Види душо не сме сите исти. Некоја веќе нема сили да се бори со сите срања во животот и мора да подзастане малку за мозокот да не и експлодира од срања. Некоја заминува од државата и бара излез. Некоја бара помош од луѓе... Секоја се бори на свој начин, некоја со себе некоја со свекрва некоја со мајка. Овде се бара совет за некако да се најдат на пола пат. Лесно е да речеш не ја примам дома ама ако треба да работи по 12 саати за мочани 12000 мора некој да ги причува децата затоа мора да поќути некаде. Сите сакаме луксуз ама на некоја не може или не знае како да успее. Јас сум во вториве што не знаат која страна да си ја изберат. Не сум кавгаџијка може од таму треба да почнам да се менувам... Се согласувам со тебе нема и јаре и паре.
Se soglasuvam so tebe, kukla. Nekou kako go kazuvaat toa, zemete si stan pod kirija ko da e toa odi kupi si cokolado. Znam mnogu parovi sto rabotat i zemaat dvajcata po 20.000 plata pa ne im stiga. Deca, smetki, jadenje. I kako toa skromno ne mi e jasno. Tie deca neli sakaat da im se kupi plus nesto. Ne e bas ednostavno samo da se kaze. Ama nekoj si tera po svoe i ne mozes da mu dokazes.
За Скопје сум свесна и напишав дека се поголеми кириите,сигурно. Затоа редовно ја потенцирам киријата во помалите градови. Во Велес кирија е просек 5000 денари, а може и поефтино да се најде ако бараш подобро. Не се сите на форумов од Скопје. Има и од Свети Николе, и од Штип, и од Струмица, и од Битола, и тако даље. Двајца работоспособни луѓе од по 25 години, да носат дома по 10 000 денари, тоа се 20 000 денари. Со 5000 да си платат кирија во Велес на пример, да платат сметка на струја која не е голема ако перат, пеглаат и метат на ефтина, ќе им останат пари да го поминат месецот. Скромно, ама таман, далеку од свекрвата, и нема да мораат да се заклучуваат во спална, ќе можат да се сексаат и во дневна и кај им душа сака во било кое време.
Кога реков без проблем, мислев на тоа да се има за кирија, сметки и храна, со штедење, без пиење кафиња по кафичи и пушење цигари. За одмори, нокти, телефони итн, воопшто не ни помислив. Ама факт е дека 5000 денари не ти стигаат ни за храна, не па нешто друго. Мило ми е што вие сте успеале да си створите нешто ваше, ама факт е дека не секој успева. И не поради тоа што не е способен. Има луѓе навистина вредни, кои работат секаква работа за минимална плата, па пак не им стигаат. И кога гледаш дека нема друго решение, ќе живееш со свекрва и ќе ќутиш. Дај боже сите да успеат, и да не мораат да живеат во заедница, ама таа е реалноста.
Ај уште еднаш. Двајца работоспособни млади луѓе од по 25 години, двајцата да заработуваат месечно по 10 000 денари, тоа е 20 000 денари. во помал град кирија просек 5000 денари, остануваат 15 000 денари. Од 15 000 денари, ако штедиш струја нема да ти дојде сметка поголема од 1500 денари, за вода се сметките мали по 500 денари, телефон стави го месечно 500 денари за двајца, денес постои вибер па никој не ни троши сметка многу, интернет и кабловска 850 денари. Eте ти ги основните трошоци за живот. Ако добро израчунав и не ми прескокна на дигитронов, ќе ти останат 11 650 денари пари за да се крпиш за јадење и да го поминеш месецот. Проста математика, која ич не ми одеше.
Паушално се збори во врска со кириите и сметките и платите во Мкд. Незнам дали колку да се најдете во муабет или навистина мислите дека е лесно Кирија+сметки+бензин+деца да задоволиш со 40 000 денари (претпоставката е плата од 20 000 денари, а тоа Н И К А Д Е во Скопје го нема...над 15 000 нема ни денар повеќе да земеш). Каде е јадење ? Каде е џепарац на деца ? Каде се социјални дружби ? (ај да речеме дека нема кафани, бар еднаш месечно нели гостин ќе ти дојде дома) Каде се книги за деца (плус оние додатни морални 200 за осигурување,250 за библиотека...)? Или ќе се отиде под кирија и после години поминати во мизерија ќе пукаат филмови ?!
Уште да беше така и се супер ќе беше. Не сум сигурна дали и во помал град ќе најдиш кирија за 5000 денари, ама ајде да речиме дека е така. Тарифа на било која мобилна мрежа од 250 денари не постои. Струја можеби ќе платиш на лето 1500 денари, а што правиме за на зима? На што и да се грееш тоа ти е трошок плус. Или нема да се грееш? А каде се неочекуваните трошоци? Роденден, веридба, свадба на поблиски, поправка на нешто во станот? или ќе се десоцијализираш и нема да излегуваш од дома. Да не зборуваме за деца во иднина. Колички, пелени, алишта, подоцна книги за на училиште, за храна итн итн итн.
Рефке, знаеш колку овде што се жалат од свекрвите се во просек по 25 години од помал град, работоспособни, уствари, немаат деца? Многу. Знам јас оти со деца е тешко, ама многу од овде што се жалат, немаат деца а седат со старите. Одете си под кирија, и имајте деца кога ќе сфатите дека сте способни за нив. Ама тоа е разумно размислување. Неразумно е да живееш со свекор и свекрва во две соби, имаш едно дете, и плус приправаш уште едно и се жалиш дека се сексате само кога старите спијат. Е јеби га уште еднаш. Второто дете може да почека. Се бива во животот, ако не бива постои граничен излез и аривидерчи. Многу па мажи знам што и на терен работат, и камиони возат, по Словении, по Германии, ама гледаат да се издвојат од старите. Тоа е, пак се се врти на нема и јаре и паре.
A shto so onie so deca? Pa jas moze 10000 mesecno trosham za ad mleko plus ovosje i zelencuk meso za deteto.
А да одат парталаво. А гости нема да им дојдат, да појдат некаде или ќе се изолираат скроз. На свадба да се појде ќе треба фризура да се направи барем. А за децата да се купи или во скинати патики ќе идат. Кај стигаат 15.000, не зезај. Не збориме за омбре или нокти. Еве јас не правам тоа. Живеам одвоено, не плаќам кирија, дете на пат и не ни стигаат 20.000, а не 15.000.
Офи...во малите места има друг...далеку поголем проблем за да се оди под кирија - ќе те збори ,,чаршијата,, ...што ќе речат комшиите и роднините. Тоа е вродена аномалија кај луѓето од стар ков и неможе да се измени.
Ние купивме кола на кредит. Ретко кој купува кола во кеш. Само мм работи моментално и редовно ни е ратата платена, 80 евра секој месец. Јас немав одма деца откако се земавме. Кога сфатив дека сум способна да ги имам ги створивме.