Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Уште Дудле одкога пиша на темава се воздржувам да не пишам, ама па неможам врти-сучи ќе ја отворам, пуста радозналост :$.
    Горе-доле со Дудле и со годините а богами и со статусот на врска сме тука негде, само што целиме кон различна иднина и имаме сосема поразличен поглед на светот.

    Моите свекор и свекрва, јас ги фалам сегде, досадна станав веќе со тоа :$ , туку муабетот ми беше секој поинаку прифаќа други луѓе. Јас се чуствувам како дома, ама па не се нервирам што мене свекрвата не ми дава да чистам и готвам, баш вчера ме избрка, ама буквално ме избрка од кујна со зборовите, значи ќе ја цитирам „Шта радиш будало једна, остај суџе иди у соби и ухвати се за књигу, не изигравај спремачица, твоја обавеза е да учиш и кад имаш времена да помогнеш, не да ми кухаш и спремаш то је моје, кад завршиш факултет и одете горе сами, радите шта год хочете,ј*бе ми се, а сад има да учиш, и да завршиш факултет!“

    И да бев јас како Дудле ќе се намрштев, ќе отрчав кај Петко, ќе му плачев, ќе се жалев од мајка му, не ми дава ништо да работам, ме тера да учам и на време да го завршам факултетот, јас напротив си земав цигарите сокот и кафето, и си отидов во соба и учев. Денес дојде ме изгушка, ми честиташе и ми се извини и ми кажа дека за мое добро е подбро да си го гледам факултетот, а не дали куќата е чиста, ручекот готов, алиштата испрани.

    Па така и Дудле, нека не се улетува веднаш свадби, и тракатанци, нека ја смири топката, нека се стрпи, ете на виша медицинска е, нека ја заврши, и нека се вработи, да се почуствува како свој човек, едноставно самата да може ако ништо друго леб и кафе да си купи, а не да чека од мажот.
    Мене ме копка да не и се има увртено некој филм во глава, да батали образованието, сега се омажила/верила и да сака само свадба да направат, за се врзат со закон и сеца да роди, па она да биде домаќинка а маж и да работи, да биде баш она „Тате носи мама меси“.

    Сум кажала 100 пати ќе кажам пак, се е до воспитанието, мене мајка ми да ме немаше научено да не молчам туку секогаш да си го бранам својот став, да се борам и да успеам сама во животот, а да не чекам од други, и јас можеби сега ќе се јадав во темава „Свекрва ми со сила ме тера да завршам факултет, не ме остава ништо да работам дома“, „Свекор ми вчера ми се развика зошто сум паднала на испит и ми рече нема да ми ја плати тетоважата“.
    Мислам, алооо Венера дај малце пообјективно гледајте на стварите, па и ти Дудле кај се леташ, ако прави ручек, нека прави, тенџерињата и тавите ко да ќе ги изаби, ако ти е толку мерак да зготвиш, кажи му на тоа мулето твое да и каже на свекрвица, или ти кажи и на пр. „Немој да правиш ти во Сабота ручек, јас сакам да направам, мерак ми е“. Јас гарантирам, со глава дека нема да ти рече „Неможе, или немој“. Нема што ти скришум да и влегуваш во кујна туку кажи и , ако ти се меша прати ги негде да прошетаат со свекорот и кажи им во толку и толку бидете дома, ручекот ќе биде готов.
    Пих, ко да којзнае што ти направила, не ти давала да готвиш, или не ти оставала простор за приватност, па помири се со тоа дека ете нова си во нивната куќа и сака да знае повеќе за тебе и т.н.

    Е сега и ти многу си погрешила што си дозволила да ги навредат твоите родители, требало уште веднаш да застанеш и да им кажеш дека не сакаш такви зборови, во најмала рака во твое присуство. Мене Петко не смее да ме опцуе за мајка, не пак тој или неговите да кажат нешто за мајка ми или брат ми што би ги навредило, па има очи да им ископам.

