Jas mislam deka nekoj koj ima problem i se obiduva korektno da go iznese ne obrnuva vnimanie na toa.Nisto strasno spored mene.
Неможев а да не прокоментирам, бидејќи се случува премногу често.. Еве за во иднина да обрнуваат малку повеќе внимание. Не е работата само "начкрапај", па кој разбра-разбра. Мислам дека можат барем малце да се потрудат да бидат појасни, кога веќе очекуваат совет.
Vo ista situacija sme, zaednicka kujna a poseben sprat so spalna, i dnevna, skroz isto. Ziveam so svekor i svekrva, mamin sin e i mojov, ne saka da se oddeli nikako, i mi odi na nervi, a i da so svekrva mi se ispokaravme i ja navrdiv zosto mi poukna filmot, Spored mene moras poostro da postapis, napravi si kujna gore ic ne gi fermaj, bidi postroga, kratok e zivotot za da se macis taka so svekor i svekrva, kje mu reces na maz ti da ne se odnesuva kako nekoe bebe sto bara cicka od majka si. i deka vekje ste vozrasni luge i treba da se osamostoite, ako razbere arno ako ne koj go sisa napravi si kujna gore so parite na tvoite i gotvi si posebno.
Има има ... Во п.с Во поглед за претходниот коментар неможам да неискоментирам. Татко ми вика дека ќе делиме со брат ми се 50:50, има две куќи една која е стара без вредност (мора да се турни до темел ако сака да се прај нешто) и оваа новата. Он стои цврсто на тоа зошто 50:50 не би било ако ми ја дај мене другата куќа, а знај безразлика шо е крш дека јас сум емоционално врзана за неа и дека кога тогаш ќе ја средам по мој вкус. Настрана од тоа ме интересира, ако легално имам дел од куќата во која ќе живеј брат ми, значи можам во мојата соба да идам кога и како сакам и кога децата мои би иделе на поседок да имаат точно каде да престојуваат? Или и то е без осет и сестрата треба се да остај? Далеку сум од брак ќе речите, незрела ама јас поќе зборам од емоционален аспект на нефер поделба кај мене само за сите да добиеме шо сакаме и пак не чини.
Јас сум за делба на сите деца подеднакво ... Но не сите да имаат еден исти влез во куката , заради одбегнување на конфликти , болје земи ја постарата кука и кога тогаш ке си направиш друга , ке си имаш свој влез , еден клуч и мирна глава . Бидејки овде е заостанат менталитет и демек не се земало од брат , Алоооо никој не земат од брат , од свои родители си зема !
Јас не сум за подеднаква делба. Мајка ми има уште две сестри. Во куќата каде живее, предходно живееја нејзините баба и дедо и мајка и и татко и. Од нив само мајка и, т.е. баба ми останата е жива. Сите мајка ми ги изгледа, им ги бришеше газовите посрани, затоа што сите тешко се движеа во староста, баба ми одеше на работа, па затоа кога таа неможеше, мајка ми ја мењаше во се, па дури и во тоа. Откако сите умреа, куќата гласи на баба ми. Мајка ми ќе ја догледа и неа. Е сега, по вашата логика на еднаква делба, дали моите тетки имаат право овде на имот? Не е лесно цел живот посрани газови да бришеш, некого да раниш, водиш во ВЦ, водиш по лекари, па паднале, па се повредиле, па погреби, па чуда?? Низ сето тоа мајка ми помина, ниедна сестра нејзина не се опули тука, сите своите семејства си ги гледаа, и сега треба да дојдат да бараат дел? Јас сум за тоа, кој ќе ги догледа старите, тој да добие се, или да добие поголем дел. Ако сестра ми ја догледа мајка ми, на неа нека и остане се, јас нема да се лутам, тоа е праведно. Ако јас ја догледам, нормално дека ќе си барам.
@anakonda88 шо е до мене, јас сакам баш таква делба, зошто ако биди поинаку ќе биди ни на мое ни на твое, ама поентата ми беше ако имам јас дел од куќата ќе се очекува од мене да го остам на брат ми за он да има цела куќа, а нема да се очекува он да остај дел од другата куќа на мене зошто нели, та заедничка ќе биди. То ми беше целата поента. А јас ја сакам старата куќа, ако би напрајл тато 50:50 на двете куќи прво ради правни процеси нема да можиме да рушиме и наново да градиме оти брат ми е цели 10 години помал од мене, па документи, па вака сакам и на крај и та куќа на уште 100 дела ќе се дели дур остарам (неможи да се крпи куќата, стара е, мноооогу стара, ако не падни сама чудо ќе биди за некоја година и куќата не е продаена зошто ко бев мала му ќенкав дома дека ја сакам). Ова ми е поентата, татко ми има уште пола куќа, шо ја дели со чичко ми в село, она ќе му дава на брат ми зш он има алат нели, ама не ми смета, пример јас сум емотивно врзана за старата куќа и за мир на сите само и само неа ја сакам (само према татко ми, ова е неправедна делба зошто куќата буквално не вреди ништо, шо мене не ми смета), за да успеам да напрам нешто во иднина од то, а не да спијам мирно знаејќи дека кај мама и тете имам соба за спиење.
