Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,905
    Gender:
    Female
    Zoza, срам да му е и на стариот, а и на дечко ти што воопшто и помислиле да бараат пари од тебе и тоа за плаќање на коцкарски долг. Разбирам да немаат пари за леб, па да им помогнете, ама ова е крајно безобразно. Уште и се дрзнал стариот да се кара со тебе, а тој твојот си стоел на страна. :x
    Немој никако да си попуштила, не дозволувај да ти ги цицаат парите за подмирување на нивни глупирања. Разбирам и дека коцката е болест и дека со неа само повеќе и повеќе тоне човекот, ама ти во никој случај не си должна да ги финансираш неговите кризирања.

    А и тој дечко ти, и него срам да му е...пред да се вработам паднавме јас, свекрва ми и мм во дискусија за пари и таа му вика-ќе те видам синко сега кога ќе ја земе жена ти платата дали ќе ти ја даде, а тој и одговори-не треба да ми ја даде, тоа си е нејзина плата, ако и е малку јас ќе и додадам, нема да и ја земам. Со тоа и ја затна устата.

    Сакам да кажам ти треба и подршка од дечко ти, тој треба да застане зад тебе и оштро да се спротистави на татко му.
    Не попуштај никако.
     
    Anyshka likes this.
  2. plazma

    plazma Истакнат член

    Joined:
    Sep 29, 2011
    Messages:
    132
    Likes Received:
    16
    Ако тебе ти е добро со твојот сакан што ќе се замараш со таа старка, а мислам дека на вас двајца ви е убаво. Имаш донекаде право, дека на стари џабе им викаш,џабе ги укоруваш.Најбитно ти е да имаш разбирање со саканиот.
    Поздрав...
     
    klum likes this.
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    792
    Likes Received:
    297
    девојки фала ви многу на советите и разбирањето,јас тоа што го кажам на тоа стојам моја пара на дадов,вчера и му реков на дечко ми (бидејки е навреден де) дека многу подобро би било секој месец макар поо 50 евра јас и он да ставаме на страна иде нова год празници па ето нели дете сака да прави де,отколку да плакам за коцка долгови,го запрашав како ке му биде кога ке си дојде дома срекен зедол прва плата и јас да му кажам дај ми ја да ја пуштам на мама и тато немат пари ( а мојот татко да ја троши на облека патување) и ме гледа како изгубен германац уште па вели зашо така збориш? Епа јас срекна му велам бебо ај да излеземе да се подновиме да пазаруваме за дома он мене на татко му долгови да плакам-е нече мочи...мајка му вчера вчера околу 9 вечер дојде бидејки и се јавив да и кажам дека е многу љут не разговара и се осека тензија женава свака и част,му кажа доста работи кој го доведоа да замолчи и со шок фаца да гледа,мислам дека сега и он нема да даде пари (освен на колегата му сепак работат заедно)откако дозна дека татко му дигнал рака на неа пред некој ден баш ради пари... некако се смирија страстите,мајка му мноооогу ми помогна во оваа ситуација и му рече вака; и кога не работеше девојчето пак не правеше голем трошок а сега кога работи наместо да си пружи макар нова блузичка ти ја тераш да плаке нешто што она нема додирна точка со тоа...ми кажа обавезно да сум пуштила на моите пари сепак прва плата ми било.

    Некоја спомна дека станот каде живееме е од коцка-не е...туку јас се плашам овој да ќн го прокоцка се води на негово име,па затоа ми е страв да не го удри во глава кога ке нема паре да плусне стан на залог :(
     
    Anyshka likes this.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,768
    Нека праи либето твое како и што знае и умее здружувајте сите сили што побрзо да се препише на негово име инаку нема мирно да можете да спиете на вечер, и секој ден во страв ќе сте да не ти чукне некој да врата и да ви го земе домот.
     
  5. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Joined:
    Apr 21, 2011
    Messages:
    223
    Likes Received:
    116
    Само ќе кажам едно големо браво за свекрвата, ретки се такви денес. Зоза, се надевам ќе се почитувате вака секогаш...
     
