Прво не разбирам каде ти сакаш они да си одат? Вие сте тие што ако дојде до делење треба да одат некаде. Значи ти бракот го разбираш: Они дадоа збор јас дојдов со куферите и сега јас нити работам нити саботам дете правам уште немажена а другите треба да ме ранат. Па девојче јас совет би ти дала прво да се вработиш за да можеш да се одделиш (незнам маж ти иден колкава плата зема ама штом сега почнал сигурно не е астрономска), како замислуваш со една плата па и дете.....цццц Ако сакаш твоите зборови да се слушаат прво ти самата треба да се почитуваш. Може не си по природа кариеристка ама пари за живот ти требаат тоа сигурно го знаеш. Покажи таму дека не си дете дека си жена која во семејството ќе придонесува колку што може. А ако се плашиш дека ќе останеш излажана сигурно знаеш дека вас не ви требаат неговите за да се регистрирате полнолетни сте и ако сакаш со 2 сведока ќе се регистрираш, ама дали ти е тоа најважно.
гледаш дека не те сакаат, си играат со тебе како сакаат, а дечко ти нема ни М од маж, не знам каква љубов е таа во која ти само се нервираш и патиш од неговите без никаква заштита и поддршка од негова страна!!?? очигледно е дека го сакаш и си многу врзана за него, па одбери или тргни се по нов пат или по секоја цена биди со него и трпи! а има да трпишш..... со сила убавина не бидува!!!, јас да сум на твое место, си се спакувам и чао им велам!
Не е тоа проблем, тие имаат уште една куќа која ја даваат под кирија.Уште на самиот почеток тие се нудеа да се тргнат ама јас пошто имам толку скапано добра душа и не сакав да испаднам лошата од почеток им реков дека не ми пречат, да останат зошто не се надевав дека вака ке испаднат толкави лошотии.Разговарав со мажот ми пошто ми се нуди и мене некое работно место за скоро па ми вети дека ке разговара со неговите се тргниме ние или тие, доколку не го оствари јас ќе си заминам. Не можам да трпам веќе, јас сум страдна да зеам в кујна да се пикнам да направам ручек зошто знам дека нема да ми дозволи, како вчера кога се понудив ручек да направам, мажот ми ме залепи со коментарот како демек " остави можеби мајка ми ке прави ручек" и кога јас му дадов до знаење дека веќе не се трудам за ништо околу куќава, тој ме расплака со коментаров демек од ден на ден стануваш се по не домаќинка....а јас од дома не излегувам нити на кафе, нити трошам пари по накит или облека, го почитувам и му чистам низ дома, и тој тоа да ми го речи. И колку да му укажувам тој не свајќа како се осејкам јас во куќава, дека се осејкам стегната, напната. Јас неам веќе сили да трпам, да се немало култура, да можи и в кревет да ни се пикни од шо сака се да дознај, све таа командува во куќава па дури и со свекор ми. Ама то е јас не трпам поќе ништо.... фала и извинете, не би сакала да станам досадна...позз до сите
Спојлер Почетокот на заедничкиот живот е секогаш тежок, ќе се среди не се секирај. Кога ќе одиш на работа ќе немаш време за нервирање Со среќа
btw cecilia никогаш во живот нема да дозволам да ме ранат, зoшто јас сум мажена од др град во Скопје, јас не го знаев градот воопшто јас работев и се борев за ситна пара,јас сум така воспитана од мали нозе да не бидам паразит и да си заработувам сама за себе....tnx
^^^ Вработи се, дигни главата, и од денес дрска... Земи баш сега, стани и направи ручек, кој и да ти рече нешто, изигнорирај го, и прашај, јас овде имам некакви права, како човек ќе бидам третирана или планирате под да бришете со мене? Речи им кажете на време, да знам, да си фаќам патот дури е време, и јас имам куќа и родители, не ме одгледале вие да ме малтретирате. Покажи заби, мој совет, ќе бидат изненадени, лути, може и да скокаат, ама ти терај по твое, па они нека кинат живци а не ти. Направи ручек, и ако никој нејќе да јаде, седни си и најади се. А ако тој, вереникот, маж што треба да биде ти рече нешто, прашај го, ме зема да ти бидам жена, или слугинка и безгласна буква, што се жениш кога си ја имаш мајка ти! Не им ќути, ич да не им ќутиш, нема што да ти направат, да не те истепаат случајно. Ајде, и пиши што си направила за ручек. Ми се гади бре од вакви ѓубриња, а на тој сукњарот, мајкарот ич да не му се секираш, сврти нов лист, па он нека одлучи, ќе биде со тебе или не.
