Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Ха,ха,ха тигрица маченце и јас имам таква.А мојата па кога бев повитка ми даваше нејзини алишта пошироки леле кога ќе ги видев такви тигрести блузи како од нафталин да се.Јас ги враќам кај неа во плакар.Сега се здебелив малку повеќе,и пак ми ги дава демек сум заборавила да ги земам а нејќам да ја навредам(facepalm),дури ми вика да ми купи широки фармерки и викам не фала јас си носам тесни цевка,а другата снаа облекува кратки фустани проѕирни хеланки бремена беше,се и се познава и ништо не и кажува ,а мене ме наполни со нејзини блузи се тигресто цветно:envy:.И кога сакав да земам хеланки за фитнес јатрвата ги виде ми ги зема од рака и ги пробува и ми вика свеки нејзе и стојат убаво,на тебе нема да ти стојат дебела си...не сум дебела :( само елегантно полна и кога бев слаба ми префрлаше за хеланки:x
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Елегантно пополнета :D Абе не си земај на срце ќе и кажеш и за пополнетите има хеланки :D иако е веќе поминато.. следен пат :D
     
    На irenadaniel и ZAHRA им се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Ха ха, па ти си со бујна фантазија или склона кон кошмарни сни?:D
    Забегавме со темата. Ма ако сака Саманта Џонс нека ми е свекрва не ја личи да се облекува неприкладно според годините/градбата/општествените норми. Во сите нас тоа е втемелено, е сега некој што се вечно млади бабички нека тераат така ама не е прикладно тоа.Толку.
     
    Последна измена: 9 ноември 2016
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Абе миличка жената нема осет жими мајка,секој пат ме закачка лошо е ми удира у психа ме вознемирува така,а она Машала ко буренце некое како некоја пајка оди лево,десно,си крка и за двете(facepalm).Кога купувам јас земам л,она ќе ми смени со хл и после дома приметувам ми виси блузана:@.Ми вика после еее гледаш што убаво ти стои,и викам да многу убаво сега како ти да си ме родила:sweat:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Е сега и јас дојдов тука, до сега само читав искуства.. Значи живееме во заедница свекор и свекрва, девет и јатрва имам ама живеат горе на другиот спрат и се ни е поделено, струја, сметки се посебно. Имаат ќерка 2 ипол години е многу лигава претерано се нешто плаче нон стоп по цел ден, на вас лажа на мене стварност. Со свекрва ми имам коректен однос (имав) не ја сакам ама за маж ми почит некоја ајде. Е сега имам и јас бебенце веќе 5 месеци е, од кога е родена многу се сменив јас имав и деуги проблеми, несреќни случаи, здравјето ми се упропасти, нервозна сум многу не ги поднесувам уопште, додека бев бремена дојди си од работа доле лудница а нели внуката си има горе спрат правилно е таму да се чува, ама не доле, јас бремена тешка бременост доле играчки насекаде лудница, не можам да се одморам никаков мир раат пола саат, се вика, тропа, дере, плаче. Ајде 9 месеци си ќутам ништо не реков си трпам ќе имам корист од свекрвата ќе ми чува и моите деца, е сега ќерка ми спие тие ќе се симнат долу и малата ја фаќа по лице, раце насекаде кажи со убаво не ја фаќај, цуцлу шишиња се ќе се испофаќа ако си ги измил, бабата лед не ја леди ништо не кажува јас ли сум таа што треба да воспитувам туѓо дете, пред некој ден имав обврски ја оставив да ја чуваат малата кога се враќам собата преобрната наопаку буквално, душечето на ќерка ми утоп мокро, внуката отворила шишето со вода и во креветчето оставено истекло, кога ќе дојдат гости таа седната на масата се фаќа, ќе јаде и пак ќе остави во чинијата кај што е сервирано епа луге точерирај толерирај немам живци стварно се тресам од нервози, и сабајле старката ми вика не си го донесе бебето од дома па да не го фаќаме ние, размисли малку со односот.. Не и реков ништо си преќутив, е сега имам на план да седнам и да изнакажам се.. Совет нешто од поискусни скоро две години живеам со нив. Моментално им градиме кујна со дневна, купатило и спална соба.. Ама додека биде |(

    П.с. Не можам да изигравам пријатна и љубезна.. Немаме никаква приватност, влегуваат во соба кога сакаат, без да теопнат, со мм едно кафе неможеме сами да се напиеме..
     
    На sanjaeva, Barbie20, Girl-Rabbit и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Dzevelekova прво ме интересира зошто си се нафатила да живееш во заедница? Тоа пресметано однесување никогаш не излегува по мерка. Свекрва ти е баба и на двете внучиња, ама проблемот лежи во тоа што таа истата кујна е и твоја кујна, а другата снаа си има своја посебна.
    Е сега, ти кај неа можеш да се качиш на кафе, ама ако не е расположена може и да не ти отвори врата, додека таа доле може да ја бапне ќерка и, не кај тебе, туку кај баба и.

