Ама ти не ме дочита, убаво пишав дека нема да ми смета. Не ја знаеме цела приказна, таа напиша дојде ми го зема ќебето да го излуфтирам.Кажала зошто, после што се случи со ќебето? Не кажа членката, го врати или не? Не знаеме ние така? Е сега што лаже што рекла "сакав да ја покријам" значи и го вратила ќебето, дали и го оставила на нозе или не ни тоа не знаеме. Ама важно се нападна одмаа, се рипна. Ти урлај тебе ќе ти смета, мене баш ми е по мерак ама да знам дека после ми го оставила на нозе и ми рекла еве покриј се пак. @Yassie96 знам дека не сакаш да се дружиш со реални личност за да не ти го плеснат тоа што не сакаш да го чуеш. Извини, ама мое е да ти кажам а ти како сакаш.
Во право си, Бог да чува од вас. Едит: Понатака ќе се воздржам од понатамошни коментари, едноставно не ме интересира вашето мислење.
Еј дечки дај барем да ви раскажам се и прочитајте детално да не прднам некаде!!! Вака беше бев бремена при пораѓај лошо повраќање главоболки и реков ќе си легнам ама таа не беше тука отиде да пазари дојде дома а јас бев свртена со грбот и некој ми го трга ќебево си мислам м... е кога ќе видам таа. Ми вика да го луфтирам ќебево а јас се уште лежам и немам сила ај станав не сакав да правам проблеми ... ее легни де шо стана ми вика .. не ќе станам ок дојде м... му кажувам се што бидна и тој сега ја прашува зошто и го тргаш ќебево знаеш дека не можи по цели ноќи повраќат и таа ам не сакав да го луфтирам сакав да ја покријам жими господа
@Yassie96 be sreko relax...nema potreba dopolnitelno da objasnuvash ,koj sfati ..sfati..poveketo jasno ni e za shto tochno pishuvash..inaku ova so lepenjevo na etiketa "prdla"izleze kako crn humor...
Абе мила, не објаснувај па ти. Кој разбрал, разбрал. Нит си прдела, нит си лоша, па уште за ќотек. Уживај си.
Џеси, во самиот момент си требала да отвориш уста и да искажеш свој став да не ти го зема кебето, тука ти е грешката што не умееш да проговориш и да се избранеш себе си. Кога ќе почнеш да учиш да зборуваш и да искажуваш што ти смета а што не можеби ќе ви се подобри односот, а и таа ќе размисли дека и ти имаш уста и свои желби.
Здраво на сите. Јас сум нова членка тука, а од пред неколку месеци и тазе свекрва. Пред да го изнесам она што имам да го кажам, би сакала прво да прокоментирам на тоа што досега го прочитав на оваа тема. Колку што можев да увидам, темава е една од нај диксутабилните, ако не и нај дискутабилна на форумов. Како и да е, неслучајно одбрав тука да се искажам. Живеам заедно со син ми , а од Август минатата година и со мојата снаа. Ќе зборувам отворено - воопшто не ми се допаѓаше, никогаш. А , најлошото од се е што навистина немаше причина за тоа. Дали тоа беше поради некаква љубомора која стварно ме гризеше одвнатре или нешто друго, навистина не знам...Верувајте ми дека потрошив доста време читајќи коментари и мислења на оваа тема и сфатив колку всушност лоша свекрва сум била. Епа да почнам. Извесно време , уште пред да стапат во брак, јас на секаков можен начин и давав до знаење на снаата колку е непожелна. И покрај тоа, таа во ниеден момент не покажа ниту трошка гнев. Знаев дека многу се сакаат, па тоа веројатно влеваше уште поголема доза на страв кај мене. Откако дојде кај нас, јас секогаш бев почитувана, послушана, прашана за било што и да се однесувало на домот. Не можам да кажам дека и јас и враќав со иста мера, колку и да ми е тешко и срамно да признаам, така е. Не ценев буквално ништо во врска со неа и со она што го правеше. Ќе нагласам, дека иако одеше на работа,домашните обврски беа извршувани максимално од нејзина страна. На прсти можам да избројам колку пати сум направила ручек или сум испрала откако е таа кај нас. Згора на тоа, ме викa ''мамо'' без никаков претходен договор околу тоа, а воедно е модерна и многу убава девојка. А , мене навистина не знам што ми се случуваше, па морав нон стоп да ја омаловажувам, да ја навредувам ( дури и ја клеветев кај син ми ). Слободно судете ме и префрлувајте ми, знам дека сте во право. Можеби на тој начин се чувстував повредна и поважна, иако никогаш не бев обезвреднета, но тоа бев јас- свекрва на која и смета буквално се кај снаата, која максимално се трудеше да ме испочитува на било кој начин. Но, како велат, се си има граница. Така и нејзиното трпение. Јас ја преминав таа граница, додека го пиев кафето после ручек, што ми го подготви снаа ми. Од сосема обичен разговор, успеав да ја доведам ситуацијата до екстремна кулминација. Навистина ми е непријатно да ги откривам детаљите и нема да го направам тоа. Се она што и го изнакажав, не ми прилегаше ни како свекрва, ни како мајка, ни како жена во моите 50-ти. И ја замешав и фамилијата, и упатив навреди без никаква опструкција ( сфаќате што сакам да кажам)...