Епа ај да ја лажеме ако не, за да не и судиме. Ајде да бидеме реални, секој што убаво прочитал што напишало девојчето ќе сфати дека таму тешко да има убава иднина, особено зашто нема поддршка од дечкото. И да, има врска што има 19 години, зашто е неискусна и исплашена, а они тоа го користат и има врска што не работи зашто друго е кога знам дека јас имам свои пари и не зависам од никого и можам сама да се безбедам.Мала+зависна=идеална комбинација за свекрва што сака да се прави главна во куќа. Сега не е доволно силна да постави граници, а покасно кога они ќе се научат вака ќе биде уште потешко.
нека се јават снаи кои се образовани, работаат, земаат добри примања, се почитувани меѓу луѓето, се вредни домаќинки и ПАК не чинат за свекрвата!!! Ако е свекрва и такво жениште, која сака нека дојде, за нејзиниот син единец ниедна нема да биде доволно добра!!
Се имаат јавено-ете ти ги погоре во темава Енца, Лолита, да не набројувам.Возрасни се, независни и може односот не им е идеален, ама знаат да се спротивстават, не и обрнуваат многу, многу внимание, не мислат кој го зготвил ручекот, а што е најважно-не им зависи ни од неа ручекот
пред се и зад се кога постирате некој ваш проблем тука во очите на јавноста треба да сте на чисто дека ке наидете на различно мислење од вашето и дека не секогаш сте вие во право.и ако веке барате совети од другите феминки небидете груби како се сите кренати против вас туку сите сме собрани тука за помош и искуство.е сега ваше е што ке прифатите што не!!!!секој има право да си пише слободно какво е неговото мислење и уствари некогаш многу поке може да ти помогне 3то мислење од страна него од некој близок.... е сега многу свилени да речам се претставувате тука како само свекрвите се лоши и слично...им отишла дома да им седи и треба поклон да и праат!кај пише така?чекај малку....влегваш во туга кука и требит прво почит кон тие што живеат во таа кујка,требит да видиш со кого имаш работа,и на кој начин.многу е лесно да се жалиш наоколу дека се лоши или шо знам какви.....за се постојт решение баш за се..само трпение спасение.... мојте стари коа дојдов во нивната кука-слични како и сите се....секоја жена сака по нејзино да е во нејзината кујка таа правеше ручек за нас таа переше таа се знаеше...немав ни план да и презборвам или да и преправам...ке ја прашав шо сакас да ти поможам ако кажеше нешто ок ако не пак ок.не дека не ме нервираја ептееееееееееееем ме нервираја ама шо да им праам сториле по 65 години јас ке ги научам на понашање?немислам...само омраза можам да донесам....само жива срека си бев дека по свадбата се преселивме во наша кука еее тука јас домакинката....и проба свекрва ми да си управуват јас аха да да така е и пак по мое...маж ми ке велеше ам мам вака не прајт манџа е убо да јас е прам така ако нејкес не јади...помина некое време и сега маж ми е велит на мајка му аммммммм маца вака прајт манџа и ти пробај така...или за торта труп е свекрва ми за се ама не прашвит...си помина време и си знат дека сум поголема домакинка и од неа и поспремна и од неа и од керка е само ај на далеку е отерав ко стално а за крај еден виц се нашле две пријателки по подолго време и си прат муабет за децата-како ти се децата мори?ееее леле кај ти текна да ме прашаш ме изгоре....леле кога ке ми текнееее...син ми што има една змија земеноо плачам секој ден дома од неа...па бара кафе во кревет да и носел за греота дете мое златно...а керка ти како е?ааа керка ми е супер поарен маж неможеше да си погодит..еее колку е тој добар секое утро кафе и поручек в кревет и носит..немат арни ко него....... е така па видете сега вистината тука кај е