    Има луѓе без осет, ама ете биди и ти без осет, за твое дете се работи. Скарај се, заклучи се во соба. Од љубезност аир нема да видиш. Од дома може не си го донела бебето, ама тоа е дел од тебе и твојот збор мора да биде последен.
     
    На CameliaMiller, Barbie20, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Е мила еве прифатив, мислев дека внука им ќе си ја чуваат на соодветното место, кујната ќе им биде до нашата куќа одма како едно станче потребно за нив, значи другата снаа не се замара уопште си станува сабајле, ќе си ја тресне ќерка и доле да ја најаде бабата, пази од фрижидерот да заеднички ни е ама намирниците сите јас сум ги купила, таа ќе си се спрема горе на раат и ќе си замине на работа, а ти трпи и го чудото по цел ден и на крај крив си.. И јатрвата ми вика воопшто не се качувте горе на кафе па како да се калиме кога нон стоп сте доле, а горе ако снема јајца или било што оп фрижидерот наш има и на услуга е за цела куќа.. Мислев дека ќе потрпам до дека им изградиме делот, ама после ова.. Муабетот беше надвор спростирам руби, на ќерка ми и се спие миже ќенка а таа вика ај ќе те носам ѓубрето да го фрлиме ние трите викам таа тука ќе биде и се спие и почна, се сум била скисната, детето не сум си го донела од дома, да сум размислила за односот, епа не е најдено и на патот па да им го давам да прават што им е кејф..
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @Dzevelekova мила ти си имаш мака и тоа голема, не смееш да ќутиш и да собираш се во себе, сега веке имаш дете биди силан и кажи им тоа што ти смета, а не да ти кажува детето не си ги донела од дома, туку ме интересира каде е мм во оваа работа?
     
    На Barbie20, evangelina.ina, tina-63 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Мм е многу мирен, не сака да се расправа, му имам кажано неколу работ и се викаме со мирно да е да нема кавги, по цел ден е на работа, кога си доаѓане сакам уште толку да го изморувам, некогаш и на нњго вво нервозата му изнакажувам се, кога е дома кажува да не се дерат толку. Ама никаков ефект и од тоа..
     
    На evangelina.ina, rose60 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @Dzevelekova прочитав дека им правите кујна со дневна, купатило и спална. Тоа е цело живеалиште! Зошто вие не се преселите во него и да си бидеш на раат?
     
    На CameliaMiller, Barbie20, Girl-Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Најдобро седни го маж ти и разговарајте,на што личи тоа со извињење таа горе ќе си ја прчи а ти мака мачи и нерви со нејзиното,да немаш приватност и да ти влегува во соба да му го топи душечето и таа свекрва каква е има ли грам мозок кога мајка му не му води ред на детето нека ја научи малку на ред.Јас би ја земала малата и би ја качила кај мајка и и ќе и речам малата сака да ти спие,така неколку пати и може ќе и чукне у тоа главата.Ако не најдобро маж ти нека каже и бабата нека се качува горе нека си ја чува,а јас собата би ја држела под клуч.
     
    На rose60 и Dzevelekova им се допаѓа ова.
  12. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    @sesilija Тука на спратот има повеќе соби, како детска од маж ми што сакаме да ја спремаме за ќерка ми, две спални, дневна предсобје и купатило. Немаме услови за нова ќуќа да си почнеме моментално ама се надевам еден ден ќе биде.
     
    На Winter Lady, DVAANGELA и ZAHRA им се допаѓа ова.
  13. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Држи под клуч кај ти е бебето и ти,дека си немаат осет луѓето.Свекрвата гледа дека се нервираш и ќе те буцка повеќе ќе ја остава малата што сака да прави,носи го бебето почесто кај твоите и ќе и поработи тоа кликерот.Треба да се има ред да каже и оваа жена има дете работи сака да се одмори па и синот така,неред прави нека прави горе кај мајката и нека чисти по неа.Јас би и рекла на свекрвата и јатрвата како на шала ајде уште малку па и јас ќе го качам моето горе вака да си игра
     
    На Barbie20, rose60 и Dzevelekova им се допаѓа ова.
  14. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Денеска не , ама утре сум во план да и изнакажам прво се, па ќе ви пишам резултати.. Фала на поддршката! :hug:
     
    На DVAANGELA, Winter Lady и ZAHRA им се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Епа сега опциите ти се или да си во помал простор и во мир, или да го делиш поголемиот простор и да имаш константно мешање во секој аспект.
    Јас би го избрала првото.
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Мила кога ќе бидат старите во тој дел ќе биде спртот наш, и мислам ќе немаат тука ни кујна нивна, ни фрижидер, ни шпирет па комотно ќе можам да си се заклучам, не сакам да ја правам голема дека од февруари ќе треба да тргнам на работа а ќерка ми ќе треба таа да ја чуваат тие со внуката и голема посто јатрвата немаат намера како што ми стои 3 годишно дете да го пратат веќе во градинка да се смеша малце и со други деца..
     
