Јас па напротив мислам дека ѕидари и плочкари имаат постабилна работа од рандом административец. Зошто? Затоа што кога имаш и знаеш занает, за тебе нема зима. Ќе работиш било каде и на било која страна на светот. Маж ми знае се од градежништво и ѕидарство и плочкарство и се, во ЦГ тоа работеше. Лани кај што живеевме кај една баба газдарица, маж ми и го окречи цел спрат, јас и исчистив генералка, и жената рече за овој месец не сте ми дужни кирија и струја. И така, еден месец си поминав без да плаќам кирија. Јас гледам кај што можам да заработам да заработам, не го трошам времето бесполезно да кокодакам со жени по комшилукот и да ја оговарам свекрва ми дур и живеам под покривот.
Секој си знае да. Ама маж ми има најдобар другар што кречи, а и фасади прави исто и ако веруваш дека од декември, јануари и февруари не одеше на работа дека зимно време нели, а и плус јака зима фати годинава и пари нема, му се жалеше. А тој па на маж ми му вика да му е алал што е државно дека со факултет. Секој различно си мисли. Тоа е.
Да ама тој фаседер кога е сезона за фасади и кречење зарабти за да се покрие и месеците кои нема да работи. Плочкари во ЦГ заработуваа по квадрат околу 5 евра мислам. Луѓе што работа декоративен камен по 9 евра квадрат. Тој плочкар ако отиде во Германија ќе заработува уште повише, или некој што работи гипс картон, или молерај, или било што во некоја друга земја. А во Македонија, секогаш на некој ќе му треба да му се мести плочки или гипс картон, или некој ќе реновира, или ќе става декоративен камен, ќе кречи и тако даље. Капираш? Кој знае занает за него нема зима, освен ако е gloop.
Референтке и ние ја тераме таа тактика. Скоро година дена живееме во заедница. Се знае дека трошковите се поделени и доста помали. И јас и маж ми сме вработени и една плата месечно ја тргаме настрана. Мм нешто подработува и приватно. Заедно со парите од свадба имаме заштедени солидна сума за наши услови. Со помош на не толку голем кредит и тоа на 5 години почнуваме да го дигаме спратот со посебен влез. Ќе бидеме во ист двор со свеки, но со оглед на тоа што го гледам до сега, нема да ми биде некоја пречка затоа што и онака е со осет е жената. Ем двете домаќинки на свое со свои правила, ем блиску за било каква меѓусебна помош. Не дека е идеално сега (се знае како е најдобро, секој сам), но сме се нашле тука и ќе се обидам да извлечам максимум корист од таквата ситуација.
Ова е веќе солидно размислување. Иако е кај свекрвата, не трча одма дете да роди, прво заштедува, ствара каков таков услов, па после се одлучува на дете. А жени да ми опростите кои идат кај свекрва им со п*****а во раце и мевот до заби, без стабилна работа, уште па и со муле за маж, а кукаат, имам и за нив едно јеби га. Јеби га, кој ви е крив што не размислувате на време...
@Offspring убаво си кажува, ако не ти чини во заедница снајди се, заработи и ќе имаш мир. Не значи дека ако се живее заедно секогаш е пекол. Некогаш има и разбрани снаа и свекрва. Ама ако сакаш да си сам свој газда е малку потешко е. Веќе имам пишувано дека немам ни ден живеено со неговите иако кај нив ги има сите услови за посебно живеење. Прво бевме под кирија, пред 3 години купивме стан. Тешко е да, но не е незамисливо. Работи само сопругот, имаме едно дете, другото кај и да е ќе се роди. Одмор не ни помислив дека треба да одиме, излегувања, кафиња, ручек надвор скоро и да нема. Гардероба нова на минимум. Кредитот е редовно платен, сметките исто за детето мора да има, за нас што ќе остане и еве не функционираме и среќни сме. Со свекрва ми имаме коректен однос, ме почитува, ја почитувам. Не очекувам ништо од неа, доволно ми е што не се меша во нашите животи. Редовно ги посетуваме гледаме да им помогнеме колку сме во можност. А за тоа дека може да се заглави со кредитот и за тоа има решение. Ќе го издавам станот и ќе си ја отплаќам ратата, само што тогаш ќе живеам во заедница ама станот ќе си го имам. Најлесно е да се бара оправдување, решение за проблемот малку потешко. И да, во Македонија не работи секој за минималец има и со малку подобри примања на кои пак ништо не им е погодено.
Луѓе, а знаете дека има и снаи што се прават газди кај свекрвата, а ништо не создале таму и само дека имаат дете се силат. Јатрва ми и деверот живеат во заедница со дете, а ние сме со посебен влез. И оди припари таму. Дури неколкупати сум отишла кај свекрва ми на кафе зашто тоа си е нејзино и на свекорот и таа ми има лупано врати и не ми збореше, боже мили, да се крстиш, од чиста мира, сум и сметала сигурно. Ете има и такви, ем со п.... в раце дошла, не работи, ама со детето што го роди се сили на туѓо.