    Самопочит Дудле, самопочит е она што ти фали, ти на сите арно, ама увек подебелиот крај го влечеш, покажи став, покажи заби, отвори уста, и постави некој ред. Почни со твојот вереник, одржи му една лекција, не си ваљда проста да незнаеш да му кажеш што сакаш и што очекуваш од вашата врска па во иднина и брак, а потоа и неговите, нема тука срам, сега ти со нив ќе живееш и таман работа да се срамиш да кажеш кога ти пречи нешто.
     
    На plavicka, Bozica1980, WildCherry и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.737
    Пол:
    Женски
    Не се замислувам јас ни дека Скопје е Њујорк или Париз, не знам јас ти од каде си и каде живееш, ама јас барем во моја генерација на факултет а тоа беше 1997/1998 , знам барем 10 тина девојки а богами и дечковци кои им беше целта да се омажат/оженат за скопјанки или скопјани. А знаеш зашто?? Зашто во Делчево, Македонски Брод, на пример нема работа, овде има. Другарка имам од Битола која не е мажена ама остана во Скопје после факс и кога ја прашав зашто, ми рече дека во Битола ќе пропадне и нема перспектива. За жал тоа е реалноста. Барем за факултетски образовани луѓе, иднината си ја гледаат во Скопје а не во малите градови. Не велам дека тоа е во ред, ама реалноста е таква.
     
  3. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    :D :D :D :D По твое изгледат дека ГРЦИШТАНА се во право цела Македонија што ја викет СКОПЈЕ-СКОПЈАНИ :tmi: ама до некаде си во право еве и во ОХРИД ги има многу кој дојдоја ,,да студирет Туризам,,и никогаш не се вратија да збирет тутун,чучки и грозје назат ! :D остај сега место туристи роднини нивни чекаме нагости ?!?!
    Шала настрана незнам ЈАС дали сега во денешно време приоритет им е уште да со ОМАЖАТ-ОЖЕНАТ или да станат прво свои луге аман во кој век живејме прво треба да се формират како ЛИЧНОСТ со висок статус со школа работа па после БРАК ако сакат понатака да ги ставит односите со секого на здрав темел !
     
  4. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Мене единстевно што ми пречеше кај бившата свекрва е тоа што уште во почетокот кога им станав снаа ќе го вадеше мојот и од маж ми долниот веш, кој јас го чував во посебна корпа и ќе го переше заедно со алиштата од свекорот, деверот и нејзините. Јас уште од кај мајка ми моите алишта и долен веш не сум ги перела заедно си тие од татко ми и брат ми, и си сакав да си перам посебно, да ми мирисаат на прашак кој мене ми се допаѓа и омекнувач кој мене ми се допаѓа. Затоа не помина долго време и си и кажав вака и вака, јас си сакам да си уклучувам машина посебно кога ќе се собере наш (мој и од маж ми) веш и алишта, сум навикната на поинаков прашак и си користам друг омекнувач. А таа тогаш користеше прашак Оливер, и омекнувач Ленор Summer Breeze жолтиот кој ми мирисаше одвратно, неможев да си ги поднесам алиштата на мене :D
    И се среди ситуацијата :D
    Друга ситуација што ми сметаше а за која не беше крива само свекрвата, беше тоа што на собата којашто ни ја доделија, немаше клуч...Имаше брава ама клуч не. И кога им побарав дали го имаат клучот од бравата, викаат ееее, од кого ќе се заклучувате, кај нас нема ставање клуч на врата :o Нема ставање клуч на врата!?!?! ОК, затоа кога ќе ми текнеше за секс,ќе го одвлечкав маж ми во соба па и сред бел ден, а они навикнати да не тропаат и да нема клуч на врата, неколку пати се имаат шокирано кога ме виделе мене како го `јавам` синот :rofl: Па пак нека не даваат клуч на врата ;)