па сто да казам ,,,,,,,,,,ај свекрвите треба да ги сакат снаите како нивни ќерки а не да сега тие биле невести и се да работат невестите(снаите) а снаите се трудат да се биде ок со сите али сепак она не е таму за свекрвата туку за оној сто се мазила.....така да според мене кривица на свекрвите сто на поцеток казуват јас вака онака ке ја сакам се акога ке и дојде дома уууууууу
Фала женски, да сте ми живи и здрави, јас веќе не им молчам, да си клавам нервози уште на 19 год, да ме лупаат тахикардии веќе ни со здравје не сум толку добра.Само ми е криво што на никого ништо не сум згрешила во живото барем не намерно, па ваква судбина да ме тера...
Aj молим те не се прави тука жртва, била скапано добра, на никој не згрешила, а очигледно е која ти е целта- сакаш да си живееш во другата куќа и да си уживаш. Друго објаснување немам покрај дечко кој не те рецка,а неговите родители уште помалку, како да им е сеедно што си таму, а ти упорно седиш затоа што не сакаш да си заминеш дома кај твоите Со среќа “упикувањето“ .
Аман Дудле, те прочитав сега и тешко ми бее да поверувам дека 19годишна девојка денес вака размислува. Не знам од каде да почнам, дали од тоа што дозволуваш да ти ги вреѓаат домашните, што се буниш дека не ти даваат да готвиш и чистиш, што не излегуваш и не се грижиш за себе... Прво, извини вака ама не ти се се уште свекор и свекрва, а како што гледам не сакаат ни да ти бидат. Второ, имаш 19 години, како што гледам немаш цврст став, немаш завршено факултет, не работиш...каква почит ти бараш?Знаат дека си дете и неискусна и нормално дека на глава ќе ти се качуваат кога им се може.Не знам како си дозволила себеси да одиш немажена во туѓа куќа без никакви сопствени приходи, без свое јас?!Ти буквално зависиш од нив и они тоа го знаат.Дечко ти гледам исто не е многу засекиран за тебе.Не се запраша до сега што бараш ти уште таму?!Покрај своја куќа и родители, седиш во туѓа.Покрај здрав памет и младост се тепаш кој ќе му зготви и исчисти на синчето Врати си се од каде што си дошла, среди си го прво животот, изгради свое јас, а после мисли на свадби и перење гаќи, зашто јас глава давам дека во спротивно за 5 години ќе ни пишуваш како имаш мало дете, маж ти не те погледнува и подалеку од двор не одиш
За ваша информација сум на Висока медицинска школа 2 ра год, а и еве ств се рао4арав од овај сајт... мислев ќе наидам на разбирање ама не... разочарана сум од сајтов a posebno од избрани членови како вас..
Ти сакаш да наидеш на поддршка, а не разбирање.Не може 10 форумџики да ти мислат лошо, туку ти сакаш да те тешиме и жалиме зашто немаш храброст да преземеш нешто конкретно.
Дудле, немој нас да не дудлаш, какво разбирање сакаш навистина не ми е јасно ? Што да те разбереме, дека те третираат како неканет гостин, дека не им е гајле нив за тебе (ај они не се толку ни битни, ама и твојот дечко се понаша исто) ко да им е сеедно што се случува со тебе, а ти тоа упорно го поднесуваш само затоа што неговите како демек ветиле дека ќе те земат затоа што си спиела со него А ти што сакаш, освен да се преселиш во другата куќа? Толку ли ти е дојдено до тоа да се омажиш, зарем не сакаш да се дипломираш, да си бидеш независна и да имаш други преокупации во животот освен да чекаш кога свекрва ти ќе ти дозволи да готвиш?
