Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Olimpija17

    Olimpija17 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    а имаш снаа?
     
    На evangelina.ina, Dzevelekova и ZAHRA им се допаѓа ова.
  2. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе што направивте жената си ја кажа маката, одма да нападнете..... Тоа сто пати сум го кажала и ке кажам не дај боже човек маката да си ја каже овде на форумоф одма судите и пресудување боже боже........

    Сите се правите паметни да делите совети кога ке осетите на своја кожа каже те нешто.....
    На денешно време брат со брат, сестра со сестра очи си вадат а не јатрва, девер,внуче,некој ке гледа во кој век се живее и какви времиња дојдоа.
    Оставете ја жената маката да си ја каже и ако имате нешто паметно и на своја кожа осетено дадете совет а не одма напад, боже, боже........
     
    На Barbie20, Girl-Rabbit, evangelina.ina и 9 други им се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Имам. Не живее таму, ако тоа беше порелевантното прашање.
     
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Сепак треба осет да се има, свекрвата секако си е на свое,и горе и долу, само што тие живеат сами,а овие другите заедно.
    И штом се има бебе во куќа се знае колку мир треба додека да пркни, а не вриштење постојано.
    И мојата е 3ипол но бајче е, се случува да се вика писка ,но тоа се случува ретко на неколку мин да се издиши дете е и на неа не и е погодено некогаш..
    Но некое да ти е цело време .. мозокот врева ќе ти фати од викањето.

    Кога веќе зборувате за деца ќе ви кажам итоа како постојат невоспитни.
    Дојде на сестрами пријателка со нив заедно, има две дечина , женското е мирно, а машкото божесачувај 3 години е , вика тепа мава крши играчки ,количката за пазарење детска се качуваше во неа и ја скрши се скрши , на колите ги искрши едно пајче што се движи со помош на рачка на туркање и него отишле кај шминките ,млекото за тело се истурил креоните цртал по комодата каде што стоеја, мојава почна да вика немој тоа е на мама на мама е пушти пуштии и станав да видам што е проблемот, ќе паднев во несвест ја викнав мајкаму и и реков да го искараш да не му викам јас не е мое, и го удри Лео се вика детенцево ,абе леле луѓе ко фати да ја корни да ја тегни за коса и таа ништо само му вика немој Лео немој пушти ме, да му речам пушти ме ? Абе го фаќам и му ја залепувам една , не тоа да ме страми да ме гледаат , туку јас како мајка ќе го фатам и ела да видиш, јас те родив и јас сум ти мајка, има да слушаш и мирен да си.
    А таа немој лео мама ме боли ,и очекуваш да те пушти? А нејзе главата навалена и како што ја тегнеше нејзе и се мавташе главата, ај тоа што скрши здравје , ама непочит кон мајкаму и плус го гледаат како царот да е, затоа и излегувааѕ насилници, се е до мајката и таткото, како ќе го научат така.
    И случајот погоре жената е мајка и треба да пресечи, два три збора се, внатре влегување кај бебето НЕ! Ја фаќаш за раче на убав начин и кажуваш каде да си седни,игра или цртан да гледа.
     
    На CameliaMiller, Barbie20, Girl-Rabbit и 13 други им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Мене не ми е јасна таа толкава нетрпеливост, да не речам омраза кон толку мало дете. Од вчера се мислам, затоа и не реплицирав, што толку ти смета едно 2,5 годишно дете па да го нарекуваш чудовиште?
    Како што кажаа, на бабата долниот спрат ѝ е дома, можеби во меѓувреме си работи домашни работи, си готви и не и е удобно тие 8 саати да ги поминува горе во просторот на другата снаа.

    На Џевелекова ако ѝ смета, си има друг помал простор каде што може да си престојува кога ќе го среди (тој што го спремаат за свекорот и свекрвата), па пак може да ѝ го остава детето на свекрвата во стариот простор кога ќе остане на работа.

    Ама не, се сака и големиот простор, и да го нема во него чудовиштето.

    Искрено стварно не ми е јасна таа омраза кон детето.
    Самото дете реагира спрема човекот, и најнемирното можеш да го “заиграш“, а кога осеќа дека е непожелно вака драми за да привлече внимание.
    Зарем не се случува и кога ќе се роди друго бебе, па поголемото се осеќа запоставено, па го тегне бебето од рацете на родителите, сака него да го држат, па имаме муабети од типот, остави ја мојата мајка и сл, епа и тоа мало душиче можеби сака повеќе внимание од Џевелекова.

    Не знам, стварно, што е толку тешко да ја поделиш љубовта и со него, а да не е насочена само кон твоето дете?
    Па тие се крв, исто како сестри, а ти колку селективно ги третираш...