Во ред е тоа , тоа му иде како усен договор за издршка ( знам дека ова мора да е на документ) , зборувам за тие стари што починале а никој не им го бришел г**** , но доколку некој ги гледа старите и ги негува фер е да му се даде имотот на таа личност .
И свекор ми викаше да дели 50-50, пола на синот а пола на ќерката. Ама оти старост, а они не знаат што ќе донесе животот, со половината наа мажот ми куќа да им изградиме на наш плац, па и да додадеме за истата оти нема да достаса, па и на нивно име да била истата...за сигурност да си имаат во стари години. Важно 50-50 он да дели. Јас сум за 50-50, ама таму каде не само добивката туку и обврските се исти.
Негата на старите е субјективен фактор, ако не е на документ, нема фајде. Правните работи треба да се решат дури се старите при здрав разум. На тема золви: Колку снаи догледале стари и посрани свекори/свекрви, а золвата нос не појавува на врата, оти нели, си има своја куќа таа, па пак се снаите лоши. На наши драги пријатели родителите беа во таква ситуација, а сега брат и сестра се влечкаат по судови за скапана викендица. А снаата што беше ваква/таква/онаква (кога им се роди детето ги избркаа на улица, за да има золвата кај да седи) ги догледа двата. Цел пакет - доручек, ручек, вечера, преврска, лекар, апчиња, капење, перење, пеглање. Сфаќате мислам. И мене ми следува четврт од половината куќа на татко ми, па јас уште од сега се откажувам. Зошто ми е? Да ми идат сметки/даноци за место каде што нема да живеам? Да се грижам капнало, протекло, скапало за спрат шо не ми брка работа? Ако двајца браќа сега не можат за ништо да се договорат (оградата ја реновираа сега брзо, татко ми и баба ми ја платија, другиот син не помириса да праша дали треба помош), што останува на четворица сопственици? Плус, дворот не може да се подели никако - причина за кавга плус. Не, фала, оставам се на брат ми, само мене на мира да ме остават.
Проблемот е во тоа што снаите а и сите останати кои се залагаат за тоа дека сестрата требала да се откаже од наследство затоа што се омажила па сега имала нов дом не ја сфаќаат целата слика. Не сфаќаат дека со ваква поставеност на работите фактички само мажите се тие кои имаат право да поседуваат имот, а жените се сведени само на ниво на закрепостени селани кои имаат право да живеат во домот на мажот, односно на свекорот и свекрвата, но легално правно немаат никакви права на тој имот. Ако на мажот му текне утре да ве избрка, може слободно да го направи тоа, тој имот не е стекнат во брак туку наследен и вие немате никакво право на него. А дома не можете да се вратите затоа што таму бате си царува, вие сте се откажале од делот и сега нема назад. И така ќе си останете на улица со таквото во раце. Па еден куп жени остануваат во ужасни бракови само затоа што нема кај да одат, затоа што се откажале од нивниот дел од родителската куќа, без притоа да помислат дека во животот се си бива и дека човек мора да има некаква сигурност. Наместо да се тепате со золвите да се откажат од делот кој реално нема да биде ваш , туку на вашиот сопруг, побарајте си го делот од наследството од вашите кој ќе си биде лично ваш и кој никој не може да ви го земе. Ете гледам девојката погоре ќе се откажела од 25 квадрати, не и се исплатело да се замара...ок може сега не ти се исплати, ама ако еден ден од разни причини останеш без кров над глава тие 25 квадрати ќе ти се чинат како најскап апартман. Ете ти можеш да му дозволиш на брат да го користи тој дел ако сега не ти треба, ама легално нека си биде на твое име. Размислувајте малку подолгорочно, во животот се може да се случи. Тоа што денес си гугате заљубено со мажите не значи дека за 5, 10, или 20 години работите нема да се променат.
