јас имам и претходно кажано срекна сум што и мојата свекрва како и твојата е една од ретките разбрани, добри, фини свекрвици, абе се најј и јас често се прашувам:како може постојано да им го прават на снаите она што нив им го правеле свекрвите?значи наместо да се трудат како што велиш да променат нешто да не го прават тоа, тие упорно ги прават истите работи. на пр една наша кукна пријателка која е веке тазе свекрва од секогаш кажуваше сто и правела свекрвата неа, и сега ја гледам и таа и ги прави истите работи на снаата...или можеби дека си цело време во такво окружување и ти попримаш и стануваш подоцна таков?
Како сакаш речи само ИГНОР е лекот.Колку бев проста кога се обидував да докажам,кога не спиев по цели ноќи,кога не му се израдував на моето дете кое веќе ми порасна заради баш такви господа за во светот,а примитивци(неандерталци)по дома. Е,сега ИГНОР и сум подобра од секогаш
Богами и јас немам замерки за мојата свекрва и што е најиронично во ситуацијава, се погоди женава со стопати посовремени сфаќања од ќерка и. Ама тоа ти е. Среќа сеа золва ми си има обврски доволно за да не знае каде да се сврти и нема баш време да му ја мисли шо зачин да стави во мојата чорба. А за овие свекрви шо како снаи си имале мака и сега и снаите кукаат од нив, имам едно објаснување - мислам дека се работи за еден вид љубомора (демек „јас низ што не сум поминала, а таа ко принцеза да биде овде, ееее што имам јас претргано, таа не би издржала една зима“). Мојата свекрва никогаш не живеела со свекрва и, па можеби затоа не е толку огорчена, ама има бре жени кои иако живееле во заедница и имале маки со свекрвите, со снаите си се супер. Типичен пример е мајка ми. Значи жената никогаш со мене и со брат ми не била таква каква што е со снаава. Мислам немам ништо против девојчето, мислам имавме порано несогласувања, ама за нив донекаде ја обвинувам и мојата недоволна зрелост и мудрост и склоност кон слушање на бабини муабети (секако, во однос на тоа што ми го направи родениот брат таа е ангел ) и си заслужува почитта што ја има кон моите и да си ја прими, ама бре женава мислиш мед и тече од уста кога ја вика. Или пак, има друг пример. Една комшивка исто тазе свекрва, не живеела со свекрва никогаш, отсекогаш за неа си била со современи сфаќања, побогати беа и можеа сами да живеат уште на времето, свекор и бил некој ептен голем батка па уште еден стан за синот да земе било играчка за него и младоста ја поминала како песна, ама сега да влезеш на секунда во тој ист стан и да слушнеш шо и збори и како и се дере на снаава (а мн фино девојче, со мене средно учеше) и тоа пред гости, абе коса ми се крева на глава. И ете, пак не може да им се најде НЗС.
значи блазе на тие што немаат мака од свекрвите зошто не виделе нити осетиле колку тоа ги истрошува нервите а богами и физички сум истрошена многу.и не е проблемот само со неа од нервоза не можам да си поуживам со детето а со мм кога сме сами си кутам оти ако ме праша како ми поминал денот готова сум да му кажам за сплетките на мајка му а не сакам оти сега сме во една куќа па може одма да и слези и пердуви да летаат а нејкам пред новата јатрва и девер ми оти почна со нив сојуз да гради па пак ќе излезам лоша.е сега кој ми го знај проблемот арно за другите не можам да се повторувам можи ке прочитаат погоре во постовите,имам нова јатрва која од првин ме свати виде во какви односи сме со госпожата арно ама глумица невидена почна да и плачи да и се жали од се да и кажува колку е напатена и измачена да и купува поклони итн и на јатрвата и го сврте паметот.нели старата ке ја носеа па не ја носеа во домот ете сега ја однесоа ,и свекрва ми ми вели мораше да се однеси во дом за да имам време со вас да бидам и да ве држам под контрола и ете ја сега си седи и си се шета со новата снаа ,до душа поарно ама ми го земаат и детето со нив и сто пати му имам речено дека од еден сат повеке да не го шетаат таа по цел ден го влечка а не е способна ни едно млеко да му стопли се до денес кога и згрмив и и реков детето само со мене ке биди точка ,а го зема за инает за сама да седам дома тие дури шетаат во шопинг ,а тоа му се јади му се спие ме бара е не можев да издржам и морав така да и се развикам и ете ја ќути демек увредена многу е ајатрва ми и вели мамо оти си таква абре аман...ете ги сега кај комшивката се на кафе да и се исповедаат и пожалат од мене .ее видов сама како е и ги жалев другите ама се на глава идело ама ај ке се стрпам до на пролет
Ти си млада и тоа многу по постов се гледат ! мајкати не те научила издледа многу работи ! не треба да те учит да чистиш и да готвиш ! ПОЛИТИКАНСТВО И МЕД И МЛЕКО НА УСТА ПРЕПРАВАЈНЦИ ТРЕБА ДА НАУЧИШ ТРЕБА ДА ЗНАЈШ КАКО ДА СЕ ПОСТАВИШ СПРЕМА СИТЕ !. Ало дете ИГРАЈ СО НИВНИ КРТИ И ИМАЈ СИ СКРИЕН АС ! Грешка бр. 1 .На новата ЈАТРВА и се жалеше од свекривата ами ТАА имат ИНТЕРЕС да бидит во добри односи со свекривати ! Грешча бр. 2 Кога излегуваат тие и ти одма трчај да излегвиш со нив а не да се караш за ТВОЕТО ДЕТЕ !!! аман БИДИ ТАКТИЧНА ! и ПРАКТИЧНА ! ај ке ти пишам уште имам сега домашна за пишење за син ми !
