Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    А во другиот што сме,кираџии,гости?

    Леле пола Македонија на гости живее.:D
    Се си кажавме.
    Кога да ти дојдам на гости па да ти поседам до кај Март?:wasntme:
     
    На Victorian, Ana Marija 1, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.278
    Пол:
    Женски
    вака по муабетов ми личиш на некоја золва пропатена од снаата :lol:
     
    На Victorian, Ana Marija 1, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Да ми беше ќерка слободно можеше и до август да седиш бе галапче.
    Затоа што ние зборуваме за ќерки кои доаѓаат на гости кај своите родители, а не за тупнување кај рандом луѓе од интернет.
    А имаш ли ти син? Да се омажам за него, да ви се тупосам дома, па да ја бркам ќерка ти, (или па другиот син) кога ќе ти дојде на гости?
     
    На kukla21, Orthophill, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ако сме одлучиле вие да живеете со нас,а тие имаат каде,и ако доагаат и седат пола година што се вика,и да ги избркаш.
    Се знае што е гост.
    Препрочитај страна две наназад, поинаку нема смисла растегањево.
     
    На Victorian, Gosh, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Ако решила ќерката редовно гости со недели и месеци да тера кај мајка, а живеат сите на еден спрат па се ствара гужва, јас да сум снаата во тие недели и месеци ќе си одам кај мојата мајка. Па ако имам снаа таму од брат а не смее ништо да каже нели, оти тоа и моја куќа е, таа нека си ги земе децата и нека си оди кај нејзината мајка на неколку недели. Па нејзината снаа исто, и така до недоглед. Оти во право сте дека ќерката треба да си оди кај мајка кога сака, но заради гужва пред голот, јас друго решение не гледам освен ова. Постои и опција младите сите станеви и куќи да си купат па со мајките никој да не живее и слободно кој кога сака да може на гости да им оди без некој друг засегнат да се најде, ама финансиска ситуација главен проблем е. И уште една опција има што се вика осет и реално гледање на општа ситуација, ама тоа изгледа уште поголем проблем е.
     
    На Victorian, Ana Marija 1, eloves и 16 други им се допаѓа ова.
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.431
    Пол:
    Женски
    Се мажела мома да не седи дома ( колку год да се каже дека се мажела) . Ако се мажела ама па кај мама и тате седела .
    Не знам што не ни е јасно. Снаата треба да ќути и да ја рани золвата пошо под дифолт золвата е таму родена и иако по правило мама треба да и каже до кај и се границите, сепак золвата е нејзино чедо па снаата треба да трпи се золвата што ќе прави.(facepalm)
    Па ќе напоменам ние сами живееме, ама си знам по другарки бре, го јадат стапот пошо золва им нема осет.
    Има золви и золви, снаи и снаи. Тешко тие што мораат да паднат на тоа дереџе да живеат со свекрва, да ја чуваат на старост и да трпат се пропратно што ќе се дешава во таа куќа пошо нели не е нивна.
     
    На Victorian, eloves, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Во мојата блиска фамилија имам два случаеви на лоша снаа и на лоша свекрва.
    1. Вујна ми моја, е мажена за на мајка ми брат. Инаку имам и тетка, и она е мажена во друг град. Значи сите живееме во три различни градови. Како што е редот нели, вујна ми и вујко ми си живеат со баба и дедо. Е сега, кога дојде ред да се остава имовина, мајка ми и тетка ми се откажаа од имотот кој им следи (по некоја глупа традиција што си нема везе), ама ај од љубов спрема братот една куќа е, они веќе се вдомиле со своите сопрузи, плус низ други градови живеат нека си остане он со фамилијата. Е сега, таа моја вујна, од кога е мажена еден ден нема работено, денар нема дадено за нешто во куќата да се смени да се купи или да се реновира, а богами ни вујко ми нешто не се притресува. Живеат на грбот на баба ми и дедо ми. Направија 3 деца и чекаат на баба ми да ги одгледува тие деца. Спијат до касно, баба ми ги храни, ги пресоблекува се секира за домашните задачи итн. Е сега, во еден фамилијарен собир, каде што се дискутираше за некоја тема, вујна ми моја фино лепо пред сите на мајка ми и на тетка ми им кажа вие две немате право на збор во оваа куќа! Среќа вујко ми се најде посовесен па ја прекори и и се нема повторено. Ама нема назад, кажано си е веќе. После извесно време, караници и триста чуди баба ми и дедо ми се иселија од куќата да им отстапат на младите простор и сега госпожа си се шири фино лепо и супер и е. Ние не идеме кај нив на гости, ама брат и нејзин со снаата преспиваат кога сакаат и колку сакаат. А да напоменам дека сеуште дедо ми им праќа пари пошто нели не работат. Броилата се на дедо ми, сметките доаѓаат на негово име, ко попче иде и си ги плаќа. Штета голема, така ја дочекаа староста, ама ете родители се и све прават за мир во куќа и бракот на сина си што е голема грешка, ама ај иди разбери се.

