Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Епа ако е таква работата, ќе држиш душа сега, ќе си свиткаш опашка од нив зависиш, и не како што викаш свекрва ми ќе биде тука, а нема за детето ни за куќата да помага, како да помага, таа ќе си се грижи за мајка и, за тоа доаѓа, стар болен човек да чуваш е = на 10 деца, и ќе си чекаш, уствари нема да чекаш, сама ќе си умре старата, ако не ти се допаѓа после продај си го делот, купи или уплати станче, и раат ќе бидеш. Патот до раатот е тежок и трнлив. Седи си во собите, занимавај се со детето, ако најдеш работа уште поубаво, не ги гледај попреку, немора да се зафаќаш за секој збор, помогни и ти по нешто, а не да бараш да ти помагаат, па ќе си дојдат и твоите пет минути. На готово, нема ништо. Мои роднини, млад пар, чуваат двајца старци што не им се ништо, за мизерно и мало станче, а башка лоши луѓе се, на се замерки имаат, а женава и на работа оди, и дете има, и чува некој си ојле дојле за кров над глава. За жал таков е животот, на готово, само оние на гз што паднале кога се родиле.
    Се најубаво.
     
    На blond, rajna-vojvoda и eli25 им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Значи од страна на сместување средено е. Имате покрив над глава, колку што сфатив и посебен спрат? Значи ти останува она што горе долу сите го имаме како проблем-справување со свекрвата...И за се останато, кој ќе командува за ова или она, кој ќе кажува дали треба гости да идат или не, ќе мораш сама да се справиш...Нема никаде подмачкано, точно е дека ако се може на децата треба да им се помогне но не си го сфаќај тоа здраво за готово...Повеќе помош од неа не ти треба, важно главното се решило, а за други работи-колку повеќе ќе ти помага толку повеќе ќе си зема за слобода да ти се меша...А тоа не го сакаш претпоставувам?
    Поздрав
     
    На Anyshka и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Малку да се насмееме :)
    Снаа оди кај свекрвата на гости:
    - Стави ми една ракија.
    - Ти во ред ли си?
    - Ќе ти дадам 100 денари!
    Свекрвата и ставила ракија.
    - Стави ми уште една ракија!
    - Ги помина сите граници!
    - Еве ти 500 денари!
    Свекрвата ги зела парите и и ставила уште една ракија.
    - А да испиеме по една ракија заедно? Ќе ти дадам уште 500 денари.
    Свекрвата се согласила и испиле по една ракија.
    - А да ти удрам еден шамар?
    - Ти не си во ред?!?!
    - Ќе ти дадам 1000 денари!
    Свекрвата се согласила и снаата и удрила еден силен шамар. Во тој момент на снаата и ѕвони телефонот. И се јавува маж и и ја прашува:
    - Драга и ја даде ли пензијата на мајка ми?
    - Да, да сега и ја давам...
     
