Е тоа незнам, вероватно друг закон. Овде ако си работно осигуран на минималец , т.е. ако минималец ти мине преку банка имаш основ да дигнеш кредит. Ние така дигнавме 2 500 евра и купивме кола.
Сите отидовме офф дисктирајќи за најголемиот проблем кој се раѓа во бракот - немање доволно средства за живот а со тоа и неосамостојување. Е...кога свекрва ти ќе ти купува гардероба и ќе ти го крои менито (бидејќи немаш свои примања), тогаш на секому би му паднало криво. Мој предлог во такви случаеви е: Да се издржи колку што е можно повеќе да се седи со старите. Нека ме храни, пои, нека креира своја политика.... Парите од моја и на маж ми плата (каква и да е, колкава и да е) ставање под перница. Кога ке се собере убава сума, тогаш да се оди под кирија. Од сам поарно нема, и секој го знае тоа немора да го збориме а и не верувам дека некој од нас овде има контра одговор. Ама сам, гладен и нервозен е полошо отколку со стари ,сит и нервозен. Па сега проценете сами.
Не е до закон, проценка на ризик е. И тука имаш основ да земеш кредит, нема да ти речат не аплицирај, ама дали ќе ти дадат. За 80 еур рата месечна, мораш да имаш најмалку 240 еур месечна плата, под претпоставка дека немаш други оптеретувања на платата т.е. овие ти се чисти пари. Согласно ова, треба да имаш повисока плата за кога ќе ги одземеш регуларните месечни трошоци да имаш чисти 240 еур. Едноставно е невозможно да ти одобрат. Вас ви одобриле, ама според кажаното, вие не сте на минималец со плата преку банка.
Може детето ќе биде доено, ама може мајката нема да има млеко. Ете ти трошок. Може ќе му одговара најефтиното АД, ама може ќе му ствара грчеви па ќе треба на далеку поскапа опција. Може и виолета, бекутан...и др. пелени ќе му одговараат, ама може ќе добие осип па ќе треба памперс. Исто и со влажните. Оти нели, не седиме нон стоп дома па под чешма. Може не е прво детенце во фамилија па ќе добие креветче, количка, облека за секоја сезона ама може ништо од тоа. Може баба дедо имаат/сакаат да му ги обезбедат предходно споменатите, ама може пак ништо па освен првичната инвестиција за опремување секоја сезона комплетно треба да се набави гардероба. Може живеат во село и имаат некое коковче, теле, имаат бавча, ама може се во град па за секој оброк мора да му ја мисли што од каде да купи. Може детенцето не го фатило неарноќа, ама може една настинка или пролив ќе го спотера, па пак трошок по аптеки. Колку само може вака да се набројува а во пракса сосема друг да испадне есапот. Така да верувам кога некој ќе каже дека нема за кредит или кирија со минималец и сеуште е кај свекор/свекрва.
380 конвертибилни марки е минималец овде. Тоа е 190 евра . Маж ми има толку на банка, и плус на рака башка. Платата чиста ко солза, нигде долг на друго место, кредит ни одобрија од прва, со еден жирант.
Така кажи, со жирант! Не е само вашиот минималец во пресметката, туку и на жирантот. Без него, сигурна сум дека ништо од кредитот. Излеговме ептен од темата.
Мислите дека со минимална плата, па и во сопствено живеалиште сите можат да си дозволат АД? Има многу деца кои се хранат со кравјо млеко, со максимален трошок 1500 ден. месечно. СДК не мислите дека со пресметкиве некој ќе се осети како некадарен деца да чува? За жал сеуште има мајки кои не користат ни памперс и платнените пелени ги перат рачно. Во ред е есап да се прави за струја, вода .... ама кога читаш и се соочуваш со тоа дека ТИ на детето не можеш ни да помислиш да му го овозможиш основното за него, е болно.
Ne ne ona toa go kazuva, bidejki se isprevrtea rabotite. Imaa ogromna poddrska od negovite i nejzinite za stanot, da super, ne daj Boze nie sme tuka ke pomogneme ako nesto treba ili se sluci i eve vidi prva prilika im go plesna vo lice istoto...
Есапот на уста и реалноста никогаш не одат рака под рака.Го имам осетено многу пати. Во Македонија да се живее со стари не го сфаќам како избор,туку од морање.Оти и да работиш нема ништо да постигнеш.Едниствено да работат двајцата,но едниот од нив да е на страна и да зема голема плата и така да тргнеш нешто настрана. Со минимални македонски плати не можеш да го поминеш месецот,ако имаш сопствено живеалиште-кириите и стамбените кредити се мисловна именка.
Па во право си, болно е, ама е реално. И мене ми беше болно што неможев одма да имам деца, па чекав да имам кога ќе бидам спремна за тоа. Небитно за нашиот кредит, мене муабетот ми е дека јас сум кираџија 4 години, и кога едвај сум имала, и кога сум имала пристојно да живеам, и сега со две деца и кредит за кола. Кола не рипнавме да купиме одма, туку кога сфативме дека сме способни да ја исплаќаме. Предходно одевме пешки или со точак.
Сакаш да ми кажеш дека вие бевте финансиски спремни и одлучивте да имате деца? Еве јас 15 години имам дете и не знам дали сум спремна да ја поминам следната година, зошто не си спремен за дете ако знаеш дека ќе имаш за облека, памперс и АД. Денес ќе плаче за млеко, утре за точаче, задутре за џорданки, рејбанки, пенибоард, пак точак....ама овој пат со вредност на поевтина кола на старо, па летни кампови, скијање.....па...избор на факултет, секако во странство ... А што знам ете можда не сум била спремна за дете
Ми ги извртуваш зборовите. Јас не направив и родив дете кога мм работеше фасади на дневница. Направивме дете(деца во случајов) кога најде колку толку стабилна работа во овие нестабилни времиња. И пак излегува муабетот, велиш незнам за следната година, па тоа никој не го знае, исто како што некој што сега едвај има, незнае дали утре ќе има можеби доволно. Тоа е секогаш така. Некогаш имаш, некогаш немаш.