    2. Од друга страна, мојата сопствена баба (на татко ми мајка) беше многу лоша свекрва. Мајка ми и татко ми работеа од јутра до сутра, земаа кредит и реновираа и кренаа спрат во куќата. Кога све беше готово, баба ми си ги собра сите нејзнини роднини, и снаата од другиот син (стрина ми) на кои бтв им изградиле куќа, а кога се изродле внуци и татко ми решил да се жени се тргнале напраиле две сопчиња, а куќата ја оставиле на чичко ми. Од тие две сопчиња мајка ми и татко ми проширија убава и голема куќа. Е баба ми, кога си ги собра роднините си ги шета низ куќа и вика види што убаво си реновирав. Па демек се жали, по цели денови со мајстори се расправам, додека овие се на работа. Па некој ден мајка ми кога ќе сака да одмори, она и вика де ма млада си, кај се видело млада снаа после работа да одмара и да спие. Стани треба да работиш, јас треба да одморам дека сум постара и намачена!

    Значи триста људи триста чуди. Све си има математика, све треба да си се стави на кантар. Ако снаата вложи пари и труд и си гради катче за нејзе и маж и, има право и да не трпи многу многу. Ама ако доаѓа на готово и сака да лежи и да се шири, богами нема право ни на збор!
    Затоа сметам дека прво треба двајцата да се финансиски независни, да се вредни и трудиљубиви и сами да си ствараат. Помош од домашните може кога ќе закрца работата. На секој му се случува и ако не помогнат родители кој ќе помогне. Ама лежи лебу да те јадам, тате носи мама меси, никој не трпи такви паразити. Па уште газдуваат дома. Срамота!
     
    На Victorian, eloves, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.431
    Пол:
    Женски
    Ова може да важи и за снаа и за золва. Јас па тие што ги знам се се золви паразити.
    Значи чиста сметка - долга љубов. Не значи ако сум дошла у нечија куќа треба се да трпам или мене да ме трпат.
    Ако е за тоа познавам и снаи од втор брак на синот, тие родители па се ќе истрпат само снаата да не си отиде демек резил двапати да не јадат.
    Значи има секакви. Ама се е до тоа кој како ќе си ја нареди.
     
    На Victorian, evangelina.ina, DaenerysT и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Јас досега ги плукав свекрвите ама сега глеам дека снаите се дабетер.
    Кај се неспособни заедно со тоа мажите да си се осамостојат како секој нормален возрасен човек, па уште и ред ќе заведуваат, кој смее да доаѓа, кој не, кој што ќе наследел, па на деверот поише му остаиле, па од золвата децата повеќе ги сакале поубави чоколади им купувале, па не знам што. Ем шуто ем боде.

    Свекорот и свекрвата немаат ни морална ни законска обврска да ве издржуваат ни вас ни вашите изговори за мажи, ве прибрале од сожалување и како гест на добра волја, а вие наместо да бидете благодарни и да го почитувате тоа преку леб погача барате.
    Цел живот луѓето работеле, се мачеле да создадат нешто и сега наместо да се одморат, да поуживаат на старост, во сопствениот дом ќе газат како на јајца за госпоѓата снаа да не се вознемири па да не почне да хистеризира по дома. Ја не знам како ве трпат, ја да сум куферите на улица па заведувај ред и мир таму.
    Па уште и глумат напредни и еманципирани на други теми, а сосема нормално им е золвата да се откажела од наследство како женско и слични средновековни традиции.
     
    Последна измена: 30 август 2016
    На bibiiii, Victorian, slobodka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.431
    Пол:
    Женски
    Mислам дека премногу лично се сфаќа темава. :D Што се разжарувате побогу, ете може кај некои мајката и таткото ја ранат снаата, у други случаи може снаата и синот ги ранат свекорот ми и свекрвата и и плус не живеат со нив.
    Има ситуации каде золвата треба со куферите да се шутне, па побогу знам кај што и сакала дома да си дојде кај мајка и и татко и пошо имала фајт со маж и, па ја шутнале мајка и и татко и со муабет „врати се кај мт ти си го бираше, ти ќе се справиш со тешкотиите“ .

