Мене ставот ми е тој, дали на 23, дали на 33, не менува. И да, глупост и тотален нонсенс ми е мајка ми да ја гледам 2 пати годишно иако живееме во ист град. Ставовите ви се ко после брак цел живот да се врти околу мажот и домот, ништо надвор од тоа. И не разглабате тешки суштински теми за да правиме возрасна селекција.
Здравје ќе се омажиш во друг град па ќе видам дали ќе ти се смени мислењето ,ете немора во друг град биди во исто место кај што е мајка ти ама кога ќе имаш куќа над глава баш и нема да мислиш исто биди сигурна
Значи муабетот во постовите погоре беше дека немало потреба од почести посети кај родителите. А немање можност поради далечина е сосема друго. Ај важи
Ете јас сум мажена во ист град, па мајка ми ја гледам во просек еднаш неделно. Или одиме на ручек, или поминувам на кафе, сосе малиот. Планирам така и да остане, а со тоа не мислам дека кратам од времето за мм или за синот. Исто како што се обидувам да најдам време за пријателките (да, и со нив се гледам многу почесто од два пати годишно) , наоѓам време и за родителите. Со брат ми ако не се гледам, се слушам еднаш во неделата, и да, знам каде е одмор (дури и на вибер правевме муабет и ич не е страшно). Син ми го обожавам и ми е на прво место, мажот малку помалку , да, тие двајца ми се семејството со кое и за кое го организирам животот. Но не сме изолиран остров за никој друг да не ни треба.
Одамна се чудев кога ке се сфати дека пчелка пишува криминални филмови. Мислев ете само јас неможам да ги сфатам нејзините проблеми и верувања во вештерки и магии,бајачки. Ако сите овие работи изнапишани од почеток до крај беа вистинити,па и обидите за самоубиства,и ако толку многу мажот е на нејзина страна,и ако до тој степен се верува до надприродни сили јас неможам да разберам дали има еден разумен во таа околина од возрасните. Еден. Околу приоритетите. Имам разграничено приоритети,детето па сите други во редови ама не во ист. Мажот е маж а родителот родител,неможам во иста низа да ги редам еден позади друг. Не сум приврзана премногу за мајка ми,ама неможам да замислам да ги гледам два три пати годишно. Незамисливо ми е. Поготово кога живееме на пола саат,саат. Се гледам секогаш кога ке осетам потреба за тоа и имам можности. Мажот и детето не се запоставени ако еднаш неделно поминам,поминеме по еден саат со моите или неговите. За тоа не постои правило. Некогаш нема да ги видам и цел месец,зависи од условите како што напишав. Богами секој миг со нив кога го поминуваме ми е драгоцен. Неможам да им го носам малото два пати годишно кога гледам дека ништо не ги радува повеке од тоа. Незнам како издржувате со два пати годишно гледање. Треба да се преиспитам дали ми е некој запоставен.
Сите исто не се чувствуваме во домот во кој сме израснале. Кај некои буди негативни емоции, за други претставува оаза на мир. Мажачката, децата, работата и слично според мене се само изговори, нешто не те влечи кон таа куќа штом ретко одиш. Ова ако не е далеку зборам. Пречесто одење и целодневни пак обратно, значи дека дома со мажот не ти е убаво, и е исто како честo седење по кафани, или со другари, или на нет или што да е. Мое психолошко истражување
Држи вода и муабетов,ама сепак триста људи триста чуди. Ако одење во крајности е она одењето при мамИ секој ден од друга страна и она одење при мамИ два пати годишно ми е одење во крајности. Кога се живее во ист град. Кога живеев подалеку и јас ги гледав неколку пати годишно ама им одев со се спиење. Не сум.размислувала дали се лутела снајка,оти сум седела на трпезата на моите,на нејзината само ако инсистира. Арно што ја пуштил мажот и. Сигурно му имат баено.
^ Не се зезaј, мaгии, врaгoви и чудa пoстoјaт, и се нaјлoгичнo oбјaснувaње зoштo не ни oди вo живoтoт. И прoмaјa пoстoи, кoј штo сaкa некa кaжи!
Криминaлни филмoви !?!? aјде вaжи Нa фoрумoв секoгaш гo пишувaв секoј прoблем , среќa или тaгa , зa бoлo штo прaшувaв или кaжувaв штo знaм , aмa не и лaги Не мислaм дa се прaвдaм т.е дa се искaжувaм , oдмa нaпaднaвте нaместo пристoјнo пoст дa нaпишевте , гo спoделив сaмo прoблемoт a вие oдмa пресудивте кoј бил режисер кoј недoрaснaт , психички нестaбилен т.е oд умoт мрднaт. OК фaлa ви нa изгубенoтo време кoе гo oдвoивте зa дa гo спoделите вaштo мислење зa прoблемoт кoј гo нaпишaв
Живеам спроти моите, во буквална смисла. Од нашата тараса се гледа нивниот двор. За мене е незамисливо да не слезам кај нив. Гледам дека не ни претставува некој проблем, со оглед на тоа што мм е излезен по цел ден од дома, а јас не одам на работа. Кога сум кај моите не кукам за мојот брак, не се тажам на мајка ми, не споделувам со неа проблеми од бракот, па она да ме тапше по рамо. Реално гледано сега и немаме некои проблеми,ама и да имаме, не се моите тие кои треба да ги решат. Незнам зошто мислите дека ако се оди во домот на родителите веднаш тие се вклучени во се. Мм е толку зафатен што кога ќе некогаш само за легнување доаѓа. Ама има денови еднаш во месецот оди сам на по една чашка со неговите и во тоа не гледам никаков проблем. Ама овде се оди од крајност до крајност. Има само црно и бело.