    Zoza likes this.
  6. kerin

    kerin Истакнат член

    Joined:
    Sep 20, 2011
    Messages:
    16
    Likes Received:
    6
    zdravo...ме немаше некој ден,со преселби обврски а и дури вчера ни го наместија интернетот.и ете функционираме некако сега ,се трудиме колку што можиме да се навикниме и ние и деверот и јатрвата ама свекрва ми не попушта.во двор да се сретниме не ми збора на мм сосила,ете сабајле цела лутина врз деверми ја истури.не можи жената да се помири никако бре.ете денес треба на интервју да одам па се надевам овој пат срека ке имам(држете среќа)па белки ке влезам во колосек и ке се стабилизираме малку со мм
     
    girl1985, blond and eli25 like this.
  7. maleta

    maleta Истакнат член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    12
    Likes Received:
    7
    имам хистерицна свекрва која апсолутно не е о во ред и многу многу ме нервира,јас сум директна и не трпам неправди а она е права манипулаторка и манипулира и командува со сите во куцата,најлосото е дека зивеме и со јатрва и девер и сите во една куца,секој ден ми е се полосо не си го замислував дека е толку тезок зивотот во брак,порано нит сум мислел за овие работи на све гледав розово а сеа како гром ми пагат проблемиве,најлосото е дека сум толку нервозна со се унистувам себеси пиејци антидепресивни бидејки цела нок не мозам да заспијам за некој си нејзин збор со кој ме нервирал преку ден....незнам од каде да поцнам со примери,но зивеејки на овој нацин,цела фамилииа заедноо не мие е вопсто лесно,и дека сум и нај млада во куката :( :( :(
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    626
    Likes Received:
    286
    Gender:
    Female
    многу тешка ситуација која има само едно решение , да си се оделите со сопругот, се разбира доколку имате услови за тоа: ја би зивеела посиромашно ама сама да бидам . се разбира нема секаде услови з атоа ама ако имаш и најмала можност бегај од таму до дека не завршиш на психијатрија
     
  9. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    122
    Имаш разговарано за ова со маж ти?Имаш подршка од него?Тешко е знам но се може да се реши со добар разговор помеѓу свекрвати и маж ти :)
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    2,922
    Likes Received:
    14,608
    Gender:
    Female
    Си размислувам, зошто бре толку е стереотипна оваа релација, аман... Се изначитав страшнотии... фала богу јас немам никакви поголеми проблеми - можеби затоа што живееме сами уште од старт... и покрај тоа што бевме убедувани дека глупаво е да плаќаме кирија секој месец, кога имаат празен спрат во куќата што можеме да си го средиме... ама среќа, и двајцата си сакавме приватност и да си живееме сами....

    Кај нас си важи правилото - ако сакаш да е се ок.. никако заедно... вака ќе си се видиме еднаш неделно (на ручек или на кафе), ќе си попрајме муабет ове-оне...
    .. еднаш на неколку пати ќе го спомнат спратот - ова за да не потсетат дека постои.. на почетокот им се објаснувавме по сто пати дека не сакаме да живееме во заедница, а сега културно се правиме дека не ги слушнавме.... и друга тема на муабет...

    Мајка ми имала големи проблеми со баба ми. Она што ми го има раскажувано е тотално нехумано. Се додека не не родила мене и сестра ми. После си се запрашала што и е најважно во животот... и се одлучила да не троши ни една сива мозочна клетка за луѓе кои не вредат...

    Важна е среќата во животот, и човек да си се пресмета до каде му е границата на толеранција... во животот постојат ситуации во кои е достојно човек да голтне нешто, но тоа нешто треба да е внимателно селектирано... и да не е по цена на сопствениот мир во животот...

    ... само запрашајте се, дали вреди сопствените нерви да се трошат за секоја будала....
     