    На Anyshka, cinderella5, izaaaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  4. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    здраво на сите!!!па не знаете што се не ми се случи во овие неколку дена.отидовме во куката на бабата во која нели требаше да живееме кога таму ужас-дупки од глувци во спалната соба ,ај некако ги затнавме кога по еден сат еден глушец прошета од кујната правец во спалната.почнавме со реновирање на кујната кога и од таму еден глушец еден куп лебарки и пајаци.чистејки најдовме документ во кој пишуваше дека куката е стара 210 години-инаку е заститена од завод и музеј.се ужаснавме од самата помисла дека мое дете ке спие во таква кука и дека шишенцата ке му ги мијам и храната ке му ја подготвивам во кујна стара илјада години која и нема шанса да се реновира.бабата е болна непокретна па уште и лоша на уста-па и не предупреди дека ако не ја гледаме добро ке ја препише цела кука на други внуци,е тоа е си рековме со мм кога зависиш.наредниот ден ни побараа пари за дрва да купиме околу 20000 денари и не предупредија(тетка и тетин на мм)да не рачунаме на помош од пензијата на бабата оти и тие биле во криза и нив му требале дел од тие пари.ај сето тоа добро и го очекувавме ама не очекувавме свекрва ми да си ќути оти од почеток не беше таков муабетот нели.и така расплакана си заминав дома зошто навистина немам повеќе нерви ,и ја побарав свекрвами која ми рече е тоа ти е баравте-гледајте,е ај и реков барем делот на мм ке го препишиш а таа ми рече дека одлуќила да го препиши делот на двата сина-е збеснав да ви кажам ама се воздржав некако .кога мм си дојде дома ми кажа дека со брат му се договориле да си живееме во истата кука (кај свекрва ми)и дека греота е за бебето да расти во такви услови во толку стара кука во која и на возрасен животот му е доведен во прашање.цела срека и новата јатрва се сложи.по два дена девер ми со јатрвата се свршија!!!и така ние срекни изадоволни одиме на честитање кога таму еден куп комшивки и пријателки и советници на свекрва ми не пречекаа со совети од типот одете под кирија нема место за вас тука на што и не обрнавме внимание оти бевме прилично развеселени ама на бегање свекрва ми ни рече да си го бараме чарето .не можам да разберам како ни вели да си го бараме чарето кога живејме од една плата зима иди а девер ми да останат дома иако невестата е од странство и зема прилично добри примања и двер ми е со супер плата а ние да одиме под кирија-е готова бев да се скарам ама ај си реков сепак веридба е.е сега иди нај интересното-денес почнавме со селењето -деверот си има посебна спална и куоатило и ние исто така кујни ма две се договорија некако,а јатрва ми ми помагаше со селењето,ми кажа дека тука ке бидат само неколку месеци дури средат со документите и после си заминват кај неа а дека воопшто не и смета да живееме заедно дури и се радува ,и дека увидела дека сум подобра од тоа што и го кажувала свекрва ми.суперр си помислив сега во сојуз со новата невеста топ не ме бие!кога бевме при крај со местењето на нашите соби дојде свекрва ми цела расплакана и почна да се дери во дворот како сме ј извисиле шо нема да одиме во старата куќа и дека неа фактички сме ја истерале во визба,почна да се дери по мм каков син бил тој шо си ја бркал мајка му.девер ми одма рипна во одбрана наша ај некако ја смирија ама никако не можеа да ја помират дека и ние се вративме таму.ете од утре и ке спиеме таму и скроз ке бидиме преселени.тешко ке ми биди можи да,ама услови за живот имаме подобри ,ке се навикниме некако .
     
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Леле треба да си легнам сабајле сум на работа ама те читам,читам ,читам и си се тешам ,,имало од бетер по бетер ,, аман дете само Господ да ти е на помош . Ами свекрва ти нека одит кај мајкаи да живејт што ве терат вас ем со мајкаи ке си бидит ем раат за сите ама таа нејкит предвас да признајт дека и стискат со старата да седит АААА???? то е работата а пак старата абе кој од кој ! Леле да те жалам немаш корист ама знај дека не си само ти многу сме како тебе и теши си се како ние со тебе што си се тешиме !
     
    На kerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    точно така !!!!
    леле немам време а ни нерви до детали да ви раскажам за се,ама кутра жена само некоја стратегија смислува и заговори против мене,ама не и успева ,ама денес и рековме со мм- девер ми ке си бега во странство усте малку, да се смири оти и за арно и за лошо само нас ке не има во близина,зато да си легни топката малку ама не бре не истото па истото.секоја вечер апче за смирување пијам и се молам утре да нема нови сплетки и нервози и еднаш да се вселиме оти не се издржва појке :envy:
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ketrin те жалам. Немам совет што би ти помогнал со свекрва ти
    (освен да ја турнеш по скалите :rofl: се шалам :rofl: )