офф топик навистина не разбирам како некој може да биде така безобразен и да дава глупави коментари. Ако се сека секој може да даде совет а не мислење за тоа како ја гледа личноста. извинете ама не сите имаат можност да се запишат на факултет, животот не е толку розов како што мислат поеќето. а на некој едноставно не му се учи бре луѓе разбирате ли? и што сега? ајде да не ги дружиме ако се без факултет или решиле дека сакаат да се омажат да створат семејство да заработуваат колку за живот. и како што кажа некој и факултетот и староста не се гаранција дека утре ќе те почитуваат во куќата на мажот. девојчево е младо и очајно и секогаш може да дадете мислење без да повредите некој. сесилија нека ти служат на честа коментарите, ептен ме изиритира од сабајле, незнам како некој може да биде толку безобразен. извини навистина но ќе повторам секогаш има поблаг начин да се каже она што се мисли посебно на луѓе кои страдаат од било каква причина. се извинувам за оффтопик но беше посилно од мене
Ајде малку да ја смириме топката. Јас и кажав на девојката што според мене треба да направи. И си се држам до тоа. Но, тука има еден фактор. А тоа е дека девојката е ептен млада ( да не речам зелена) и си лета во паметот, мисли све што лет се јаде, како и сите ние кога бевме 19 години. Исто така девојкава е од друг град,а а се омажила во Скопје. Нека не ми се навреди, но јас лично знам многу случаи каде што девојки од надвор се ќе дадат да си најдат дечко од Скопје, за да му се удомат дома и пошто пото да избегаат од малиот град затоа што таму не гледаат перспектива. Даваат збор затоа што нејзнините се во 99% патријахални и непојмливо им е девојката да живее кај момчето не верена. Е све ми мириса (извинете ако грешам) дека и овде е таква ситуацијата. Само што, девојкава мислела, или и било ветувано, дека кога ќе дојде овде, они ќе и дадат куќа, ќе ја третирааткако принцеза. Арно ама, реалноста дојде на врата. Од принцезата остана само безгласна буква, а принцот се претвори во идиот. И како епилог на оваа бајка останува или девојката да си се врати од кај што дошла, или да си стисне заби, да си ги прифати околностите какви што се и да си трпи све и свашта , се со цел да живее во Скопје.
Понекогаш кога читам вакви животни приказни просто не ми се верува дека сме 21 век. Најсериозно. Ова во Македонија се случува? Сериозно? Нека се навреди и налути кој колку сака, ама на 19 години единствена нечија цел да биде да стане дел од нечие семејство и тоа со сила, затоа што друга можност во моментот нема, односно дотичната не се ни обидела да си ја создаде, е за мене крајно како прво несфатливо, како второ доста закочено да не речам заостанато. Си ги тријам очите и си велам, се вративме ли во 15ти век каде што се случуваа вакви работи?! Па и тогаш се барала согласност од родителите, по договор - оваа ситуација не знам како да ја наречам. Девојче ти си со сила решена да си живееш во Скопје, или со сила да се земеш со типот, или со сила да си живееш со свекорот и свекрвата ти несудени или што? Па и да е млада, нема врска тоа, ама до толку некој себеси да се погази за што? Ни самата не знам. Интересно е што го викаш маж ми а сеуште не сте ни земени, интересно И каков совет да се даде тука? Не знам зошто рипнавте. Ситуацијава иритира најсериозно, да беше девојчево моја ќерка ќе и плеснев два вербални шамара, ќе и речев да се свести и да почне самата да си го крои сопствениот живот а не само барајќи можност како горенаведената. Галење и тапшање и викање ооооо и бришење солзи, не помага. А искрено и во целава прикаска нешто ми смрди. Мислам они као ја примиле дома а ептен се против неа. Не контам. Изгледа штотуку станав главен протагонист на Глуп и поглуп, затоа што работава ми е нит се тера, нит се води. Да не знаеш на кој повеќе да му се чудиш, на девојчево со проблемов, или на фамилијата на дечкото кои ја одбиваат но заради некоја магична причина сеуште ја трпат дома. Единствено логично објаснување би ми било - дека родителиве се согласиле да се грижат за неа, дека ја примиле како своја ќерка а не како своја снаа. Не знам веќе што да кажам. Јонеско каде си, јави се!