    Mayyya likes this.
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    2,796
    Likes Received:
    18,595
    Gender:
    Female
    Леле многу ме нервираат вакви работи,значи карање,местење кој да испадне крив во едно семејство.Кога ќе отиде една снаа во куќата на свелрвата како по правило да мора да се баш маче и глувче,како од старт да мора да не се сакаат(90% од случаите не сите),ах тој балкански менталитет.
    Јас имав многу лоша баба,нели на мајка ми свекрва,луѓе не знате каков лошотилок,значи на мајка ми што не и правеше,не би сега да разглабам не е тоа битно,сакав да кажам само,кога се разболе знаете кој ја чуваше?Е мајка ми,истата таа што она ја мразеше и се.
    Седиме еднаш со на дечко ми мајка му(сеуште не знам дали ќе ми биде свекрва) и јас и викам,зошто такви селски работи има во македонија,дека мора да се мразат викам свекрва и снаа?Зошто?Не мора да ме сака,ама барем нека ме почитува и нека не ми прави сплетки,на крај викам син и го повредува со тоа,дали е свесна,дека син и не е среќен,ај за снаата и е гајле,ама викам толку ли се себични да не мислат на синовите бе?И она ќути...
    После тоа демек за мајка ми јас одокулу фактички и кажав за мене,викам што ако има некој ќерки (а дечко ми има две сестри)кога ако падне болна на снаата ќе и остане а ќерка и ќе дојде,мамо еве ти сокче ова она и ќе си оди има работа со децата дома...
    и она тука е да имаш право.Епа имам ако живееш со снаа бе не мора да ја сакаш,ама барем не и прави да пати и не ја навредувај,едноставно почитувај ја и она тебе исто нели.
    Јас не знам што ме чека во животов ама отпочеток ќе пробам со искреност и без правење работи позади грб,мразење,сплетки и такви работи,нема да ја сакам како мајка ми ама па мајка му е на маж ми,ќе ја почитувам.
    Е сега ако она не се држи до тоа,се надевам дека ќе имам поддршка од сопругот.
    Со бившиот дечко знаев дека ако се скарам со неговите јас ќе бидам секогаш крива,тој ќутеше,имаше уште една куќа а стално викаше не јас со моите ќе живеам.А замислете куќата друга преку улица :^)
    А овој дечко,со кој и се надевам дека ќе останам,барем знам дека против мене уште сега не смеат да кажат нешто,па ќе видиме не се знае.
    Ви посакувам на сите што имате вакви проблеми што побрзо да се решат,позитивно!
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,192
    Likes Received:
    124,695
    Со арно не сакала.Значи и ја да почнам како неа со лошо.Еј не ми се верува :@ Некоја поискусна со свекрвиштата ако сака да ми пише лп,да се олеснам некаде а и стварно ми треба некој друг да ми каже како му изгледа мојот проблем.
    Е сега спиење нема,што ми требаше........
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Joined:
    May 13, 2011
    Messages:
    1,605
    Likes Received:
    1,607
    Значи стварно не знам што е проблемот со вас ..
    Зошто мора да постои како некое непишано правило е да не се сакаат свекрви и сани. а Зошто да не ја сакам? Ми утепала ми украла нешто? Ми јадела гомна?
    знаете многу е лесно да се окриви некој и да се рече ете она ваква она таква ... ај ставете се вие на тапет и видете каква личност сте? Па многу нормално дека не можеш навиките да му ги научиш на човек или обратно ама не знам зошто имало потреба за толкава омраза?

    Редно време беше малце самите себеси да се окривите. За кавга и проблем се потребни двајца не можете туку така ете она беше крива. Размислиете и вие кај сте згрешиле..
     
    julie77 likes this.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,905
    Gender:
    Female
    ^^Секој кој што пишал тука на оваа тема си имал причина зошто така напишал.
    Ако убаво и без предрасуди и без водење по тоа непишано правило ги прочиташ мислењата можеби и ќе сфатиш зошто толку си ги сакаме свекрвите.
    Еве за мене ќе си кажам, сум се ставала на тапет, сум си ги анализирала постапките, сум се преиспитувала, консултирала, советувала, сум се обидела да научам нечии навики, да станам дел од целината, да се прилагодам и адаптирам, ама кога се нема соработка од другата страна и после неколку безуспешни обиди она што ти преостанува е да свртиш нова страница и да тераш по свое водејќи се според своите желби и потреби.
    И не, не се работи за омраза, едноставно се работи за губење на нерви и сфаќање дека некој не е вреден за толкаво внимание.
     