Леле бе дете уште пред да одиш да живејш со него не виде во каква финансиска состојба се дали имаат простор за две семејства ,,зош ти и идниот сопруг ,,ке бидите посебно семејство! дали дечкото е мамина маза дали кога зборува за мајкаму зборува со восхит плус мајка ти твоја што ти вели?Зош бараш совет овде мислиш некој не го поминал то твоето ам сите го имаме видено со текот на годините се балансираат работите ама немој ни случајно да заборајш да СИ ГИ КАЖИШ ,,ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ,,УШТЕ ОД ОДМА ! Најголем виновник е ДЕЧКОТО тој треба да седне и да им каже дека ти се мажиш за него ,а не за нив дека треба да се разграничат семејните односи и нивното понашанје да ја намали тензијата дека и ти и тој сте веке посебно семејство иако не сте делени ние овде знајш како викаме ,,ако си делен не си умрен,, Јас во три соби задено со нив живеам 20 години ама моите приходи се мои а нивната пензија нивна и не ме интересират што купувааат со нивните пари !Ако уште сега имаш толкав притисок да знајш што те чека кога ке се родат децата ???? И за крај ЈАС не те карам ама мислам дека со ТВОЈАТА мајка треба добро да разговараш па ако треба и онаја народната ,,до две ми сваки седнале , па мајкати да и објасни на несудената свекрива каде грсши !
Нема да цитирам никого од што навистина погрешно ме разбираат некои девојки. Тука сме да помогнеме а не само да критикуваме. И мислам дека некој што не осетил на својот грб нема право да коментира Спојлер нормално отворен форум секој може да коментира, но вакви коментари , зошто јас сум поминала низ овие проблеми секојдневни проблеми со свекор-свекрва но сепак љубовта победува и сум издржала.поздрав
не сакам да бидам офф топик но би сакала да те поправам во реченицава. девојченце судбината сами ние си ја кроиме, не заборавај
Чим си се разочарала што воопшто побара совет од нас? Воедно не разбирам што уште по свое тераш кога сите членови ти ја кажаа в лице реалноста. Искрено мислам дека тој мочкото само сакал вкревет да те придобие, а "ветувањето" било единствена опција. Оди си од куќата пред да ти е касно и пред да зажалиш.
Проблемот што го има Дудле со свекорот и свекрвата е многу чест на почеток на секој брак, и не произлегува од тоа што таа има 19 год. и не е гаранција ако некој завршил факултет и има 30 год. дека ќе нема вакви проблеми...оти нели и факултетот не секогаш ти носи баш финансиска сигурност... Тоа што не е регистрирана не ја прави натрапник во таа куќа, и ние се регистриравме неколку месеци откако дадовме збор па не гледам тука никакво упикување... Ако родителите на свекорот избегнуваат разговор за свадба тоа може да значи дека имаат финансиски проблеми... Тоа што свекрвата си готви, пере и не го препушта кормилото од свои раце е вообичаено кај многумина, а дечкото што не сака одма да реагира и да се расправа, т.е. да зафаќа страни, можеби сака да помине време, да се навикнат една на друга, па некако се спонтано да си дојде, и тука јас не гледам причина да си ги собере таа парталите и да си оди... Сакам да кажам дека се може да се среди ако е таа паметна, итра и не избрзува што можеби е малку тешко со оглед на годините што ги има...И јас на почеток имав проблеми па еве сега после некое време се е ок, се си е на место иако тогаш ми делувало безнадежно...И јас не верував дека старите ќе се одделат, дека ќе се сменат но ете и се одделија а богами и се променија...Само отворено, храбро и без пардон а не само со кукање и скрстени раце...
абе и Јас мислам како тебе ! само сакам да рецам дека и мајките ние треба на керките одвреме навреме ди им казуваме дека ,,тоа е туга куќа и се игра по туѓи правила,, е кој како науцил да игра , некој правото , некој три напред три назад некој брзото ,, Јас ова на шала да ме сватит девојчето тоа ти е така кога се мажиш како да се фатиш на оро Е ако знајш да го фатиш ритамот со текот на времето можит и ОРОТО да го водиш ама гледај да не останеш на опашката цел живот,, Извинетеме за шегобијноста неја ја научив од свекорми Тој цел живот на шала ми кажува што сака ако испадне се лутам ми вели погрешно си сватила , а ако прифатам тензијата се намалила !
се сложувам со скорпионка. навистина девојчево (дудле) заслужува многу подобро, но не е ни така лесно да ставиш крај на се`. и не мора некои одма да ја напаѓаат со разно разни изрази! ако можете дадете совет, а не одма судите!