Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    А свекор ти кажува нешто во врска со тоа, или само оваа команда? |( Боже,боже уплав имам од овие свекрви, ретко која е асална :x Таа како прво не е мајка, ако е мајка нема да го остави детето на цедило кога највеќе му треба, па згора на тоа и внучето :| Јас не би отишла таму, знам немате каде, ама нели може кај твоите? Или пак да ти помогнат тие да си изнајмите некое станче под кирија? Караконџула од жена е таа :fubar: ќе ти го направи пекол тој период што ќе седите таму,затоа снаоѓајте се ама таму не идете :worried:
     
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Леле како ми е познат случајов,моите баба и дедо исто се однесуваат со мене и родителите.Немаш ли разговарано отворено со неа,сепак се работи за нејзина куќа ако сака може и да ја запали,а да не ви помогни.зошто не му кажеш дека тие доста од тие подмолни игри,оговарања дека имаш дете и не си во состојба да се замараш со ништо друго,леле па тие титулите свекрва-јатрва-снаа па и конфликтите како ми одат на живци само ме потсејќаат на нашиот простотилок и менталитет од пред 5 века па се до ден денес.Те разбирам дека тие повредено егото, и сакаш да си го спасиш бракот но навистина не би требало да се замараш со тие чаршиски муабети јатрва-свекрва бла бла,а впрочем со каков човек си ти во брак ти на породилно со дете мало в раце тој трачари со мајка му за тебе ако тој бесе компетентен за брак и детето и доволно зрел немаше да дозволи да му го полнат паметот.Ништо сега барај помош од твоите,сместисе кај нив зошто само три години во брак а проблеми од ваков тип не одат на добро а како мислиш ти да ја поминеш зимата кај неа? не се изложвај на такво психичко малтретирање ...п.с свакати част за смиреноста ја би ја нокаутирала
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Керин, најдете некое друго решение, кај твоите на пример, ваму ем не те сакаат, ем не ти треба сверква.Сега сте во криза, ама кога ќе помине ќе бидеш пресреќна што не си отишла кај неа, уште па и да зависиш од тоа како ќе биде расположена ;)
     
  4. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    маз ми не ја оправдува воопшто и е на моја срана и целосно ме поддрзува ама доволно е еднас да му се јави и да измисли некоја болест за некој од семејството да се расплаци и готово одма го погодува во слабата тоцка и ја оправдува,добро мајка му е и зал му е нормално е ,ама не сфака дека го има излазано,јас залудно се обидувам да му доказам дека го лази и тогас настанува кавга.И кога ке сакама да се дистанцираме таа одма ме обвинува мене дека јас сакам да ја одделам од син и и внукот а не свака дека така само мир имаме.Многу е љубоморна на моите дека постојано сме кај нив и со нив а што да правиме кога не сака да помогне на ни еден нацин.Инаку кај моите нема место станот е мал а и брат ми е тука ,а и мм не сака да оди кај нив вели домазет не иди во предвид,а и јас се согласувам познавајки го карактерот на моите и неговиот,а и не мозам ништо повеке од моите да барам покрај сета помош што ни ја имаат дадено досега.јас знам дека тие пак ке најдат нацин да ни помогнат ама некое време барем привремено мора да одиме кај свекрва ми.свекор немам за зал ,доколку бсе зив сигурна сум дека поинакви ке беа работите.Mм не одстапува од тоа да одиме таму и знам дека друг избор немаме и ке одиме на неколку месеци ама овие кавги од сега ме уморија сега а што ке биде кога ке одиме таму не сакам ни да помислам
     
  5. DuDLe

    DuDLe Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    И мажот ми е на моја страна, дур ќутам, а кога ке зборнам нешто за неа е тогаш наидувам на цврст зид... Драга Kerin, па и јас иам свекор али зошто го иам прашај ме :) за да фигурира дома како статуа и ништо повеќе а и за скоро време да се сврти и тој против мене... Јас не сум баш некоја што може совет да ти дај ама кога веќе еднаш сум излегла да се снајдувам сама ке издржам до крај и не би се враќала во таа куќа по никоја цена поззз:)
     
