Како ќе ми се постави таков однос ќе заслужи . Одам само од атер на мм.Толку.Фала за коментар,те разбирам се и тоа е тоа.
И јас кога одам сум гостинка, ма краЉица (кај мајка де) седнувам на челно место и не мрдам, ама знам дека се' е спремно, плус ретко одам нели. Друго, кога ќе ме викнат или наговестат за помагање јас си го сфаќам како мерак нивни да се дружиме во кујна малку подалеку од другите, да помуабетиме, да си кажеме нешто што може не е пред сите, ете близина некоја за момент и тоа си носи. Може жената па тоа сака. Зависи како гледаш на нештата очигледно.
Одиш за атер, а каков е тој атер?! Поголема само ја правите! Седни го маж ти, објасни му како се чувствуваш и не оди повеќе! Штом толку се ти смета, не оди и крај. Нема атер тука кога двете страни не се трпат. А сега кога веќе си отишла за тој атер што го кажуваш, СЕ РУЧА НА ЕДНО МЕСТО. Башка празник е па причина плус да ја намалиш малку нетрпеливоста. За останатото не коментирам... Што ти смета на пример оти ти донела рецепти? Земи ги, кој вика оти мора да ги пробаш? После фрли ги во канта ако сакаш. Засебно живеете, а се ти смета. Е тоа не можам да го разберам! Треба да си среќна и од едното уво да влегува, од другото да излегува!
А јас па може сакам побрзо да завршат празници,си проверувам на саат уште колку до home sweet home. Во право си зависи како гледаш на нештата. Некогаш се собира и тоа е,инаку мм си е приврзан и сме правела муабет,дури самиот овој пат не сакаше да одиме,ама после мајка да надокнади сине за празник што не го видела ќе си се покани на месец дена гости кај нас. Така да ќе молчам-толчам голтам 3дена за да не ја трпам 30дена.
Нека оди тој де, ти не. Поарно отколку да се натегате за ситници и да се гледате попреку на вакви убави денови.
@AURUA, најдобронамерно? Штом не живеете заедно, ќе стегнеш заби и ќе издржиш неколку заеднички ручеци годишно. Како што тебе ќе те заболи маж ти еден ден да ти каже дека повеќе не сака да оди кај твоите, така и нему ќе му биде грозно ако одбиеш да одиш кај неговите, од бес. И да, намерно пишав бес, зошто ниту те вреѓаат, ниту ви се мешаат во брак, ниту го буцкаат против против тебе. Сакала или не, во пакет со маж ти доаѓаат и неговите родители (како што со тебе доаѓаат и твоите) па убаво размисли дали вреди за ништо да си направиш проблеми во бракот. А сите ние имаме ситуации (читај семејни дружби) кои порадо би ги избегнале ама доволно сме реални да знаеме дека треба (мора ) да присуствуваме.
Дома секогаш ама апсолутно секогаш кога доаѓаат гости на ручек кај нас се поставува трпезариската маса која е во дневна и е поголема од таа во кујна на која јадеме ние тројцата. Го сметаме тоа за свечен момент и гостите никогаш не ги седнуваме во кујна. На трпезариската маса во главно ни стојат вазни, бомбони и други тракатанци ал то није разлог за гости да не ги тргнеме и мајка ми да не извади нов чаршав и да постеле за да седнеме таму. Ем масата е поголема и се пушта за повеќе луѓе, ем како момент поубаво ни е таму да седиме а не да се притесњаваме во кујна. После ручекот кога веќе сите сме натупанети полека се раскрева и се преместуваме во дневна на кафе и муабет. Не гледам што е толку трагично тоа утре некој да каже - Види ги овие не гостеа на трпезариска маса а не на кујнска. Кај другарки кога се збираме на ручек или вечера сеедно, сите на крај стануваме прибираме тањири вилушки што год ваљда зашто сме блиски и така осеќаме а не затоа што домакините ни рекле. Чак толку природно ми доаѓа тоа дури глупо ми е да остаам се на маса и еден тањир да не го поместам до кујна. Не ве разбирам да идам на гости негде и да јадам на рати во смени би ми било крајно глупо освен ако стварно нема услови сите како луѓе да седнеме на маса. Што знам затоа е фамилијарен ручек сите да се собреме на трпеза да свртиме муабет да се видиме ко луѓе а не да се бркаме по маси и столици.
Тоа е најлошо кај нас што при стапување во брак наместо да сме јас и тој сме јас и тој и неговите. Лошо,затоа и пропаѓаат повеќето бракови. Брак со 2ца понекогаш е тешко за одржување а не брак со уште родители на маж,тоа е лудница не брак.
