Не живееме заедно. На гости сме. Мала е масата во кујна и јадема на 2ца по 2ца. Ок да си изразиш како ти гледаш на ова. Јас си пишав дека ми се смачи и сакам само да се истурам. Она поцртаното убаво си ме разбрала ама дали разбираш дека она на маса,надвор од маса секаде каде што сум и во близина го прави ова? И ај да се потрудила ок да,ама потоа сака ти да и изиграваш слуга. Значи јас вака гледам на ова ако утре дојде на гости брат ми со фамилијата или брат му со фамилијата кај нас јас готвам сервирам итн. и не замарам жени на браќа да ми помагаат,за да им досаѓам т.е. мрчам,ако сум способна сама спремам ако не има ресторани. Никој на гости не е осуден да е личен слуга па и уште да му се замерува за се и сешто. Ако му правиш така ич не го кани. Ете затоа не сакам семејни ручеци она што ги организира. Секој пат се повеќе си зема за слобода да претерува.
За јадење им служи во кујна. Во трпезарија има маса ама на неа ставаат се ситнурии,сметки,цвеќиња во саксии,вазни итн.Муабетот и беше да ја раскрева и кити масата т.е.да наредува ти што да правиш по нејзино. Мене поентата ми беше ако си способен да угостиш и испочитуваш гости повикај ги,ако не си дај не ги замарај.Тоа ми е краен непочит.И муебетов независно дал свеква-снаа,финтава беше или дочекај гости како личи со почит или ич не ме викај да ме замараш и да ми командаш како ти сакаш да ти изгледа домот гостите да ти го уредуваат. Него такава е свекрва ми,си замислува дека јас сум и ќерка и дека може да команда како што би и правела на родена ќерка. Според мене тоа е најголемата грешка што ја прават повеќето свекрви си змеаат за слобода штом синот се ожени,си мислат штом е жена на синот таа жена е нивна слуга,измеќарка итн. Јас од овие причини никогаш не замислував/посакував живот со свекор-свекрва,па нит маж-домазет да се мачи со моите. За лични кеифови на свекрвата од страна на снаата треба голема блискост и почит на свекрвата,но само ако таа заслужила и обратно.
Mene ako me stavat na takva masa da jademe 2x2, ic ne idam, pa i majka mi da e. Ne deka ke mi padne cinot, tuku custvoto deka nekoj me smeta za teret.
Одите кај неа на гости, тоа значи дека нејзини правила се почитуваат. За празничен ручек нормално е да се постави маса на која сите ќе јадат, а не двајца по двајца и тоа е гостопримство. И што ако направиш ти салата за сите?! Не гледам никаков проблем тука, ти само си имаш нетрпеливост кон свекрвата, па веројатно што и да направи ќе ти смета. Дај малце прочитај по темава да видиш какви се не свекрви има, па ќе сфатиш дека заедничка празнична трпеза е најмал проблем.
Мене па ми е нормално заедно да поставуваме маса и заедно да раскреваме. Спонтано се договараме кој оди кај децата, кој раскрева. Колку пати едната баба со децата, другата раскрева, јас во кујна распределувам во машина за садови или претурам за во фрижидер. Три жени па ниту лош збор е кажан ниту имало нетрпеливост. Исто и со пријатели, независно кај нив или кај нас. Свекрва ми е многу работна жена и не може никаков неред да поднесе. Мм кажува уште џвакале она почнувала да раскрева чинии или пидигала чашите за да избрише под нив. Нормално и кај нас на старт ја фати живецот па кога гледаше се доџвакува стануваше да го раскрене нејзината и на свекор ми чиниите. Првиот пат срам ме фати па и јас ќе станав. После не станував, ние си имаме обичај да си помуабетиме првен... после да се раскрене. Виде како функционираме и се привикна на нашето. Кај нив се знае, се дојадува и се станува да се раскрева. Не гледам уствари проблем околу овие работи. За мене е срамота да не се седне сите на иста трпеза... не знам оти. Ќе му дојде како непочитување. Ако некој не сакам да го гледам ниту му одам ниту го прибирам. Мое мислење е дека свекрвата постапила коректно што сакала да си ја раскрене трпезарискара маса за сите да ве собере. Така и треба според мене. Јас би се чуствувала како тринаесто прасе да ми речат сама, па и на прзник, да јадам.