    Со сегашнава свекрва не сме под ист кров и не се гледаме често,па нема ни проблеми а не верувам ни дека ќе има во иднина :)
     
    На Anyshka, eemmiilliijjaa, AIT и 3 други им се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: Авал да ти е ние со една свекрва немојме да се снајдиме а ти со две убо си го решаваш проблемот наречен ,,свекрива,, :sweat: :sweat: шала на страна животот заедно со стари е ужасно тежок кој што сака нека рече ама и мајками е лоша свекрва ужасна е срека што невестата не си зема све здраво за готово инаку тешко неја ке беше џабе и е мојата подршка на невестата после мајками се лутит Јас имам проблеми со свекорот не со свекрвата мојата свекрва ем е добра ем многу болежлива ем цел живот е жртва на тероротт ПСИХИЖКИ кој го трпит од свекорми Јас стално викам машми 1 грам даа беше ко него одма ке се разведев ама мажотми не е таков тој знајт дека татко му е тежок човек и мене ме подржават ако дојдит до конфликт !
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.737
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: И што бидна после сексорцизмот ?? Пак влегуваше или и дојде памет??
     
  7. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    офф топик ама надоврзуванје на претходните коментари.....немора некој да се мажи во скопје за да има иднина во скопје. братуцетка ми од струмица заврши економски факултет па потоа посдипломски и еве ја сега работи во една престижна банка и тоа на многу висока позиција сама си купи стан во скопје и скопјаните трцат по неа , а не она по нив , затоа што да бидеме реални повекето немаат каде да живеат после брак па мораат да се туткаат по 50м2 станови и затоа се и проблемите за кои се зборува во темава
    ако секој брацен пар си живее оделно нема проблеми гарантирано
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.737
    Пол:
    Женски
    Ако внимателно прочита во претходниот мој пост наведов дека генерално не се врачаат во помалите градови после факултет. Кој се мажи, кој си успева во кариерата. Само кај Дудуле ми личи дека не ќе да е дојдена ради кариера. Ако не е како што велам, зашто тогаш седи и трпи. Дека легнала со него?? Мижи асан да ти баам. Само ми е жал за девојчево што пред да дојде во куќата на дечко и си имала илузија за некој бајовит живот ама се разочарала.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Дудле ќе се согласам со останатите феминки околу тоа дека си млада и дека апсолутно треба да се дошколуваш (околу тоа дали те сакаат или не не би коментирала затоа што ја знам само едната страна на медаљонот),но ќе те подржам околу тоа дека сакаш да си ги превземеш обврските околу мажот како перење,готвење... Според мене со самата веридба или брак жената е одговорна за мажот и обратно.За мене е неприфатливо некоја девојка да се омажи и да чека свекрвата да и прави ручек ,да и чисти ,да и пере и да и пегла(па макар живееле и во заедница) ,зошто во спротивно тоа ме води кон онаа народната Се мажела мома да не седи дома!!! Колку и да не сакаме да прифатиме љубовта доаѓа и преку стомакот ,а и нема поубаво чувство кога мажот ќе излезе стокмен од дома по заслуга на жената.На крај на денот па и свекрвите се сигурно веќе уморни и едвај чекаат некоја да ги замени.
     
  10. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    ке се повторам уште еднаш, најубаво за сите најбезболно и све нај нај е малдите да си зивеат оделно
    Знам дека некогаш нема услови ама ако се сака се се може, ке се скрати малку од гардероба од едно од друго и ке се плати кирија за да се има мир !!! мирот е поважен од се. најидеални да се свекорот и свекрвата јас не би живеела заедно со нив , сепак е разлика во генерации и сепак сме 21 век не племинја кога сите на куп биле . Тоа е мое мислење, секако има примери каде заради многу тешка финансиска ситуација не е можно тоа, и тогаш е жално за младите , посебно за жената.
     