    Не ти се на место постапките иако овде имаш охрабрувања.

    Си имаш опции, имаш решенија, ама ти сакаш целото внимание и грижа да биде насочено кон тебе и твоето дете.
    Можеби затоа толку те нервира и “чудовиштето“, бидејќи се пронаоѓаш во неговите постапки.
     
    На LivingGlam, SV1911, stefanija70 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не дека и твоево не држи вода, држи и тоа како, еве јас мислам дека во афект го има напишано тоа дека детето е чудовиште. Не дека и не постојат темпераментни деца, и деца кои не разбираат од НЕ и НЕМОЖЕ.
    Стои сето ова што го кажуваш, арно ама, мора да се постави граница, или да се направи барем некаков компромис, неможе само еднава да се прилагодува, а другата на готованската да си добива се. Ем живее без стари горе на спрат, ем детето и го гледаат, ем уво не ја боли, а оваа доле коси нека кубе. Уште па и доаѓала и се послужувала од фрижидерот како нејзин да е, епа не е сеедно. Мене не би ми било. Мислам неможе за едната снаа мајка, а за другата макеа, а двете снаи под ист покрив. Од еднава ќе цедиме, а другава нека си ја горе на раат.
     
    На CameliaMiller, Barbie20, Girl-Rabbit и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Офи, јас се ставам во истата ситуација и не можам да замислам да ме нервира детето од јатрвата, едноставно сакам деца и најнемирните знам дека можат да се смират ако им пристапиш со љубов. Зборуваме за 2,5 дете, што очекува таа од тоа дете стварно не ми е јасно, какви манири?

    И самата рече дека јатрвата оставала работи за детето, кашички и сл., а тоа околу послужувањето од фрижидерот не сакам да навлегувам, некако не се чувствувам пријатно да чепкам во него, ако ме разбираш. Од каде да знаеме нели кој што купил и кога купил дали свекрвата или Џевелекова, а крај краева, нека се качи и таа нека се послужи неколку пати од горе и решен проблем.

    За другото реков, не мора да се прилагодува, може да оди во живеалиштето кое го спремаат за старите, но таа сака свекрвата екслкузивно да го чува само нејзиното дете, а чудовиштето да оди во градинка.
     
    На stefanija70, joy1, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Може @sesilija ми е јатрвата од горе :rofl: .
    И никој не кажа дека дека оставам кашички горе, спомнав дека намирниците јас ги купувам во феижидерот, а таа мајка ли е па што не си го трпи детето 5 мин нон- стоп да е со баба му? Таа не го трпи јас долу ќе и го трпам.. Е и го трпам да повеќе до неа секој ден по 9-10 часа, мајка ли си ти да не си оставиш намирници за детето, роса да не те роси што и како ќе јаде, она е на диета па горе само јогурт и мусли ќе си купува а ќерка и нека е доле кај бабата што сака нека јаде има во фрижидерот.
     
    Последна измена: 11 ноември 2016
    На Barbie20, evangelina.ina, stilas7 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јас не сум, ама може да те чита и јатрвата, ништо чудно.
    А регистрирана си со презимето, имаш кажано од каде си, имаш ставено слики од бебето- немој да се чудиш ако некој си поврзе 2 и 2 и ако после настане “големата“:)

    Редактирам, бидејќи и ти си редактирала погоре- не реков дека ти носиш кашички горе, туку дека таа оставала долу, така мислам прочитав претходен пост.
    А значи јадење не зема за неа, туку од фрижидерот се користи само за детето?
    Епа биди реална, колку може да јаде тоа мало дете? Зарем нему му броиш и мериш дека јаде од твојот фрижидер?
    Колку повеќе те читам, толку помалку те сфаќам и оправдувам.
     
    Последна измена: 11 ноември 2016
    На stefanija70, tanja manja, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Веројатно не сакаш да сфатиш.. Или си иста како неа, тресни ги децата па шо сакаат нека им прават свекрва ти и јатрва ти, не ли сме ние луѓе, моето не ли е дете да поспие, или светот само околу нив се врти?? И уште нешто, мало дете јаде повеќе од мене ако сакаш верувај ако сакаш не мораш! На 2 години беше 20 кг а сега нз колку е.. И не мерам дека ќе изеде нешто ама секој ден да хранам нечие дете, ајде да ги собереме сите малски деца кај нас нека јадат деца се шо ќе изедат толку тие..Инаку побарав совет од поискусни, не да дебатирам тука..
     