И да нема некоја снаа што не се расправа со сверкрва и обратно ги имам дома и некогаш знаат за глупости да се караат за штипките за алишта, за ручекот, зошто снаата купила нови чевли уууф преку глава ми се двете и секогаш кога се расправаат си одам во соба и си слушам музика.... памет за во иднина ако имам син ќе му купам стан ем помалку кавги ем повеќе ќе се сложуваме и со синот и со снаата
Потпиш Жоел! Имам многу примери околу мене што сакале да се запишат на факултет, ама финансиската состојба на родителите била пречката. Еве на брат ми не му се учи, си знае супер занает и каде и да е ќе бега во америката зошто таму тој труд се цени. Но тоа што тој не се запиша на факс, не го прави глуп, прост. Има мнооооооогу попрости и поглупи а и магистрираат Туку да не забегувам и јас многу од темата, Дудле, секаде има проблеми на почетокот.Погоре ми се допадна коментарот на Енца, покажи заби, додека не заземеш цврст став кон нив нема да те почитуваат. Таков беше примерот со мојата свекрва, и кажував културно што ми смета, што не, она пак намерно ко да ме нервираше. Почнав да се карам, да викам, и опппп почна да ме сфаќа сериозно. Е неееееее има снаа полицајка се плаши И еве јас сум (речиси) дипломирана, со работа, отидена од град во село, 22 годишна мајка и сопруга. Па не е како што пишале некои претходно, годините и степенот на образование не се мерило за човечноста! Ако не те воспитале како да бидеш човек, и 3 докторати да имаш не ти вредат.
се потпишувам и јас на вашите коментари, и добро напишав погоре ( каде што повеќето ме цитираа), тие што даваат критика не се ни омажени ниту пак осетиле што значи зборот СВЕКРВА . И јас сум дипломирана, запишана и на втор факултет и вработена со добри примања ама на мојот Ѓавол пак не му одговарам. Вчера мислеше дека не сум дома и во дворот му држеше предавања ( на висок тон) на мажот и за мене . Луѓе се изнаплакав и кога дојде мажот ми се му нареков и стана општа гужба па се и нареков и се испразнив и се олеснив.
ЗАЛЈУБЕНА111 !!!! Сакав да ти речам да си го испиеш кафенцето од сликата на профилот и да си свиркаш! ,,Што се спушташ на нејзино ниво,, баталија таму .Мене еднаш една познаничка ми рече ; - ,,се додека не почниш да ги гледаш како инвентарот во домот мислеше како ,,мебелот,, се дотогаш ке се нервираш,, и уште рече - ,, и радиото нонстоп зборува ама ти не секогаш го слушаш со внимание ,, ете луѓе сме и некои зборови можат да не допрат и да не изгорат ама убо е да мојме по она старото,,од едно уше влегло од друго излегло,, Јас велам само ние да не умриме од нервоза преднив ха,ха,ха
Се согласувам со тебе за овој начин на кој многу девојки се мажат во Скопје, ама не можиш да потврдиш дека истото се работи и за Дудле!!! И да потврдам се сложувам со советите од Енца и Блонд. Кој сака нека дава совети, ама не да осудува и претпоставува како било!
Јас и дадов погоре совет и се држам кон тоа. А она сама си знае што треба да прави. Ама никој со барем 2 грама мозок не би седел онаму каде што не го сакаат. И не реков дека е Дудле од оние кои ги напишав во постот, ама реков дека ми личи на таква ситуација.
ЕВЕ ВИДЕТЕ ВИ ПОЧНА ЏЕВРИЕ !!!! ГЛЕДАЈТЕ ЈА И ТЕШЕТЕ СЕ !!!!!!!!!!!!!!!!! ХА,ХА,ХА АКО СЕ ПОДОБРИ ВАШИТЕ СЕКРВИ ОДНЕЈА ! И ВИКАЈТЕ ИМАЛО И ПОЛОШО ! ЛУГЕ А ШТО АКО ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО СВЕКОРОТ ИМАТ ТАКВА ТЕМА ?????????????