    На Anyshka, soncenceto.matea и eli25 им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Мене мајка ми отсекогаш вака ми велеше-Учи и стани свој човек,децата и мажот нема да ти избегаат.Каков таков,имај свој денар,да не зависиш од мажот и да чекаш 100 ден да купиш леб и вода секое сабајле :!:
    И благодарам за овој совет.Ви го кажувам и вам,зошто за мене бил корисен и тоа многу.Секогаш ми одзвонувал во главата и уште кога бев мала си реков- дека ќе ја послушам.
    Таа не исчува нас па потоа најде работа.Не дека татко ми и префрлал за пари,напротив секогаш и давал,но никогаш нема да и ги заборавам зборовите кога ја зеде првата плата и кога рече-Еее,што убаво било да имаш свој денар. :clap:
    Затоа девојки,не се залетувајте и не немојте со сила убавина да правите.Не само што вака ќе бидете ценети,тоа да баталиме,туку ќе си ја зголемите почитта и самодовербата кон себе.Плус ,што денес такво дојде времето.Мораш да си обезбеден некако.Не се живее од љубов.Првиот месец да,но потоа се нема да биде така розово.Илузијата и магијата ќе ги снема многу брзо!
    Да не ме сфатите погрешно дека велам да станете скроз независни,себични и парите само за себе да ги трошите :lol: Поентата е дека се си има свое време.Никогаш не брзајте и не си ја трошете младоста за џабе,освен ако немате силна причина за тоа.
     
    На Annath, srcekrsacka, kristii и 7 други им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Потполно се сложувам со тебе! Но има еден `мал` проблем, а тоа е што многу наши `мажи` никако не можат да се одделат од дома и не сакаат да се селат под кирија!
    И тука, ние женските го тргаме најдебелиот крај во се`.
    Пр. Јас на мојот му викам една соба да изнајмиме, каква сака нека е, ама да ми е раат душава, да не ме боли глава, но тој под никоја околност не сака да го напушти својот дом.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    CE е до воспитувањето, кај нас уште од мали машките деца така се учат дека они дома ке си бидат цел живот , мамичка ке биде секогаш тука за него и тој за неа , ако ги воспитуваат родителите децата дека еден ден мораат да се осамосталат нема да биде така , се е до тоа што е врежано во глава . како ние женските психички сме спремни за тоа дека нема да сме цел живот дома. јас знам примери на мајки современи мајки кои уште од мали нозе ги вопитуваат синовите дека мора да се осамосталат кога ке бидат возрасни кога ке имаат семејство ама за жал таквите се малку, и имам срека што мојот е еден од нив , и вистински сум среќна мнооогу
     
    На srcekrsacka, blond, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.737
    Пол:
    Женски
    Потпишувам. Според мене, оној машки створ ( не го нарекувам маж намерно), кој не е спремен да се оддели од суќната на мама не е ни спремен и никогаш нема да биде способен да биде добар сопруг, затоа што секогаш ќе го има комплекост на мамин син. Од такви подалеку. Кај тие папочната врвка е рудиментирана ( изгубила секаква функција) но е грижливо очувана да не се скине НИКОГАШ.
     
    На srcekrsacka, blond, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :clap: :clap: Ова е досега најпаметното мислење што го прочитав !незнам дали за мајка ти Браво! или за тебе уште поголемо што си ја послушала!
     
    На zara, eli25 и georgieva им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Потпишувам. Според мене, оној машки створ ( не го нарекувам маж намерно), кој не е спремен да се оддели од суќната на мама не е ни спремен и никогаш нема да биде способен да биде добар сопруг, затоа што секогаш ќе го има комплекост на мамин син. Од такви подалеку. Кај тие папочната врвка е рудиментирана ( изгубила секаква функција) но е грижливо очувана да не се скине НИКОГАШ.[/quote]

    Ок, се сложувам со тоа. Но кога веќе го имаш дома што да правиш, како да се справиш? :?: :$
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.445
    Допаѓања:
    114.737
    Пол:
    Женски
    Ок, се сложувам со тоа. Но кога веќе го имаш дома што да правиш, како да се справиш? :?: :$[/quote]

    е за тој проблем јас едиствено решение гледав што раскинав на време. Никој не можеш да смениш, а ако он не сваќа не може ни да го натераш да свати.
     