  6. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.602
    Пол:
    Женски
    керин, а на кого се води куќата?како може да биде само на девер ти?ако била заеднчка на свекор ти и свекрвати тогаш твојот маж треба да има дел од татко му ...така да кажи му на мм да си го бара својот дел дали во пари,дали во простор во таа куќа :) не е тој донесен па да нема право на дел од таа куќа ...и дај малку покажи и го местото на свекрвати каде и е..а не само да трачари...поздрав
     
  7. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Кетрин нема логика ем е љубоморна што често ги посетувате твоите ем неќе да и одите што ќе беше тој монструм.Епа најарно ти е да разговараш со мажот ти штом викаш дека е на твоја страна значи те почитува кажиму што ти пречи нека се обиеде да разговара со неа сепак муе син ако разговараш ти ќе настане пак кавга,ако те сака и сака да си го зачува бракот сигурно ќе превземи некоја мерка.Неможам да ве сватам стварно како си дозволувате тортури па не сте го приморале сопругот да се ожени со вас ќе мора сам да си среди работи со свекрвата вие не смеете да бидете вознемирувана од такви патетични глупости,па не сте на улица најдени мајкому стара некој да си игра со вашиот живот и брак на родени баба и дедо му се имам заканувано да ги остат мојте на мира и ги имам земено работите во свои раце и имам успеано во замисленото па камоли да се замарам со некоја в глаудрена старица
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Земите сила и со маж ти заминете си под кирија, или каде имате услови. Свекрва ти не те сака, јатрва ти исто, со нив ќе ти е цел живот со нервози, а маж ти, што е добро, те подржува.
     
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: моето мислење е следното : Најпрво прашај си ја мајка ти дали ке може да ти помогне околу детето додека тоа ја исполни возраста до која ти мислиш да го пуштиш во градинка .Ако мајка ти е во таква можност се разбират ако не му пречиш на брат ти дури не е женет , а ако е женет од одма и ова е проблем ! Значи да не одиш кај твојие туку да најмиш стан близу нив а ТИ Г-Це под одма да најдиш било каква работа ,,кога е во прашање таква одлука работата не се бират дури и сендвичара ако треба ке прифатиш за да можете да ја покриете киријата .
    Не оди кај ,,свекривати,, ниту под разно ! таму ке треба да трпиш ,психолошка тортура и нервно ке попуштиш , а бесот на детето ке го истураш што е многу лоша работа,,Јас од искуство ти кажувам дека никогаш нема да се смени ,,свекривати-е научена аздисано да живејт,, вие ке и пречите за то не ве сакат ве осеќат како одговорност .
    П.С. чувај си го здравјето пред се твоето и на детето а нервозата е тивок убиец на невестите !
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    ете после неколку цасовна и макотрпна дискусија се одлуци да одиме во куката на баба на мм-мајка на свекрва ми да имаме две посебни соби-се изгледа супер ама тука има усте еден проблем свекрва ми е постојано тука ем ке ја гледам секој ден ем нема да помага ни за детето ни за куката!!!!!олеснителна околност е тоа сто куката ке му биде преписана на мм и тоа уште овај месец ,ама баба му е се уште зива но многу е болна па свекрвата ке мора да оди и да и помага.Aјде куката е оогроомнаа ,ама пак секој ден ке се гледаме.Mм осека дека не сакам и таму да одам ама не мозам и него да му правам притисок и да отказам и за оваа варијанта,ветено ни е дека сметките ни се платени,и кирија нема да плакаме па ке мозиме и нешто да заштедиме.Oфф тешко е и вака.Mајка ми ми вели полека и смирено барем не плакате кирија нема да си кратите за ништо а кога не ке мозиш да ја гледаш без кавги детето во колицка и шетај!да е се така лесно и едноставно барем!!Eте денес ми се јавија и за интервју за работа па ако имам срека да влезам на работа си велам нема да имам време со нив да се преокупираам!!секако кукјата ке биде наша ке морам да се привикнувам таму да зивеам
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ајде, не жали се, ете барем имате покрив над глава, платени сметки, што сакаш повеќе?
    Се жалиш на свекрва ти, а од друга страна се жалиш што не ќе ти помагала?
    И што сакаш ти од неа? Нели те нервира? Тогаш што воопшто бараш помош од неа????
    Дај мафни ја, таа по нејзиното, ти по своето, па сепак ете нема да живеете заедно!!!
    Навистина не ми е јасно како се жалиш од неа, а од друга страна имаш очекувања за неа, па нели саматакажа дека не те ни сака.