Не тррба она да ти каже да поставиш маса или раскренеш,тебе треба самата да ти текне дека штом седнувате сите заедно да јадете ферски е да прискочиш да помогнеш од култура. Проблемот лежи во твоето видување на нештата а не во нејзиното однесување
Ок,друг пат за следен празник имаш отворена покана од мене да видиш кај лежи реално проблемот. Ова поканава чисто да видиш како е да те е.. некој во здрав разум. А ако си ми блиска и те ценам,почитувам а не сум способна да те угостам верувај нема круната да ми падне да те поканам во ресторан. Почит е проблемот,а не ти како ме разбираш,јас како сум се истурила на форум.свекрва ми што планирала а неможела итн.
А мислиш па дека јас не разбрав дека ти е гајле . На повеќето тука така им е. Но реално ако не ти е гајле не ни коментирај,барем јас така правам. Јас затоа и пишав дека сакам да си се истурам,нит ми беше гајле кој како ќе ме разбере нит ништо.
И мене свекрва ми редовно ми носи рецепти за здрава храна или смути. Па и книга со вежби за враќање во форма после породување. И од кашите кои ги спремав за детето знаеше да проба.
Kako sto ne sakam da sedam na sporedna masa, taka i ne dozvoluvam da se ponasam kako princeza. Zosto ako jas sum princeza, po redot na nestata svekrvata e kralicata Ne-pri-fat-li-vo Ako doslo red da bezuslovno cekam svekrva mi ili majka mi da me sluzat, blazesi mi.
Ме потести на времето кога живеевме со свекрва ми. И она така правеше, уште не си дојаден, она раскреваше. Очекуваше и од мене најверојатно да и помагам, ама мене ми беше глупаво, па се откажа Јас сум навикната сите убаво да се најадат, десерт, кафе, ова, она, па после да се раскрева маса. Многу ми беше чуден овој адет, се нервирав (сум била глупава) ама сега ми е смешно искрено. Какви се ситуации носи животов, за ова ако се нервираме каде ни е крајот.
Ne e kulturno da se raskreva masata dodeka uste nekoj sedi. I vo kafana koga kelner ke posegne pred vreme po tanjirite, mi ide da go plesnam po raka.
Ама тогаш си се нервирала, епа и јас сега. Дај Боже да се сменат некои нешта,ама традиционално е вака. Единствено е ЈАС д а си се сменам ,ама сега за сега ми падна мака и тоа е.
Само процедурално од таа што за малку не рипна во тавче иако ќе мрчите дека уште не бев снаа на хартија Мене ќе ми биде чест да ме смета за своја родена ќерка само оние што имаат слаб карактер дозволуваат да бидат манипулирани, да им биде наредувано и сл.. И тоа нема никаква врска дали си им ќерка или пријателка.. После толку години посета на таа куќа мене ми е незгодно да седам со скрстени раце, а не па да оговарам каква ми е идната свеки.. Ако направиш една салата чинот да не ти падне? Па дома како правиш? Празник било и ништо не се правело?! Да не те натера да переш теписи случајно Ма да си ми мене снаа ќе го видиш и празник и делник.. Кога самата си и рекла дека е во кујна фино, седи, јади и ќути ..
WTF???Ах идно свекрвче си плачеш за снаиче. Оди најди си не се истурај на мене. Сепак во твоја куќа твои правила,во моја куќа мои правила нит ќе и се иживувам нит ќе ја манипулирам идната снаа,а да имам ќе им помогнам побрзо да се одделат од нас-старите во иднина.
Тука не станува збор за одделување во иднина. Станува збор за твоето непочитување на свекрва ти. Ти не ја сметаш неа за свекрва, ја сметаш за намќоресто мрчало Ти си ја кажа маката, јас ти кажав дека не си во право .. Ако не прифаќаш критика, не треба ни да пишеш.. ехее мене колку ме имаат критикувано тука, за мое добро.. Во моја куќа мои правила и затоа ако не ти чини да се однесуваш како ќерка во куќата и да го мрднеш газето и да помогнеш на "мајка", тогаш ич ја посетувај куќата.. Не после муабети да шириш околу..
Јас кај свеки сум гостинка. Ништо не пипам. Ме служат, поставуваат, раскреваат. Исто и дома кога ми идат. Не сакам никој да ми се меша во штипки.