    На Olimpija17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    ^ Извини ама маалско дете сигурно не е!
    А тоа што баба му се нафатила да си го гледа внучето додека мајка му е на работа, не знам што те толку иритира. На крај краева ти овде кажа дека баба и се грижи за неа, ти ниту ја бањаш, ниту преслекуваш, па се сомневам дека трчаш со кашичката по неа.
    Контрадикторна си сама на себе.
    Твоето дете треба и пожелно е да го чува, а другата внука ти смета доколку ја гледа.
    Епа извини ама заклучисе во соба, не комуницирај воопшто со свекрвати, а уште помалку доаѓај во контакт со детето.
    И кога веќе си се решила да живееш во заедница со сите на куп се подразбира дека нема да имаш потполна тишина како што очекуваш исто како кога би живеела сама!
     
    На bittersweet и Rama им се допаѓа ова.
  12. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Извини каде реков дека не сакам да ја чуваат таа внука туку само мојата, реков нека ја чуваат на соодветното место.. Ни ја бањам, ни ја хранам ни ја гледам. Ама ете ми упаѓаат у соба без да тропнат ми прават неред, детето ми го третираат како кукла и што сега трпам еве трпам тука побарав совет ама гледам повеќе сте за кавги настроени не да советувате..
     
    На EminemsGirl и Barbie20 им се допаѓа ова.
  13. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    И да за мене маалско дете е како што ми се тие од малото исто ја чувствувам и неа не сум ја родила јас да и берам гајле , да ја ранам што сум си купила за јадење за мене за мм..
     
    На Olimpija17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.841
    Допаѓања:
    81.079
    КЛУЧ!!!
     
    На Barbie20, evangelina.ina, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.548
    Пол:
    Женски
    @Dzevelekova срам да ти е, засрами се за сите зборови одадени за едно сосема невино детенце што неговата цел и живот во моментот е игра и трчкање наоколу за да го направи среќно.
    Јас те разбирам и ти ја разбрав огорченоста но ти ја претера жено.
    Преиспитај се малку колкава горчина и омраза имаш во себе кон едно невино суштество што воопшто ништо не ти згрешило во животот.
    Ако некој веќе кудиш треба да ги кудиш другите наоколу без да го споменуваш детето а ваквите зборови што ги употребуваш не ти се на место да знаеш и да знаеш дека грешиш многу.
    Ослободи ја таа горчина во себе како за почеток па продолжи да решиш нешто од нешто, и да ќе бидеш кудена овде бидејки не си човечна и не е човечно твоето однесување и твоите зборови за детенцето.
    За се останато ти прокоментирав и те сватив, и нормално е во таква средина во толкав простор со толку луѓе сево ова да ви се случува. Сакале не сакале вие.
    Може и свкрвата ја мачи нешто, може и јетрвата тоа ние не го знаеме, ја знаеме само едната страна, но ништо на свет не ти дава за право да зборуваш вака за твојата внука што верувам те почитува како таква.
    На сите им фали нешто верувам но живеат и се помирени со фактот дека правда своја со куп луѓе нема, мир нема и на никого не му е гајле за туѓите потреби.
    Иселете се па уживајте, тоа е најправилно, но вака во вакви услови нема конфор а и сосема нормално е да го нема и пак ќе ти речам, те сваќам за твоето чедо, за мирот и за проватноста но грешиш ако мислиш дека со ваква огорченост и омраза кон внукати ќе решиш нешто, само се труеш ништо друго не решаваш.
     
    На sanjaeva, bittersweet, stefanija70 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Очигледно читаш тоа што ти пдговара да прочиташ, мајката и бабата реков не се замараат што та прави, јас ли треба да ја воспитувам.. Прочитај убаво што сум напишала.. Не го мразам детето, ама не го ни псекќам свое блиско за јас да му берам гајле..
     
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    13.507
    А што ја нападнавте толку Цевелекова. Ставете се на нејзино место. Значи има крајно невоспитани деца а во афект го рекла чудовиште. Па да, и дошло преку глава. Кога другата снаа е неспособна и си ја прчи, кој и е крив. И детето ако се чува нонстоп, треба да си се чува каде што живеат тие, штом живеат одвоено. Јас ја разбирам Џевлекова дека и прекипило.
     
    На EminemsGirl, Barbie20, evangelina.ina и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Немам збор кажано, за никој на никој, овде побарав совет , ама совршените се тука да кудат.. Не да советуваат! И нервозна станав, и анорексична, 43 кила останав да тежам се трпам здравјето ми дојде на нула.. Ај ќе си потрпам уште малку..
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    13.507
    Абе те разбирам. Свои деца се едно а таму роднини, комшии се сосема нешто друго.
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Благодарам на разбирањето, ми значи многу..