    Еве јас да си се пофалам, свеки веке не ми е проблем :D си почнав политика бетер од на Б.Ц и Н.Г да водам со неа.
    -Мамо сакаш ручек јас да направам денес ти да одмориш?
    си правам мене што ќе ми се пријаде во моментот, а не да чекам на нејзините пржени компири
    -Сине, оди баба ти да те чува, многу си умен кај неа кога си, многу добро те гледа.
    Го оставам детето на неа, а јас си средувам дома или си уживам со кафето пред Фемина
    -Мамо, пазарувавме за јадење за нас, еве ви и на вас нешто (некоја паштета, сувомесно).
    -Мамо, ако треба нешто да донесеш горе- остави го на скалите па јас ке си го земам, не се мачи да се качуваш нагоре, те боли грбот, да не те заболе повеќе.
    (така се одбранив од нејзиното постојано качување кај мене и замарање)

    Еве три дена бев дома без мажот ми (службено отсутен), а свеки е кротко јагненце.

    Само политика...


    Едит: Кога го завршував постот ете ти една комшивка што јас не ја познавам (пријателка на свекрвата) на повојница доаѓа. И оп сака горе да се качи да седе, а не долу кај свеки. И јас ја вратив на сред скали. Викам малиот едвај заспа, ако сакате долу да си седете. :D И така се вратија назад и си седнаа заедно долу кај неа :lol:
     
    На Anyshka, cinderella5, Magnolija и 4 други им се допаѓа ова.
  8. fidani

    fidani Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Еве јас да се пофалам немам повеке проблеми а и не се замарам
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539

    Керин,тоа е ,животот секогаш не става пред искушенија!Наше е дали ќе ги совладаме или потклекнеме!Совет знам дека не ни бараш,бидејќи нема! Многу лошо :tmi: ,те мислам да знаеш,ама осеќам дека сега си некако поцврста и со повеќе надеж,за разлика од претходните постови,искрено ми личеше како разгалена девојка која сака се на тацна!Сега сфатив дека навистина си во тешка ситуација,ама и дека си храбра!Браво Керин. :clap:
    Го имаш мажот ти, и со неговата љубов и подршка ќе успеете.Верувам дека после дожд-изгрева сонце.Се чека подолго,ама изгрева знаеш.Се ќе се среди.Тешко е да ги сочуваш нервите во вакви ситуации но штеди ги што повеќе.Ти советувам е динствено да си најдеш било каква работа,а детенцето можеш да го дадеш во градинка,не е којзнае колку скапо,па со тек на време сигурно ќе имате и за кирија.
    Најискрено ти посакувам се да биде во ред ти пуштам прегратка и подршка :hug: :hug: :hug:
     
    На kerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    и викаш Мамо другите феминки им викате мамо на свекрвите ...леле многу ми е грдо тоа бре луге лелееееееееее
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    ^ Ох само јас си знам како се осеќам кога и викам мамо, ама се навикнав да го изговарам тоа мамо така механички. Ама мајка ми ме учела така цел живот, дури и таа ме тера да ја викам така, јас почнав еден период никако да не и се обраќам, ама мајка ми ме кара, па ај за нејзин атер понекогаш и се обраќам на свекрва ми со мамо. Во просек еднаш во два дена :lol: :rofl:

    Е сега здравје кога ќе бидам јас свекрва ниту ќе давам снајка да ме вика мамо, ниту пак сакам син ми да ги вика нејзините бабо и дедо (сепак за ова второво они ќе си одлучат).

    П.С Мајка ми си ја викам мајчееее....
     
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    најгрдото нешто во нашата традиција е тоа мамо на свекрва , мислам ти се молам , мамо .....зборот мамо се знае за кој е за таа што те родила изгледала и што те сака повеке од својот живот ...јас свекрва ми не ја викам мамо па не знам што сака нека биде. инаку сите додека си у врска ти викаат не мора мамо да ме викаш не мора и на крај ко ке биде свадбата , е па сакаат ...како не !!!! за мене зборот мамо има тежина не е бре тоа туку така ајде мамо!!!!! мноооогу сум против тоа најгрдото нешто на свет !!!!!!! уф се нервирам и кога ке помислам на тоа! мене мајка ми и татко ми со сила ме тераат да и викам мамо...татко ми се срами дека не викам , се нервираат ме молат ама не ее е е е енема шанса никогаш ...па ало бре не ми е мајка !!!!!!
     
