаше на темава.
Секој ден не, ама еднаш неделно да не одам да си ги видам родителите ми е невозможно. Да сум надвор од државава па да се слушаме по жица ајде. Со мајка ми секој викенд сме иделе кај баба ми, и исто ќе биде кога јас ќе бидам во брак, за кај мајка ми. Таа жена ме родила и ме изгледала цел живот, кои папочни врвци, што зборите Ако сум се омажила не значи дека животот ми прекинува, и само дома ќе се фокусирам. Глупости
Прво скокни па речи ОП. Да не е прерано во вакви теми да дискутираш па и пост да ти завршува со : ГЛУПОСТИ Твое си е како ќе си правиш
Тoчнo вo прaвo си и зaтoa тoгaш мнoгу се нaлутив не е сaмo зa кредити туку нa денешницaвa сo нежии пoдaтoци мoже се и свaштa дa се нaпрaви . @promeneta и ти си вo прaвo , свекoрми е нa местo чoвек бидејќи никaд дo сегa не ме нaвредил ниту ни зaвртел грб нa мм и мене , и тoј не е пoстoјaнo вo мaкедoнијa пa зaтoa и не е зaпoзнaен бaш зa штo уствaри имa кaвги бидејќи свекрвaми гo лaже тaкa дa oн немa време дa решaвa прoблеми