    Бабата е болна, но ви ја препишува куќата, па знаеш ли колкумина `чуваат` стари луѓе поради наследство??? А, таа сепак не е туѓа жена, туку баба на маж ти.

    Со среќа на интервјуто, ајде малку по малку ќе се средат работите.
     
    На Anyshka, Li0ness, rajna-vojvoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.447
    Допаѓања:
    114.744
    Пол:
    Женски
    Те читам од почеток и едно не ми е јасно. Не сакаше да живееш со свекрвата, а друг излез немате. Сега се пружи шанса, ма каква шанса премија. Ти знаеш што значи куќа некој да ти препише во денешно време??? И ега ти сметала свекрва ти што ќе доаѓала. Е па ај да ја убиеме свекрва ти и да ја снема. Навистина не можам да те свтам. Кај сте во небрано, немате кров на глава, наместо да си се стрпиш малку додека да се средат работите ти аздисуваш. Каква е таква е мајка му е на маж ти. Условите налагаат да се гледате почесто сега. И што очекуваш?? Убаво ти рекла мајка ти. Земи детето и шетај. Или стави ја на игнор. Да ја снема како со магично стапче не може. Да ја избришеш од живите не можеш. Биди среќна што ќе доаѓа да ја гледа старата, зашто знаеш ти што значи да гледаш болен стар човек?? Бебе е играчка во споредба со тоа. така да она нека си ја гледа мајка и, ти гледај си го маж ти и детето и готово.
     
    На Anyshka, machorka, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    И јас се извадив од такт со постов. Жено уште па офкаш...тешко е и вака?Ар ју сириуз?
    Извини, ти работиш нешто, придонесуваш?
    Како што рече Нена, да ти препишат гооолема куќа на денешно време, и да ти платат сметки, не живее тука свекрва ти, не ви ја товари старата да ја чувате туку она ќе доаѓа :fubar: ...па што уште сакаш ти?
    Знаеш дека 70% од луѓето би биле пресреќни од ваков развој на настаните, а ти, офффф, ќе требала свекрва и да ја гледа. И јас, и сите снаи, верувај, нејќат да ги гледаат свекрвите, ама кога ќе се омажиш треба да очекуваш дека колку толку, ќе ја гледаш свекрва ти, затоа што постои, затоа што оди заедно со мажачката, а ти можеш да бидеш пресреќна што не ти живее тука. Прочитај наназад колку од феминките живеат со нив, ги подмируваат сметките они, работат по дома и одат на работа, и пак се пониживани и трауматизирани.
    Или па, кажи и, нема потреба да доаѓаш, да се мачиш, јас ќе ја чувам бабата пошто жената куќа ми поклони од никој нигде. Што велиш? Супер идеја.
    Ајде потсобери таму нозете и ќути си, немој да бараш преку леб погача да не го најдеш. Ајде се натокмено, уште може и да штеди, леле офф тешко, суратот на свекрвата неколку пати во денот ќе го види. Многу ти е тежок животот, многу.
     