Ти ја сфаќам поентата, и се согласувам донекаде со тебе, разликата е во тоа што јас имам сопствен дом, па затоа не ми игра улогата на спратот. И чисто информативно, 90 квадрати е, не 25
Навистина е смешно да бараш имот или да се замараш кој повеке кој помалце од страната на маж ти Треба да те занима твоите родители што ке ти дадат а не свекорот и свекрвата Свекорот и свекрвата нека си мислат што ек остават на неговите деца Оти бе вака млади личности толку просто и заостанатода се размислува (општо е ова не е за никој личо наменето) Гледајте вие со партнерот да спечалите и створите нешто ваше не кој што ке земел дадел
Не успеав ниту да го прочитам, а сакав, од што беше претешко за читање. Снемав концентрација на пола пат. ( зборам за постот без точки)
ova se vika 'dogovor za dozivotna izdrska' i nema vrska so delenje imot. od na majka mi stranata, dedo mi rece'kje ve rascistam dur sum ziv za da nema nedorazbiranja posle mene' imotot go podeli na site deca podednakvo,a stanot vo koj sto ziveea starite go prepisa na vujko mi so dogovor za izdrska do smrt potpisan pred advokat. dve razlicni raboti se toa.ama starite treba da imaat malce oset,a ne da cekaat edna\eden da gi iscuva do kraj,pa posle vadete si oci demek na site im sleduvalo po ednakov del. ova bese use dalecnata 1999 godina.
Мојата мајка го има тој проблем , има мајка и татко што ништо не и дале во животот ( само една спална кога се омажила) , има брат 50 годишен неженат ( читај психопат ) ги малтетира старите , со дедо ми немат муабет , на баба ми има извршено обид за убиство , им бара да му ја препишат куката што дедо ми со свои пари ја изградил и е на негово име , пари да му давале , а му купијa камиони , коли , ниви му препишаја , тој прав психопат незадоволен , си живее сам во куката во град , а дедо ми всело со баба ми седи и со години не отишле во куката од страв .Кога треба да се оди по болници мајка ми и татко ми ги носат , рецепти лекови се мајка ми и татко ми ..И пак на мајка ми ништо не и даваат а брат и кажува дека баба ми и дедо ми све и давале на мајка ми , дека мајка ми сакала да му земе дел од кука ( од куката од дедо ми што ја изградил ) а мајка ми збор му немат возвратено , иако тој дрдат по цела фамилија, но мајка ми ништо не возвратува . Имат една изрека Господ да ми даде пријатели , Непријатели мајка ми ке ми ги роди.
Кај нас татко ми уште од 2007 ни го подели имотот.Има две куќи едната за мене другата за брат ми .Сега си знам што е мое и со сопругот си реновиравме односно го проширувавме спратот направивме и бања бидејки имаше само на долниот спрат а не и горе.Што се однесува од кај маж ми живееме во заедница имам свекрва и девер станот е со огронен долг и не е отплатен .Ниту свекрвами додека можеше беше подвижна не се трудеше овој проблем да го реши.Маж ми и јас се трудевме да го плакаме и никако да го вратиме долгот.Девер ми воопшто не се секира јас уште во 2007 видов каква е состојбата си седбав дома со мајка ми татко ми и брат ми и им кажав за состојбата дека се работи за стамвено прашање а не само за имот наслетцво и тогаш се договоривме сите и се сложивме и си го поделивме имотот но и обврските да бидат заеднички.Но мажми не сака да се отселиме мамино синче само вика има време ке биде ама тоа ке биде е уште од 2007 и никако да биде.
Јас ако се грижам за моите тоа нема да е за да ми остават нешто плус, туку од љубов. Математики ич не би правела за ова.
Јас мислам дека треба да се остави куќата на тој што е тука и што ќе ги гледа старите во недај боже случаи. Имам пример каде стариот татко т.е дедо во инвалидска количка го догледа едниот син кој живее на горниот спрат (го рани, го пресоблекува, памперс му менува, го бања, му чисти) иако и другиот е во градов но тој воопшто не иде. Така да според мене на таа мака куќата јас да сум него би му ја оставила. Друг пример тетката бара дел во куќата а внукот штотоку оженет му ја заклучува собата што наводно и припаднала од родителите. Па што ќе правиш во една соба жити се во која нема да можеш ни до вц да одиш ни па да зготвиш?! Друг пример две сестри и еден брат оти родителите многу сакале да бидат ферски кон децата им го остваат станот на сите тројца. Братов и еднава сестра се спогодиле да го продадат , другава сестра нејќе.. Па така станот сега скапува. Ова се дел од многуте примери од мојов град од луѓе што ги знам. Само знам дека јас никогаш не би оставила стан на две деца или куќа или дуќан, затоа што знам дека доколку е еден газда нештото ќе опстане а не земјата да оди на државата оти нема да се договорат или станот така да скапе и да мувлоса оти на оваа алчност на денешницава помеѓу браќа сестри тешко дека ќе дојде до спогодба. Затоа спогодбата јас ќе ја кажам. Поздрав
Има чаре и за тоа. Судски да се продаде. А животот се сведува на последните 2-3 годинк од животот?! Може другиот син помагал претходно. Нема вагање на ова. Или имаш љубов кон родителот или не. Фер е на секој еднакво.