    На Girl-Rabbit, evangelina.ina, DVAANGELA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Да ти кажам кога читав сочуствував со тебе стварно.Оти и јас бев во пололжба со свекрва,а јатрва посебно.Сега сме ептен оделени,дури и во различни држави:D
    Баш му го кажав проблемот на мм и викам замисли да бевме со мајка ти и јас ќе си ѓи кинев живците за исти работи.

    Туку решение ти е да се оделите,тоа веќе си го знаеш.Ама додека сте заедно,време ти е да седнеш со свекрвата и да си направите муабет.Значи ако имате на располагање една соба која ја користите како спална дневна и се, да не ви влегуваат таму неповикни.Исто внуката да не влегува и да го вознемирува детето.

    Оти јас кога отидов на гости на 10 дена кај свекрвата,бев како тебе.Кој стаса влезе во собата и бебето заспало влезе она,па влезат девојчињата на јатрвата,па се писка и бебето е вознемирено,нервозно и ненаспано. Ама истрпев и реков ајде малку време седиме тука.Ама не издржав и после 3 ден и реков на свекрвата дека се покајав што дојдов на гости,оти е многу галама.
    Исто и ние имаме спрат ненаправен и реков да беше спратот и на три месеци ќе седам вака после трети ден ме фаќа нервоза и сакам дома.

    Оти кај тебе не е за кратко време,додека средите тоа што планирате ќе фатат месеци,а и на бебето и на тебе ти треба мир.Само разговор ако се налути баш те гајле.Оти сигурно и ти не и влегуваш во спалната соба на свекрвата.Таа соба треба да си е ваша и да си имате приватност кога ќе се повлечете таму.

    Издржи уште малку...:hug:
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, evangelina.ina и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Благодарам мила, :hug::* прв пат се среќавам со такви луѓе без свест и осет, претеризам.. Со душа чекам да се среди, а инаку ќе разговарам нема да оставам така има да и изнакажам се во разговор, а ако ми се лути ќе и стои.. И така со тие постапки ми стана одвртна.. Внуката дете било не разбирало, па мајка му стра на тоа дете му се зборува за да разбира а не остви го што сака нека прави, ајде нека ја дигна куќата во воздух па ние на ушите ќе си седиме лед нема да не леди.. :shake:
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, DVAANGELA и 2 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Женче нема да се нервираш, едноставно куп народ во една иста куќа така е секаде. Правда, мир спокој нема во таква целокупна средина. Ти мислиш тоа е праведно тие мислат друго така до недоглед. Различни карактери, воспитувања, три жени три различни навики тоанси го рави повеќе од своето.
    Се додека не сватиш дека треба да си гледаш за себе си и детето и дека правда нема во овој свет се ќе се нервираш а првадата нема да ја добиеш никогаш.
    Гледај да се задоволите вие две, наоколу не можеш да удоволиш.
    Туку, седни и кажи и на свекрвата барем разберете се најдете некоја средина, со култура и со муабет на убав начин, нека се отворат картите а не вака да си молчите и да си лицемерите до недоглед и назад. Така е полошо.
    Можеби ќе пронајдете некое решение, средина. Убаво за тебе за свеќи за малото за снаата .. за сите а можеби и нема но, сепак со маж ти најдобро да се разберете и да гледате да си барате решение за иднина, дел по дел нешто свое некој конфор.. не сите го имаме, не сите можеме да го створиме но ако се сака решение ќе се најде, ќе се работи на тоа и ќе се најде.
    Грешиш што не се отвораш на маж ти а треба, треба да седнете и да ги отворите картите бидејки само така ќе опстоите во голема куќа со толку народ иако не е репер, подобро од свое нема.
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, evangelina.ina и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Пробавме со убаво да објасниме, дека не треба толку да с евика, дека не треба да ја фаќаат по лицето, да и се зборува на малата дека не смее да ја фаќа за лице, може во окото да и бркне, шишињата цулите ги отвара затвара, фрла по земја епа мислам никој нема да трпи таков однос. Не викам дека јас се правам исправно ама почит да се има бе луѓе. Уште да дојде и меѓу нас да си легне.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.