Мојава и те како извлекла поука. Си има релативно наметлива и досадна свекрва која сака се да знае. Знае колку тоа и го расипало мирот и затоа е многу внимателна со мене. За сега живееме заедно и не можам да се пожалам. Вели дека е најсреќна што го гледа синот толку исполнет и среќен со мене и за неа тоа е доволна причина да ме почитува и да не ни го нарушува мирот. Од друга страна и мм си е поставен како што треба. Си има разграничено каде е местото на мајката, а каде на жената. Ете јас сум една од ретките снаи која е задоволна од Свеки. Се надевам нема да ја подречам .
А ако немала свекрва,ако и била умрена? Абре карактер си е тоа да си го пика носот и ќе си го пика кога повеќето снаи со скршен денар влегуваат во брак и во домот на свекорот и свекрвата. Да заработуваат доволно брачните партнери гледаат не оди однос снаа свекрва, секој во свое. Раат и по дома и на форумов. Ама снаиве ем без денар ем сакаат по нивно кај свекор,свекрва. Епа така ни дома нема. Си има правила во секоја куќа. Не ти одговараат бујрум створи своја куќа и свој куќен ред.
И тоа како има врска. Кога ќе се омажиш, претпоставувам не си, да беше ќе кажеше, ќе сфатиш некои работи, а уште повеќе ако ти се падне некоја клета свекрва.
Јас убаво знам за што е темава, сепак благодарам за потсетувањето. И што ако е клета,а? Што ми може кога сум на свои нозе и на свое а? Сепак тоа што ти го разбираш на твој начин можеби јас не го разбирам на ист начин. Ама ок. Форум е,секој има право на коментар. Различни ни се гледиштата и тоа е тоа. Некоја нозе и душа и се тресат од било каква свекрва некоја пет пари не дава за институција свекрва. На крај секоја свекрва со свој карактер и секоја снаа исто така. И на форумов е така. Ако некоја се притресува и си кине нерви заради било каква свекрва а друга око не и трепка за свекрвата која живее по релаксирано?
Пишуваш само да провоцираш, а се гледа дека немаш појма од тема свекрва-снаа, затоа што не си снаа. Да не одиме офф, немам намера да ти реплицирам, кога ќе те засегне лично тебе темата тогаш, а вака да се инатеш не.Оти лесно е да зборуваш од страна за тоа што не си го почувствувала на своја кожа.
Значи, ако синот и снаата живеат под ист покрив со свекрвата, треба да дозволат таа и во кревет да им се пикне. Какво ти е тоа размислување? Таа куќа нели е и на синот, а?
Тоа е твој заклучок. Мене ми е жал конкретно за девојка што нервите ги искинала заради свекрвата. Затоа посоветував или да расчисти навреме или да не се нервира. Ама кој како сака нека разбере. Ти имаш право на коментар подеднакво како и јас. И имаш право на претпоставки исто така. Многу работи за да не се случат се размислуваат и решаваат на време. Кога веќе ќе биде доцна се полни форумот. И тоа е жалосно. Јас не велам дека нема напаст свекрви. Има и ќе има. Карактер е тоа. Ама јас ако гледам не оди со таква свеква ќе си го запотам газот повеќе со идното маже или сегашно маже па ќе си се тргам на страна со време. Зошто карактери тешко се менуваат и свекрви со такви карактери не се менуваат преку ноќ.
Тоа е друго. Ама ти рече ако се во заедница, треба да се почитуваат правилата на свекрвата. Јас разбирам почит, ама не да ми се меша за се, па и пример кога да спијам со мажот да не треба да ја слушам. Тогаш ќе важат наши правила, па што ако сум во заедница, немам ли јас уста.
Ајде aкo живееме вo зaедницa ,некa не плукaaт некa ни се кaчувaaт нa глaвa a бидејќи сме влегле "сирoмaшни" вo брaк не смееме збoр дa пуштиме.Се знaе кaкви се денешните услoви и не секoј имa среќa дa биде успешен и тaкa дa влезе вo брaк.Акo чекaме тaкa..ехе! Oчигледнo не си мaженa пa збoрувaш тoa штo имaш слушнaтo.Живи били пa видели.
Пак со претопставки,инаку имаш право само претпоставувај. Јас си знам за тебе ти за себе. Јас сум во своето на свое, сум размислувала и се уште размислувам за моите постапки. Зошто сабјата остро сече но јазикот е уште поостар. За караница лесно е. Но на свеква да и се наметнуваа снаа туку дојдена не е во ред. Ако имаш уста, имаш и 2 златни раце, помачи ги, створи си свое. И свекрвати без тебе на раат и ти без неа уште пораат, а форумов растеретен од работи кои можела да се решат на многу поконструктивен начин. Но кој како разбира.
А ти пак од кај знаеш дали јас не сум створила свое. Ако сакаш да знаеш, живееме на ист плац ама со посебни влезови што сами сме си направиле јас и мм. Па и да сум пример во ист влез, пак ќе треба да ме почитува свекрвата и јас неа не викам не. Не сум јас од улица, па да ме гази ако сум во заедница. А ти мажена си? Како живееш? Зашто многу знаеш да кажуваш правила.
Баш напротив не кажувам за правила,кажувам што би било културно од мене како снаа да ја почитувам свеква ми кај која сум дошла да живеам во брак со син и. Е сега ако си има тежок карактер како и повеќето свекви не сум фатена фала Боже, ќе си створам со маж ми,исто ко ти и маж ти што сте направиле и секој по свое. За брак треба и емоционално и финансиски да си зрел, ако не уште и на 16може во брак со полномошно од родители.
Не си фатена ама немаат сите можности да купат посебно плац па да прават куќа. Ние сме на ист плац. А да требаше да се купи плац посебно, не би имале можност одма да се одвоиме. Затоа не збори. Не е така лесно да опрчиш пари , а живееме во Македонија и знаеме како е вработеноста тука и колкави се платите.
Секој за себе. И не знаеме, може само да претпоставуваме кој колку има. Сепак вие со маж ти стварате, на ист,разделен плац утре ќе си заклучиш и што сакаш ќе сеи правиш внатре, како и јас на моето.