А бре снаи..... како не ве мрзи да пишувате толкави реферати и тоа за свекрвите... Не заслужуваат да му посветувате толку време и место...Најдете друга попаметна и по корисна работа, од која ќе бидат задоволни вашите деца и вашиот сопруг.Оставете ги свекрвите... Нивното време е поминато, а нашето-на снаите допрва доаѓа.Ние сме млади и животот е пред нас.Енергијата трошете ја на вашите деца и сопруг ,а не на свекрвите.
леле немам време се убаво да објаснам оти таман ке седнам да пишам ете некој поминал до мене,па не можам во ситници се да објаснам.soco мила ја разбирам добрата намера,ама не знам јас преправајнци ете не знам,доста сум толерантна ич не сум кавгаџивка ама да се преправам не можам,ама ич,не можам на уста мед и млеко а во мене да вријам.инаку на новата јатрва не и се имам пожалено од свекрва ми ни еднаш-лош збор за неа немам кажано пред никој ама НИКОЈ ете од некој мои принципи мислам дека со тоа ке си го понижам мм па по комшивки роднини нема зошто да се жалам единствено само на мајка ми и се доверувам и ете на вас во форумот,а за неа знам дека е спротивното кај ке стигне ме оговара не знам шо толку мерак за мене да збора, и второ тие не излегуваат за забава туку свекрва ми ако треба на полнок ке ја разбуди снашката и ке излезат демек мене криво да ми биди ама напротив не ми е дури и мило ми е што сат два ке си одморам психички па и другарка на кафе ке си викнам или книга ќе прочитам,инаку детето го зема за инает пак ќе речам -ама инает со детето моето дете нема да прави тоа поднастинато па и ненаспано а време за јадење се ближи а го зема демек ке шетале .леле само мм ми е огроомна поддршка денес ми вели алал да ти е бре жено друга да беше со вакви будали вид виделина досега ќе фатеше а ти пак толерантна со сите,за било која работа ме штеди ме почитува и ми вели постави се построго уште сега на почеток оти овие моите ке пробаат да те згазнат,ми вели спиј шетај со детето пушти гласна музика и како да не ги гледаш и секогаш велам ако ја немав неговата поддршка во нервно ќе завршев (за нервозите што ги имавме цело лето до пред две недели).
исто и од мене совет,прво рипни па тогас ке видиме,дали уште ке ја сакаш,мојава мед и млеко додека не се земавме,сеа лудило секој ден молам господ да ја земе,душата ми ја извади
Има поговорки кои велат,Нема лоши снаи има лоши синови, И мажот те прави царица мажот те прави магарица.Значи мажот е тој што треба да пресече и да ги седне дома да им објасни дека тој не зел жена за слугинка да им биде туку се оженил за да има со кој да ги дели убавите и лошите моменти поточно грб на кој ке се потпре.Да им објасни фино лепо дека таа е една а они се повеке што значи дека е полесно они према еден човек да се прилагодат а не снаата према повеќе луге да се прилагоди.И немој да се залажувате дека свекрвата ве сака како керка ,и мојата тоа го збореше 13 години и на сите им викаше дека подобра снаа немало но кога искрсна проблем прво што направија го заштитија нивното дете а нивната снаа која ги чуваше и носеше по одмори не чинеше повеке.
Ај, јас да напишам за ситуацијата отпосле, после моето враќање дома. Имено, сега малку по малку ми почнаа тежините, се осеќам изгубено, тажно... Најмногу придонесоа муабетите од сега бившата свекрва - каде втасала по роднини (наши и нивни), комшии, сегде кај можела кажувала од лошо полошо за мене. Како тие многу се труделе околу мене, се` најдобро ми правеле, но јас сум била незадоволна и опасна. (Имам пишувано колку е дволична, како на светот му кажува едно, а дома е права змија, најблиските ја знаат) Најтешкото - бившиот ми мој (имавме две кратки средби, поради доземањето на мои работи оттаму) ми изнарече еден куп навреди, како сум била растурикуќа, сум била несредена, лоша в кревет, припроста, користољубива, себична...итн..Работи со кои НИКОГАШ не ме навредил, ама сега очигледно од инает ми ги рече. Сепак многу ми допреа до в срце. Никогаш не ги заслужив тие зборови. Ниту 1% не им направив лошо во таа куќа. Од куќа сакав да ја направам дом. Дома ги запоставив поради нив. Најдоброто им го дадов. Барем да беше нормален крај, а не вака да слушам од други луѓе се` и сешто. Барем нека ми го остават патот чист, а не да ме црнат пред светов. Барем нека замолчат поради моето срце, кое не може да истрпи повеќе болка.