А што беше тоа што ми даде до знаење дека ја преминав границата?? - Моментот кога добив силна шлаканица од снаа ми! Останав здрвена и запрепастена, а таа само ме погледна во лице, беше на работ да се расплаче и ми рече ''засрами се''. Буквално како да ме протресе, откако ме удри. Си реков што правам јас, како можев да зборувам така, ама бев доста збунета и не изреагирав во моментот. Ја увидов нејзината човечност , кога застана пред син ми и му кажа се како што беше од збор до збор. Неколку пати му се извини на син ми за тоа што ме удри. Со плачење се извинуваше велејќи дека никогаш не би ме удрила ако не била испровоцирана. Се спремаше да си замине, а син ми остана шокиран и во тотална конфузија. Јас ја молев, ја молев и и се извинував. Се убедувавме неколку часа, И ветив дека нема повеќе да бидам ни слична на тоа што бев, дека ќе се сменам целосно, а доколку не е така, тогаш слободно нека замине. И реков дека ако им го растурам бракот не ќе можам да издржам. Најпосле успеав да ја убедам и навистина ми олесна. Не сум била свесна каков дијамант сум имала дома. Девојката дојде после тоа, ме изгушка и ми рече ''мамо те молам извини, никако не требаше да те удрам, згрешив што избувнав, удри ме и ти те молам, многу лошо се осеќам ''. Си ја изгушкав уште толку, и до денеска ( а се надевам и понатаму) живеам како да имам син и ќерка, а не снаа. За мојот 50ти роденден, пред неколку недели, имаше организирано прекрасна прослава, и тоа се со нејзин труд. Кратко кажано, срцето ми го наполна. Се надевам ќе можам некако да и се оддолжам. Се извинувам што е премногу долго, но морав да се изјаснам. Јас сум свекрва која признава дека згрешила, го сменив односот кон снаата и воопшто не се каам за тоа.
^^ А, јас без трошка срам ќе кажам дека постов твој ме расплака. Амааа... додека го пишувам постов, си викам гарант некоја од жениве тука трола од лажен профил, да нè охрабри нас немажените. Постов филмски, секоја чест.
Lele, daj molim te ne fantaziraj. Ziti se ne im smetaj na zenive koj imaat nekoj poasalen problem osven sto si fantaziras. Drugo scenariot ti si istepanata snaa pa sega smisluvas prikaski. Ova ni vo najdobar chick lit nemoze da se sluci. Ajde molimte ne trolaj, odi pi mlekce. So sreka Bravo si uspeala samo 7 zeni da izlazes.
Наравоучение од приказната- залепете им по една воспитна на свекрвите, ќе видите како преку ноќ ќе се оправат Знам дека погорниот пост на „свекрвата“ е измислица ама ситуацијата, односно- пораката на приказната и не е баш толку далеку од реалноста. Како да спречиш bully (а токму тоа се лошите свекрви) да ти досаѓа? Со тоа што ќе се заземеш за себе. Додека стоиш пасивен и се надеваш дека со добро и убаво ќе ја смилостиш да престане да те малтретира, таа со секој испад ги тестира границите и гледа до каде се може да оди. Типично bully однесување. Е, во оној момент кога жртвата (снаата, де) гласно и јасно се спротивставува и дава до знаење дека повеќе нема да трпи, тогаш динамиката на моќта се менува. Секој bully е кукавица во душа и затоа се насочува кон најслабиот, кон оној кој не може (или не смее) да врати. Така, кога невестата ќе возврати и самата ( пожелно со зборови, не со тепање), свекрвата знае дека повеќе нема да може да се извлече со малтретирањето. Сем тоа, денес шамар, утре снаата може и за сукалото да се фати. Бељата е што, кај нас, ретко кога е само свекрва vs. снаа. Свекрвите се кријат за синчињата кои меѓу мама и жена, би ја одбрале мама. И иди разбери се со звер свекрва кога маж ти е на нејзина страна.