  18. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Некаде прочитав незнам точно каде,Дека вистинско воспитување на децата е она кое му даваш крила на детето,значи го подучуваш и учиш,за да знае како САМО ДА ЛЕТНЕ,ДА ЈА ИМА СЛОБОДАТА НА ЛЕТАЊЕТО,тоа е вистинскиот родител,кој тоа го научил своето чедо,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,без разлика дали е машко или женско,,,,,,,,,,,,,
     
    На Anyshka, karak, artemidis и 3 други им се допаѓа ова.
  19. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    здраво феминки,нова сум на форумот,и и јас имам еден гоолем проблем со мојата свекрва,не оти се надевам дека ке го решам ако пишам по форуми,ама ете онака за да ми олесни.Со мм сме во брак 3 и пол години и имаме едно дете,а претходно бевме во врска 4.Уште кога бевме во врска не бев мн блиска со свекрвата па така и си продолзи работата.Од првин мислев дека подобра од неа не постои и дека си имала многу проблеми со нејзината свекрва па нема да го повторува истото и со снаата ама се излазав-бетер е!!!Додека си зивеевме сами не ја гледав многу си бев супер ама сега имаме еден проблем и до крајот на месецот мора да се иселиме од станот и да одиме кај неа.Не знаете што се не направи за да не одиме таму,а за зал др избор во моментот и немаме оти сме само со една плата.безброј проблеми ни направи па дури поцнав и за развод да размислувам.На мм му го полнеше мозокот дека тој е сега возрасен и мора сам да си го решава проблемот дека куката е само за брат му а не и за него,да ни помагаат моите за да си купиме стан или да одиме под кирија,дека не сака да ни помага за ништо ,дека јас мора да најдам работа (а сега ми завршува породилното) и не и успеа оти ние и не сакаме ниШто од неа туку да ни помогни само преку зимата а за после ке се снаоѓаме некако.Kога не и успеа со мм се сврти кон мене и поцна да ме убедува и мене и да ми казува дека куката е на девер ми(а не е и на мм е)и дека ако одиме таму нема да има место за сите,ама бидејки немам дтуг избор не и успеа и кај мене.Е сега е нај интересно е што се здрузи со идната јатрва и постојано м оговараат кај ке стигнат,не ми зборат само и само да се отказам и да не одам да зивеам во таа кука.Вцера му рекла на мм дека не постоело хемија меѓу нас двете уште од поцеток и дека не моиме двете да зивееме во иста кука и да размислиме кај да одиме.Само едно не ми е јасно каде мисли со мало бебе да одиме и дали има малку цувсво во неа ??!!!!!!Kаква мајка е таа? и тоа само за инает на мене...офф и јас не ја сакам ама во интерес на бракот на детето си велам ке се издрзи некако ама не...колку и попуштам толку полоша сум некако.и капак на се ни реце дека јатрва ми (девојка на деверот одат 2 месеци)која е под кирија треба да зивее таму оти била греота да плака кирија и ако прифатела да зувее таму за нас ке немало место-е ке пукнам да ви казам!!!!!!!Gосподе дај ми трпение!!!!!
     
  20. valerija22

    valerija22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    pa dobro taa normalna li e kako samo na deverti zar mazti ne i e sin,e tuka nesto ne mi e jasno.Zar na nego nisto ne mu pripaga od roditelite.
    pa ne li mozes da odis kaj tvoite ako ima mesto da ja pominete zimata.Oti naiskreno ovaa kako sto trgnala preku zima ke te sizne.Plus si so malo bebe i ako ne ti dava nikakva pomos stvarno te zalam kako ke izdrzis