    На Anyshka, bibiiii, soncenceto.matea и 5 други им се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ах штета што традицијата наша не е како на србите (ако не се лажам), и зетот вика мамо и тато наместо баба и дедо :rofl:
    Е тогаш да видам колку од зетовците ќе го користат зборот мамо на друга жена, особено оние мамините синчиња :rofl: :rofl:


    Назад во темава имам пишано дека свеки многу често знае да каже: Татко ти ова, татко ти она. И само ќе и напоменам, мојот татко си е дома. Овој за кого ти велиш татко ти - ми е свекор.
    И веќе почна да се оправува, да не ми збори така :) сега ќе каже: Блонд, свекор ти ова, свекор ти она.



    А заборавив да пишам преска дека комшивката на свеки пред да си отиде, се качи горе кај мене, да виде што како е средено. И сварив кафенце, и пренесов нешто благичко ова она за на крај кога си отиде свеки ми вели: Ауу леле Блонд комшивката ми вика дека си била многу фина и добра жена, насмеана, ведра, цело село така зборело за тебе и сега и она се уверила дека е така....

    Леле прснав од смеење :rofl: :rofl: Цело село ааааааааахахахаххахахахахахахахха ( а не дека цело село така збори, туку сеа оваа и рекла така и ајде да ми се излигави малку свеки)
    Така да, сега и да ја натепам, никој нема да верува во тоа :rofl: :rofl:
    П.С Мислењето на народот на свекрва ми и е најважно :!: поважно и од семејството.
     
    На Anyshka, karak, rajna-vojvoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.447
    Допаѓања:
    114.744
    Пол:
    Женски
    На свекрва ми ќе и речам мамо кога ќе ме сака како ќерка ( значи никад), кога ќе ме израснат, ишколуваат, вработат, створат се што створиле моите за мене. Инаку ќе си добијат до мене почит како родители на мојот сопруг и толку. Па ако сакаат и нека дубат на глава. Јас си имам една мајка и еден татко и на друг МАМО и ТАТО не мислам да кажам додека сум жива. :!:
     
    На Anyshka, Kaetana, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Eдна анегдота.
    Мојата тогаш 4-годишна ќерка ми вели.-,,Мамо јас кога ќе пораснам ќе се омажам за брат ми.,,
    И јас ,како тоа не можеш.Брат си е брат,не може маж да биде.
    И ќерка ми.-,,Па баба(свекрва ми) како вика дека ти си и ќерка а тато син.Така и мене бато ќе ми биде маж.,,
    Ги викам мамо и тато,но се однесуваат со мене со почит.Не зачи дека јас сум се откажала од моите родители и од тоа што тие го направиле за мене.
    На моите свекор и свекрва им значи што им се обраќам со мамо и тато.На почетокот не велам дека беше лесно,но потоа стана навика.
    Порано кога се наоѓаа двете сваќи на исто место и кога ќе викнев мамо,двете стануваа. :) .
    Се е навика.
    И здравје,еден ден кога и јас ќе бидам свекрва,не велем дека снаата ќе ја сакам како ќерка ми,но се додека го прави син ми среќен ќе ја сакам и почитувам.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    никогаш ама никогаш незнам и да ми стават нож под грло не би ја рекла свекрвами мамо.
    јас тоа и на нејзе и го имам кажано без да се лути и прави драми а до душа среќа и не сака, меѓутоа и да сака ќе и дадев чисто и јасно образложение зошто. Така да сега за сега сме на тоа Тетка тааа и таааа или некогаш само името. Мамо ни под разно ;)
     