драга ама некогаш не е издржува, полни полни чашата еден ден ќе прелие, и најмногу што ме нервира се прави после тоа дека ништо не се десило, е хеллоу крокодилу мој јас немам 70 години па да заборавам. И благодарам за кафето сега успут ќе запалам и едно цигарче со душа
Леле ми се потрошија мене цигарчињата, ах каде ли спомна заљубена...стискам палци мажево да има некоја, па да те дружам со кафето се извинувам за оффтопик...ама сепак да се навратам...еден сосед кај свеки коа бевме вика сната кротко јагне, а свекрвата лута змија и ми намигнува....хееее во ред е се додека мажето ве слуша....абе ако треба жуљеви нека ви се напраат на уста ама победете... издржете... и само инаку , , ...затоа , мн и не се замарајте
А бе во право си еве види што ми се случи мене вечерва Јас дури тркнав на продавница влегол свекорми во соба кај Тинајџерката и незнам во кој контекст збореле на некое мисленје од ДОКТОР и свекорми и рекол ,,што знајт докторот ЛАЈНА да јајт,, ама керками уцит медицина и мислела дека докторот е во право а не овој 70 годишен,, СЕЗНАЈКО,, и и се испуштил зботот и му рекла кога тој излегувал значи свртен со грб не во очи Докторот знајт ланја да јајт а ти незнајш????? Леле ,Леле ко влегов во куката ко ме пречека стариот со викање ми викат ,,КЕРКАТИ МЕ НАРАНИ со лајна невоспитана ! Јас знаејки го него дека си зборвит глупости незнаев на чија страна да застанам ТАЈА тврдеше дека тивко рекла од револт дека тој стоел предврата и ја прислушкувал ТОЈ мене ме ми викаше дека Јас не сум ја воспитала а бе катастрофа .И на крај Јас му велам ами еве 16 години заедно живееме ти ја воспитуваш исто колку и јас па види сега КОЛКУ СУМ ЈАС КРИВА ШТО ТЕ НАВРЕДИЛА И ТИ СИ ИСТО ТОЛКУ и ја смири топката ! сега нема да зборувет неколку недели и пак тој ке пошнит ко ништо да небило! П.С. ЈАС ИЧ НЕ СЕ ИЗНЕРВИРАВ ИАКО БЕВ НАПАДНАТА И НАВРЕДЕНА .ЈАС МИСЛАМ ДЕКА КЕРКА МИ Е ДОБРО ВОСПИТАНА ЗОШ Е ОДЛИЧНА НА ШКОЛА И СЕГДЕ Е ПОФАЛЕНА СО МНОГУ ДИПЛОМИ ПА ТИЕ ШТО И ГИ ДАЛЕ ДИПЛОМИТЕ НЕЛИ СЕ ПЕДАГОЗИ НЕ МОЖИТ ТОЈ ДА КАЖИТ ДЕКА ДОКТОРИ И ПЕДАГОЗИ НЕЗНААТ А ТОЈ ЗНАЈТ Е ПА МЛАДИТЕ НЕ ТРПЕТ КО НАС ОДМА ИМ СЕ ВРАКЕТ ! ЕВЕ И ЈАС КЕ ЗАПАЛАМ ДРУШТВО ДА ТИ ПРАМ !
Ти биди си горда на чедото и само бодри ја и учи ја да биде јака на критики и омаловожувања и отпорна на "сезнајковци" дека ако допуштиш и попуштиш, ренде ќе те направат. Одмерено, со став у однеси ги, кака сервирај им на злобните да јадат, ама да не осетат од толку стилски исфиловано што ќе е. Детето треба да се гради и учи по воспитно-образовни и морални мерки, а не да стекнува лочи навики и невротики од млади години. И со среќа нека и се сите дипломи, уште 10001 да си добие, те да си заслужи како награда за трудот. И браво пред се за тебе како родител, дека се гледа си вложила и си вложуваш во напредок на децата. (смајли што симнува капа)
Ме изнасмеа коментаров, Нена не ме сфаќај погрешно , ама кога ќе прочитам вакво мислење просто неможам да се изначудам каде мислите дека живеете , во Париз ли, Њу Јорк ли? Што е Скопје, а што другите градови... Извинете за офтопик , морав да искоментирам.......Позз
Pufi, ништо да не те чуди. Прашај кого сакаш и од постара генерација особено што студирале во ск, ќе ти потврдат дека за некои и Ск е Њу Јорк. Баш паднав на тема со пријателка која студирала во Ск и вика абе во лице некои ми кажуваа на факс колешки дека дошле само убаво да се омажат. Без срам цензура.Нека не ме сфати некој погрешно, ама се и сешто има по земјава, така да, да не те изненадува било што. Малкуцка делува као, неее, не може, не оди тоа така...ама оди и те како за некои. Само што во Мк сме такви, не зборуваме отворено, туку сите се кријат и безгрешни изиграваат, а од внатре(чест на исклучоци) само сопствени себичњачки интереси си гледаат. Било машко или женско. Сега се повеќе се враќа во мода(читај никогаш не ни излегло) машки излез да си бараат, или само имотни со имотни да си се “вкрстуваат“ па што те чуди. По се што сум видела и гледам, косата да ти се крене. На никој не му цветаат ружи,ама оние со малку акал на се спуштаат себе си на толку долно ниво