Се што можам да ти речам, а и воедно најдобар совет кој ќе го слушнеш, секое чудо за три дена. Ќе се зборува и зборува, ама кај и да е ќе стивне бурата за некое време. И воопшто да не се нервираш, т.е знам дека не е можно да не се нервираш воопшто , ама сведи на минимум. Подобро за тебе што си заминала сега, отколку подоцна да трпиш кога ќе станат работите покомплицирани. Секое добро и не очекувај ништо, живеј слободно, шетај, социјализирај се, прави нешто некое хоби окупирај се да не мислиш мн, мн и да ти помина времето и кога најмалку ќе очекуваш среќата ќе ти с насмевне
девојко нај посетувана тема ти е оваја со ,,свекрививе,, нели напиша дека КОНЕЧНО СЕ ОТАРАСИ ОД НИВ ! пред некој ден ! што мислеше дека ке дојдат со понудица ?!?! Па нормално е дека ТИЕ ТРЕБА ДА СИ СЕ ИСПЕРАТ ОД ГРЕВОВИТЕ СО ТОА ШТО КЕ ПЛУКЕТ ПО ТЕБЕ ! аман накривија капата ПОМНОЖИ ГИ СО НУЛА и ПРОДОЛЖИ ПОНАТАКА ! Школована си вработена колку што те следам ! Животот тече понатака ! Кога ке дојде моментот ти ке си го сретнеш оној кој ке знае да те цени сега имаш едно горко искуство и ке знаеш како понатака .Ја знаеш поговорката ,, кога би била повторно невеста би знаела како да гувеам,, па ти научи да гувееш . АЈДЕ не се замарај повеке со нив нека си зборуваат што сакаат што мислиш дека секоја наредна во нивната куќа само нивната приказна ќе ја слушат ??? се разбира дека тој ,,маминиот ЛИГУШ,, пак ке си останит ,,ЛИГУШ,, на мамичка .
Добро ти кажаа-секое чудо за три дена...Што и да зборуваат за тебе, од нив ќе биде очекувано, нормално кога си му ја треснала вратата, но немој да мислиш дека секој ќе им верува...Ако си од мало место и се нервираш за угледот, знај дека само тие не можат да ти го срушат, си излегува се на виделина со време...Уживај, и искористи го добро ова искуство во иднина т.е. подалеку од мамини синови...
Грл, не треба да се чувствуваш изгубено и тажно, туку среќно и исполнето И сама гледаш од какви луѓе си се спасила и што е најбитно на време.Тој глупакот(извини на израз, ова е и пофално за него), наместо да се потруди да те врати, те навредува, простак првокласен.Ама имал и од кого да учи, од мамичка. Тоа што жената збори наоколу нека не те потресува многу.На крајот на краиштата многу од нив може и ја знаат каква е навистина и дека само глуми финоќа. Прекини секаков контакт, ама секаков со нив, не слушај кој што рекол и продолжи си напред.Ќе најдеш некој што ќе те заслужи
Јас сум скоро верена, но работам во друг град и само за викенд сум дома и тоа еден ден кај моите еден ден во новата дома За сега немам проблеми со свекрвата но бидејки еден период заедно ке живеме додека го подготвуваме нашиот спрат, па ме интересира како да се прилагодиме една на друга. Таа е сама нема маж, и сега долу си е навикната на нејзин ред. Како безболно да го сменам тој нејзин ред да ми одговара и мене. Како вие се прилагодивте на новата средина.
А оти да го менуваш нејзиниот ред? Мора да биде по твое? Најди компромис, секако заедничкото живеење нема да ви трае вечно.
нема менување таја си е домакинка со години ти кај ке најс таму да вратиш ако сакаш промена ке си ја прашуваш со ,,предлог мисленје,, без дискусии ако не прифака кога ке си седиш сама прај си се по твое ! П.С. ај со среќа !
Делви, штом немаш проблеми со свекрвата и штом привремено ќе бидеш кај нејзе, зошто да и го менуваш редот...Твојот став може да има само негативни последици...да создадеш револт и непријатна атмосфера... Наместо да размислуваш на овој начин, може да размислуваш како да си го задржиш добриот однос со свекрвата...
Би требало да ти е лесно да се прилагодиш, како што сфатив, свекрва ти е сама, па во новата дома ќе бидете ти, сопругот и свекрвата. И нормално е да си има ред, што мислеше, дека жената цел живот чекала снаа да и дојде за да и направи ред во живеењето? Мислам, и јас сум снаа, знам како е одењето во туѓо семејство, ама прво, не знам од каде потребата да и наметнеш твој ред? Второ, и така сето тоа би било привремено. Трето, ако си немате проблеми, немој со сила да ги создадеш. И на крај, и таа ќе треба да се навикне на тебе, размисли и од тој аспект. Значи, сите треба да се прилагодите на новата ситуација. Само не прави тензии каде што нема потреба. За тебе да ти биде полесно.