    На Anyshka, Li0ness и ROSII им се допаѓа ова.
  17. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Кога сум почнала да зборам како мала значи една годинка,нормално прво нешто сто сум кажала било мама,тато,околината викајки ги на име мојте нормално кога јас ке сум ги слушнела и повторела по нив имињата на мојте им звучеле многу смешно и на секое мое мама и тато ми викале не така кажи како се викаат,,,,,,од кажи ,кажи,мамо и тато повеке непостоеле за мене ,сум почнала да ги викам на име,,,кога потпораснав,сите почнаа да ме караат немој на име не си им кума,ова ке ти купиме она кажи само еднаш мамо и таточке се утепам од плачење ама мамо и тато неможам да кажам,срам ми е ,мислев сите ке ми се смеат,,дете,значи пораснав ,се омажив,,,,,,,и кажав слушајте ваму ,незнам дали очекувате и како очекувате да ве викам,но од мене оние што ме родиле и изгледале НИКОГАШ не слушнале МАМА И ТАТО,И ЗАТОА НИКОЈ ДРУГ НЕМА ДА СЛУШНЕ,ТИЕ ЗБОРОВИ ВО МОЈОТ РЕЧНИК НЕ ПОСТОЈАТ,,,,свекрвами одма рече ти си имаш едни мајка и татко,мене и свекорти ке не викаш исто како што си не викала 10 години,важно да не се караме а за името не е битно,така да и да беше некоја што ке се надуеше,тој збор од моја уста,боже простими НИ МРТВА НЕМА ДА ГО КАЖАМ НА НИКОЈА,,,,,кога мајками не го слушнала од мене,,,,,за мене тоа се глупости се знае која е мајка кој татко,и смешно ми е на друг да се каже,,,,,,,,,поздрав,,,,,,
     
    На Anyshka и stetoskop им се допаѓа ова.
  18. valerija22

    valerija22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Јас моите свекор и свекрва ги викам мамо и тато.Ама се многу фини луѓе,особено свекрвами.Е сега откога почина мајками малку ми беше потешко да и се обраќам мамо на свекрвами пошто се растажував.А јас наискрено сите посакувам да имаат свекрва како мојата.буквално сне како другарки.Толку е фина толку ме цени секогаш се шетаме заедно во град и во кафич знаеме да си седнеме еднаш неделно на кафе се што ќе купи ќе купи и за мене иначе е многу држеча жена и дури понекогаш не прашуваат дали сне сестри кога ќе кажам дека ми е свекрва не им се верува.А иначе јас имам 32 а таа54 год,Иначе е директорка и кога некогаш ќе отидам кај незе на работа некои незини колеги што не ме познаваат кога ќ е се запознаеме ми викаат ти ли си таа сна што свекрвати не те вади од уста мојата сна вака мојата сна така не сне виделе свекрва до сега да сака така сна.
     
    На blond, kallias и Shana им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Гледам актуелно е на форумов МАМА И ТАТО и ќе ви раскажам една случка. Деновиве ни дојдоа на гости едни пријатели на свекрва ми. И таа кога почна нашата снаа е многу културна, не не вади од уста МАМА ,мама, тато тато, се гледа културно воспитано девојче од дома. И Овој мажот и вели јас кога слушам тато од женски глас се топам ( има само 1 син). И јас ни две ни три викам епа свекор ми си има ќерка има кој да му вика тато, и татко ми нема син па многу би сакал да слушне од машко тато ама така на шала на смеа им реков ( не дека тие не знаеја, ама јас пак да си кажам). А снаата на оваа пријателката на свекрва ми живеат во друг град и се гледаат преку сила два пати годишно, многу ме нервираат такви свекрвишта :@
     
    На Anyshka и ROSII им се допаѓа ова.
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Свекрвата ми даде на знаење дека тие ми се мама и тата и ај си реков поради сопругот (кој никогаш ништо не ми сугерирал) ке им се обраќам така. И што дека? Што муабети ми има кажано, факултетски образована госпоѓа :puke:
    Од друга страна, на ММ му беше непријатно да ја нарекува мајка ми бабо (таков е адетот во мојот град) и си ја ословува по име. Фала му на Господ, до ден денеска лош збор си немаат кажано.