    Anyshka, eli25, girl.23 and 1 other person like this.
  15. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185
    а бе Јас цело време велам дури не почните да ги гледате како ,,мебелот -инвентарот ,, во куќата до тогаш ке се нервирате и дури не сватите декаи радиото нонстоп нешто си зборува а вие не секогаш го слушате и така да пристапите кон зборовите од свекривите нека си зборуваат тоа им е работа а вие свиркајте си и гледајт си ја вашата работа многу, многу за срце да не си ја ставате нервозата !
     
    Zaljubena111 likes this.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,905
    Gender:
    Female
    :D :D Добро кажано, ова моево радио веќе одамна е на mute и ignore.
    Само не ми е јасно, зошто упорно не се откажува, како не сфати до сега дека веќе за ништо не ја слушам, ниту пак барам совети, ниту мислење, ама женава упорно си збори. Упорно си продолжува да си коментира, а јас си терам по мое, како не може да сфати дека готово е меѓу нас :lol:
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,325
    Likes Received:
    125,034
    Gender:
    Female
    Многу пати сум кажала и пак ќе кажам. За односот помеѓу снаата и свекрвата ( свекривата ) најмногу влијае како ќе се постави сопругот. Лесно им е да кажат, а бе таква е не и обрнувај внимание, ама не е лесно да си трпат зборови и брецкања. Како можеме ние женските да им кажеме на нашите мајки до каде треба да си ја прострат чергата со зетовците. Мислат дека сите мајки ги сакаат зетовците?? Ги трпат за доброто на ќерката и не ствраат тензија за доброто на ќерките. Ама мамините синчиња не дај боже да им речат на мајките Слушај вака и вака, жена ми е ја сакам и однесувај се со почит према неа . Чест на исклучоци ама 90% се такви.
     
    Anyshka and girl.23 like this.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Ќе ја ставиш на игнор, ама слушај-молчи не можеш со сила да се правиш глув за некои работи !!!
    Јас:
    -слушав и трпев
    -слушав и враќав
    -дугме игноре
    -слушај и молчи и трпи (ама демек на игнор е)
    -пукнаа нервите
    -чао
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,924
    Likes Received:
    203,178
    Gender:
    Female
    Море да знаеш колку е лесно да ставиш се' на игнор... само треба време да научиш, јас уште се обидувам мајка ми да ја научам да сфати, џабе се нервира жената, една рака лекови пие заради баба ми.
    А јас си велам, нема таков човек заради кој ќе ми пукнат нервите. Точка.
     
    zdravkova and blond like this.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,801
    Gender:
    Female
    Ги читам проблемиве на девојчињава/жениве овде и се прашувам една работа (за свекрвиве): па толку ли времето и годините живот и искуство не ги научиле на ништо? Дотолку да се неразбрани? И тоа ај да збориме за некои изолирани жени од куќен праг подалеку што не виделе, па да речеш „ете, немаат баш искуство во комуникација со луѓе“...јок брее, па имало и факултетски образовани меѓу нив, први дами у друштво ова она...море џабе си дама надвор кога дома со снаата си прв примитивец затоа што домот е огледало за тоа какви сме навистина.

    Не ми е јасно еднаш ли бре мајкуму не си ставиле прст на чело да се подзамислат, да се навратат на времето тие кога биле снаи, како им било, па страв, па гледаш да им угодиш на сите, па гледаш да се прилагодиш? Или пак, дотолку се расипани што, иако знаат дека грешат, пак го прават тоа? Не сфаќам...среќа моја што свекрва ми е од разбраните...
     
    Anyshka and eli25 like this.