Никој не знае што ќе донесе иднината, но фиксните трошоци се знаат. А рати за кредит или кирија е и те како фиксен трошок, огромен, посебно за скромни примања.
Не извртувaм ништo. @Offspring Единственo сигурен и спремен мoже дa бидеш aкo имaш еден сoлиден изнoс нa книшкa, пa дa кaжеш сегa имaм стaбилнa рaбoтa и време е зa прoширувaње нa семејствoтo. Демек, зa не дaј бoже aкo изгубaм рaбoтa, ќе имaм дa живеaм. Биoлoшкиoт чaсoвник одбројува. Акo требa дa бирaм, дa имaм дете и дa пие крaвјo млекo, дa живеaм сo свекрвa и дa скрaтaм oд се, и/или дa немaм дете и дa чекaм дa се сoздaдaт услoви зa тoa, ќе гo oдберaм првoтo.
Значи дојдовме до 3 заклучока. Првиот гласи Ќе се стиснеш за под кирија и ќе гледаш да заработиш на секој начин за да се покриеш. Еве мене ми успева во овие 4 години, незнам за вас. Кога се преселивме со мм овде, он остана во Црн Гора уште еден месец да собереме за почеток како што напишав да си покриеме барем 2 кирии додека застанеме барем на стаклени нозе. За тоа време јас на фб им напишав на сите цвеќари и салони за венчаници дали им треба работник или испомош, сама во туѓа земја кај што едвај до продавница знаев да отидам. И ми упали кај еден салон за венчаници да правам китенки за свадби и да одам да пеглам. Ми плаќаше по малку, ама мене доста. Времето што ќе го изгубев да дремам на фб, го искористив да правам китенки и си заработив некоја марка. После се вработив во еден кафич, па работев лани испомош за осми март, и годинава испомош за 8 март, за божиќ со мевот до заби работев, сега со две деца пак имам некои комбинации, морам да се борам колку и да заработам мене ми е доволно за дома седење било која сметка да си ја платам, сега неможам па и да речам немам работа и готово, немам пари. Ќе се потрудам да си создадам некоја работа колку и да ја немам и да го искористам тоа што го знам за да заработам. Така има и девојки кои знаат да шминкаат на пример, нашминкај неколку жени, ќе се прошири кај други, кај трети и ти се создал еден круг. Немораш константно да имаш работа, ама пак ќе капне нешто отстрана. Вториот заклучок е да дигнеш станбен кредит ама еден од сопружниците да работи во странство. И пак нема и јаре и паре во таа варијанта, зашто едниот родител нема да биде нон стоп присутен. Третата е да си ја трпиш свекрва ти со сите маани и врлини . На крајот пак идеме до тоа дека денес имаш, утре можеби ќе немаш, и обратно. Ама никогаш не треба да дигнеш раце, борба за живот е, секој гледа да заработи колку и како знае и умее.
Извини, но не можам да сфатам вакво размислување. Бевме спремни за деца и тогаш се одлучивме. А знаеш дека тркалото може да се сврти. Може си била спремна, ама што ако дојде наеднаш да снемаш? Не зборам за тебе, зборам општо. Такви муабети имам и од други слушано. Не можеш да гарантираш дека си спремен секогаш во денешно време. И има многу луѓе што со години работат несигурна работа да кажам, плочкари, ѕидари (не се пријавени), и тие да чекаат со години за дете да направат. А во брак за што си, нормално дека сакаш детенце, ако немаш некој проблем нормално. Ако ти било за да се осигураш со работа, тогаш не треба ни да се стапува во брак, а не да се чека за ова за она.
Де бре се изнажали за ова. Што има врска ако сака ќе му купи, ако нејќе нема. Ако толку те нервира, следен пат кога ќе рече "Баба ќе и купи на внуката трењерки", ти речи и "Ej видов едни преубави во Џамбо, земи ми број тој и тој, таман на попуст се до петок па можеш да идеш денес да ги купиш" и завршена работа. Ако не иде да купи секој пат така зборувај и, ќе затне по некое време.
Офи, ти се дивам на ентузијазмот и морам да . Има жени кои едноставно незнаат да се снајдат и дремат дома, а УВ ламбата и хаубата за трајна ондулација им дреме во подрум. Па за нивната немаштија сите им се криви - од свекрва до држава.
Добро зошто си дозволила да ја фрли цуцлата?? Со кој памет? И за креветчето не знаеше да и кажеш "Слушај терминот е 15ти мај, креветчето купете го до 10ти пошто ако не ќе морам јас да купам". И нареден пат она кога ќе збори дека заедно сте го купиле, спомни ти "Памтам со маж ми кога бевме по креветче, он сакаше розе, јас сакав лилаво, продавачот вака и вака ни рече, бла бла", уз муабет ќе се сфати дека не била со вас. И на неа ќе и текне, и на гостинот што слуша ќе му текне.
@Offspring дај боже само успеси да редите и уште поцврсто да стоите на сопствени нозе. Јас не гледам на свекрва како државен непријател број.1 ниту пак би ми пречело да биде во близина, ист кров а друг влез, под услов да се поделени домаќинствата и финансиите и сите наследно-правни односи Ако е човек може да има разбирање, ако е нечовек и од друг град може да прави нервози. Кога се свекрвите на место можат да бидат од огромна помош.