Еден куп жени сами си ги гледаат децата. Свекрвите не се должни да ги гледаат, туку само ако е нивна добра воља, тогаш. А зошто не би реновирала? Кого треба да праша, за да реновира со своите пари?
Не сме нервозни. Прашуваме само. Ако сакаш да си реновираш во твојот стан со твоите пари, треба да бараш дозвола од кого, и зошто?
Незнам дали заслужуваш, бидејќи многу остро ја фати работава, а коментарот не ми беше наменет за тебе туку за @Karmina1989 , ама сепак ќе ти одговорам и на двете прашања: 1) моето дете не е само мое дете, туку и на мм, а на неговите родители им е внуче, во него има и нивна крв. Ако свекрва ми го погледа или го почува, тоа не значи дека ми го чува детето, туку си го чува внучето и ја споделува нејзината љубов кон него. А ако се интересираш за мене, јас и мм сами си го чуваме детето, ни неговите, ни мојте . 2) Во идеални услови секој сам си го прави своето гнездо, АМА , живееме во нашата чудесна земја Македонија каде просечна плата е 200евра, за тој што има среќа да се вработи и затоа мислам дека е ок да им се овозможи некаков старт на младите наместо да се задоволуваат своите потреби, за кои има време кога да бидат задоволени. Имај убав ден
Братучедка ми со која патем сме многу блиски, ова го имам слушнато од нејзе значи не се рекла казала муабети е во слична ситуација. Таа живее во друг град со свекор и свекрва во заедница ама тоа е привремено, бидејќи вториот спрат им е во фаза на спремање. Золвата е мажена со две деца и си живее посебно ама не вработена е и секој втор ден таксиот и оп кај мајка и и кај татко и, луѓето се исто така пензионери па немаат проблем со тоа. Братучедка ми и зетот работат, детето оди во градинка. Е сега тие иако се во заедница, на некој начин се делени бидејќи братучедка ми на истиот спрат си имаат голема соба кај што спијат а таму си имаат и фрижидер, микробранова и тие работи што кога ќе го досредат спратот ќе ги ги качат горе. Горе на спратот си имаат кујна, купатило, перална значи се прават посебно. И жената постојано се нервира вика јас на работа, си го земам детето од градинка доаѓаме дома золвата дошла ајде во ред родители и се нека се видат ама децата влегуваат во нашата соба се научиле сами си бркаат во нашиот фрижидер вадат од на малото кашички, пудингчиња, сокови па си бркаат во бифето си земаат смоки и ресани. Не е проблемот колку и што изеле, туку вика доста често не проверам си знам дека имам од тоа и тоа бркам гледам го нема. Ги земаат играчките и и рипаат врз спалната. Свекор и и свекрва и тотално ладнокрвни си седат, демек деца се што сакаат нека прават само да бидат мирни. Мајката ако никако не реагира, како таа може да им пререче нема смисла ќе излезе кавга. И се нервира многу жената, дури плаче на телефонот. Вика еднаш ја заклучив собата свркрва ми лом ме направи, во нејзина куќа не смеела да заклучува. Ни е вака, ни е така. Секогаш решението е одделно и кој што сака нека си прави, мислам дека кога се живее во заедница безразлика со кого секогаш излегуваат вакви проблеми на виделина кад тад. Различни семејства, различни генерации, различни навики и колку и да избегнуваме конфликти некаде не може.
Добро, кај е мажот, односно синот во таа ситуација, нема ли тој човек уста? Ете нему и да не му смета што внуците му претураат по соба, кога знае дека на сопругата и смета, зошто не ја заштити пред мајка му? Аман веќе од маживе што не можат едно „ Не!“ да и кажат на мамичка. Кажи и на братучетка ти да си ја заклучува собата, да си свирка и да не им се потресува многу-многу на старите, а свеки нека урла колку сака.
Е што е толку убаво у кола сам да патуваш, не ми е јасно,дур те читав викам ок е да се нервираш ви се наметнала,сте си имале планови,ама како што читам подоле гледам дека на жената и требало само превоз до Скопје,си оди на гости,вие пак ќе си одите сами ,ќе си шеткате Мислам мн е глупо да откажуваш пат само затоа што свекрвати ќе биде у кола
Problem e toa so neznam kako da ja otkacam bez da ja navredam. Ne ideme sekoj den skopje pa da ne mi e problem da idet. Sega I kiznaj koga pak :/ Pred dva meseci se vide so prijatelkite. Tie bea kaj nea. Pa nemojs sekgas da se gledas koa si daleku.
A be planovi ni rusi. Mislevme da zastaneme po pat negde a kaj ke zastanuvas vaka. Drugo e koga si sam drugo e so nea.
Е де де. Големите планови сте ги имале. И вака ќе застанете по пат, ќе се напиете со неа едно кафе и готово. Во Скопје ќе ја оставите кај пријателките и ќе си терате по свое. Вака како драмиш ми делува дека ова што пишала Ѕвездичка е најлогично. Инаку стварно без врска драмиш.
E aman ! Dobro ke ve izvestam samo na kraj so ke bide. I mesto da go redaktiram prethodnoto mislenje go izbrisav toa prvoto Aj cao.