Ne mislam deka ke se osetat nekadarni bidejki toa e realnosta i jas tuka ziveam a na koj ne mu odgovara oci neka si kopa so drugi na forum na vakvi temi. Ako imaat dete za upropastuvanje neka davaat kravjo i od mesec, nema problem. Vo delot za smetki, pa i tie se povisoki so dete ako ste zaprimetile barem kaj mene e taka. Prosta matematika, esapot za dvajca i onaj za trojca ne e ist.
Абе они можат да си направат. Ние имаме посебна куќа во ист двор, а на свекорот куќата е на два спрата, само е така кренат спратот и треба да се доправи, ама немаат ли пари, не навлегувам во тоа зашто дете им дојде на свет и сега трошоци. А ние нашата куќичка на еден спрат е, ама маж ми сам почна да ја прави пред да се земеме, а откако се земавме заедно доправуваме се. А јатрвата е посебна прича, демек имам дете и ништо не ми можете. Има и такви. А свекрва ми ќути иако тоа не е на снаата.
Може си штедат за подалеку да фатат патот, кој им знае есапот каков им е. Може си викаат ем куп пари треба да дадеме, ем пак пак на купче и пак немаат приватност а можеби и ништо на нивно име. Кој ги знае.
@Offspring Мори Офи, утре таа што отишла кај свекрвата со стомак до заби и пишува тука како се караат за ручекот, вазната, гаќите и слично...ќе помине време, ќе ја смират топката, ќе најдат заеднички јазик или ќе научат успешно да се игнорираат, ќе доградат нешто во двор, и шо и е гајле Еден да остане без работа уште тројца се дома, двајца да останат одредено време, пак двајца ќе крпат. Може ќе си мрчат една на друга одвреме навреме ама пак старата деца ќе причува, пак младата ќе и купи апчиња од аптека. Ова што го збориш ти не е неизводливо, како што можат родители на пример да издржуваат студенти во Ск, па двајца цимери со одредена сума пари што им ја праќаат да го минат месецот во еднособен стан, зошто и брачни партнери со една подобра или две минимални плати да не можат. Само прашањето е до кога може така да се тера со избројани пари без простор за непредвидени ситуации и без простор за мали ситни луксузи, да не зборам па и деца кога ќе почнат да растат. Оти двајцата можат дома со леб и маргарин да поминат ама да гледаш дете само тоа да јаде и одделено да е буквално од се затоа што мама мир тотален си сака и го плаќа со една цела плата месечно...не може секој така. А за жалење, сите ќе си се жалат, толку озбилно па и не треба да сфаќаме. И ти и јас и многу други сами живееме па ќе се жалиме понекогаш оти нема кој дете да ни причува, да излеземе на раат ко пар, некогаш некој сметка да ни плати, да ни се најде во тешки моменти и слично, па не значи дека бараме веднаш свекрва да ни се всели во стан...треба ли некој да ни каже -што мајка бараше да се делиш и ќирии да плаќаш? Оди си кај свекрвата и спиј до нејзината соба. Така и тие што се жалат од свекрвите, да им е вистина толку лошо и неиздржливо, веќе заминати ќе се.
Моите родители се земале млади татко ми се преселил во друг град и почнале од ново со мајка ми . Сум растела тешко од стан во стан , па конечно во куќа наша која 2-3 години функционирала само една соба која истовремено е спална , кујна , дневна и трпезарија и по потреба соба за капење. Сега моите родители имаат сопствена фирма последниве 7 години имаме се што посакуваме. Но никогаш неможам да заборавам што сум доживеала. Затоа моите се трудат да ми овозможат се ,за да не се мачам како што се мачеле тие . Мајка ми освен што се мачела финансиски исто имала проблеми со баба ми. Па тероидна жлезна како резултат на тие проблеми. @irena.1 Ламинатот конкретно се зема како компензација и свекорот се познава со газдите од фирмата . Многу е комплицирано, тешко ...
Ти ништо не се обудуваш да објасниш, туку имаш магарешки инает. Многу ме потсетуваш на една анаконда Витамина е сосем друго. ( како си ми душо?) Ти беше своја на своето така рече? Ај погледни си го своето и не брмбори многу како другите да дишат. Недај Боже ти да станеш свекрва. Уште сега ја жалам снаа ти. Ако имаш практиче совет кажи го, ако не мудро молчи си. Жени, мами, баби терај те си понатака со тема и игнорирајте ги ваквите постови. Жени проблемот секогаш да си го барате во мажот, не во свеки. Или најдете работа и под кирија на страна ко Оффи и останати, или мажето во гуша и раат да си бидете. Само немој еден ден на тие старите вештери да се сожалите коа ке им падне задникот. Тие истите што е малтретираат, пто не ве оставаат лебчето до желудник да појде и што не дишете слободно.
Многу лошо си правиме себе си кога живееме под она "ќути има и полошо" нели. Дошло бебе на свет, најсакано. Ама ако не цица есапот ви ојде во неповрат, па и да живееш со стари. Проста математика поаѓајки од ова а камо да дискутираме за се што следува.
Devojka cudna si mi. Koj moze i smee mene da mi zabranuva sto jas da kupuvam so svoi pari i toa za moe dete ? Ni mm a ne pak svekrva ili nekoj drug.