    На Anyshka, machorka, Bibko и 6 други им се допаѓа ова.
  14. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Ама изгледа и ти си разгалена ма ! убо ти викет ете „свекрива ти“ барем нешто работела. Ја чувала таа баба за тебе да ти обезбедит кров на глава. Немој случајно да си писнала, да сум ти мајка ке те отепам да знајш :tmi: :D само видете од одма со документите за куќата да не ви ја лапне деверот а ти г-ѓо кафенце да им вариш и на двете секој ден и устата до уши насмеана, дури да умре старата, макар и повеќе да потрае тоа. Кога ке имате црно на бело свекрвати ко ке земит друга невеста ке се повлечит а ти детето во градинка ! и бришка наработа ! :!:
     
    На Bibko, rajna-vojvoda и girl.23 им се допаѓа ова.
  15. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    soco i enca-свекрвами нема да ја гледам неколку пати во денот туку тука ке се пресели и не ми е јасно,до вчера се договараа да ја однесат старата во дом и да ја продадат куката ама кога немасе каде и по триста кавги се одлучи ние да зивејме таму а старата да си остани тука и ако и таја моли да ја однесат во дом оти вака ке нема рает.E сега свекрва ми ми вели ете ко сакасе да живејш со свекрва ете ти сега две!!???уште и старата е со пелени.а во куката ке иди и сестра му на свекрва ми и еден куп луѓе ,а да не ја исклучам и новата јатрва која не знам од кои причини постојано е присутна и во сите манџи пипер клава.значи да,благодарна сум што кирија нема да плаќам ама од друга страна рает нема да имам.A свекрва ми не ја чува старата soco,за мене да ми обезбеди кров над глава туку дека и е мајка,во секој случај ке ја цуваше!!!!!а куќата не ни ја поклони никој туку беше на име на свекрва ми еден дел и на сестра и друг дел,па логично е делот на свекрва ми да оди на еден од синовите,пошто девер ми има каде а ние не значи за нас!!!!!секоја планина своја тежина, енца,не се споредувам со никоја од феминките за секоја нејзиниот проблем е најголем.
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    незнам колку и е пензијата на ,,бабата,, инаку на геријатрија и по 300 евра барет за гледање ако не и достасуват пензијата ке треба вие тие пари да ги доплакате и то ке ти дојт исто како кирија да плаќаш . Инаку си во право за планината и тежината сите си имаме по некоја планина ! Јас знам како е да се живејт со стари и болни и плус озгора и ,,силни на вилици,, те разбирам само онака те искарав демек да се воздржиш малку можеби ке биде подобро.Ете ако е малку пензијата побарајте средства за ,,туѓа нега,, за бабата да се при соберат ако одлучите на геријатрија да ја носите .Ако имаш некој услов за посебен влез и купатило убо ама ако не те жалам , а и кујната ако треба да ја користиш со старата и тука те жалам ама со моето жалење немаш ништо и Јас сум во слична ситуација и моево терат 17 годинчиња и никој не ми гарантират дека кровот над глава ке ми е сигурен , а нервозава си ја голтам секој ден плус децата ако се замерат со старите јас го кркам калапот ,,како сунѓер станав,, сите ме притискаат ама ЈАС пак си ја заземам мојата позиција зато ке ти речам ,,флексибилноста до одредена мера морат да ја имаш,, Со среќа да ти е !Ај пробај па зимава пак ке кажиш шо е како е !ПОДРШКА !~
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа керин, до вчера пишуваше каква мајка била свекрва ти што неќела да ве земе, сакаше да одиш во нејзина куќа, сега ти смета што ќе биде таму?!Или ние не разбираме или ти не се изјаснуваш добро.
    Како и да е, да си во куќата на баба му е секако подобро отколку кај свекрва ти дома, без разлика колку време ќе ја гледаш во денот-да живеевте со неа како што сакаше на почеток ќе ја гледаше нонстоп.
    Наместо само да офкаш, земи ги работите во свои раце, барај работа и биди свој на своето, не по туѓи куќи и друг да ти плаќа сметки.Работата ти е единствен излез ;)
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    А ти мислиш дека постои лесен начин да се дојде до куќа?
    Ако не ти се допаѓа, заработи и купете си со маж ти самите куќа или стан и никој нема да ви доаѓа, нит досаѓа.
    Јас сум секогаш на страна на младите, дури и малку повеќе да грешат, ама извини, ти си знаеш најдобро, но мене твоето повеќе ми изгледа на претерување.
    Си планираше да ти ја дадат куќата, да ти платат сметки, бабата во дом, свекрва ти невиделица, а ти цел ден во поклонетата куќа да си го думкаш детето?
    А ти придонесе нешто, како придонесуваш таму?
    Тоа е моето гледање на работите, по впечатокот од твоите постови, затоа што ти никаква потешкотија реална не наведе, освен што напиша дека се те нагодиле, а ти сега имаш проблем ќе треба нив да ги гледаш тука, и негодување, сплетки и проблеми од свекрва ти, кои верувај сите ги преживуваме.
    Епа на поклонет коњ забите не му се гледаат. Ако не фаќај 2 работи, маж ти 2, детето во градинка и кај мајка ти, и уплати си станче, и чиста работа.
    Јас за една година од 40000евра, лично јас им ги направив минимум 200 000, со инвестиција во недвижнина, која на крај сакаа подмукло да си ја препишат на име на свекор ми, дознав во последен момент, а да не зборам со какви опструкции се соочував за да изградам тоа што изградив, противење и еден куп проблеми, влечев сама лакови, паркети, канти со поликолор, плаќав, се расправав со мајстори, и пак не ми е признаено, и триста маки поминав, и се осмели да се лути и прави проблеми што не сум ја викнала кога сум купувала спална со наши пари, госпоѓата. А што е најтрагично нема друго дете ама нон стоп прави проблеми, и уште се немам ни пожалено, нит ништо, иако ова што го имам сега е само наше, наше створено, од кое 70% е мое дело.
    Е кога уште ќе створиш а ќе ги трпиш маките ќе видиш што е болка, и затоа што ме погоди ова што ти го пиша затоа земав за право да ти кажам, укажам дека претеруваш.
    Ако ја сфати добрата намера во мојот пост о.к, ако не, ако мислиш дека имав лоша намера, освен да ти посочам како изгледа од страна, тогаш ти се извинувам.
    Поздрав
     