Ако јас се прашувам на маса со свекор ми никад не би седнала,ич не го сакам, ама атер за мм и остала фамилија седнувам. Чинот не ми паднал до сега. На ручек коа одам и сега кај мајка и свеки, и порано кај бабите, ако отидеме пред да биде се готово и јас се фаќам за работа, салата ли ке сецкам, маса ли ќе поставувам не битно. Го правам тоа пошто ги рачунам за блиски, фамилија сме, сигурно не би го правела тоа ако некои пријатели ме поканат на ручек, таму буквално не мрдам со прст за ништо друго освен за јадење. Па држела преповеди,па давала рецепти па шо ти ја знам. Ако не ме занима климам со глава и викам да, да, така е. Нож на врат не ми става никој да го применам тоа. Еве вчера ми викаше коа ќе одиме на велигден кај свекрва и нејзина, баба на мм, јајце да и однесам да се израдувала, јас па мислев дека на гостите се дава, не дека гостите носат на домаќините. Ајде земав, однесив, свеки задоволна, бабата среќна, сме ја испоштувале ... ете не било лошо што ме терала. А можев и да го земам, да го стаам во ташна и да не и го дадам. Да праам драми дека свеки ми кажува што да праам, каде што да носам, дека ми наредува - не праам.
@AURUA, отворен разговор. Ти и маж ти, смирено и културно, но директно. А ако и покрај се, и покрај целиот твој труд, упорност и трпение, тој не сака да се смени- жал ми е, навистина ми е жал Макар што, бидејќи не живеете во заедница, верувам дека ќе биде полесно да се разберете и да најдете заедничко решение.
Девојче, ти немаш мака од свекрва, си бараш проблем сама. Претпосавувам одите на викенд таму, што има лошо да помогнеш за маса поставување и една салата. ПЛУС Велигден, правела ручек жената, сака на маса да седнете, ти имаш проблем па двајца по двајца да јадете?!? Не си прави проблеми кај што нема. Не живеете заедно, еден викенд у месецот на глава да ти седи ќе ја издржиш, не па една салата да надробиш.
Бидете среќни ако свекрвата ве гледа како ќерка. А не како мојава. Беше се ок до пред некое време, ама се смени. Бремена сум, сега сум 8 месец и ќе фатам муабет дека треба да се спремаме пополека нели, кога ќе влезам во девети месец да купам алиштенца, а она ќути и не ми одговара ништо као не и е гајле ми делува, дури се случувало контра да ми оди. Дека е рано за купување. Рано во девети месец??? Јас не купувам од втори. Ама ако, нема врска, јас сум поминала тешко за да дојдам до бебенцево и знае дека ми е мерак, а таа боже мили еј. Немам коментар. Дури ми се плаче што така се однесува.
Женски ај смирете тензија ... Ако мислете дека некој е трол, или прекршува било кое правило имате копче ,,пријави,, не мора да се објаснувате и навредувате. Мислењата надовор од темата се избришани.
Јас искрено ниту кај мајка ми, ниту кај свекрва ми не фаќам ништо. Гостинка сум и кај двете. Ниту кафе правам, ниту сервирам, ниту раскревам. Истото и они кога ќе дојдат кај нас. Гости се и никого со ништо не замарам.
Нити свекрва снаа ке сака како керка,нити снаа свекрва како мајка Уживај во бременоста и не прашувај никој кога треба да почниш со купување Излези,купи и само покажи им ја твојата радост
На свекрва ми ,а и на мајка ми кога сме на ручек сакам да им помогнам колку ќе дозволат. Свекрва ми многу не сака мешање, а и нејзината свекрва сеуште се труди да и олесни, па прави колку може. Ама ако направам салата нема да ми падне круната од глава, па и да замијам некој сад или да им ги наредам во машина. На свекрва ми кујната и е на страна, па кога се работи нешто ќе се пикнеме двете, без разлика дали јас нешто правам или не и ќе си поприкажеме шо ни лежи на душа. И кога се кај мене гледат да припомогнат, иако јас сакам да ги штедам, да ми бидат гости во вистинска смисла. Не гледам причина зошто да се прават кавги за еден ручек еднаш во месецот штом не сте заедно. Крај краева колку и да е ,,лоша,, , во чест на маж ми, ќе проголтам еден час. А тој па сам треба да е свесен ако свекрва ми ме навредува и да превземе нешто.
На такви убави денови човек треба да биде "човек" и да се потруди да го помине во мир и хармонија. Во ред поканета си како гостин, но не би требало да создаваш тензија доколку мајката на твојот сопруг сакала да те вклучи во подготовката на трпезата.
Нема рака да ми падне ако помогнам. Па и тие мене. А ако треба дете да причува, тогаш ќе трчаме. Каква и да е свекрва ми, глупо е јас да седам со скрстени раце, а она да сервира се сама. Па и штом сум одвоено, ќе направам чест и ќе помогнам кога ќе отидеме. Нема да се скршам фала богу. Ако терам инаети и маж ми ќе тера со моите и ќе се нервирам повеќе. Вака ќе направам политика што се вика зашто секако таа не ме сака ко ќерка па и јас неа како мајка. Тоа се знае