    п.с. секоја снаа е добра док дава пари инаку. :rofl:
     
    Последна измена: 30 август 2016
    На Victorian, evangelina.ina, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и јас за мојата лична ситуација. Јас и мм на почетокот си живеевме под кирија. Имавме каде со родителите, ама си сакавме сами. Нашите се загрижија зошто да си ги даваме парите под кирија, па на нивна сопствена волја (читај не сме побарале ни денарче од никого), се договорија да ни дадат минимална сума подеднакво од двете страни за да имаме за учество. Дури они самите шетале по станови па ни го препорачаа овој сега кај што живееме. За тоа ден денес чувствувам грижа и должност према двете страни и сум бескрајно благодарна. Од мене да знаат дека се добредојдени било кога и нема да слушнат од моја уста лош збор. Бдејќи ни дадоа ветер во крилја за да почнеме нешто наше. За останатото сами си се грижиме.

    Е сега, брат ми и деверми уште живеат дома со родителите. Кај и да е ќе се женат. Супер би било ако и на нив им ја дадат истата сума која ни ја дадоа, па да си почнат и они сами како нас. Така имовината од родителите останува чиста, па и правото останува подеднакво.

    Меѓутоа голема е веројатноста на нивна волја да си останат со снаите дома. Вредноста на куќите е далеку поголема од сумата која ни ја дадоа. Плус нема трошоци за почнување од почеток. Куќите се уредени, а на нив е само да заработуваат и малку по малку да си реновираат по дома и да си купуваат по нешто ново.

    Знаете што би било фер во оваа ситуација? Да им дадат подеднакво пари колку што ни дале и на нас и да ги расчистат сметките. А синот и снаата што ќе одлучат тоа. Ако сакаат кредит за стан, још боље повели, дај ги парите за учество и секому раат главата.

    АМА ако сакаш да останеш во куќата, тогаш братче знаеш што? Процени ја куќата колку што вреди, подели на пола, земи си кредит за таа половина, а парите дај ми ги мене. И не ти се мешам повеќе таму. Не барам од родителите. Брат ми барам да ми даде! И девер ми! Родителите немаат апсолутно никаква должност да ни даваат и да не издржаваат. Со парите од двете страни, ние ќе го исплатиме станот. А не ние да се мачиме до смрт како казнети, а другиве да идат секој викенд до Грчка. И јас знам да идам до Грчка. Ама не идам. Ова ми е идеалното сценарио. Познавајќи ги домашниве, тешко дека вака ќе биде. Тек ни доаѓаат нас проблемите.

    Нормално сето ова е во случај родителте да остават подеднакво на машко и на женско. Има затуцани кои сметаат дека синот е божество, а ќерката Пепелашка. Па без грам совест препишуваат 100% имот на синот. Тука нема повеќе дискусија.
     
    На Victorian, eloves, Nova и 13 други им се допаѓа ова.
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    Многу болна тема е оваа,ама мора да се преживее:D
    Јас имам пример со мојата фамилија,која живеела во она време кога се знаело кој е главен во куќа:hai:
    Мајка ми и стрина ми никој не ги прашувал,баба ми,била главна,снаите само амин викале.
    Ни на крај памет не им дошло да и забранат на золвата да дојде кога сака и колку сака да седи.
    При крај на животот на баба ми,таа золва ја одгледала.Мајка ми и стрина ми биле ослободени од чување и нега на старата,и на крај золвата се откажала од имотот во корист на браќата.
    Далеку е тоа време од денешното,времињата се смениа,луѓето се смениа:mm:
    Проблемите се и во снаите и во золвите,некако како сите да се надгледуваат кој полош ќе биде.
    Лично јас немам снаи, немам золви,ама имам два примера за две снаи (од братучеди),со негатини искуства(facepalm)
    На крај ќе ви кажам еден позитивен пример.Имам чичко и стрина кој имаат два сина.Направиа куќа на приземје спрат и поткровље.Синовите се ожениа и се распоредиа,старите во приземје едиот син на спрат,другиот во поткровље,сите имаат башка струјомери,водомери,значи никој на никого не плаќа сметки.Секој со свој живот,бабата и дедото подеднакво ги чуваат двете внучиња.Вообичаените кавги се.на пример кој ќе ги чисти скалите,а тоа го има превземено свекрвата.
    Се на се,среќно си живеат:clap:
     