Драги феминки,никогаш не мислев дека на темава ке побарам помош,ама свеки не се издржува повеке.Година и пол сме во брак пред тоа две години во врска,и жената беше во ред.Секогаш.И навистина го мислам тоа.Никогаш не сме биле претерано блиски,но никогаш немало несогласувања или кавги.За свадбата помогна,не се многу мешаше,се беше во ред додека детето не се роди.На почетокот бидејки одбив да го бања кој стигне туку решив само јас и сопругот (таа не сакаше) се налути толку многу што буквално воопшто и не се качуваше.Помина време,оладија работите....неможам да кажам дека не го сака син ми едно внуче и е,го обожава,ама мислам дека мора да има некој ред кој е мајка кој баба....ако не му дадам да јаде тоа што таа наумила се лути,ако направам поинаку нешто од тоа што таа сака се лути.Почна да се опседнува дека и е лошо дека е болна,бевме на сто контроли ама едноставно не и се допага да слушне дека резултатите и се во ред.Ако не го оставам детето барем малку долу се лути,ако го оставам индиректно вели дека е уморна.Јадевме заедно постојано,јас немав проблеми со тоа.Еднаш едната готви,другиот ден другата.Сега ако не зготвам нешто сака,му префрла на мм дали жена му знае да готви.Ако направам нешто јас,се лути бидејки не ми се бендисувало тоа што таа го прави.Навистина не беше таква,пробав отворено да и направам муабет,да видам каде е проблемот,ја мени темата и се прави дека не ме разбира што зборувам.Доколу го оставиме детето па излезиме не прави проблем,но ако задоцниме 15 минути од тоа што сме рекле,одма проблем.По сопругот вика како да има 10 години.Тој многу многу не трпи, постојано се расправаат,и ми вели истото да го правај и јас доколку нешто ми пречи,ама мене потоа не ми прави муабет 2 недели.Мајка ми е почината кога сум била многу мала,па затоа и сум на ставот дека родителот се почитува,некогаш и се слуша,не се навредува најмалку треба да се расшраваш со него.Ама таа претерува веке,знае дека немам каде да го оставам малото за било што,и тоа добро го користи. Може ова и не е голем проблем,ама женава напнува веке,како мало дете е,јас се контролирам колку толку,ама се има граница.Кога и да проба сопругот да каже нешто таа вика,навредува.Навистина не беше таква,ама во последно време СЕ И СМЕТА,за се сме виновни
Јас на мајка ми,не требаше да и се жалам,ако имав некој проблем Ме познаваше дури и на телефон да и се јавам,еден збор да кажев,веќе и беше јасно,имам ли некој проблем или немам Ништо не можев да сокријам Чуден беше тој спој,што го имавме Многу ми фалат и двајцата
Од коментариве паника ме фаќа јас сеуште не сум мажена меѓутоа имам дечко и почнуваме да разговараме за таа тема-мажење за догодина и уште од сеа ми се лоши кога ќе ми текне дека поради неповолба финансиска ситуација треба со мајка му да живеам. Мајка му е ок, уште не можам да проценам добро дали е добра или лоша иако идеме 2ипол години најдолго седење со неа ми било 20мин. Ама секојпат кога ќе отидам во дневна да седнам со неа абе еднаш да и текнеше бар кафе да ме понудеше. Јок бре брате. Внук му седнува на тросед и оваа му се врти и вика да не сакаш благо? Ако ти се јаде имаш колачи. А ја шеќераш ли сум? Не ми е ни до колачите ни до кафето ама осет бре. И како да не напраам споредба со мајката на бившиот која едвај сум сакала да ја видам, да си муабетиме, цигарче, кафенце и после пола саат жената сама си се повлекува без некој да ја врка. Оваа бре уште на зет и пред мене као на шала вика и тебе ли да те перам (пошо сакаше еден ден да остане кај неа). А ја сирота ако треба да седам цел живот па да и кажам и тебе ли да те перам сеа?! Уште од сеа жал ми паѓа за себе
@Girly90 Јас на твое место не би ни размислувала за мажење. Сфаќам дека сакате да бидете заедно, да бидете семејство и се' тоа, ама да живеам во заедница? Не, фала. Ќе штедиме со дечкото, ќе се откажеме од многу работи, можеби и ќе работиме плус само за да можеме да обезбедиме да живееме сами. Ќе биде мачно, напорно, многу жртвувања, ама се' се може ако се сака. Живеење со родители, браќа, сестри - НЕ! Баш вчера на мајка ми низ смеење ѝ викам како сега да ти донесам зет во куќа. А што е најтрагично имаме услови, два спрата се, во едниот живееме, едниот е празен. Ама не! Ни куќа нејќам да делам, бре! Ако одлучам да се мажам куќата на продажба, стан за мајка ми, стан за мене и готово.