    На Bibko, 2468, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Епа керин ако не си знаела животот не е бајка. Јас и мм платите за кирија и сметки ги даваме затоа што освен на балканот никаде на друго место од родителите не се очекува да бидат жртва за децата.
     
  20. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    станот во кој што моментално живееме е на тетка му на маж ми кој е почината и нема деца и тетинот ни рече станот ке е ваш ако се грижите за мене оти е постар-и така беше-се грижевме си го реновиравме и фрливме 5000 евра во него се до пред некој месец кога тој по се изгледа запозна некоја и реши без образложение да не исели од него,некако се помиривме и за тоа мислејки дека јас ке се вратам на работа и со мојата плата ке земиме кредит и ке уплатиме стан арно ама ништо-се затвори фирмата и ете без раб сум и барам било каква инаку и на магистерски сум ми остана уште магистерската па и дете мало.Jа замоливме свекрвата да одиме во куката во која сега ке живееме не сакаше ја замоливме и во нивната не сакаше,цело лето се полниме со нерви со мм не попушти никако,на мм не му обезбеди ништо а на девер ми да биди куката,е сега вцера по една голема кавга реши да одиме кај мајка и ,и делот нејзин да биди на мм,на што и девер ми и мм се сложија.е сега ги повлекоа документите за во дом старата да ја ниосат иако таа не сака ,а свекрва ми ке се пресели таму. и тоа добро ама 100 луге се постојано таму и сите се советници во секоја ситуација.да појаснам арно е и срекна сум што мм го доби делот од мајка му и не не сакам сама да бидам во куката и бабата да е во дом а свекрва ми настрана и не сакам да ми ги плака никој сметките туку како досега така од сега се сами ке си плакаме,тешко мене ако чекам од пензијата на бабата.се нервирам што чекам од нив тие да ми кажат каде ке спијам со мм каде креветчето на детето моите да не идат оти бабата мир барала и сл.а срекна би била кога би мозела стан да купам ама како?бре во рмакедонија зивееме брее и 5 работи да работиш не ке мози еден стан да се исплати
    не знам само ако родителите не треба да се жртвуваат за децата кој тогаш?и на балканот и сегде во светот и во животинскиот свет родителите ги заштитуваат и подржуваат и се жртвуваат за своите потомци,ако не која е смислата на животот CECILIA?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.