    На Victorian, Lolipop23, Golden Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Се е тоа супер и фер според тебе ама тешко дека ќе се случи во реалноста. Не ме сфаќај погрешно, не сум против тебе ама обично децата што остануваат да живеат со родителите ја наследуваат и куќата затоа што се со нив во старост, ги гледаат, т.е. би требало да ги гледат и така, а на ќерките обично им препишуваат друг имот ако имаат и така одат работите. Најчесто нема да има фер делба на имот помеѓу децата, не дека не сакаат родителите ама ете, секогаш едното ќе добие повеќе од другото, на крај краева кој како и ќе си ги сфати работите.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Во моето семејство, иако вујко ми живее на иста адреса со баба ми, живеат сосема посебно, со посебни влезови итн. Куќата е таква што комотно може да живеат две семејства без да се видат, два влеза има дворот и е доста голем.

    Баба ми иако е жива веќе имотот е “на тапија“ поделен помеѓу мајка ми и вујко ми, 50:50. Со што фактички и мајка ми “живее“ на истата адреса, а баба ми живее кај мајка ми дома :)

    Јас сфаќам вака: брат за брат, сирење за пари. Повеќе од тоа што ми следува не барам, но и од мојот дел не давам. И тврдам дека сето тоа треба да се реши додека се старите живи.
     
    На bibiiii, Victorian, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  15. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    283
    Затоа треба секој на свое, па макар и една соба да е.
     
    На An-na, galapce, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Butterfly***

    Butterfly*** Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски

    се сложвам! и јас кога ја запознав свекрвами мислев леле колку срека имам ретко кој има ваквва свекрва толку добра мила друштвена и му велев јас појке од мајка ми те сакам бла бла од ко се мажив се се смена се претвори во вештерка :D почна да ни се меша во бракот да прај кавги од ништо . пред да влезам во та кука свекрвами велеше дека ке си оди на долниот спрат нас ке не остај сами да си узиваме да си средиме се како сакаме а сега нејки да мрдни вели јас од тука нигде не одам казва некој правила низ дома ко ке не е дома мажот ми изиграва газда ко ке дојди тој се прај на будала едно ке речам блазе си му на тие шо живеат сами можи ке немат помош за чување деца ова она ама рает ке си бидат !
     
    На Victorian, Saraa, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.431
    Пол:
    Женски
    Оф малку ама за помош можеш да ги викнеш и да дојдат ако сакаат а не живеете заедно. Ама па и да ти соли памет нешто што они правеле а сега не е така па и тоа не чини. Абе тој што се меша у се ќе се меша до крај. И тој што е без осет е без осет со сите.
     
    На Пчела, Girl-Rabbit и Butterfly*** им се допаѓа ова.
  18. ina369

    ina369 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    ми треба совет се мислев дали да пишам зошто читам разни проблеми еве и јас да си кажам живееме со свекрва ми и свекор ми во заедница имаме заедничка кујна каде јас готвам и купувам намирници и чистам кај неа зошто таа одела на раб има бутик и работи двократно немала време за готвејне и чистејне ке дојди преспива и пак на работа,и јас идам на раб ама во смени во здраство еден ден денска па нокна и 3 дена слободни ,имаме свој спрат кој со парите од свадбата го реновиравме и мајка ми ми купија дневна и спална,имаме усте една соба која сакаме да биди децка за детето но јас сакам да биде кујна зошто ми треба свое катче да готвам и да живеам слободно без да се стегам и да седам кај свекрвами да се дружиме цело време,од друга страна мажот ми не сака да живееме посебно зошто е мамин син и едно дете и смета дека мајка му треба да му помага како таа да е обврзана да ни помага цел живот и требало да живееме сложно во заедница и демек да ги штедиме др пари,инаку и тој работи па мислам дека можи да живееме посебно со сметки и се останато да плакаме, незнам како да го убедм да се оделиме можеби јас сум неблагодарна снаа демек тие ни помагаат ни угодуваат да така е, но јас во заедница не сум срекна слободата е најважна исто така свеки се наредува и ја слушаме и се несто ке ме навреди па некогас ке се скараме со мм заради неа сега добри сме подолго време ,така незнам што да правам треба мн да се караме со мм па да се убедиме СОВЕТ п.с извинете за долгиов пост
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    96.982
    :devil:
    FB_IMG_1472656993963.jpg
     
    На Girisham, Victorian, Lolipop23 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    офтопик сум извинете, ама сериозно, на толкав пост успеа да не ставиш ниту една точка? (facepalm) :clap:
     
    На Nova, Offspring, lans и 3 други им се допаѓа ова.